дома блог страница 44

Стани дел од успешната IQOS приказна – бидете новиот Brand Ambassador во вашиот град! Одлична плата за скратено работно време

Компанијата IQOS, дел од високо реномирана интернационална мрежа, отвора можност за ангажман на млади, комуникативни и амбициозни личности низ цела Македонија!

🔹 Позиција: IQOS Brand Ambassador
🔹 Почетна плата: до 32.300 денари (хонорар + бонуси)

Доколку си личност која:

-ужива во работа во динамична и современа средина,
-поседува одлични комуникациски и презентациски вештини,
-има 21 до 30 години и желба за професионален развој

тогаш ова е вистинската можност за тебе!

Придружи се на нашиот тим и стани дел од бренд кој го менува начинот на уживање, комуникација и стилот на живот.

Испрати го твоето CV со јасна назнака на: [email protected]

За сите дополнителни информации и материјали, слободно контактирај нè.

IQOS – дел од свет кој постојано се менува. Биди дел од него!

Денеска е Свети апостол Филип

Светиот апостол Филип

Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост.

Се согласувате ли?! Просечната плата скокнала на 45.310 денари

Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45 310 денари, а просечната бруто-плата била 68 180 денари што во однос на истиот месец лани е згоелмување од 10,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.6 %, Образование за 14.5 % и Административни и помошни услужни дејности за 14.1 %, додека зголемувањето на бруто платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.9 %, Образование за 14.8 % и Административни и помошни услужни дејности за 14.4 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на јули е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 5.2 %, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4.7 % и Рударство и вадење на камен за 4.5 %. Зголемување, пак, на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на јули е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 5.3 %, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4.8 % и Рударство и вадење на камен за 4.6 %.

Викендов почнува зимското сметање на времето

Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Подгответе се за викенд полн со ритам, насмевки и добра енергија – Две вечери, два бенда, една незаборавна забава во Terasa Pub!

Ако сте од оние кои се’ уште во Прилеп бараат совршено место за викенд дружење, добра музика и одлична храна – тогаш време е да научите дека Pub Club Terasa е вистинската дестинација!

Во најтоплата атмосфера во градот, ве очекува уште еден незаборавен викенд со жива свирка, повеќе од 30 видови пиво, богата понуда на мезе и закуски, и музика што ќе ве држи на нозе до доцна во ноќта!

Овој петок (24.10.) Terasa ви закажува држба со одличниот состав од Битола – АRTIUM, дечките кои веќе оставија прекрасен впечаток во градот под Марковите Кули, па редно беше да добијат нова покана.

Во сабота (25.10.) настапува добро познатото дуо од Крушево – NO LIMIT BAND, момци кои полнат локали низ цела Македонија и се секогаш полни со енергија од прва до последна минута.

Резервирајте навреме и уживајте во најдоброто од ноќниот живот во градот!

Резервации: +389 70 304 967

Pub Club Terasa – каде секој викенд станува незаборавен! 🌟

Мицкоски со јасна порака до Касами: Ако се поделиме за етнички теми низ призмата на шовинизам, која би била разликата меѓу тебе и Али?

Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, порача дека првиот круг од изборите покажале дека народот има надеж и очекувања кои нема да ги разочараат ниту изневерат. На опозициската СДСМ им порача се консолидираат и да размислат дали ќе се осмелат да одат на предвремени избори, додека, пак, за ДУИ, премиерот оцени дека тие добиле порака од народот и Албанците дека доста беше политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси и богатење.

Билал Касами, пак, кажа премиерот, мора да разбере дека секогаш сум подготвен да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички продуцирани разлики.

-Изборите од првиот круг, изразени низ освоените градоначалнички и советнички места, ја докажаа доминантната улога и поддршка што ја има ВМРО-ДПМНЕ. И ова докажува дека народот има надеж и очекувања кои нема да ги разочараме ниту изневериме. Од друга страна, пак, нашата опозиција, која доживеа историски дебакл, ја слушам како се храбри, па дури и прави пресметки околу пратенички места, рече Мицкоски.

Според премиерот, иако се наоѓаат во тежок изборен нокаут од народот, се со нереални математики само дополнително го иритираат.

-Она што е интересно е што дури и во нивните анализи тие кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ имаа јасна и чиста победа. Нема пресметка во која тие би победиле на било каков начин. Тоа покажува дека сè уште не научиле ниту една лекција, што во извесна мера е и потценување на сопствениот народ и гласачи. И сето тоа во извесна мера е и обид да создаде алиби за својот дебакл. Да го задржат лидерството од бранот незадоволство на членовите на таа партија, истакна Мицкоски.

Посочи дека овој бран на огромна поддршка и ваква разлика со конкурентите е огромна одговорност за нас, и ние ќе работиме да ја оправдаме довербата.

-А на СДСМ им оставаме време да се консолидираат и да размислат дали ќе се осмелат да одат на предвремени избори, кои јас не ги посакувам и сметам дека се непотребни и дека е време за резултати и голема офанзива на секој план. Но нивната весела математика и оваа упорност со надмудрување и создавање на вештачки теми и блефови треба да добие соодветен одговор. Затоа нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат — може и да им се оствари, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека последните избори испратиле порака и до нивниот коалиционен партнер – Демократската унија за интеграција.

-ДУИ доби порака од народот и Албанците дека доста беше политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси и богатење. И овој резултат се случи затоа што тие не разбраа дека додека се занимаваат со орли, врани и зајци, народот е уморен од чекање за подобар живот – живот што граѓаните 20 години не го добија со таа партија. Го чув и нивното барање за предвремени парламентарни избори. Тие се надеваат на тоа за да се спречи падот што евидентно го имаат, а таа удолница што ја фатија е поголема од онаа што се оди од Стража кон Зајас, нагласи Мицкоски.

Премиерот подвлече дека сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката нека го видат и нека научат од примерот и падот на ДУИ и ќе разберат на што мисли.

-И тоа е добра лекција и за некои други политичари на македонската политичка сцена кои мора да разберат дека за да бидеме коалициони партнери треба да сме подготвени да се обединиме и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања низ призмата на шовинизам и слични етнички процедурални разлики. Ако е тоа така, тогаш апсолутно не ја гледам разликата помеѓу нив и Али од Зајас, кого сакаат да го заменат, истакна Мицкоски.

Премиерот кажа дека луѓето не треба да се третираат како контингенти гласови кои може човек да ги насочи.

-И тоа е погрешно. Луѓето треба да се третираат како човечки со судбини кои сакаат подобар живот и кои треба да гласаат по сопствено убедување. Сакам да кажам дека ниту еден од нас не ги има гласовите во својот џеб и дека поддршката треба да се гради со обединување околу вредности, а не низ призмата на етничка припадност и разлики. Се поинау од ова сметам дека е погрешно. Во тој контекст, треба да прифати дека станал градоначалник со волјата и поддршката на Македонците, која не треба да си дозволи да ја изневери. Секој чекор има акција и реакција, а јас секогаш ќе се однесувам така како што е најдобро за граѓаните и државата, нагласи Мицкоски во своето обраќање на свечената академија „Од идеја до држава“ во Македонскиот народен театар.

Влезе во втор круг со својот сопартиец, а сега се повлекува – Екс градоначалникот на Македонски Брод нема да оди во втор круг

Eкс градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески, кој на овие локални избори влезе како независен кандидат, се повлече од изборната трка, иако влезе во вториот изборен круг заедно со својот сопартиец од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник, Жарко Ристески.

Во својот ФБ статус Војнески пишува:

-Почитувани мои сограѓани,

Ви благодарам од срце за големата поддршка што ми ја укажавте во првиот круг од локалните избори.

По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура.

Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми.

ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес.

Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка.

Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата Општина во овој момент.

Секогаш ќе бидам достапен за граѓаните и ќе се обидам да помогнам колку што можам. Вашата поддршка никогаш нема да биде заборавена, пишува Војнески на Фејсбук.

Уапсени две лица од долненско Житоше, пукале на семејна прослава

-На 22.10.2025 во 16:00 часот полициски службеници од Полициското одделение Ропотово во с.Житоше ги лишиле од слобода В.Е.(26) и Б.Е.(57), двајцата од с.Житоше, затоа што на семејна веселба пред куќата каде што живее во с.Житоше, В.Е. во воздух испукал неколку истрели од огнено оружје. На лице место пронајдени се чаури, а од лицата одземени се гасен пиштол, сопственост на В.Е. и ловна пушка и дозвола за поседување на име на Б.Е.. По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци –информираат од МВР.

Крушево се обедини за подобра иднина! Силна поддршка за Нико Чонески, идниот Градоначалник

Општинската организација на ЗНАM Крушево му даде целосна поддршка на кандидатот за градоначалник, Нико Чонески од ВМРО ДПМНЕ, за претстојниот втор изборен круг.

-Сметаме дека Чонески е кандидат кој има реален план, енергија и визија за развој на нашата општина, како и подготвеност за соработка со сите политички субјекти во интерес на граѓаните. ЗНAM Крушево верува дека заеднички, преку отворен дијалог и посветеност, можеме да обезбедиме подобра иднина за сите жители на нашата општина. За посилно и поуспешно Крушево – поддршка за Нико Чонески – стои во објавата на социјалните мрежи од ЗНАМ Крушево.

6 во притвор, мажите во Битола, жените во Шутка, 19 со мерки за претпазливост, буџетот на прилепската болница оштетен за 700.000 евра

Во случајот со Прилепската болница, судот им определи притвор до 30 дена на шест лица, на 19 мерка за претпазливост, а на седум фирми забрана за учество во постапки за јавни набавки, потврди за МИА претседателката на прилепскиот Основен суд Јасмина Шишковска.

Од шесте лица, четворица се од болницата, дел од поранешното раководство, а две лица се надворешни. Четворица од шесте осомничени – мажи притворот ќе го издржуваат во Затворот во Битола, а две жени во затворот во Шутка.

Основното јавно обвинителство соопшти дека отвори истрага за вкупно 32 физички и правни лица.

Според обвинителството, сите се осомничени за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и проневера во службата. Со пријавата на Управата за финасиската полиција се опфатени и дејствија на несовесно работење, злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги и други кривични дела за дел од осомничените, кои обвинителството ги испитува.

Осомничените, меѓу кои и поранешната директорка, раководители и други вработени на болницата, но и управители на осомничени правни лица го оштетиле буџетот на болницата за над 42 милиона и 700 000 денари. Сето тоа преку постапки за јавни набавки за сервис на моторни возила, чистење на работните простории, сервис на водоводна мрежа, молерофарбарски услуги, физичко обезбедување, реконструкција на инфективното одделение, односно преку неизвршување на договорните обврски и незаконски промени на налози за исплата.

Управата за финасиската полиција пред шест месеци почна да ја „чешла“ состојбата во Прилепската болница.