дома блог страница 43

Џез Фабрика Фестивалот и Народниот театар од Битола ја претставија Македонија на 24. Меѓународен уметнички фестивал во Шангај, Кина (ФОТО)

На покана на ChinaSPAF 2025 и Network of Silk Road Arts Festivals, Џез Фабрика Фестивалот и Народниот театар од Битола ја претставија Македонија на 24-тиот Меѓународен уметнички фестивал во Шангај, Кина, како дел од 5-та годишна конференција. Како еден од највлијателните фестивали од ваков вид во Кина, CSIAF е годишен фестивал што трае еден месец и се одржува во Шангај од 1999 година. Фестивалот, кој се одржува од средината на октомври до средината на ноември секоја година, опфаќа сценски уметности, визуелни уметности, музика, танц итн.

Саемот за изведувачки уметности CSIAF (ChinaSPAF) е водечкиот годишен пазар за нови дела од Кина, кој ги поврзува уметниците и уметничките професионалци од целиот свет. По големиот успех на минатогодишното издание, оваа година понуди уште побогата содржина, подлабоки разговори и нови можности за соработка. Оваа година, ChinaSPAF конференцијата се одржа од 17. до 20. октомври 2025 година во Шангај.

Џез Фактори фестивалот претставен од директорот на истиот, професорот Сашо Поповски и Народниот театар од Битола, претставен од долгогодишниот новинар од областа на културата, воедно и ПР, Неда Маретиќ, ја претставија Битола, Македонија, но и Југоисточна Европа, споделувајќи ја визијата за поврзување на културите преку џезот, театарот и креативноста.

„Нашето учество означува уште еден чекор во нашата мисија да „Одиме во светот“, а воедно да го донесеме светот во Битолa – градејќи мостови меѓу уметниците, публиката и заедниците ширум светот. Чест ни е што креативната енергија на Битолчани резонира на меѓународната сцена и сме благодарни на сите што го поддржуваат нашето патување на звук, соработка и културен дијалог. Оваа година можам да кажам дека организацијата на фестивалот е на многу повисоко ниво и зголемен е бројот на претставници кои ја посетуваат конференцијата, а од друга страна се сретнав со многу пријатели од минатата година, воспоставивме комуникација со нови лица и партнери. Една од тие соработки ексклузивно можам да откријам е со еден фестивал во Кина и еден фестивал во Куба, така што се надеваме следната година да биде доста плодна за нашиот фестивал“, изјави професорот Сашо Поповски, директор на Џез Фактори фестивалот.

Минатата година претставник беше единствено Џез фактори фестивалот, но по успешната промоција, оваа година и Битолскиот театар.

„Минатата година единствен претставник беше токму нашиот џез фестивал, а оваа година со наши напори успеавме да има претставник и Народниот театар од Битола како наши соработници, и се надеваме следната година ќе имаме можност да претставиме дел од нивната програма и дека бројот на членки и фестивали и културни работници ќе се зголемува секоја година, затоа што колку повеќе не има тука толку поголема е видливоста за државата, а посебно Битола на можеби најзначајната светска конференција на арт фестивали“, додава Поповски.

Народниот театар од Битола го претставуваше Неда Маретиќ, долгогодишен новинар во областа на културата, воедно и ПР.

„Кога не поканија на фестивалот благодарение на проф. Поповски, не се двоумевме за претставување на институција, па го избравме Народниот театар и неговата долгогодишна успешна дејност. Чест ми беше да можам пред толку голем аудиториум во Шангај, да зборувам за најстариот театар во Македонија, од првата претстава на македонски јазик токму во Битола, до претставувањата на повеќе светски сцени од Глоуб во Лондон до гостувањата два пати во Кина на светски реномирани театарски фестивали, за кои гостувања организаторите на конференцијата со задоволство се потсетија. Како долгогодишен новинар во областа на културата и следење и објавување на театарската дејност на Битолскиот театар, гордост е да се претстави 81 годишната работа на оваа институција, да се претстави Битола како град на културата и лулка на уметноста, што верувам со професорот Поповски достојно тоа го направивме“, изјави Маретиќ.

Покрај Џез фактори фестивалот и Народниот театар од Битола, учесник и претставник на Македонија беше и д-р Иванка Апостолова Баскар од Македонскиот центар на Интернационалниот театарски Институт. Присуството на македонските претставници обезбеди одлична можност на уметниците и уметничките и медиумските професионалци, од овој сектор во светот да дознаат повеќе за културната сцена на Битола, Скопје и воопшто Македонија. Истовремено со ова учество се зајакнува глобалната културна размена преку соработка, меѓусебно учење и споделување искуства. Покрај конференцијата, Џез фактори фестивалот беше претставен на најголемиот саем на уметности заедно со фестивалот од Петровац, Црна Гора. Ова гостување во Кина, ги постави темелите за идните заеднички проекти и соработка на глобално ниво.

Сите информации за Народниот театар и Џез фактори фестивалот може да се следат на следните веб страници:

www.narodenteatarbitola.com

www.jff.mk

Битолчанец ќе оди во затвор: Измамил неколку постари сограѓани дека нивни блиски направиле сообраќајка

По преземени мерки и активности во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Имено, на 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање факти измамиле 88-годишна битолчанка и 67-годишен битолчанец и се обиделе да измамат 92-годишен битолчанец. Делото го сториле на тој начин што другото лице телефонски им се јавило и ги довело во заблуда дека нивни блиски направиле сообраќајна несреќи и доколку не сакаат да одат во затвор ќе треба да им платат одредена сума на пари.

Битолчанката на возраст од 88 години и 67-годишниот битолчанец им дале 54.000, односно 900 евра и 22.000 денари, а парите ги земал првопријавениот. Додека, 92-годишникот откако тргнал да ги однесе парите на договореното место, бил спречен од неговите син и снаа.

По преземени мерки, истиот ден во 17:10 часот во Битола, полициски службенци од СБР Битола го лишиле од слобода Б.А. и при преглед кај него пронајдени се мобилен телефон и паричник со пари кои потекнуваат од кривичните дела. Со него е извршен службен разговор, при што го признал делата.

Лишени од слобода возачи од Битола и Македонски Брод – управувале со возила “мортус” пијани

Oд полицискиот билтен на МВР:

-На 25.10.2025 во 03:42 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Д.(27) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило„опел ” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал П.Д., и при преземање мерки констатирано е дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,16 промили алкохол во крвта.

-На 24.10.2025 во 22:53 часот на ул.,,Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В. од Македонски Брод. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило ,,рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое го управувал С.В. и констатирале дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,03 промили алкохол во крвта.

Во понеделник е голем православен празник – почеток на зимските празници

Во понеделник е голем православен празник, се слави Св. Петка, кај народот познат како Петковден.

Света Петка била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живеела со нив до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се подвизувала во пост и молитва до својата старост. Во староста се вратила во Епиват, каде проживеала уште две години.

Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши.

Преподобна мајка и чудотворка Параскева

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27/14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули/8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел. Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите и биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи.

Втората е светата маченица Параскева од Иконија, Мала Азија, којашто маченички загинала за време на Диоклецијан. И таа била единствено дете на своите родители поради што со големо внимание и љубов била воспитувана во христијанската вера. Параскева била уште малечка кога починале нејзините родители, а таа нивниот имот го користела за помагање на сиромашните, болните, странците и сл. При големите прогони на христијаните што се случиле во времето на Диоклецијан настрадала и таа. Била фатена во 303 година и била предадена на судијата. Тој пак, изненаден од нејзината убавина, и понудил да стане негова невеста и – ветувал богат и раскошен живот. Таа го одбила сето тоа изјавувајќи дека сака да остане верна на својот Бог, Исус Христос.

Поради тоа била мачена, била ставена во оган но останала недопрена од пламените јазици кои ги зафатиле оние што го потсилувале огнот. Гледајќи го тоа судијата наредил да и ја пресечат главата. Следниот ден и судијата загинал што било толкувано како Божја казна за погубувањето на Параскева. Нејзините останки христијаните ги погребале во нејзиниот дом, а над гробот подоцна се случувале разни чуда, пред сè, оздравување на болни од секакви болести. Нејзиниот спомен се слави на 10 ноември/28 октомври.

Најпозната е Параскева-Петка позната како Св. Петка Епиватска или Трновска. Нејзиното житие вели дека е родена во Епиват, во Тракија, меѓу Силиврија и Цариград, на брегот на Средоземното Море, кон крајот на Х век. Родителите и биле побожни, а така ги воспитувале и своите деца. Имала брат по име Ефтимие кој подоцна станал епископ Мадитски. И Параскева уште од млади години покажувала интерес за монашкиот живот.

Кога и умреле родителите Параскева заминала во Јорданската пустина каде што долго живеела во молитви, пост и плач. Се хранела со пустинска растителна храна, само еднаш во денот, и тоа навечер. Долго време ѓаволот се обидувал да ја одврати од приврзаноста кон Бога. Се преправал во разни форми па и како ѕвер ја напаѓал, но таа не се поколебала.

Кога остарела ангелот Божји и соопштил дека треба да се врати во родното место зашто е дојден часот кога треба душата да му ја предаде на Бога. „Остави ја пустината и врати се во својата татковина, бидејќи таму треба да го оставиш телото на земјата, а со душата да преминеш кај Господа“. Параскева набргу се вратила во родното место и никому не кажувала која е. Набргу умрела, а бидејќи жителите на нејзиното родно место не ја познавале, ја погребале не на селските гробишта, туку одделно како странец. Била погребана близу до морскиот брег, а во близината имало еден столб и на него седел некој столпник.

По извесно време морските бранови исфрлиле тело на некој патник кој умрел на брод, а морнарите го фрлиле во морето. Тоа тело набргу почнало да се распаѓа од што засмрдела целата околина, така што тука не се минувало. Тогаш столпникот слегол од столбот и замолил некои луѓе да го закопаат мртвото тело за да не смрди. Тие почнале да копаат во близината на брегот и за нивно изненадување нашле тело на жена, но не му посветиле поголемо внимание, зашто како што си мислеле, ако било на некоја светица Господ порано со некои чуда ќе укажел на него. Телото на жената света Петка го закопале, а врз него и телото на патникот, што го исфрлило морето.

Ноќта на еден од тие луѓе по име Ѓорѓија, му се сонила царица на светол престол со многу светли војници. Ѓорѓија тогаш паднал, а еден од војниците му пришол, го подигнал и го прекорил што телото на света Петка го погребале заедно со смрденото тело на патникот. „Георгие, зошто го презревте телото на преподобната Праскева и заедно со неа го сохранивте смрдливото тело? Веднаш земете го телото на преподобната и положете го на достојно место, зашто Бог сакаше да ја прослави на земјата рабата своја“. Тогаш и светицата му рекла: „Побрзај да ги земеш моите мошти и да ги положиш на достојно место, бидејќи не можам повеќе да ја трпам смрдеата од тој труп. Оти и јас сум жена и мојата родбина е Епиват, каде сега и вие живеете“. Таа ноќ истото и се сонило и на некоја жена. Утрото и двајцата ги раскажале соновите по што со голема свеченост телото на света Петка било откопано и погребано во црквата на Светите апостоли Петар и Павле во Епиват.

Подоцна телото на преподобна Параскева било повеќепати пренесувано од едно место на друго. Најпрвин бугарскиот цар Јован Асен во 1238 година измолил телото на Преподобна Параскева Петка да биде пренесено во Трново. Тука телото останало подолго време поради што таа се вика и Трновска. Но кога Турците го зазеле Трново моштите на света Петка биле пренесени во Влашко, а кога и Влашко паднало под турска власт, во 1396 година кнегињата Милица го измолила султанот да и дозволи да ги пренесе во Србија. Тогаш биле погребани во Белград. Но кога и Белград го освоиле Турците во 1521 година светите мошти биле однесени во Цариград, каде што се прославиле не само меѓу христијаните туку и меѓу муслиманите. Но и тука во патријаршиската црква каде што биле погребани не останале засекогаш. Во 1641 година молдавскиот војвода Василија Лупул го измолил цариградскиот патријарх Партениј да му ги даде моштите на света Петка и ги пренесол во црквата „Три светци“ во светиот град Јаш каде што почиваат и денес.

Во спомен на Преподобната Параскева Петка Трновска, Светата православна црква го востановила празникот што се празнува секоја година на 27/14 октомври и што во народот е познат како Петковден. Во народот Петковден се смета за почеток на зимските празници што следуваат и што се проследени со домашни служби како што се Митровден, Св. Ѓорѓија, Аранѓел, Св. Никола и др.

Народот во некои случаи не ги разликува трите Параскеви – Петки туку најчесто ги идентификува со една Петка најчесто со света Петка Трновска но ликот на овие светици го почитува и празнува достоинствено со домашни служби и со големи собири и панаѓури,

Во Гевгелиско денот на Света Петка не се сметал за голем празник освен во с. Прдејци каде што имало селска служба и каде што се собирал мноштво народ од соседните села. Овде Света Петка се сметала за сестра на Света Недела. Во Радовиш овој празник бил ден на овчарите. Тогаш за овчарите се правел добар ручек, им се исплатувало тоа што не им било доисплатено во текот на момокувањето и се пазареле за наредниот период. Е. Спространов пишува дека се правело разлика меѓу Петковден и Света Петка од 26 јули според стариот односно на 8 август по новиот календар.

Особено култот кон Света Петка бил раширен во Мариово, како што стои во записите на Крсто Бинев. Во овој крај петокот се празнува повеќе од неделата онака како што Евреите ја празнувале саботата. Тоа празнување, вели запишувачот, не е во чест на воспеаната од светата ни црква светица Петка која се празнува еднаш во годината, имено на 14 октомври, која селаните ја разликуваат од нивната св. Петка, ами по некој стар обичај останат којзнае од кога и којзнае зашто. Населението за света Петка верува дека е заштитничка на луѓето, нивни застапник пред Бога, ги чува од суша, помор, неплодност, грмење и воопшто од многу зла и напасти. Како празник света Петка повеќе го празнуваат жените. Во Мариово на овој ден мажите можеле да берат дрва, да копаат, да прават рало, само не смееле да ораат. Жените уште од вечерта спроти петокот не работеле никаква работа дури до петокот навечер, како што тоа го правеле Евреите во саботата. Неделата не ја празнувале толку колку петокот ‒ вели запишувачот на овие верувања.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени петочни води.

Како влијае поместувањето на часовникот врз луѓето?

Преминот на зимско сметање на времето, што не очекува за викендот, најчесто се доживува како мала административна промена и традиција. Но, зад тој „едeн час“ се крие значаен ефект врз човечкиот организам, а со тоа и врз работната ефикасност и продуктивноста.

Истражувањата покажуваат дека промената на часовникот може да доведе до намален фокус, пократок сон и нарушување на природниот биоритам.

Една анализа објавена во списанието Public Health утврдила дека во неделата по поместувањето на времето кај вработените се забележува пад во работниот ангажман — најмногу поради лошиот квалитет на сонот, особено кај таканаречените „ноќни птици“.

Слични резултати објавиле и истражувачите од Универзитетот во Орегон, кои преку анализата на активностите на повеќе од 170.000 корисници на платформата GitHub забележале пад на продуктивноста што може да трае до две недели по промената.

Иако многумина мислат дека телото се прилагодува за неколку дена, вистинските ефекти можат да траат многу подолго.

За работодавачите, ова не е безначајна промена. Падот на концентрацијата и енергијата значи помала продуктивност, повеќе грешки и потенцијално зголемен број боледувања. Неколку студии укажуваат и на зголемен ризик од сообраќајни несреќи и срцеви удари веднаш по промената на времето.

Психолозите и експертите за организациско здравје препорачуваат неколку едноставни мерки:
неколку дена пред промената – постепено прилагодување на сонот,
утринска изложеност на природна светлина,
ограничување на кофеин и дигитални екрани пред спиење,
флексибилно работно време во првите денови по промената за полесна адаптација.

Иако едниот час изгледа занемарливо, неговото влијание врз концентрацијата, здравјето и менталната состојба на вработените може да биде значително.

За компаниите кои се стремат кон висока продуктивност и благосостојба на своите тимови, игнорирањето на овие ефекти може да значи пропуштени можности и непотребни трошоци.

Николоски со порака до Касами: Заврши времето на етнички поделби и непринципиелна политика

„Ветивме дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после 20 години, а прашање на време e пензионирањето на Али Ахмети. Ако Билал Касами сака да биде алтернатива на нив, тогаш треба да биде целосно различен од нив – порача во денешното гостување на Радио “Лидер”, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Ние ветивме минатата година дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после дваесет години. Во текот на кампањата и до формирање на Влада, најголем број од луѓето не ни веруваа дека ова ќе го реализираме. Така што ние го направивме она што сите го ветуваа, а не го направија. Второто што го ветивме е дека Али Ахмети ние политички ќе го пензионираме и еве го, само прашање на време кога и како тоа ќе се случи, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ испрати и порака до лидерот на БЕСА, за кого потенцираше дека политиката на етнички поделби се удри во ѕид и заврши неславно и дека соработката во Владата може да продолжи само врз основа на принципи и вредности.

-Mислам дека основното што политичарите треба да го разберат, е дека не можат да се алтернатива ако се исти. Така што, ако Билал Касами сака во Тетово да биде алтернатива на Теута Арифи и на претходни кои што биле таму градоначалници од ДУИ, тој не може да е исти како нив, тоа е прво. Второ, не треба да се срами и да му е непријатно тоа што Македонците во Тетово гласаа за него во првиот круг. Тој сега треба да им испорача на тие луѓе, затоа што тоа се негови поддржувачи. Политиката на етнички поделби се удри во ѕид и заврши неславно, но доколку таа политика продолжи во нов формат, тогаш која е разликата? Ние ќе продолжиме да соработуваме во Влада, но само врз основа на принципи и на вредности. Не можите вие да држите митинзи и да зборувате дека треба во Тетово да победи Билал за да не се врати ДУИ, а во исто време да речите во Кичево гласајте за ДУИ. Тоа е непринципиелна политика, порача Николоски.

Maкедонија доби нов СУПЕР ЏЕКПОТ МИЛИОНЕР вреден 5.533.942 денари

Пред викендот, споделуваме нова доза среќни вести. Го имаме најновиот среќен добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 5.533.942 денари – соопшуваат од Државна Видеолотарија Касинос Австрија.

Соопштението за среќниот добитник во целост го пренесуваме во продолжение:

-Г.П. од Куманово на 17.10.2025, на видеолотариските терминали во Делта бет Моцарт ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка. „40 Лаки Кингс“ е среќната игра, која му овозможи да освои 5.533.942 денари.

Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува радост, исполнети соништа и незаборавни моменти!

Во периодот од 13.10.2025 до 19.10.2025 Видеолотарија Касинос Австрија исплати фантастични 17.043.921денари кон играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија и тоа:

1 СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ → исплатени 5.533.942 денари
6 МИЛИОНЕР џекпот добивки вкупно 9.032.961 денари
МИНИ џекпот добитници → со добивки од 2.477.018 денари

Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во изминатите 11 години, на среќните ВЛТ играчи низ Македонија им се исплатени преку 3 милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа.

Постои светло на крајот од тунелот – Малата Стефанија од Прилеп, со ваша помош доби надеж и почна да зачекорува во животот

15-годишната Стефанија Попоска од Прилеп се бори да зачекори во животот. Родена со тешка дијагноза, Стефанија од првиот нејзин здив не знаеше што значи лесно движење. Нозете и половината и’ се слаби, секој чекор и’ е мака. Досега имаше поминато низ неколку операции, но нејзината здравствена состојба се’ уште не беше на посакуваното ниво. Така беше се до почетокот на третманот во специјализираната болница “Нуромедик” во Ниш, каде Стефани и нејзиното семејство добија надеж.

-Благодарение на сите вас, сестра ми Стефанија е многу подобро. Вашата поддршка, молитви и донации направија чудо – помогнаа да стигнеме до оваа точка каде што конечно гледаме надеж и напредок. Се собраа многу средства и од срце ви благодарам на секој кој помогна, сподели, донираше или се помоли за неа. Без вас, ништо од ова немаше да биде можно. Сега останува уште мал дел за да го завршиме комплетниот третман, и ви се обраќам со искрено срце – ако може уште малку да помогнете, да го доведеме лечењето до крај и да ѝ дадеме на Стефанија шанса за целосно здравје. Бескрајна благодарност за сè што направивте досега. Бог да ве благослови сите – напиша на ФБ Илчо Попоски, брат на Стефанија, кој не замоли да ја споделиме благодарноста до сите хумани граѓани.

Од Фондацијата “Павел Андреев” споделија и видео на социјалните мрежи, каде се гледа како малата Стефани напредува со специјализираните третмани.

За Стефанија можете да донирате на следниот ЛИНК

Или на телефонските броеви:

-За корисниците на Телеком: 143 106
-За корсниците на А1: 143 477

Заедно можеме да создадеме светло на крајот од тунелот и да ѝ подариме надеж и насмевка која ќе трае цел живот.

Во Битола одржан првиот граѓански форум за новиот општински буџет – Граѓаните сами посочуваат кои проекти треба да бидат приоритет (ФОТО)

Со цел да се креира општинскиот буџет со приоритетните проекти на граѓаните, истовремено транспарентно да се распоредува со нивна
вклученост, денес се одржа првиот буџетски форум сесија од предвидените четири.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, во своето обраќање истакна дека овој начин на распоредување на буџетот и натаму останува
приоритет во работењето на општинската администрација.

„Заедно со Вас граѓаните, реализиравме голем број на проекти во изминатите четири години, а така ќе биде и во наредните четири. Повторно дел од Вашите идеи ќе бидат реализирани, а Вашите размислувања се дел од создавањето на заедничката успешна приказна за уште поголем развој на нашата општина“, истакна Коњановски.

Покрај раководителите од општинската администрација, присуствуваа и претставниците на месните и урбаните заедници, невладиниот сектор,
битолскиот Универзитет и сите граѓани кои активно сакаат да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет.

-На денешната прва форумска сесија, беа дефинирани програмите, во кои на следните две сесии ќе бидат разработени конкретни предлози, за кои учесниците ќе гласаат на последната, четврта форумска сесија. На овој начин се овозможува и партиципативно граѓанско учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови – велат од општина Битола.

Николоски: “За шест месеци ќе се возиме низ Скопје со градски воз”

Првата линија од проектот “Градски воз” во Скопје ќе почне да сообраќа од почетокот на следното лето, а нашата идеја e да воспоставиме редовен сообраќај на три линии – истакна во денешното гостување во Радио Лидер, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

“Идејата на проектот “Градски воз” е постојаната железничка инфраструктура да се реконструира, да се реновира, да се крене на едно друго ниво и да се користи за градски сообраќај. Во Скопје има развиен систем скоро како детелина. Веќе на првата делница, која што оди Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром – Нова железничка, почна да се работи овие денови. Следната година ќе ги работиме другите две лини, за да ја донесеме во инфраструктурна состојба, да може таа да се користи интензивно и често и после тоа да се воспостави еден редовен сообраќај. Првата линија ќе биде готова за 6 месеци, што значи дека некаде следното лето на првата линија ќе функционира градскиот воз”– рече Николоски.

Вицепремиерот информираше и дека се преговара со Европската банка за обнова и развој за набавка прво на нови локомотиви, а потоа и на нови вагони.

Во однос на брзата пруга исткана дека е започнато да се изготвуваат физибилити студиите, градежните работи на терен да започнат следната година и истата да биде завршена за пет години, со тоа што делови од брзата пруга би се користеле во 2028 година.