Победничка атмосфера и река од народ се одлеа денес од Прилеп. Денес сите патишта водат кон главниот град. Граѓаните се упатија во Скопје да ја дадат поддршката на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “За подобра Македонија”.
Прилепчани јасно потврдија дека се против рекомпонирање на македонската држава и јасно се спротивставија на двојазичноста и федерализацијата.
Погледнете го ексклузивното видео од атмосферата во Прилеп и заминувањето на сенародниот митинг во Скопје :
Многу ви благодарам за денешната покана. Особено ме радува што можам во својство на вашата сестринска партија да бидам вечерва ваш гостин. Особено сме среќни што е Македонија на добар пат кон Европската Унија. Ние сме многу среќни што Македонија е многу важен партнер за нас во Австрија, истакна австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, кој присуствува на вечерашниот голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.
-Особено сум благодарен за подршката што ја добивме од страна на Македонија во 2015 и 2016 година. Бегалската криза беше голем предизвик за Австрија. Во 2015 година 90 илјади бегалци дојдоа во Австрија, а преку 1 милион ја минаа нашата држава. Без вашата Влада немаше да бидеме во состојба да ја затвориме балканската рута. Многу сум ви благодарен што не подржавте во оваа особено тешка состојба за нас, рече Курц пред големата маса луѓе на вечерашниот митинг и додаде дека ова е мошне импресивен собир.
Ви посакувам, подвлече Курц, во името на мојата австриска народна партија, многу многу среќа на целата партија и многу енергија во вашата изборна кампања.
Утре ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, кои поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со засилен северен ветер. Ова ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот и во попладневните и вечерните часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе се формира снежна покривка, особено на планините, а во западните и крајните источни делови помала снежна покривка може да се формира во местата од околу 600м.н.в.
Во вторник времето ќе биде многу студено и ветровито со врнежи од снег со послаб интензитет и во пониските делови на земјава. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2, а дневната од -2 до 3 степени. Потоа следува стабилно време со постепен пораст на температурата, но во среда и четврток изутрина ќе биде многу студено со температури од -9 до -3 степени.
Од неодамна еден документарец ја откри тајната за Бермудскиот триаголник.
Научниците откриле облаци, кои се појавувале во облик на шестоаголник, кои носеле ветрови и огромни бранови.
Меѓутоа, тука постои еден проблем…
Дали верувате во мистеријата за Бермудскиот триаголник ?
Тоа е област во Атланскиот океан, која се граничи со Флорида, Бермудите и Порторико. Исто така тоа е најпрометното место за испорачување на стоки, и наводно место каде што многу бродови и авиони мистериозно исчезнале.
Бермудскиот триаголник е мит како што пренесува “Бизнис инсајдер”.
Во 1950 година еден новинар лансирал гласини, кои подоцна биле пренесени и преработени во списанија и книги.
Но кога пилотот Лари Куш го истражувал овој триаголник, открил дека поголем дел од извештаите се погршни или се целосна измислица.
Тој открил дека причината за големиот број несреќи се шестоаголни облаци кои носат силни ветрови и голем бранови. Тој тврди дека треба да се внимава на овие облаци а не на бермудскиот триаголник.
За водителката Николина Ристовиќ сите ќе кажат дека е убава и згодна, но изгледа тоа не и било доволно. Неодамна на својот Инстаграм профил објави селфи на кое се гледаа дека во последно време го посетила својот пластичен хирург.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе одржат голем митинг пред Собранието на Република Македонија со почеток во 19:00 часот.
Студот и облачното време, не натераа да си седиме во топлите домови, но македонската водителка Лила е неуморна и ведра.
Таа на својот Фејсбук профил објави фотографија каде е средена од глава до пети и упатува порака до сите фанови, да не го обвинуваат времето за нивното лошо расположение.
На многу од луѓето им е познато дека пирамидите се огромни, импресивни градби изградени пред илјадници години во Египет. Исто така, познато е дека служеле како монументални гробници во кои биле погребувани фараоните.
Но постојат и други бројни занимливости за овие фасцинантни градби. Постојат сомнежи дека тие се изградени со помош на вонземјани.
1.Трите пирамиди во Гиза ( Кеопсовата, Кефреновата и Микериновата) се најпознатите египетски пирамиди, но всушност подрачјето на древен Египет имало повеќе од 140 пирамиди.
2.Најстарата египетска пирамида е онаа на фараонот Дјосер, изградена 2650 година пред нашата ера. Се наоѓа во Сакари, најголемата гробница на градот Мемфис во кој се откриени повеќе од 250 подземни гробници.
3. Кеопсовата пирамида е дефинитивно најголема и висока е 138,8 метри.
4. Се проценува дека бројот на луѓе кои ги граделе овие пирамиди достигнувал до 100.000.
5.Пирамидите во Египет ги чува огромна Сфинга, најголемиот монолитски кип на светот. Се верува дека лицето на Сфингата го претставува лицето на фараонот Кефрен.
6. Прв и најпознат архитект на пирамидите бил Имотеп, кој бил лекар и инженер. Се смета дека тој е заслужен за изградбата на првата голема пирамида на Дјосер.
До ден денес сеуште постојат сомнежи за начинот на кој се донесени материјалите и начинот на изградба напирамидите.
Она што е јасно е дека техниката на градба се развивала со текот на времето, односно поновите пирамиди се разликуваат од постарите.
Друга интересна занимливост за пирамидите е тоа што температурата во нив не оди погоре од 20 степени целзиусови иако надвор од нив оди и преку 50.
Тешко е да се процени тежината на пирамидите иако според некои истражувања, Кеопсовата пирамида тежи 6 милиони тони. Во просек потребни биле 20 години за изградба на една пирамида, поради тоа паралелно се граделе неколку пирамиди.
Но како пирамидите и по неколку илјади години се задржале неоштетени и покрај големите температури?
Денес точно не е познато како е добиен материјалот од кој се изградени.
Погледнете ги најголемите мистерии за пирамидите :
Надвор е студено и дождливо, така да сме сигурни дека во последните денови се среќавате со замаглени стакла кога ќе седнете зад воланот во својот автомобил.
Прилепчани едногласни и обединети како никогаш до сега. Река од луѓе се упати кон главниот град со една цел, да се одбрани и заштити државата од федерализација и двојазичност, да се пренесе пораката дека на овие простори постои една држава која доволно страдала и трпела поделби во минатото.
4000 прилепчани во 80 автобуси и стотици автомобили тргнаа да се изјаснат на референдумот за Македонија, да се изјаснат против разнебитување на македонскиот народ и негирање на државноста и уставноста.