Напад во Париз. Експлозии, пукање и многу жртви.

Вечерва во Париз одекнуваа експлозии и имаше бројни престрелки во кои според локалните медиуми загинаа 26 луѓе, а неколку десетици се повредени според првичните информации. За драмата да биде поголема, околу 10 луѓе биле земени како заложници во познатата концертна сала Батаклан. Според ББС се работи за нешто повеќе од 60 заложници.


Експлозиите одекнуваа и до стадионот каде што се играше фудбалски натпревар меѓу Франција и Германија, каде што медиумите пренесуваа дека се работи за самоубиствени бомбашки напади. Францускиот претседател Оланд, кој беше на натпреварот меѓу Франција и Германија бил евакуиран, после што веднаш се сретнал со министерот за внатрешни работи.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.