дома блог страница 410

Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит

Ако Ви е потребна финансиска поддршка за важен трошок, инвестиција или личен проект, сега е вистинскиот момент да искористите една од најповолните финансиски понуди на пазарот.

Mint Credit Ви ја нуди нашата нова промотивна понуда – најповолен потрошувачки кредит до 1.000.000 денари, со фиксна годишна каматна стапка, и флексибилна отплата.

Гордо ја претставуваме оваа нова промо понуда како најдобра можност досега за сите наши корисници кои сакаат брз, сигурен и транспарентен финансиски производ со одлични услови.

Што опфаќа новиот Mint промо кредит?

Со оваа промотивна понуда, во Mint Credit Ви нудиме избор меѓу следните кредитни пакети, дизајнирани според Вашите потреби и можности:

  • Кредит од 60.000 денари
  • Кредит од 100.000 денари
  • Кредит од 300.000 денари
  • Кредит до 1.000.000 денари

Износот на кредитот можете да го отплаќате од 12, до 84 месечни рати (до 7 години), според вашите финансиски потреби. Секоја од овие опции доаѓа со фиксна каматна стапка од само 7%, што Ви дава предвидливост и сигурност при секоја месечна отплата.

За кој е наменета оваа промо понуда?

Оваа Промо кредит понуда е идеална за:

  • Вработени лица кои имаат потреба од брза ликвидност,
  • Оние коишто сакаат да финансираат поголеми домашни трошоци, реновирање, или купување бела техника,
  • Поединци со јасен план за инвестиција,
  • Семејства кои имаат потреба од сигурна финансиска поддршка со транспарентни услови.

Зошто да ја изберете новата Mint Credit промо понуда?

Mint Credit е синоним за сигурност, доверба и професионален пристап во финансиските услуги. Со оваа нова промо понуда, Ви нудиме:

  • Јасни и непроменливи услови,
  • Флексибилни рокови на отплата – Изберете рок на од 12 до 84 месеци (до 7 години).
  • Едноставна и брза процедура – Апликацијата за нашиот Промо кредит можете да ја пополните онлајн или директно во една од нашите филијали најблиску до вас.
  • Најповолна фиксна камата – Само 7% годишна фиксна каматна стапка.
  • Брза исплата – Одобрување и исплата директно на Вашата сметка во најкраток можен рок.

Кои се условите за аплицирање?

Аплицирањето за нашиот нов Mint промо кредит е брзо, едноставно и достапно за секој полнолетен граѓанин на Р. С. Македонија што ги исполнува основните критериуми.

Условите за аплицирање вклучуваат:

  • Да сте физичко лице и државјанин на Република Северна Македонија, со навршени 18 години
  • Да сте вработени со редовни месечни примања
  • Да имате важечка основна идентификациска документација (лична карта или пасош)
  • Стабилна финансиска состојба.

Апликацијата е достапна целосно онлајн, а целиот процес е едноставен и брз.

Како да аплицирате?

Процесот на аплицирање е едноставен и дизајниран така што секој корисник може да аплицира од каде било и во било кое време.

Сè што треба да направите е:

  1. Посетете ја Mint Credit
  2. Oдберете го нашиот нов Промо кредит
  3. Пополнете ја апликацијата со Вашите податоци, и износот на кредитот за кој аплицирате и рок на отплата.
  4. Поднесете ја апликацијата и очекувајте повик од нашиот тим,
  5. Од моментот на поднесување, добивате повратна информација.

Mint Credit – Брзи и достапни кредити, кога Ви се најпотребни

Доколку ви се потребни финансии, ова е вашата можност да го направите вистинскиот чекор под најдобрите услови досега. Со новата промо понуда од Mint Credit, имате пристап до најповолните кредити. Аплицирајте денес и добијте кредит од 60.000 до неверојатни 1.000.000 денари со само 7% фиксна годишна каматна стапка!

За повеќе информации контактирајте нѐ на 15 107 или посетете нѐ во една од нашите филијали најблиску до Вас.

*Промотивните услови важат само за производот Минт Промо (Потрошувачки 2), а СВТ варира во зависност од избраната понуда, но не повеќе од 46.6673% за овој производ!

„Пар распар“ на Театар Комедија, „Слепци“ на Турскиот театар и независната „Казабалкан“ денес на „Чернодрински“ во Прилеп

Нa програмата на претпоследниот ден на фестивалот ќе биде претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, на Театар Комедија во 18 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Претставата е во режија на Нина Николиќ, а играат: Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Петровска и Маја Љутков.

Во 21 часот ќе следува „Слепци“ во режија на Кендрим Ријани, на сцената „105“. Во претставата од официјалната конкуренција, играат: Џенап Самет, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Сузан Акбелге, Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Слаѓана Вујошевиќ, Емине Халил, Зубејде Али, Инес Радинчиќ и Един Јакуповиќ. По изведбата на претставите од официјалната конкуренција ќе следуваат тркалезни маси со тимовите на фестивалот.

Во 22 часот во гастробар „Монарка“ ќе следува „Казабалкан“ на Здружението за развој на театарската продукција „Оска“ од Скопје. Веднаш по изведбата ќе следуваат разговори на тркалезна маса. Во претставата, во режија на Дамјан Костовски, играат: Мирјана Трпковска Костовска, Владимир Петровиќ, Васко Костовски, Горан Ников, Марина Поп Панкова, Јана Вељановска, Христијан Поп-Симонов, Димитар Паскоски и Саша Димитриевска.

Велешкиот театар синоќа ја изведе претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски, како дел од официјалната програма. Одличен впечаток кај публиката остави и театарската минијатура „Вампири“ во режија на Милош Б. Андоновски, што беше дел од независната продукција.

Тркалезни маси за две претстави од официјалната програма беа организирани вчера во фоајето на „Марко Цепенков“.

На интересен и креативен начин, подарувајќи им љубовно писмо на сите присутни на тркалезната маса на критиката за претставата „Парови“ од Драмскиот театар – Скопје, модераторот Милош Б. Андоновски, откри дека „негов пар, односно дека се вљубил“ во скопската претстава заради повеќе причини, меѓу кои и тоа што е производ на македонски автори – автор на текст и режија. Креативното отворање на тркалезната маса, кое беше фасцинантно, ја изненади актерската екипа и авторката на текстот Ана Ристоска Трпеноска.

Таа изрази задоволство што претставата ги допрела гледачите, а режисерката Ивана Ангеловска истакна дека им е благодарна на актерите, бидејќи претставата е сплет на сите енергии, светови и се радува што ја пренесле на публиката, уште повеќе што во фокус бил текстот.

– Текстот е богата плејада, да избереш, да ја правиш претставата од десет до тројца глумци. Има многу богатство, многу теми – рече режисерката.

Актерот Лазар Христов рече дека е убав освртот на писмото, дека претставата е без сценографија, без костими, реквизити и успеале да ја испровоцираат публиката.

– Претставата започнува со пет раскинувања на врски и тоа е лабавиот дел, прекрасен апсурд и коментар на животот – рече Христов.

Актерката Јасмина Василева ја истакна важноста на отвореноста на авторката и режисерката Ана и Ивана и предноста да се работи на текст од жив автор.

– Текстот доживеа метаморфоза од почетокот до изведбата на претставата – рече Јасмина.

Актерот Игор Ангелов направи паралела меѓу формата и буџетот кој се користи да се направи претставата.

-Следевме наратив. Најдовме начин да ја заокружиме приказната. Убавина беше тоа што Е овој проект на заедништво, правилно читање. Си помагавме еден на друг и најдовме начин да допреме до публиката – рече Ангелов, кој потсети на почетоците во прилепскиот театар.

Модераторот Андоновски ги заокружи разговорите, кои на почетокот од љубевен омаж се преточија во сите прекрасни нешта на македонското театарско живеење.

Веднаш по екипата на „Парови“, настапија и актерите од претставата „Бура“ на Прилепскиот театар. Тие прв пат ја изведоа претставата не на својата матична сцена, ами во Центарот за култура. Го нагласија стравот од прилагодувањето на сцената, потребата од местење на сценографија за неполни два часа и измените кои ги биле направени заради техничките околности.

– На почеток бевме уплашени. Не беше исто, но одлично поминавме. Како на гостинска сцена на домашен терен – рече Ачанска.

На прашањето од модераторот Александар Војнески, зошто „Бура“ и Шекспир и за соработката со режисерот Џон Блондел, експлицитно објаснување даде драматургот Лидија Митоска Ѓорѓиовска, која рече дека го користела преводот на Шекспир од Драги Михајловски.

– Сите признанија за текстот му ги давам на режисерот. Генијално е скратен, фрапирана бев, како ги одбира пресвртните моменти. Признавам дека најмногу во овие 10 години научив од Џон Блондел. Оптимално „Бура“ би можела да трае 12 часа – рече Лидија М. Ѓорѓиовска.

Дека „Бура“ е текст кој е актуелен напомена актерката Ангела Наумоска.

– Текстот е за двајца браќа, за две институции, две фигури, за желбата за превласт, да се згази другиот. Мене клучен момент ми беше помирувањето, односно простувањето наместо одмаздата. Секое едно време ни носи бура со себе – рече Наумоска.

Актерката Даниела Иваноска рече дека на режисерот специјалност му бил Шекспир, дека имале поинаков процес на читање на текстот.

– Имаме зипувана варијанта на „Бура“, односно компресирана, конзервирана варијанта од Шекспир. Среќна бев што ликот на Ариел,со една страничка текст го донесов – рече Иваноска.

Актерот Александар Тодески рече дека режисерот направил мајсторија со еден најлон, со неколку вештачки цвеќиња, односно се случило возвишено магично чувство. Музиката на Томе Темелкоски е двигател на претставата, таа е радост и дава магичност на сцената.

Симпатичната театарска минијатура „Вампири“ во режија на Милош Б. Андоновски ја одушеви прилепската публика во киното „Мис Стон“. Во претставата од независната продукција настапија актерките: Ангела Стојановска, Филарета Атанасовска и Марина Поп Панкова.

Покровители на 59. издание на фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп. И оваа година фестивалот има предзнак екофестивал и има соработка со „Пакомак“. Спонзори се: Витаминка, Прилепска пивара и Diners Club International.

Прилепска компанија со потег ГОЛЕМ КАКО ПЛАНИНА: Вреден пакет производи за секое новороденче во прилепската болница (ФОТО)

Компанијата “Тритекс” од Прилеп донира подарок пакетче за секое новороденче во прилепската болница “Борка Талески”.

За секое новороденче родено во болницата во тековната 2025 и наредната 2026 година, компанијата ќе подарува пакетче сопстевени производи.

Пакетчето се состои од бебешки пижами, бебешко боди со долг ракав, атлет бебешко боди и бебешко капче и ракавици.

“Спакувавме две уникатни бебешки пакетчиња. Eдно за машко, едно за женско новороденче и ги подаруваме на нашата болница, како симбол на нежност и грижа уште од првиот ден. Ова не е само донација, ова е прегратка што ја праќаме до сите нови родители и нивните бебенца.”, велат од оваа прилепска компанија.

Средба Николоски – Ле Риголер: Работиме на унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција. Остануваме фокусирани на европската перспектива на земјата

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири, денеска остварија работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.

На средбата на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, беа разменети меѓусебни мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот.

Вицепремиерот Николоски го истакна пријателството меѓу Македонија и Франција и ја потенцира можноста за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка и поддршка во делот на реализација на ифраструктурните проекти.

Притоа, вицепремиерот Николоски го запозна амбасадорот Ле Риголер со развојните планови на Владата и планираните инфраструктурни проекти, посебно проектите кои имаат регионално значење и со кои се придонесува за забрзан економски развој на земјите од регионот.

Исто така на средбата се разговараше и за реформскиот процес на земјата, интеграциите и членството во Европската Унија. Македонија е фокусирна на интегративниот процес, потенцира вицепремиерот Николоски а владините политики се насочени кон реформирање на земјата и борбата против корупцијата.

Двајцата говорници се согласија на интензивирање на меѓусебната соработка на двете земји.

Обвинителството не постапува за мајка му, но Бојан распали по ВМРО-ДПМНЕ?!

Претседателот на локалниот клуб на млади социјалдемократи од Прилеп, Бојан Цветаноски, одржа прес конференција на која зборуваше за прославата на годишнината од УМС, обвинувајќи го политичкиот подмладок на ВМРО-ДПМНЕ дека прикажале “лажен доказ” за дозвола за користење пиротехнички средства на прославата.

Прес конференцијата на Цветаноски ја пренесуваме во целост во продолжение:

Откако УМС на ВМРО-ДПМНЕ славеа со пиротехника во момент кога цела Македонија тагува по трагедијата во Кочани скандалот стана уште поголем. УМС објави демек „доказ” дека го пријавиле настанот и пиротехниката, но дали е валидно и дали станува збор за фалсификат? Нема повратница од Министерството за внатрешни работи – со што би се потврдило дека оваа пријава навистина е доставена и примена во законскиот рок. Не е наведена количината на пиротехнички средства што ќе се користат – што е обврска според член 39 од Законот за употреба на пиротехнички средства. Но што е клучно. На документот стои ознака со број 23.23.5.5188/2.

Според нашите информации ова е интерна ознака, која не ја става известителот, туку ја додава началникот на СВР по приемот на актот. Тоа значи – оваа ознака не може да биде дел од документот што го објавува УМС туку е службена ознака по прием! Со други зборови, оваа хартија што се обидоа да ја протнат како легален документ постои голема веројатно дека не е релана.

Очекуваме одговори од МВР и Панче Тошковски. Дали е ова фалсификат? Нема правда ако институциите фалсификуваат документи за да ги штитат партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ако ова се потврди, ќе бараме кривична одговорност за сите инволвирани, од извршителите до политичките наредбодавци.

Koга сме кај актуелниот претседател на ОО СДСМ Прилеп, не смее да се заборави на набавката која ја потпиша неговата мајка, Мери Цветаноска, која за време на претходната владеачка гарнитура управуваше со Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање (ЈП за ПУП).

Цветаноска беше секојдневна мета на напади од јавноста и политичките опоненти, за набавката на четирите нови автобуси за потребите на Јавниот градски превоз.

Автобусите кои тогаш беа нарекувани болиди, секој вреден по околу 250.000 евра, беа сомнеж за сторен криминал, а Цветаноска не можеше глава да крене од постојаните обвинувања од тогашната опозиција на ВМРО-ДПМНЕ, и можноста кривично да одговара за оваа милионска набавка.

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ речиси секојдневно потенцираше дека се сторени низа нерегуларности околу самиот тендер за набавка на автобусите, а особено сомнителна беше цената од речиси 1 милион евра. Покрај високата цена, од ОК ВМРО-ДПМНЕ се сомневаа за наместен тендер со единствен понудувач, а подоцна во повеќе наврати информираа и дека автобусите иако нови, се подложни на дефекти и често се носат на сервисирање.

Всушност набавката на четирите автобуси беше една од главните теми, со кои ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ја убеди јавноста дека постои криминал во работењето на локалната власт предводена од Илија Јованоски.

Прашањето кое и ден денеска ја мачи јавноста е следно: “Имаше, или немаше криминал при набавката на автобусите? Ако имаше, ќе покренат ли од ВМРО-ДПМНЕ кривична одговорност за Цветаноска? Ќе постапи ли Јавното обвинителство конечно по чуен глас?”

(ФОТО) Секоја чест! Шаховскиот клуб “Прилеп” почна да го обновува шаховскиот плоштад во центарот на градот

Во 2009 година на новоизградениот тогаш “Арт плоштад” во Прилеп беше направена и голема шаховска табла, која беше атракција за целиот град и посетителите.

На отварањето присутни беа голем број граѓани, а долго време потоа шаховската табла беше украс на градот, се до изминатите неколку години, кога поради неодржување и вандалство, популарниот шах стана грда слика за центарот на градот.

Испокршени табли, уништени клупи, откорнати светилки, уништени ѕидови…

Но за среќа ентузијазам постои, па од Шаховскиот клуб “ПРИЛЕП” решија да ги обноват шаховскиот плоштад. Како што објави претседателот на клубот на социјалните мрежи, Тони Кироски, веќе се поставуваат нови шаховски табли.

ШК “Прилеп” на овој начин продолжува со идејата шахот да го задржи пиетот што го има со децении во градот и да привлече што повеќе приврзаници.

Да се надеваме дека оваа идеја ќе добие и поддршка од надлежните, за ова катче одново да заличи како пред 15 години.

Изложбата „Уметност во простор“ од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска, утре пред прилепчани

На 13 јуни 2025 г. / петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Уметност во простор“ од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска.

За изложбата:

„Апстрактната уметност не постои. Секогаш мора да започнеш од нешто. После можеш да ја отстраниш целата видливост, но не можеш целосно да се ослободиш од реалноста.“ — Пабло Пикасо

Во изложбата „Уметност во простор“, авторките Катарина Деспот и Касиопеја Наумоска ја обработуваат темата на интимноста преку специфичен визуелен пристап, кој произлегува од внимателно „грабнување со поглед“ на моменти од секојдневната реалност. Преку суптилна обработка на емоциите и нивната визуелна интерпретација,  го изразуваат својот карактерен уметнички манир, обидувајќи се да ги доловат и сокриат истовремено.

Интимниот ефект е постигнат преку свесен фокус врз предметната стварност, со што се гради простор исполнет со колоритна носталгија, која од една страна потсетува на плакатната уметност, а од друга страна отвора длабоки лични и емотивни слоеви преку фрагментирани еротиконски форми. Овие елементи функционираат како движечки принципи при конструирањето на интимизираната слика, каде вниманието на гледачот постојано се задржува на горниот ракурс.

Фрагментираните композиции и нивната колажна поставеност внесуваат динамика, брзина и силна женска енергија. Секое визуелно парче содржи синестетско проживување на моментот, каде линијата се трансформира во емоција, а формата во сеќавање. Авторкаите со тоа го истражуваат односот кон блиското, домашното, непомирливото и посакуваното, градејќи колаж од когнитивни распознавања и сензитивни рефлексии.

Површинскиот пријатен пастелен колорит, заедно со изненадувачките контрастни линии и материјали, создава моќен апликативен потенцијал што овозможува делата ќе бидат применливи – секаде каде што е можно нивното визуелно интегрирање.

На крајот, изложбата отвора прашања за времето – неговата брзина, недостаток и неможноста за негово фаќање. Делата не нудат затворени одговори, туку постојат како уметничка недореченост, со асоцијативна отвореност што ја поканува публиката на лично „допишување“ и интерпретација. / Бранче Трајкоски

„БИДИ ШАМПИОН“-СПОРТ И ДРУГАРСТВО НА ТЕРЕН: ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ И УЛИЧЕН БАСКЕТ

Видеолотарија Касинос Австрија го организира турнирот БИДИ ШАМПИОН, кој трае до 28 јуни. Со 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет за деца од 10 до 14 години, ќе се обидеме да придонесеме за промоција на спортот, фер игра, тимскиот дух и спортските вредности меѓу младитe.

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорна компанија, веќе цела деценија го поддржува спорот. За спортски успеси, потребна е спортска инфрастуктура и спортски таленти. Во таа насока, споделуваме дека во текот на изминатиов период со донаторски буџет од милион евра, ставивме во функција 20 игралишта, од нив 12 мултифункционални, а 8 детски инклузивни.

На реконструираните мултифункционални игралишта ширум Македонија, во тек е турнир БИДИ ШАМПИОН, кој започна на 31.05.2025. Со овој турнир, преку спортски активности, промовираме фер игра, тимски дух и позитивни вредности. Во рамки на турнирот планирана е серија на натпревари во мал фудбал и уличен баскет за деца на возраст од 10 до 14 години. Во тек е реализацијата на 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет. Мини турнирот е организиран како систем по групи, по што ќе следи вкрстување во нокаут фаза.

БИДИ ШАМПИОН не е само натпревар, туку и порака-дека секој млад човек може да биде шампион во фер игра, другарство и воопшто во животот. Секое дете кое кое ќе спортува во рамки на турнирот, добива соодветна спортска опрема и подароци. Финалниот натпревар ќе се одигра на 29 јуни. Турнирот го следи тим на стручни лица.

Со турнирот БИДИ ШАМПИОН, сакаме да придонесеме во поттикнувањето на спортот како здрава активност за правилен развој на децата, да креираме тимски дух и работа во тимови, а дополнително и да придонесеме талентираните деца да бидат забележани.

Финалниот натпревар на турнирот, ќе се одигра на 28 јуни. Очекуваме сите натпревари да бидат вистинско спортско доживување за децата.

(ФОТО) Се отстрануваат опасни карпи на експесниот пат Прилеп-Градско, на потегот од Дреново до Фариш

За време на градежните работи на втората фаза Фариш – Дреново од изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, беа забележани пукнатини на две опасни карпи високи околу 70-тина метри, од кои едната се наоѓа над веќе изградениот мост од левата страна, што претставува потенцијална опасност од евентуално уривање на мостот.

Токму затоа, ЈПДП заедно со Изведувачот и Надзорот преземаа активности за санација и стабилизација на косините долж трасата на експресниот пат, кои се активно зафатени од процесот на ерозија, односно се започна процес за нивно ублажување, со цел нивна стабилизација, како и активни мерки за заштита од ерозија.

Сепак, процесот на отстранувањето на карпите е опасен и ризичен и од тие причини мора да е строго контролиран. Имено, кршењето на карпите се врши со отстранување на мали парчиња слој по слој.

-Со оглед на тоа дека ова е многу специфичен и несекојдневен процес при изградба на патишта на карпест предел каков што е пределот на втората фаза од експресниот пат Фариш-Дреново преку слика и збор Ви ја приближуваме оваа операција

За кршење на опасните карпи се користат специфични машини и уреди кои користат хидрауличен притисок за да прошират приклучок поставен во издупчена дупка, создавајќи затегнувачко кршење на карпата.

Овие машина генерално се користат онаму каде што не е дозволено минирање како што е во овој случај.
Фрагментите од карпите кои се кршат внимателно се спуштаат на патот за да не се оштети, а по завршувањето на кршењето ќе се постави заштитна ограда за да се спречи паѓање на мали фрагменти на мостот.

Едната карпа е веќе безбедно отстранета и следува процес на поставување на заштитна мрежа, а другата локација е оваа што ја гледате, каде работите течат бавно поради ризичноста од самата изведба.

Имено, позицијата на карпата е 55 метри над мостот, а работниците се подигнуваат со телескопски кранови на безбедносни платформи што се закотвени на безбедната страна од карпата и во текот на целото време се врзани за безбедносни појаси – стои во соопштението од ЈП за државни патишта.

УЖАС ВО БИТОЛА: Внука се обидела да ги убие баба си и дедо си, им нанела убоди со нож

По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во куќа на улицата “Солунска”, каде според првичните сознанија, внука при вршење семејно насилство се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож, информира ОЈО.

Јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.

Осомничената е лишена од слобода и се постапува за обезбедување докази.