дома блог страница 3269

Кирацовски: “Оваа беше рекордна година по нови вработувања и странски инвестиции”

Во 2018 година имаме рекорден износ на странски инвестиции. Само во првото полугодие од годината забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 327 милиони евра. Ова меѓу другото го соопшти Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ, на денешната прес-конференција.

“Растеше индустриското производство и извозот.Невработеноста е намалена на 20,8 отсто и за првпат во државата има под 200.000 невработени лица.

Сериозно се инвестира и во инфраструктурата, во нови патишта, пруги, мостови. Преку сериозен инвестициски циклус, се градат нови и се реконструираат повеќе патни правци низ целата држава.

Зад нас е година во која беа обезбедени повеќе пари за земјоделците, се инвестираше во зголемен ученички и студентски стандард, во нова опрема во здравството.

Невработеноста очекуваме и понатму да опаѓа до под 20%. Економијата и инвестициите дополнително ќе пораснат со членството во НАТО и доближувањето до Унијата”, додаде Кирацоски.

Љубовта кон својот миленик не познава граници: Навивач на шведски АИК си купи доживотна влезница, а клубот му приреди посебно изненадување

Магнус Как, навивач на шведскиот клуб АИК си купил доживотна влезница за домашните натпревари на неговиот миленик.

Магнус е првиот човек кој всушност купил ваква влезница. “Вечната влезница” им овозможува на оние кои ќе ја кушат до крајот на својот живот да ги гледаат домашните мечеви на својот клуб и доколку сакаат можат да изберат друго место на трибините.

АИК во ноември ја покрена оваа акција и било одлучено “вечната влезница” да чини 189.000 круни, затоа што клубот е основан 1981 година.

Тој се сретнал со комерцијалниот менаџер на клубот Стефан Јохансон на божиќната прослава и многу лесно се договорил да стане сопственик на “вечната карта” со број 001.

Клубот му обезбеди посебно седиште на трибините

“Го прашав Стефан колку “вечни влезници” имаат досега продадено, но ми рече дека сеуште чекаат на првиот навивач кој ќе се определи за тоа. Од првиот момент оваа акција ми беше интересна затоа што веќе имам годишна влезница и со години сум член на клубот. Одлично е тоа што добив прилика токму ја да ја купам првата ваква влезница и така на некој начин да влезам во историјата на клубот. Никој не го помни оној кој бил втор. Работам од својата 15 година и последните години доста добро стојам финансиски. Немам деца, па така АИК ми е замена за нив”, рекол Как.

(Фото) Историчар го снимил чудовиштето од Лох Нес?! Видов големо сиво суштество! Имам фотографија како доказ

Угледниот воен историчар Рики Филипс мисли дека неговата фотографија која ја направил минатиот четврток е финалниот доказ за потоењето на чудовиштето од Лох Нес.

Филипс кој работи и како туристички водич ја искористил паузата која ја имал од групата која ја водел и прошетал покрај реката Оих и направил необична фотографија.

“Видов сиво суштество. Неговиот врат беше долг околу еден метар, а имаше глава како топка за рагби. Глетката ме шокираше”.

Триo “Кладенец” oд Теарце пее: “Чест и гордост e наша света да си Македонец” (Видео)

Додека нивниот градоначалник промовира знаме на кое што се помешени сончевите зраци од сонцето од Кутлеш со орел а во парламентот се случува национален срам со низа чекори на политичарите, во општина Теарце се пее песна за тоа дека е чест да си Македонец и се снима спот на истата тема – oбјави порталот “Експрес.мк”.

„Да си вечна земјо моја“ – темата со која вокалното трио „Кладенец“ се претстави на годинешниот „Лешочки фолк фест 2018“, доби свој автентичен видеозапис, а спотот деновиве беше промовиран и пуштен на јутјуб и во етер.

Песната е дело на вокалното трио „Кладенец“ оформено од Сашо Костадиновски, дипломиран етнокореолог на Факултетот за музичка уметност во Штип и Уметнички раководител на КУД “Кирил Пејчиновиќ” Теарце.

Триото „Кладенец“ го сочинуваат и Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски, кои негувајќи ги изворните македонски песни, придонесуваат во зачувување на традиционалните вредности на Република Македонија меѓу кои негувањето на изворниот фолклор е главна една од главните цели.

Музиката и аранжманот на песната се напишани од Јован Василевски, тексот е на Мирослав Гавровски, а покрај вокалното трио „Кладенец“ во видеото се појавуват како артисти Иван Божиновски и групата „Сербез“.

Уживајте во оваа прекрасна мелодија во продолжение:

Газда на векот! На своите вработени им подели 4 милиони долари божиќен бонус (Видео)

Вработените во една семејна компанија во Мичиген ќе имаат среќен Божиќ оваа година. Сопственикот на компанијата “FloraCraft” им доделил приближно 4 милиони долари во бонуси на неговите 200 вработени пред празниците.

Сопственикот Ли Шоенхер ја води компанијата од 1973 година, а одлуката за доделување на еден ваков великодушен бонус ја донесол на 14 декември. На тоа вработените возвратиле со громогласен аплауз.

Бонусот на секој вработен ќе варира во зависност од стажот кој го има секој од нив, а просекот би се движел по 20.000 долари за секој вработен.

Вработените ќе го добијат бонусот во два дела. Првиот дел ќе им биде исплатен во готово до крајот на следната година, а другиот на сметката до крајот на март 2020 година.

Навистина еден потег кој заслужува секаква пофалба!

Mицкоски во Кривогаштани: Разочарувањето на граѓаните огромно и во оваа рурална општина во Пелагонија

“Штотуку бев во Кривогаштани.

Таму луѓето велат дека се заборавени од власта, таа не ги решава проблемите. Ниту доаѓаат, ниту нешто работат за нас граѓаните, а животот е се потежок, велат тие.

Црнилата за кои зборувам ги има и во Кривогаштани. Земјоделците се измамени од власта и разочарани. Дополнотелно се притисоците кои ги прават.

Власта треба да знае дека секој обид за агресија резултира со уште поголема мобилизација кај народот. Секој притисок резултира со поголема пркост. Секоја злоупотреба разголува каква недемократска власт се.

И треба да знаат Македонија е вечна, а власта не е.

И додека ракописот на Заев стои зад колективната несреќа на народот, ни викаат дека годината што следела ќе била економска, јас велам ќе биде црна, уште поцрна од оваа. Можеби најцрна.

И додека да почнеме да ја живееме наредната година, фактите за оваа што изминува го говорат следново:
60 осто од луѓето немаат нормален живот и живеат на границата на длабока сиромаштија.

Нема зголемување на платите и пензиите, но затоа се зголемуваат даноците. Даноците ќе им одземат во име на државата пари не само на богатите, туку и на договорците, земјоделците, оние со авторски договори, средства од изнајмување на некаков наследен простор и објект. Ќе го поскапат животот, а парите ги нема никаде. Даноците ќе ги поскапат, а живот ветуваа. 1/3 од граѓаните не може да си дозволат лекар, ама мора 62 посто да си платат за лековите зошто ги нема во аптеките. Докторите ги ставија на маргините, а пациентите ги губат животите. Удираат по пазарџиите, ама за пратениците понудија дополнителни бенефиции.

И додека нема никаков напредок кон ЕУ, не сврстија со Танзанија и Етиопија по високиот индекс за корупција.

Наспроти овие црнила ќе дојде зора. Зората ќе донесе успех!

Зора која ќе донесе ново утро, нова надеж, добрини и подобри времиња. Оваа зора е за Македонија!”, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Фудбалот на мали голчиња бил главна одлика на секое мало во Прилеп: Некогаш имало кавги кој да игра, а денеска терените се празни

Фудбалот за почетници и рекреативци спласнува

– Некогаш имало кавги за кој да игра, сега терените се празни

Во еден телевизиски настап кралот на фудбалот, Пеле, има препорачано: За децата до околу 12-13-годишна возсраст фудбалот треба да биде чисто детски, забавен, како и сите други детски игри, а дури потоа да има вклучување во клуб. Кај нас тој чисто детски, забавен фудбал одамна е познат како фудбал на мали голчиња.

Речиси немаше машко дете кое немаше одиграно барем еднаш на мали голчиња. Се играше насекаде и на безбедни и на небезбедни места, насред улица. Затоа во официјална употреба е терминот уличен фудбал.

За значењето побаравме мислење од Златко Петрески, професор по физичко и тренер во Победа.

-Уличен фудбал – така модерно го нарекуваат и преку УЕФА, на семинарите што ги посетуваме. ФФМ преку УЕФА ја протежира играта на мали голчиња, што е како основа за оформување на еден фудбалер, оти излегуваат таленти. Таму може да се видат и техника, и тактика и надареност, фудбалска интелигенција… Се гледа индивидуалната техника на децата, а околу тактичките работи. Деца си прават тактика: Ти оди поназад, јас понапред, тој лево – јас десно и слично. Несвесно тоа го работат децата внатре, каде обично се игра со минимум играчи 4 на 4 или 3 на 3. Има многу контакти со топка. Секој мора да ја развива фудбалската интелигенција, да знае што сака со топката, потоа да ја развива колективната игра и тн. Сето тоа несвесно, ама продуктивно да израснува во некој добар играч. Тоа е база. Не мора да гарантира успех ако го однесеш детето од 6 или 8 години во тренажен процес. Затоа што на времето имало играчи од светски калибар, како Дејан Савичевиќ, дури на 15 години почнал да тренира фудбал, па израснал во светска величина – вели Петрески.

Наизглед забава, игра, но уличниот фудбал се смета за најзначаен во запознавањето на децата со фудбалската игра. Се смета дека доколку некаде се негува уличен фудбал, има повеќе веројатност да излезат добри играчи. Така било низ градов пред децении. Се играло на сите ширинки меѓу зградите, на покуси и непрометни улици, на ливади. Се играло и во лето, во најжешкото и во зима, во најстуденото.

Желбата била огромна и ништо не можело да ја попречи. Ако наврнел снег, бргу се чистел, а ако имало премногу, се играло и на снегот. Ако имало вирови од дожд, со метли се туркала водата и играта почнувала. Така било кај Зоолошката, зад зградата од Шумското стопанство, крај Градскиот базен, кај Старите гробишта, низ училиштата…

Головите почесто биле со камчиња, поретко со прачки и летви. Имало толкава масовност што не само деца, ами и младинци и повозрасни не можеле да ја исполнат желбата да играат оти тешко можело да се начека слободно игралиште. А сега? Ретко да се видат мали голчиња. Во исчезнување е уличниот фудбал.

-Глобализацијата на општетството, навлегувањето на компјутерски и информатички технологии ги оддалечија децата од фудбалот, од спортот… Сé помалку дечиња играат каква било игра, не мора да е тоа фудбал. Веќе се подзаборавени: народна, џамија, мижитатара. Процесот е незапирлив. Некои родители ги запишуваат децата во спортски клуб да ги оттргнат од компјутер, за правилен психофизички развој. Добро е тоа, ако не е насила. Моите ќерки сами пројавија интерес за одбојка. Мило ми е. Но, за жал, модерново време го носи своето. Ретко се случува, одејќи по улица да начекаме дечиња што играат фудбал. Децата се во затворен простор. Ги нема надвор. Родителите знаат по децата. Им велиме: Не оди таму, ќе настиниш, ќе се наводениш. Како што се разликувавме ние од дедовците, бабите и од родителите, така и нашите деца се различни од нас. Сите влегуваме во таа ,,машинерија,, – смета Петрески.

Фудбалот на мали голчиња не беше забава само за децата, ами го играа и младинци, возрасни, категории кои сакаа да го практикуваат овој спорт за рекреација. Поединци не се откажат од играње дури до пензионерските денови.

Овој фудбал е маслки. Се игра со помалку напор и трчање. Не е нужна којзнае каква опрема, освен патики. Се собирале друштва на исто место по два-три пати во неделата. Така со децении.

Прочуени во минатото беа варошаните, кои први организираа турнир на мали голчиња, наречен турнир во мини-фудбал ,,29 Ноември,,, по повод некогашниот југословенски празник.

Почнал во 1981 година. Траел додека се празнувало, пред распадот на Југославија. Зачуван е записник од 1989 година, кога учествувале 12 екипи, од кои спомнати се: Баксузи, Ило Попадинец, Вишне, Ѕвекачи, Партали, Стари другари. Победникот Вишне (Р. Петрески, Зл. Игески, Зо. Игески, Т. Стојаноски со тренер Д. Игески) добил награда од 900 илјади динари. За овие настани сведок е Пеце Николоски – Пепио, познат во јавноста како поет.

– Турнирите се правеа со екипи по тројца, а четвртиот резерва. Се пријавуваа од цел град. Организатори беа од Месната заедница Варош. Игралиштето беше на местото Панаѓуриште.

Беа поставени мали голчиња со мрежи. За најдобрите се даваа парични награди. Сега на местото има детски игри, нишалки. Се одржуваат и театарски претстави на отворено.

Нема веќе фудбал на мали голчиња. Децата ретко се дружат, а камоли да играат. Пред компјутер се цело време. Помладиве не играат на мали голчиња.

Еднаш видов дечиња како ја удираа топката во близина на Домот. Ама не страсно, како што игравме. Тоа беше забава. Друго немавме. Убаво беше дружењето. Сега нема ништо. Уште ги чувам стативите на таван. Мака ми е што ги гледам. Потсетуваат на убавото време.

Си викав дека некој од децава ќе посакаат да играат, ама нема. Жално е, мачно, што ги натераш ни скокалиња на играат, ни другите игри како челик, долга магарица… Не знаат ништо.

Пишувам песни, но не сум пишувал за малите голчиња. Немам инспирација. Потребно е навраќање. И ако се случи, којзнае како ќе биде сфатено. Не сум сигурен дали ќе биде прифатено. Нови генерации, ново време – потенцира Николоски.

Едно од ретките игралишта, наменето за фудбал на мали голчиња е тоа кај населбата ,,Типски куќи,,. Долго 30 м., широко 15 м., заградено со метална мрежа, обележано, ги има истите голчиња поставени пред 23 години.

Широки се 150, високи 75 см. Одржани се два турнира, организирани од екипата Вишне, од Љ. Јорданоски – Црнио, Т. Кондоски и Б. Василески. На првиот турнир во конкуренција на 28 тима, на финалето на 8 септември 1995 победи екипата Ветерани (Т. Ѓорѓиоски, Љ. Андреевски, О. Богески, Г. Спиркоски, О. Цаневски) со 2-0 против Фаворити.

Следеа 500 гледачи. На вториот турнир меѓу 39 екипи, на финалето на 29 јуни 1996 г., екипата Сокара Бони (З. Илиоски, С. Глигороски, Г. Талески, П. Илиоски, Д. Донески, Р. Белчески) на пенали 3-2 (0-0) го совлада Вишне.

-Такви времиња нема да се повторат. Начекавме таква привилегија. Имавме среќа да се дружиме низ такви игри. Сега, скоро кога откажавме. Никој повеќе не организира. Новиве генерации едноставно не можат да се соберат. По два-тројца се. Ние се собиравме по 30 души. Беа убави времиња. Среќни денови. Со душа чекав да дојди среда или сабота, да играме. Од работа брзав на игралиштето. Се спремав со патики, тренерки… Со службената кола често одев до Скопје и гледав што побргу да се вратам да стигнам. На планина одев со група планинари и не го пропуштав фудбалот на мали голчиња. И со велосипед возев до Слива и пак навреме се враќав и без одмор играв. Во крвта ми беше, од фудбалот не можев да откажам. А и луѓето го сакаа многу фудбалот, се дружеа. Многу мерак имавме, нон-стоп игравме и не можеше никој да нé победи. Од цел град идеа кај Типските. Стекнав многу пријатели со кои до ден-денес сме неразделни. Сега нема никој на игралиштето. Празно е – рече Љупче Јорданоски – Црнио.

Турнир и во ДТВ

Имаше мали голчиња и во неколку училишни сали, како и во ДТВ Партизан. Таму есента 1995 година е одржан турнир во мини-фудбал, прв во затворен простор. Се одигра и ревијален меч на кој, покрај другите настапи младиот репрезентативец Сашо Крстев.

Сепак, традицијата не продолжи. Салата е првенствено за гимнастика и тука има разни справи, така што постои ризик од оштетување. Од овие причини наредните години немаше турнир во мини-фудбал.

Има само уличен баскет

Поранешниот уличен фудбал го снемува. Но уште постои уличен баскет. Баскетот на еден кош добива поголеми размери. Се игра на високо ниво. Спортските ТВ вршат преноси од разни турнири и првенства.

Дури има и Светско првенство во оваа дисциплина. На годинашното првак стана Србија, пред Холандија и Словенија.

Извор: “Неделник Зенит”

Арсим Зеколи за „ДВ“: Ѓорчев во Вашингтон се среќава со највлијателни конгресмени, Заев е отсутен од САД

Поранешниот амбасадор Арсим Зекили во својата колумна за германски „Дојче Веле“ пишува дека е забележително болното отсуство на премиерот Зоран Заев од меѓународната сцена.

-Проследена и со драматична ерозија во давањето поддршка кон неговата влада од страна на свитата лидери кои слетуваа пред негови нозе на скопскиот аеродром. Што неминовно ја зајакнува дилемата дали пред-Референдумските посети на Меркел, Меј, Матис, Столтенберг навистина биле со цел да се даде подршка на Заев – или пак на неговиот брат-по-кравати од Атина?, прашува Зеколи.

Во колумната тој го споменува и Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ за кого вели дека има средби со највлијателните конгресмени во САД.

-Во прилог на таа дилема е и неразбирливото отсуство на Заев и неговата дипломатија од САД, надоградена со скандалозното одложување на именување нов прв дипломат во Вашингтон. И тоа во време во кое соседна Грција зајакнато преговара со американските соговорници за иднината на партнерските односи во Медитеранот и улогата на Грција во регионот. Очебијното отсаство на Заев и неговата дипломатија од коридорите на Вашингтон дополнително се акцентира со присуството на алтернативниот Министер за надворешни работи Влатко Ѓорчев во дружба со највлијателните конгресмени. Посебно од Комисијата за надворешни работи пред која треба да се обрати новата американска амбасадорка во Скопје, пишува во својата колумна поранешниот амбасадор.

Ѓорчев во изминатиот подолг период има остварено средби со поголем број конгресмени, како и со високи лица од Стејт Департментот.

Дел од средбите на Ѓорчев се со Вес Мичел, асистент секретар за Европски и Евро-Азиски прашања, со Метју Палмер, заменик асистент секретар во Стејт департментот, Елејн Хансел, офицер на бирото за Македонија во Стејт департментот. На почетокот на овој месец во Вашингтон, тој се сретна со конгресмените Роберт Питинџер и Ричард Хадсон од Републиканската партија.

Извор: “Курир”

(Видео) Цел свет зборува за потегот на познатиот голгетер: Вакво изведување на пенал до сега немате видено

Искусниот фудбалер на Атлетико Билбао, Арик Адуриз, на несекојдневен начин изведепенал против екипата на Ваљадолид.

37-годишниот центарфор во 45та минута му донесе предност на својот тим со голот од белата точка, а начинот на кој го изведе пеналот го воодушеви фудбалскиот свет.

Денес сончево со умерена облачно, а од утре очекувајте снег

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, а во југоисточните делови умерен северозападен ветер. По котлините претпладне ќе биде магливо и студено, а попладне се можни кратки сончеви периоди.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од пет до 12 степени.

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.