дома блог страница 3411

Видео: “Еурокомпозитци: Анѓушев не лажи 2 години, утре жив штит пред Општина?”

По последното од низата неисполнети ветувања, дадено на 8-ми март годинава од страна на претставникот на општествениот капитал дека до 22-ри месецов ќе бидат доисплатени 154-те работници кои заминаа како технолошки вишок од загубарот „Еуркомпозит“, тие денеска, пак протестираа пред Фабриката. Се закануваат дека од понеделник, повторно ќе одат пред Владата, доколку и при утрешната посета на премиерот Заев на Прилеп, не успеат да остварат средба со него – објави “Алфа ТВ”.

Дел од овие работници досега, на име отпремнина имаат земено по 30.000 денари, а еден дел само по 5.000 од ветените по околу 100.000 ден. по работник. Според нив, ова било уште едно предизборно купување на време, но не и вистинска желба за конечно решавање на децениската агонија.

Во изминатиот период Владата ветуваше дека проблемот ќе се решава со изнаоѓање на стратешки инвеститор, или со финансиска интервенција од државниот Буџет во висина од 3 милиони евра. Но, засега, од овие ветувања, се уште – ништо.

Каролина Дурло за “Алфа ТВ”

“Инфомакс”: Ќе се попишуваат како жители на Македонија и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија

Вицепремиерот Бујар Османи за „Клан Македонија„ најави дека ќе се попишуваат како жители и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија, пренесува Инфомакс.

-Во основа ги надминавме дилемите кои политичките партии ги имавме во организирање на пописот. Првично се договоривме пописот да се организира во 2020 година, со комбиниран метод што ќе значи не регистрирање на традиционален начин кога податоците ќе се добијат само од граѓаните во своите домови, туку првично ќе се искористат податоците од сите електронски бази на податоци кои ги имаат институциите, дали Министерство за внатрешни работи, Пензискиот фонд, Здравствениот фонд и други институции, рече Османи.

Тој образложи дека потоа тие информации ќе се проверуваат и дополнуваат на терен, по домовите на граѓаните.

-И ова е тој комбиниран модел што е еден стандарден европски модел. Во 2011, јаболко на кавга, беше регистрирањето на оние кои не живеат овде кај нас. Ако ви текнува тоа време, решението беше, да се регистрираат сите кои барем во последните дванаесет месеци влегле во Македонија. Сега ги надминавме сите овие дилеми. Ќе се регистрира секој државјанин на Северна Македонија, независно дали живее овде или живее во странство, со тоа што доволно ќе биде еден од членовите на неговото семејството, на членот на комисијата, ќе му го приложи матичниот број на лицето кое во моментот не е во Северна Македонија, и тој ќе го провери во електронската база на податоци, и на овој начин ќе се регистрира лицето без разлика дали живее овде или не, истакна вицепремиерот.

Извор: infomax.mk

Британска компанија бара лице кое ќе патува по светот и ќе пробува храна – плата 4.800 евра, ова се условите

За годишна плата од 58.000 евра, „шефот на вкусовите“ 4 месеци ќе помине во земји како што се Индија, Кина, Турција, Чиле, Мексико и Јапонија, каде ќе запознава и открива нови, егзотични состојки и рецепти.

Британската компанија „Вибрант веган“ бара лице кое за 58.000 евра годишно ќе патува по светот и ќе дегустира храна.

На кандидатот ќе му бидат платени сите патни трошоци, сместувањето и храната како и 28 денови годишен одмор.

За годишна плата од 66.000 долари, „шефот на вкусот“ 4 месеци ќе помине во разни земји. Кандидатот мора да има најмалку 3 години работно искуство со храна или како готвач.

Компанијата „Вибрант веган“ е ориентирана на вегани. Од идниот вработен бараат да биде веган, но и да биде фокусиран на растителни состојки.

ОВА СЕ НАЈСИЛНИ ЕМОЦИИ: Реакции на дечиња кои ќе дознаат дека ќе бидат посвоени (ВИДЕО)

На овие дечиња им е соопштено дека ќе бидат посвоени.

Нивните реакции ќе ги разбудат сите емоции во вас.

Во голем пожар во прилепско изгоре плевна, магацински простор и земјоделски машини

На 28.03.2019 година во 05.55 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во село Житоше, прилепско, во дворот од куќата сопственост на Ј.И.(75), во плевна и магацински простор настанал пожар во кој целосно изгорела дрвената конструкција на двете простории, а опожарени биле и земјоделски машини.

Исто така, била опожарена и кровната конструкција на гаражата сопственост на И.М., која се наоѓала до плевната. Повредени лица нема.

Во 13.30 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил бил изгаснат и бил извршен увид.

Видео кое ќе ви го стопли срцето: Мајчинската љубов на животните кон своите малечки ќе ви предизвика бура од емоции

Koлку ли само животните можат да не научат на љубов и почитување….

Овие мајки се подготвени за своите малечки да направат буквално се’.

Погледнете го видеото во продолжение кое дефинитивно ќе ви го стопли срцето:

Видео: “Општина Кисела Вода ја отфрли Северна Македонија на седница на Совет, дали и Прилеп ќе го стори истото??”

Градоначалникот на Општина Кисела Вода повикувајќи се на одлуките на Владата на Република Македонија, предложи да се промени статутот на општината така да прво печатот на општината, наместо досегашниот назив Република Македонија да го носи називот Република Северна Македонија – порачаа во текот на вчерашниот ден од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

“Второ предлага секаде каде што се споменува зборот Република Македонија да се замени со зборот Република Северна Македонија.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија предложи оваа точка да се симне од дневниот ред на денешната седница при што предлогот беше едногласно усвоен од Sоветот на Општина Кисела Вода.

Почитувани граѓани, денес победи Република Македонија. Во Општина Кисела Вода и понатаму останува името Република Македонија.

Како советничка група, сакам за изразам големо задоволство дека денес извојувавме мала победа, но голем чекор и најава за падот на оваа власт.

Да живее Република Македонија!”

Oсум урнебесни секунди со Паљото од Битола: Човеков секој ден знае да го направи интересен

Кој го познава знае за каков човек станува збор. Зоран Паљо од Битола е легендарен лик кој знае како треба да се сака и живее животот.

Покрај тоа што во неговата теретана ги има најдобрите услови за вежбање во Битола, тој знае секојдневно да ги засмева своите следбеници.

Трите видеа во продолжение ќе ви го направат денот:

85-гoдишeн старец од Кpивoгaштани ја натепал својата 91-годишна сопруга

На 26 март во населеното место Пашино Рувци, општина Кривогаштани, Ј.П. (85) физичkи ja нaпaднaл својата сопруга Е.П. (91).

Од МВР соопштуваат дека дека Ј.П. бил лишeн од cлoбoдa, а нeгoвaтa cопpугa била пpeнeceнa во Kлиничkи цeнтap во Скопје.

Дали е возможно? За Каевски, Заев е новиот Јосип Броз Тито

Кога ќе ги прашам моите каде се чувствувале најмногу признаени и каде им било најдобро, тие велат во времето на Јосип Броз Тито, а ќе дојде време кога ние ќе кажуваме на нашите деца и внуци дека живеевме во времето на Зоран Заев со Владата го решил деценискиот проблем.

Ова го изјави вчера Дарко Каевски во дебата на ТВ21.

– Го реши деценискиот проблем и ги надмина бариерите и се исправи пред сериозен предизвик, истакна Каеввски.

На неговата изјава се изнасмеа Александар Пандов со кој заедно гостуваа во ТВ 21.

ВИДЕО: “ТВ 21”