дома блог страница 5012

Вечерен поздрав од Прилеп

12273763_10206637286705265_8075764692113237041_o

905751_10206637286425258_909996319983962264_o

12039032_10206637285585237_5676078023919343901_o

12239397_10206637287225278_2879770898108235990_o

12244480_10206637285105225_1975092980927087077_o

12244522_10206637287065274_190021818034936983_o

12273627_10206637287505285_5026409201079424074_o

Aрт Плоштадот во Прилеп

Соочување на Дунавка и Мики Црнокрак: „Мики, дали се бавиш со проституција?“ (ВИДЕО)

Дунавка Трифуновска беше гостин во емисијата Урбан Таг на ТВ 21 со цел јавно го каже својот став околу целата сапуница која овие денови владее на македонската сцена.

dunavka-crnokrak

Сепак, тоа што Дунавка не го знаеше е дека во емисијата беше поканет и Мики Црнокрак. Иако на почетокот одбиваше да разговара, сепак водителот ги оддели гостите и успеа да ја задржи Трифуновска со емисијата, но не до самиот крај. Погледнете го соочувањето на Мики Црнокрак со Дунавка Трифуноска, кој јавно кажа дека ќе ја тужи за клевета.

Баба Ванѓа: Исламистите ќе ја освојат Франција, ова е само почеток (ФОТО+ВИДЕО)

Со секое исполнето предвидување митот за неа растеше, но и немирот на оние што беа погодени од нејзините визии.

baba500

Кога во осумдесеттите години Баба Ванѓа предвидела дека кон крајот на векот Курск ќе го прекрие вода и дека цел свет ќе плаче за него, никој не ѝ веруваше. Тоа предвидување беше прикажано на национална телевизија во 1999 година, а многумина оценија дека „нема врска со разумот“.

Мислеле на рускиот град Курск. Нејзините поклоници беа убедени во вистинитоста на истото. Во август 2000 година, експлозија ја уништи руската нуклеарна подморница „Курск“ и усмртила 118 морнари, немаше преживеани. На многумина тогаш им текна на зборовите на Ванѓа од пред дваесетина години.

1baba500

Баба Ванѓа, како што Вангелија Димитрова беше позната во светот, со нејзините визии и пророштва со години внесувала немири меѓу луѓето, најавувајќи длабоки тектонски потреси во светот околу нас – и во буквално и во преносно значење.

Со секоја точна најава митот за неа растеше, но и немирот кај оние што биле погодени од нејзините визии. Противниците ја нарекуваа измамничка, шпион или вештерка.

Најпозната светка пророчица дарбата ја добила на 12 години. Си играла со девојчињата во поле, кога почнало невреме. Силен ветер носел сѐ пред себе. Ја крена малечката, немоќна Вангелија и ја фрли, ја вртеше и ја носеше по полето неколку километри. Не можела да се спаси. Жителите го пребараа целото село да ја пронајдат и по долго време го нашле избезуменото девојче, сосема исцрпено, среде нива, затрупана со прашина и со камења. Вангелија никогаш повеќе не беше иста како пред несреќата. По невремето почнала да го губи видот.

Муслиманите ќе владеат со Европа

Баба Ванѓа претскажа дека Третата светска војна ќе почне во 2010 година. Судирот ќе избие во земјите во кои народите ќе војуваат меѓу себе, а подоцна ќе се прошири низ целиот свет. Во 2020 година Европа ќе биде речиси празна и без луѓе, а во 2043 година со Стариот континент ќе завладеат муслиманите.

Баба Ванѓа навела дека муслиманите ќе ги елиминираат преживеаните Европејци со употреба на хемиско оружје. Во Франција потоа ќе се засилува таканареченото партизанско движење против исламистите.

Американците во 2066 година ќе го нападнат Рим, кој тогаш ќе биде целосно муслимански град. Во тој напад ќе користат ново климатско оружје – нагло заладување.

Нова рутинска победа за пингпонгарите од Младост 96

20151115_103500

Во петтото коло од првата пингпонгарска лига, екипата на Младост 96 издвојува очекувана победа против екипата на Куманово со резултат 5-2. Ова беше рутинска победа на младата екипа на Младост 96, и со оваа победа на табелата беше задржано второто место. Три победи издвојува Александар Рикалоски и две победи отидоа на контото на Антонио Стомнароски. Како трет играч беше Христијан Иваноски кој ги забележа двата порази. Во наредното коло екипата на Младост 96 ќе гостува во Кочани кај истоимената екипа. За приматот есенски првак во првата пингпонгарска лига ќе одлучува последниот дуел со екипата на Ѓорче Петров од Скопје.

Очевидец за хоророт во Хиподром: Го фатив детето во раце

ocevidecc

Мајка си го фрли шест годишниот син од 4-ти кат, па скокна од тераса. Трагична семејна драма се случуваше утринава во скопски Хиподром. 37 годишната жена околу 9 часот излегла на тераса со детето во рацете и почнала да се заканува. Сопругот со уште неколку лица кои биле пред зградата се обидувале да ја отргнат од намерата.

Соседот Златко Ордевски сакал да помогне и да го фати детето. Видно вознемирен од немилиот настан раскажува за грозоморниот чин.

-Имаше сомнежи дека ќе го фрли детето. На 4 спрат излезе госпоѓата го повика сопругот, тој рече дека е тука, имале некоја семејна расправија не знаеме што се случило и одеднаш го фати детето за мишките го седна на ступчето и го турна надолу, вели соседот Златко Ордевски.

При падот 6 годишното дете удрило во шипка за алишта на третиот спрат и ја повредило главата, но тоа ја успорило брзината на паѓање.
-Ние го фативме детето пред да удри на земја, сигурен сум дека не удри на земја, детето дишеше, го земав во раце и го однесеов во Брзата помош, додаде Златко Ордески.

Детето веднаш било префрлено во Ургентниот Центар. Во возилото се качил и таткото. Драмата пред зградата на улицата Пехчевска продолжила . Мајката се заканувала дека ќе се самоубие со скокање од балконот. Во меѓувреме полицијата и пожарникарите подготвувале балон . Во 10.20 минути жената се фрлила, но од другата страна на терасата и паднала на бетонот. Двајцата се пренесени во Клиничкиот центар со тешки повреди, но надвор од животна опасност.

СОУ„Ѓорче Петров“ во посета на Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески – Платник“

1

По повод неделата за грижа за страрите и изнемоштени лица, нашето училиште традиционално го посети Домот за стари и изнемоштени лица “Киро Крстески – Платник”. Членовите на драмската секција под менторство на проф. Билјана Тинтоска изведоа една ведра престава и измамија насмевки на лицата на штитениците на домот.

 

6

3

4

Нашите ученици се претставија и со музички точки.Учениците од 3-2 клас под менторство на инструкторките Ленче Јованоска, Наташа Ванчева и Валентина Дамеска, изведоа мерење притисок и други здравствени услуги на штитениците на домот. Посебна благодарност до нашите ученици за нивната несебочна ангажираност и до персоналот во домот за убавиот дочек.

13

7

8

9

11

12

 

Македонската карате ката репрезентација со сребрен медал од Светското првенство во Индонезија

11205998_739411862855593_3096909758643837423_n

Сестрите од Прилеп Маријана и Мишела Димоски, заедно со Кирјана Камческа го освоија сребрениот медал на Светското карате првентство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, во Џакарта, Индонезија. Ова е најголемиот успех за Македонија на вакво натпреварување и огромен успех за македонскиот спорт воопшто. Предводени од тренерот на репрезентацијата Златко Димоски, ката тимот на Македонската репрезентација ја донесе најголемата радост и испиша историски момент за карате спортот во Македонија.

12239498_10207880177260745_4079837602991938454_n

До финалето нашиот тим стигна преку победите над силната репрезентација на Шпанија со резултат 3-2, потоа го совлада Иран со 5-0, а во полуфиналето ја победија фаворизираната екипа на Германија со резултат 3-2. Во финалето нашите репрезентативки загубија од Франција со 4-1.

12189673_10206764225058074_3451071180995116122_n

Им посакуваме уште поголеми успеси во иднина, овие девојки се гордост како на нашиот град така и на целата спортска сцена во Македонија.

Раскош на талент и желба за многу музика, интервју со Денис Димоски

Можеби е сеуште млад, но Денис Димоски зад себе има големи достигнувања на музички план, што го прават сирурна идна надеж на големата сцена. Од претставник на Македонија на детскиот Евросонг, денес Денис сигурно чекори и го развива својот глас во класичната музика. Неговиот раздорен тенор кој го поседува ветува дека наскоро ќе ги добие симпатиите на љубителите на операта, а штиците на оперската сцена ќе грмат под неговите нозе. Како наш сограѓанин чест ни што го имаме за гостин и ви откриваме повеќе за него, неговата музичка кариера, настапи и планови.
Здраво Денис и добредојде на маркукуле.мк !

Каде се твоите музички почетоци, кога започна твојот интерес за музиката и кој е твојот најголем мотиватор, кој ти помага и те охрабрува да пловиш напред?

Од кога знам за себе, многу ја сакам музиката. Од мал сум мечтаел да бидам пејач. Моите почетоци со музиката се на моја 6 годишна возраст со мојот прв јавен настап на локалниот фестивал “Сребрен ѕвон” со песничката “Мајсторче”. Три години подоцна со победа на интернационалниот фестивал “Ѕвездички” ми се отворија вратите за настапи на голем број реномирани музички фестивали низ Европа. Сум учествувал на многу фестивали од кои за одбележување се моите настапи во Романија-2004 год. II место , награда за најдобра интерпретација на еден од најреномираните фестивали во светот “Славјански базар” во Белорусија од претседателот на светската организација на фестивали “Fidof” Америка, гран-при во Украина 2007, настапи на хуманитарни концерти во Словенија, Израел, Москва. Љубовта кон музиката е мојот мотиватор кој ме тера да продолжам понатаму да работам на себе и да се школовам и да се надградувам, а мојата најголема поддршка се моите родители и моите блиски пријатели.

Настапуваше и ја претставуваше Македонија на детскиот Евросонг. Да се потсетиме која година се случи тоа, какви искуства понесе од тогаш и што значеше за тебе во тие детски години тој настап?

Тоа беше во 2005-та година во Хаселт, Белгија. За мене незаборавно и огромно искуство од кое сеуште срцето ми трепери штом ќе се сетам  Силен адреналин и емоција кои не се опишуваат, а само се доживуваат. Настапот пред 15.000-та публика за мене претставуваше остварување на мојот детски сон. Сметам дека освоеното 8-мо место беше супер за Македонија.

Ти си апсолвент на Музичката академија во Скопје, каде ќе дипломираш како соло пејач на класична музика. Што те поттикна на тоа, зошто Денис се определи за класиката, а не за забавната поп музика?

Да, оваа година сум апсолвент на Факултетот за музичка уметност во Скопје- соло пеење во класата на маестро Игор Дурловски. Никогаш не сум се откажал од забавната музика, но како студент на Факултет за музичка уметност, сфатив дека многу ја сакам и класичната музика. Класичната музика има посебна убавина и посебно значење за мене и ми претставува посебно задоволство да ја изучувам и интерпретирам.

Денис што е потребно за еден млад тенор да се развива и да прерасне во врвен оперски пејач?

Работа, работа и само работа … Според мене, најпрво неопходно е да го поседуваш талентот за пеење. Правилната работа со вистинскиот ментор, посветеноста, љубовта и истрајноста до крај во она што го работиш, како и силната желба, се клучни за успех во полето на музиката. Се’ друго отпеано без љубов, страст и емоција се само празни ноти со одредена висина, боја и траење кои не допираат до публиката.

Колку е искрено тешко или лесно да се плови во тие сериозни води на музиката, во делата на Моцарт, Верди, Вагнер и други врвни оперски композитори?

Секоја музика си има своја тежина, но мислам дека класичната музика претставува врв во музичката уметност со целиот свој раскош кој го поседува и бара голема посветеност, откажувања и жртви за да станеш врвен во својата професија. Секој од големите оперски композитори си има свои посебни карактеристики и барања до изведувачот.

Што има Денис Димоски сработено како свое дело, колку музички композиции има во твојот бекраунд?

Мојот прв деби албум излезе веднаш после детската Евровизија, во 2006-та година. “И светот е мал” содржи 8 авторски композиции. Сум настапувал на нашите македонски фестивали, Макфест и Охрид фест со мои авторски композии “Остани со мене”, “Дали ме сакаш” и “Малечка”.

Настапуваше на изборот на Ѕвездите на Пинк и ако не се лажам малку фалеше да дојдеш до финале. Сепак тоа беше огромен успех како за тебе, така и за Македонија. Колку тоа натпреварување ти помогна за твоја лична афирмација и која привилегија ти ја донесе?

Ѕвездите на Пинк за мене е едно големо искуство кое ми помогна мојот талент да го забележи пошироката јавност на Балканот. Искрено се надевам дека ви се допаднаа моите настапи иако имаше песни кои што многу сакав да ги отпеам, но не ми беа одобрени. Запознав многу нови луѓе со кои и до ден денес сум во контакт и го проширив мојот круг на пријатели.

Кои се твоите музички идоли, како од поп така и од класичната сцена?

Мој најголем идол е Тоше Проески. Од мал ги слушам и ги пеам неговите песни. Ги обожувам Бијонсе, Селин Дион и Витни Хјустон, а од класичната музика незаменливите Павароти и Марија Калас.

Што планира Денис Димоски во својата музичка кариера, што се стремиш да постигнеш во животот?

Моментално, заедно со мојот професор по соло пеење маестро Игор Дурловски интензивно работиме на материјалот за дипломскот концерт кој треба да се одржи на крајот на оваа учебна година. Исто така паралелно со тоа работам на мојата прва солистичка улога во мјузиклот Fiddler of the roof при Македонската опера и балет чија премиера е закажана на 9-ти Декември. Ги поканувам сите ваши читатели и љубители на оваа уметност на 9-ти Декември во 20 часот во МОБ на самата премиера.

Порака до читателите на маркукуле.мк и твоите верни фанови и поддржувачи од родниот град Прилеп.

Бидете секогаш свои и верувајте во себе, никогаш не откажувајте се од вашите соништа затоа што ако можеш да ги сонуваш, верувај дека можеш и да ги оствариш. “И најуспешниот човек во светот некогаш бил само “ОБИЧЕН” човек кој сонувал за “ГОЛЕМИОТ СВЕТ”. Слушајте добра музика и сакајте се, затоа што љубовта е единственото нешто што не одржува во живот.

 

Подготвил: Александар Георгиоски

Драма во Хиподром: Мајка го фрли 6-годишниот син од 4 кат, скокна и таа

policija500

Вистинска драма се случила утринава во скопската населба Хиподром откако мајка го фрли својот годишен син од четвртиот кат, по што и самата скокна.

Мајката со детето во рацете се заканувала дека ќе посегне во животот на детето и својот, неофицијално поради нарушени семејни односни. Кратко потоа мајката го фрлила својот син од терасата, но падот на детето бил ублажен од жици за алишта на подолните катови. Околу половина час подоцна и таа скокнала од терасата.

Според првичните информации детето има тешки повреди, а мајката се наоѓа во критична состојба. Во тек е увидот.

Француски воени авиони ја бомбаридраа Рака

francija-2222.jpg-500

Франција одговори на крвавите напади извршени во петокот на нејзина територија со интензивно бомбардирање на џихадистичкиот бастион Рака во источниот дел од Сирија.

Десет француски воени авиони уништија вчера 20-на објекти кои ги користеле од Исламска држава.

– Првата уништена цел беше објект што гокористеле од Исламска држава и кој бил команден пункт, центар за регрутација и складиште за оружје и муниција. Вотрата цел е тренинг камп за терористи, прецизира Министерството за одбрана.

Вкупно 12 авиона од кои 10 бомбардери полетале од ОАЕ и Јордан и учествувале во операцијата. Министерството наведува дека биле уништени цели во координација со американските сили.