дома блог страница 5045

ФОТО: Зградата на Државниот архив, Археолошкиот музеј и Уставниот суд свети во боите на француското знаме

Во спомен на загинатите во Париз и француската држава, зградата на ДРЖАВНИОТ АРХИВ, АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ и УСТАВНИОТ СУД на Република Македонија свети во боите на француското знаме.
muzej_thumb_medium500_281

По серијата напади, во кои загинаа најмалку 150 лица, бројни згради и споменици во светот се осветлени во боите на француското знаме. Врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Њујорк денеска е осветлен во сино-бело-црвена боја, а ќе остане така и во следните денови, во чест на убиените во терористичките напади во Париз.
muzej-1_thumb_medium500_281

Емпајер Стејт билдинг синоќа беше осветлен во сина боја, по што ги угаси сите светла и потона во мрак. Градскиот совет во Сан Франциско, хотелот Омни во Далас и кулата во Торонто и статуата на Христос во Рио де Женеиро исто така е осветлена во боите на француското знаме.

„Сега вие сте на ред“- закани за терористички напади во Албанија

Официјална Тирана е загрижена бидејќи може да биде следна цел на терористички напади од страна на Исламска држава, откако албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири добил на својата електронска пошта порака со заканувачка содржина, пренесува Топ ченел.

tiranaaaaa

– Сега сте вие на ред! Почна светата војна против оние кои учествуваат во борбата против ИД. Ќе се плашите и ќе молите на колена пред Алах, пишува во пораката која завршува со традиционалниот исламски извик „Алах е голем!“.

По ваквата порака припадниците на антитерористичките единици на албанската полиција започнале истрага.

Според Топ ченел, интересно е што оваа порака е испратена од адреса на „Црвените бригади“, која не може да се поврзе со комунистичката идеологија на овие групи, но испраќаат порака на верска основа, а според текстот може да се заклучи дека по Париз, Тирана е следниот град во кој може да се очекува напад.

ФОТО: Кеба се фаќа за глава – неговата ќерка беснее по плажите

Наташа Којиќ Таша, убавата ќерка на Кеба, веќе подолго време се обидува да успее како актерка во Америка, но не и тргна баш најдобро.

Момчето кое ги прави популарните „Kiss prank” клипови ја улови на плажа во Калифорнија.

Идејата била да провери дали таа ќе се бакне со него ако тој победи во едноставна игра. Наташа со задоволство прифатилна, а потоа му го дала и својот телефонски број.

Ноќен живот Прилеп : Calypso – 13.11.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”75″ gal_title=”Ноќен живот Прилеп : Calypso – 13.11.2015″]

„Париз гори“- Исламистите слават за хоророт

Озогласената екстремистичка група „Исламска држава“ на Твитер ја изрази својата радост. Грозоморните терористички напади ИД ги прослави со реченицата „Париз гори“.
islamistislavattt

Светските медиуми јавуваат дека станува збор за хаштаг на арапски јазик пропратени со крвавите фотографии од Париз.

Меѓутоа хаштагот „parisisburning“ го користат и луѓето на социјалните мрежи кои сакаат да ја изразат својата поддршка за трагичните настани и да дадат своја помош за настраданите.

Трагичен биланс од синоќешниот хорор во Париз- 126 мртви, над 200 во критична состојба

Во терористичките напади во Париз од страна на координирани исламисти кои се се случија доцна во ноќта меѓу 13 и 14 ноември на повеќе места во центарот на Париз и во близина на Стад де Франс загинаа 126 лица, над 200 се ранети, од кои многу во критична состојба, јави дописникот на МИА од Париз.


Во нападите се убиени осуммина терористи, од кои седуммина извршиле самоубиствени напади со активирање експлозив..

Престрелките започнаа нешто по 21 часот и 20 минути во Каријон, во десеттиот арондисман во Париз, каде најпрво се слушнала експлозија за која помислиле дека станува збор за петарда, по што човек, со откриено лице влегло и почнал да пука од автоматско оружје. Биле испукани два плотуни, првиот беше насочен кон Ле Каријон, а потоа, по мала пауза, вториот насочен кон ресторанот Малку Камбоџа.

“Ние само слушнавме како луѓето врескаа, не го чувме стрелецот, има десетина мртви тела”, изјавија неколку сведоци. Малку подоцна и малку потаму кон каналот Сен Мартин, во предниот дел на Мекдоналдс, имаше “Клио изрешетано со куршуми, мотоцикл на земја и најмалку две лица тешко повредени”, објави еден новинар од Ле Монд на Твитер .

Во концертната сала Батаклан, каде се одржуваше рок концерт се слушнала експлозија и дваесетина истрели. Според сведоци кои се наоѓале во салата имало 3-6 стрелци.

Во меѓувреме, други сведоци, објавија дека двајца мажи отвориле оган на улицата Шарон, (единаесеттиот арондисман) на кафе тераса,: “.Слушнавме повеќе од 100 истрели” Нападот беше наменет, според сведоците, во барот „Ла беле екип“, кои се наоѓаат на аголот на улиците Шарон и Федхербе.

Една жена пријави дека видела од нејзиниот прозорец, на улицата Шарон двајца од напаѓачите. “Две лица излегоа. Тие имаа пушки. Слушнав истрели. Многу истрели. Тоа траело најмалку три минути. Имаше паника. Тогаш тие се вратија во автомобилот. Тие заминаа директно на станицата Шарон”.

Додека операциите беа во тек, францускиот претседател Франсоа Оланд и се обрати на француската нација, неколку минути пред полноќ, соопштувајќи им дека ја мобилизра армијата која се распоредува во Париз, дека прогласил ургентна состојба на целата државна територија и затворање на границата на земјата.

„Сите можни сили треба да се мобилизираат за да се неутрализираат терористите, подвлече францускиот претседател, кој притоа истакна дека „Париз беше цел на досега незапаметен терористички напад“.

Сценариото е тоа од кое стравуваа сите полициски служби на Франција, повеќе симултани напади на повеќе различни места.

Во текот на ноќта, преку радио и телевизиските канали, француските власти ги повикаа жителите на Париз да не излегуваат на улица и да останат смирени.

Според сведоците на нападите, напаѓачите викале дека нивната акција била во името на она што се случува во Сирија и Ирак, што го дава потписот на Исламската држава.

Напад во Париз. Експлозии, пукање и многу жртви.

Вечерва во Париз одекнуваа експлозии и имаше бројни престрелки во кои според локалните медиуми загинаа 26 луѓе, а неколку десетици се повредени според првичните информации. За драмата да биде поголема, околу 10 луѓе биле земени како заложници во познатата концертна сала Батаклан. Според ББС се работи за нешто повеќе од 60 заложници.


Експлозиите одекнуваа и до стадионот каде што се играше фудбалски натпревар меѓу Франција и Германија, каде што медиумите пренесуваа дека се работи за самоубиствени бомбашки напади. Францускиот претседател Оланд, кој беше на натпреварот меѓу Франција и Германија бил евакуиран, после што веднаш се сретнал со министерот за внатрешни работи.

 

Љубов или разгаленост: Ќе и подари на 7- годишната ќерка најскап дијамант на светот

На аукција одржана во Женева, еден дијамант достигна цена од неверојатни 48,5 милиони долари. Од аукциската куќа „Sotheby’s“ изјавија  дека се работи за рекордна цена на едно парче накит на аукцијата.
5000sothebys-blue-moon-diam

На аукција одржана во Женева, еден дијамант достигна цена од неверојатни 48,5 милиони долари. Од аукциската куќа „Sotheby’s“ изјавија дека се работи за рекордна цена на едно парче накит на аукцијата.

Овој дијамант го собори петгодишниот рекорд кој пред него го држеше дијамантот „Graff pink“, продаден за 46,2 милини долари. Скапоцениот камен пронајден е во 1908 година, а како што наведува аукциската куќа, на јувелирот му требале повеќе од три месеци за брусење и обликување.

Купувачот на 12-каратната „Сина месечина“ е Џозеф лау, тајкун од Хонг Конг, кој скапоцениот камен планира да го подари на неговата седумгодишна ќерка за роденден.

Лау е познат како љубител на уметноста. Пред неколку години за 39 милиони долари ја купи сликата „Te Poipoi“, на францускиот сликар Пол Гоген. Според магазинот Форбс, богатството на Лау се проценува на 9,1 милијарди долари.

 

Ново видео со Дунавка: Цел Тајланд се шегува со македонскиот модел

Дунавка Трифуновска е вистинска ѕвезда по изборот за мис на Тајланд. Сега и организаторите почнаа да се шегуваат на нејзина сметка

 

Прво место за прилепчанецот Илија Белистојаноски во Софија

Ilija-Belistojanoski

Младиот тенор Илија Белистојаноски го освои првото место на натпреварот „Руска романсијада“ која се одржа во Софија.

Во рускиот информативен центар во Софија на натпреварот кој се одржа од 6-ти до 9-ти ноември, 2015 г. учествуваа над 30 натпреварувачки, меѓу нив и десетина од Македонија.

Големиот број на македонски оперски натпреварувачи е благодарение на големата заложба на пијанистката Елена Силјановска од МОБ, која несебично работеше со нив на интерпретацијата на романсите од нејзината родна земја.

Претседател на комисијата беше Заслужниот уметник на Русија, Галина Сергеевна Преображенскаја, а во жирито, покрај познатиот бугарски баритон Петар Данаилов, биле професори и актери од софиската академија.

Инаку, младиот тенор имаше успешни настапи на концертите на студентите на Факултетите за Музичка уметност од Скопје и Штип, на концертот „Коста Трпков“ со оркестарот на МОБ. Надареноста и техниката на изведувањето на тенорот Белистојаноски не остана незабележана од страна на дирекцијата на МОБ, која во мај 2015 г., уште како студент, го повика да настапи на отворањето на Мајските Оперски Вечери 2015 во улогата на Малколм во „Макбет“.

https://sinaboi.desa.id/wp-includes/depo25/

https://scich.org/

https://www.pasiremas.desa.id/