дома блог страница 5021

Идеална возраст за брак е од 28 до 32 години

Научниците тврдат дека стапувањето во брак во тој период ги намалува шансите за развод во првите пет години…

br500

Математиката открива кога е идеално време за брак. Истражувањето спроведено на Универзитетот Јута открива дека идеално време за стапување во брак е од 28 до 32 години.

Научниците тврдат дека стапувањето во брак во тој период ги намалува шансите за развод во првите пет години.

Истражувањето покажува дека со стапувањето во брак во 30-тите и 40-тите години се зголемуваат шансите за развод. Имено, за секоја година по 32. веројатноста за развод се зголемува за пет отсто.

Тажна приказна од Србија: „Јас можам и да не јадам, само спасете ја сестра ми“!

ambulanta-tazno

Вработената во Брза помош Маја Пауновиќ објавила потресен статус на нејзиниот профил на Фејсбук за тоа што доживеала кога биле повикани во основно училиште да му помогнат на едно девојче.

-Докторката Маја Пауновиќ вели дека вработените во Брза помош секојдневно се соочуваат со тешки работи, но вели дека не можела да се воздржи да не заплаче по повикот од едно основно училиште, пренесува Б-92.

Таа опишува што се случило откако добиле повик дека едно девојче паднало во несвест на час по физичко. Мајката на двете девојчиња е болна, па тие се препуштени самите на себе.
Еве што пишува докторката на Фејсбук:

“Не пишувам за работата оти работејќи во ургентна служба има се освен убави работи, поточно ги има понекогаш, но се поретко и се помалку. Дневна смена, прва теренска работа – онесвестено девојче на возраст од 14 години во основно училиште на час по физичко. Ротациони светла, возење на црвено, заобиколување автомобили… стасуваме за 4,5 минути на лице место.

Трчаме со опремата, гледаме бледо слабичко дете кое срамежливо седи на стол и грицка парче пита. Ни олеснува, станува збор за колапс, добро што не е нешто полошо. Ги проверуваме виталните параметри, подобро и е. Ја прашуваме што појадувала, вели дека не појадувала, па и кажуваме дека мора да појадува особено кога прв час има физичко… и потоа, тргнува приказната, која убива и води кон прашањето: кога стасавме до амбисот?

Мајката на девојчето има мултиплекс склероза, била учителка, сега е полуподвижна, на постојани терапии и не може да работи. Има сестра од 12 години. Татко им ги оставил кога мајка им се разболела и тие се препуштени самите на себе. Среде зима на училиште одат без јакна и во летна облека. Децата од одделението собираат пари за да им купат појадок, гардероба, но тие никогаш не се жалат, не велат дека им студи, дека се жедни, гладни. Среќни се што имаат мајка и сметаат дека треба да трпат и да живеат така.

Ја повикуваме нејзината помлада сестра да биде покрај неа оти таа се исплаши, да има некого покрај себе што и е близок. Влегува девојче од 12 години, паѓа на колена и почнува да ја бакнува и прегрнува и и повторува “Ќе ти биде поарно, не плаши се”.

Обете плачат, ја вртам главата на страна, оти сфаќам дека ми надоаѓаат солзи, плачам. Се трудам да не ме видат, срамота е поради работата што ја работам, се прибирам, се насмевнувам. Ја прашуваме сестрата дали јадела, а таа вели: “Нема врска, добро ми е мене, нема врска, можам јас да не јадам, помогнете и на сестра ми”. Се поткасувам за устата да не ми потечат солзи.

Социјалната служба, сите установи, не нашле за сходно на ова семејство да му помогнат. Се прашувам: за што ли се виновни овие деца? За болеста на мајка им, за несовесниот татко или за државата која е толку неуредена што за вакви семејства никому не му е грижа?

Дали можеме вака да постапуваме со децата, како да ги имаме за фрлање, какви ќе бидат тие деца кога ќе пораснат?

Ја возиме сестрата во болница да помине некој ден на педијатрија, помладата ја испраќа со солзи, а мене ми остана товар во градите. Нема понатаму, ова е зло.

Сода бикарбона и мед: Рецепт за лек што ја уништува најопасната болест

med-650x396

Ова е рецепт за лек што ја уништува најопасната болест. Иако идејата де промешате сода бикарбона со јаворов сируп или мед се чини бизарна затоа што ќелиите на ракот се хранат со шеќерот, сепак овде шеќерот делува сосема поинаку.

Ќелиите на ракот не успеваат да го искористат шеќерот за раст затоа што сода бикарбоната ги убива. Јаворовиот сируп оди кон ќелиите на ракот (кои трошат 15 пати повеќе глукоза од здравите ќелии), а со помош на сирупот содата влегува во станиците на ракот.

Подготовка:

Промешајте еден дел сода бикарбона со три дела јаворов сируп. Загрејте и мешајте ја смесата на многу тивок оган околу 10 минути. Земајте по три лажички дневно, во период од еден до два месеци. За време на терапијата избегнувајте да консумирате месо, шеќер и бело брашно.

Денот на јаболкото – О.О.У Блаже Конески- Прилеп

Планирано во годишната програма за работата на училиштео Блаже Конески- усвоено од страна на Советот на општина Прилеп на ден 5 и 6 Ноември 2015 год во О.О.У Блаже Конески- Прилеп по четврт пат се одржува Денот на јаболкото. Истото е поддржано од МОН по однос на имплементацијата на еко-програмата Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем и истата активност е преземена од словенечкиот модел на училиштата.

12191898_10206584046814301_7987588453412419114_n

Во 2013 год училиштето го посети првата дама г-ѓа Маја Иванова како покровител на програмата здрава храна за детство без мана. Секоја година учениците, вработените, родителите неуморно работат на реализацијата на идејата. Има прекрасни иновативни идеи и вкусни слатки работи направени од јаболко. Се е поставено на штандовите во училиштниот ходник и секоја година има голем број на посетители. Програмата е збогатена со доделување на трите награди од Трагопан- 1 место-хрчак, 2 место- папагал 3 место златна рипка.

12189788_10206584047294313_9004172261442036736_n

На 5 Ноември ученичката заедница заедно со педагошко-психолошката служба на училиштето, директорката м-р Марија Дулевска со јаболката кои ги донираа самите ученици во центарот на градот на штандови делеа бесплатни јаболка на сите минувачи исто се делеа и позитивни пораки за здравје со што граѓаните беа поканети да го посетат отворениот ден на училиштето. Јаболкото иако не е типично овошје за градот Прилеп, се размислува пошироко и истото се смета за типично овошје кое е најраспространето во Р. Македонија и сите го консумираат.

12193653_10206584047534319_4408697489308955279_n

Сите родители, ученици, вработени се вклучени со свои активности во неговото одбележување и пополека истото има тенденција да стане настан обележје за училиштето. Поканети се претставниците од МОН, Локалната Самоуправа на општина Прилеп, родителите, БРО, државниот просветен инспекторат и сите добронамерници.

О.О.У Блаже Конески- Ви посакува топло ДОБРЕДОЈДЕ на денот на јаболкото 2015 год.

12193874_10206584048214336_8410658040546974843_n

Изедете јаболко пред да одите на шопинг, советуваат експертите

За да се открие колку здравиот оброк пред одење во продавница ги поттикнува купувачите да купуваат здрава храна, научниците од британскиот Универзитет Корнел спроведоа експеримент, каде анализирале како тоа што луѓето го јадат пред одење на шопинг влијае на изборот на намирници.

500jabolka

Во текот на истражувањето дојдоа до заклучок дека се зависи од тоа што се јаде пред одење во продавница, пишува „Дејли Мејл“.

Тие кои јаделе колачи пред одење на шопинг, повеќе се склони кон купување повеќе храна со поголема количина на калории, а оние кои јаделе парче јаболко купувале 25 отсто повеќе овошје и зеленчук.

Затоа експерите и прехранбените продавници ги советуваат да ги поттикнат луѓето на здрава хрна и пред влегување во продавница да им понудат парче овошје и зеленчук.

 

ФОТО: Колку чинат тренерките на Путин?

Рускиот претседател Владимир Путин, си допушти една мала грешка во обидот оваа недела да им покаже на обичните Руси, дека е во добра спортска форма.

1

Во чудна фото сесија во салата на претседателската резиденција во Сочи, Путин вежба со рускиот премиер Дмитриј Медведев.

2

Долните тренерки што тој ги носеше за време на фото сесијата, чинат 1 425 долари, според „Quartz“. Тренерката е од италијанска луксузната марка „Loro Piana“, која е специјализирана за волнени и производи од кашмир.

Долниот дел на тренерки, модел „Portland“ е направен од 50% свила и 50% кашмир. Путин, носеше и дуксер на „Loro Piana“, со што цената на неговата тренерка за вежбање чини 3 200 долари, без маицата и патиките.

3

Портпаролот на „Loro Piana“, потврдил за „Quartz“, дека Путин на оваа фото сесија е облечен во тренерки од нивната марка.

Интересно е дека Путин носи скапи италијански тренерки, додека во исто време ги забранува производите на странски производители, како одговор на санкциите наметнати од западот против Русија.

4

 

Наградна Игра : Најселфи на Маркукуле !!!

Маркукуле.мк започнува со избор на најдобра селфи фотографија. Нашата потрага започнува денес и ќе трае до 01.12.2015г. Едноставно поставете ја вашата фотографија, собирајте лајкови и освојте ваучер во вредност од 2000 денари во Шопинг центар Лукас. Ова е прва игра од наша страна, во иднина ветуваме многу други изненадувања, организирани настани и случувања. Се надеваме ќе има добар натпревар и многу заинтересирани учесници на истиот. Правилата на играта се истакнати на самата апликација.

Инаку првата селфи фотографија е направена пред околу цел век од страна на фотографите на Bayron Company. Цел еден век подоцна овој начин на фотографирање прерасна во огромен тренд, а селфи фотографиите се наше секојдневие.

Вашиот редовен информатор и забавник, имајќи ја во предвид довербата која ни ја давате, ќе продолжи активно да работи на промоција на Општина Прилеп и Пелагонискиот регион и да ги шири информациите со брзина на светлината.

Линк до играта

Форбс го прогласи најмоќниот човек за 2015 година

Трет пат по ред еден ист човек е прогласен за човек на годината, a за прв пат претседателот на САД не е меѓу двајцата најмоќни.

Forbes_Logo

Рускиот претседател Владимир Путин и оваа година е прогласен за најмоќен човек во светот. Она што е најинтересно е што за прв пат во историјата, претседателот на САД не е меѓу двајцата највлијателни во светот.

v-putin

На листата Путин го следат германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на САД, Барак Обама.

Меркел оваа година ја подобри позицијата во однос на минатогодишното петто место, додека Обама падна едно место подолу.
Форбс оцени оцени дека Путин „продолжува да покажува дека е еден од неколкуте луѓе во светот кои се доволно моќни да прават сé што им е по волја и да се извлечат со тоа“.

Меѓу десетте најмоќни се и Бил Гејтс (6), Џенет Јелен, директорка на американските Федерални резерви (7), британскиот премиер Дејвид Камерон (8), премиерот на Индија Нарендра Моди (9) и Лари Пејџ (10), коосновачот на Google.

Рендал Лејн, уредникот на Форнс за Индипендент, рекол дека весникот илустрира остра промена во глобалната структура на моќта.

-Во текот на изминатата деценија, еден тренд е јасен: постепено се намалува моќта на Западот, додека моќта на Истокот постепено се зголемува, вели Лејн.

Тикет на денот – 05.11.2015

Плзен – рапид виена 1

Динамо Минск – Виљареал 2

Гронинген – Либерец 1

Ајакс – Фенербахче 3+

Еве што се лекува тиквата

tikva1-640x396

Тиквата е одличен диуретик, а нејзиното семе се препорачува на трудници, доилки, повозрасни личности кои имаат проблеми со црниот дроб или простатата.

Исто така, тиквата би требало што почесто да ја конзумираат личности кои боледуваат од реума, гихт, воспаление на бубрезите и мочните патишта. Покрај тоа, оваа есенска намирница има исклучително поволно дејство против воспаление на јајниците и пропратните појави на менопаузата.

Тиквата има специфичен вкус и мирис, може да се јаде жива, печена, динстана или пржена, а на организмот му делува исклучително благотворно и нејзиниот сок. Плодот на тиквата содржи 90 отсто вода, но и голем број витамини и минерали. Тиквата е богата со билни влакна, па особено поволно влијае на организмот, а во нејзиниот плод речиси и да нема маснотии, бидејќи во 100 грама тиква има помалку од 30 калории, поради што е идеална намирница за сите оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килогрaми.

Бетакаротинот, кој во тиквата го има во изобилство име повеќекратно заштитно влијание врз човечкиот организам. Тој го блокира дејството на слободните радикали и така директно го пречува оштетувањето на ДНК структурата, делува како антиоксидант. Тиквата е богата со провитамин А, кој е важен за добрата работа на очите и штити од катаракта. Тиквата се користи и превентивно, бидејќи благодарение на селенот и семките, но и провитаминот А организмот е заштитен од тумоr, односно се намалува ризикот од појава на рак на грло, желудник, грло на матка…

Тиквата одлично делува и на проблематична кожа, особено масна со акни, па можете да ја користите и како маска за лице.

Тиквата можат да ја јадат и дијабетичарите под услов истата да не се заблажува, како и личностите кои имаат проблеми со желудникот и тенкото црево. Оваа намирница особено се препорачува на личности заболени од псоријаза, а тие можат да ја конзумираат печена или во облик на сок.