дома блог страница 3277

ВИДЕО: Што се случува со врела вода на -29 степени: Босанец ќе ви покаже преку ова неверојатно видео

Снегот дојде и во Скопје, но за жал не траеше долго иако во делови на Македонија сеуште вее.

Постои начин сами да си направите снег во дворот. Но, потребно е да бидат исполнети два услова: 1) да имате врела вода и 2) температурата надвор да биде најмалку -23 степени под нулата.

Погледнете како тоа изгледа во Долни Луг, Жепче во БиХ.

Обожавател на Анџелина Џоли сакал тетоважа со нејзиниот лик, но изгледа го згрешил тату-мајсторот (ВИДЕО)

Ова момче е голем фан на Анџелина Џоли.

Особено ја почитува актерката во улогата на Лара Крофт, па одлучил да посвети тетоважа на тој лик.

Но, изгледа го згрешил мајсторот кај кого отишол на тетовирање.

Фондацијата „Никола Јанчев„ донираше 120- прочистувачи за воздух во основните училишта во Кавадарци (ФОТО)

Донацијатата ја примија директорите на 6 основни училишта од Кавадарци каде се школуваат 3.500 ученици. Вредноста на пречистувачите е 2.214.000 денари. Фондацијата ќе продолжи со други донации наредната година.

Фондацијата „Никола Јанчев „ е формирана во чест на прерано починатиот сопственик на најпознатиот бренд во Македонија за производство на минерална вода Никола Јанчев, и основната цел на нејзинoто постоење е да вложува средства и опрема за младите луѓе со цел да се унапреди или подобри животот, работата и нивното образование.Во тоа засега успеваат и сета почит за Митко Јанчев и Јанинка Чупаркоска -син и ќерка на Никола, кои продолжуваат да ја развиваат „Кожувчанка„ -Кавадарци заедно со Синалко, во најдобрите македонски производи.

Денешната средба покажа дека Фондацијата „Никола Јанчев“станува општествено одговорна кога се во прашање децата и младите, и е во склад со актуелностите поврзани со аеро загадувањето. Ним и на вработените во основните училиштата им подари 120 прочистувачи за воздух во вредност од окилу 36.000 евра, (за секоја училница посебно) со цел да се прочистува воздухот во просториите во кој учениците престојуваат неколку часа.

Овие прочистувачи на воздух ќе се поставуваат во следниве училишта:

OОУ Димката А.Габерот Кавадарци – 15 прочистувачи
ООУ Димката А.Габерот Ваташа – 19 прочистувачи
ООУ Тоде Х.Тефоф- 19 прочистувачи
ООУ Гоце Делчев – 18 прочистувачи
ООУ Страшо Пинџур – 22 прочистувачи
ООУ Тошо Велков Пепето – 23 прочистувачи

Јанинка и Митко денеска им се обратија на присутните директори на Основните училишта од Кавадарци-праќајки пораки дека за децата треба сите да водиме грижа и да настојуваме нивното образование да биде оптимално, без проблеми, поради што и тие како дел од ова фондација водат многу сметка.

Фондацијата и во иднина ќе вложува таму каде ќе оцени дека треба да се донираат средства или опрема за подобрување на квалитетот на обрзованието и активностите поврзани со тоа.

“Јованоски, секуларен за коледе, несекуларен за Св.Никола: На кој Јованоски да му веруваме?!”

Прилеп денеска по 13-ти пат го одбележува патронот на градот Св. Никола. Во центарот на градот повторно беше поставена посна трпеза, а домаќин оваа година беше градоначалникот Илија Јованоски и неговото семејство.

Јованоски по се изгледа се предомисли и заборави на секуларноста која ја продаваше за Бадник оваа година.

Граѓаните паметат дека тогаш Јованоски одби да ги прими дечињата од бадниковата поворка, со изговор дека не бил Дедо Мраз и бил неработен ден!?

Градскиот татко на Прилеп одби да ги прими бадникарите – не бил Дедо Мраз и бил неработен ден!?

Во соопштението кое тогаш по барање на порталот “АКО” бeше испратено од општина Прилеп, меѓу другото се велеше дека: “Традицијата треба да се култивира, а не да се примитивизира”.

Денеска градоначалникот заборави на секуларноста и застана пред верниците во центарот на градот, празнувајќи заедно со нив.

Прилеп е град каде обичаите и празниците се празнуваат и се почитуваат од памтивек, па присуството на градоначалникот и првите луѓе од општината никогаш не било спорно. Напротив тие се луѓето кои секогаш и за секој празник, треба да бидат помеѓу верниците и различните националности. Токму граѓаните се тие кои ги избираат и ги носат на власт, па затоа почитувањето на нивните празнувања треба да биде обврска на властите. Не може градоначалник за еден празник да биде секуларен, а за друг не.

Традицијата, празниците и обичаите треба да се почитуваат во целост.

ФОТО: www.prilep.gov.mk

Одбележани 97 години од раѓањето на Блаже Конески во Прилеп

Денеска во Прилеп со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Блаже Конески од страна на делегации на Општина Прилеп, Совет на Општина Прилеп и претставници од основното училиште ‘Блаже Конески’, беа одбележани 97 години од раѓањето на великанот Блаже Конески.

„19 Декември е уште еден од позначајните датуми во светлата биографија на нашиот град. На овој ден славиме два патрони на кои треба да бидеме особено горди патронот Свети Никола, нека е за многу години и патронот на нашето училиште. Тоа е раѓањето на нашиот великан, кодификаторот на современиот македонски јазик и мудрецот на македонското писмо, Блаже Конески“, посочи Каролина Николоска в.д директор на ОУ „Блаже Конески“. Свеченостите поврзани со патрониот празник започнале уште во понеделникот на 17 декември кога со положување на свежо цвеќе пред спомен бистата во ОУ „Блаже Конески“, посета на родниот дом во село Небрегово и свечена академија организирана во народниот театар „Војдан Чернодрински“ бил одбележан патрониот празник на основното училиште „Блаже Конески“, бидејќи се совпаѓа со градската слава „Свети Никола“.

Извор: www.prilep.gov.mk

Изложбата „Магијата на Монмартр“ во петок пред прилепчани

Во петок 21 декември 2018 во 12.30 часот во ликовната галерија на НУЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Магијата на Монмартр“.

Ќе бидат изложени 30 дела создадени на 37 – то издание на престижната ликовна манифестација Мал Битолски Монмартр, која се одржа од 23 до 30 мај годинава, а на која учествуваа 100 деца со ликовни педагози од 15 земји од светот.

Поставката во Прилеп содржи избор од најдобрите дела.

Претходно дел од делата, велат од Мал Битолски Монмартр, биле претставени во Битола, Охрид и во Москва.

ПАРОДИЈА: “Денес положено цвеќе на споменикот на Итар Пејо по повод празникот Св.Никола”

Унијата на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, денеска го одбележа празникот Св. Никола со положување на цвеќе пред спомен обележјето на Итар Пејо.

Младите од ВМРО-ДПМНЕ за овој потег биле инспирирани од потегот на градоначалникот Илија Јованоски, кој на празникот Св. Климент Охридски, положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто во центарот на градот.

За овој потег социјалните мрежи вриеа од сеир на сметка на градоначалникот, а реакцијата на општина Прилеп до порталот “Лидер” беше дека во градот нема споменик на Св. Климент Охридски, па затоа градоначалникот положил цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.

Саша Поповиќ ја исфрли од Гранд оваа пејачка поради деколтето – таа конечно се огласи

Српската пејачка Злата Петровиќ пред неколку години дожива непријатност поради нејзиното деколте, поради кое Саша Поповиќ ја исфрли од Гранд.

Таа вели денес многу млади колешки полуголи пејат на сцената, а тоа не му пречи на никого.

За српските медиуми признава дека сепак не му се лути на Поповиќ и дека голотијата е карта за влез на сцената.

Четворица Авганистанци пронајдени во камион во Прилеп

Четворица мигранти, државјани на Авганистан, се пронајдени при растовар на камион во круг на фабрика во Прилеп, соопшти полицијата. Тие во возилото се качиле најверојатно во Бурса, Република Турција.

Полицијата соопшти дека вчера околу 15:00 часот во Прилеп, во круг на фабрика при растовар на товарно моторно возило „ДАФ“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Ч.М.(49) од Гевгелија биле пронајдени четири државјани на Авганистан. Во извршениот разговор со возачот тој кажал дека камионот го товарил во Бурса – Р.Турција, и на 15 декември го однел на царина во Бурса, и додека бил на царина и ги извршувал царинските формалности, камионот не бил пломбиран. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Државјаните на Авганистан ќе бидат упатени во ПТЦ „Винојуг“-Гевгелија.

Тешка сообраќајка на патот Прилеп- Битола

Едно лице е тешко повре дено во сообраќајна несреќа која се случила околу полноќ на патниот правец Битола – Прилеп, пред клучка „Могила“.

-М.Н.(21) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „Тико“ со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и тоа се превртело. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повр еди, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.