дома блог страница 3268

Eве колку пари дополнително треба да ви исплати работодавецот доколку работите за новогодишните или божиќните празници

Како и секоја година така и оваа веројатно многумина македонски граѓани ќе работат за време на новогодишните и божиќните празници, па токму поради тоа мораат да бидат информирани за своите права.

Иако досега во пракса ретко кога тоа сме го виделе, но работата за време на празници и викенди треба да биде дополнително платено од страна на работодавачот.

Според законот во Македонија доколку одговорните лица во приватниот или државниот сектор ги задолжат на работа своите вработени за време на државни празници како што се новогодишните и божиќните тие треба тоа да го пријават во Трудовата инспекција и да им исплатат празнична дневница на вработените, односно работникот има право на дополнителен надоместок на плата, но зголемена за 50%.

Доколку работодавачот не го испочитува законот и не го исплати овој надоместок или ги присили подоцна да го вратат, а при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека е направен ваков пропуст, тогаш следат големи казни во висина од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност.

Не ги голтајте мастиките: Доктор открива што се случува со нив кога ќе влезат во нашиот дигестивен тракт

На сите ни се случило несакајќи да проголтаме гума за џвакање, а митовите кои се шират за тоа што се случува потоа, како на пример – „ќе ти се залепат цревата“, неретко и претерано загрижуваат.

Гастроентерологот д-р Лиса Ганџху за Базфид открива што точно се случува кога ќе голтнеме мастика и дали постои причина за загриженост.

-Нашиот дигестивен тракт е исклучително силен. Ако може да преработи парче месо, може и мастика. Кога тоа еднаш ќе влезе внатре, ќе излезе како и се останато.

Не постои одреден временски период за преработка на мастиката, оти тоа зависи од човекот индивидуално, истакнува докторката и напомнува дека единствената разлика е во тоа што гумата за џвакање не се разградува целосно, поради нејзините својства.

Сепак, Ганџху препорачува тоа да не ни се случува често, бидејќи сепак, мастиката може да се заглави во хранопроводот и да настанат сериозни проблеми.

(Фото) На плажа пронашол страшно суштество: Изгледа како да не е од овој свет, но еве за што се работи

Човек од Австралија на плажа пронашол необично суштество, па бидејќи не знаел за што се работи, го фотографирал и го споделил на интернет, со надеж дека ќе го дознае одговорот.

Корисниците на социјалните мрежи прокоментираа дека се работи за некој вид на јагула или октопод.

Се е полесно кога царштината ти е во Јапонија: Јапонскиот цар наполни 85-години, а граѓаните го поздравија со овации (Видео)

Јапонскиот цар Акихито денеска полни 85. години, а на церемонијата присуствуваат повеќе од 82.000 граѓани.

Ова е последен пат Акихито да прославува роденден во кралската палата во Токио, бидејќи во март следната година ќе абдицира.

Акихито од балконот заедно со својата сопруга, најстариот син и наследник Нарухито и другите припадници на кралското семејство, им се обрати на граѓаните кои мавтаа со мали јапонски знамиња и правеа снимки и фотографии.

-Моите мисли се со оние кои ги изгубија членовите од семејството или оние блиски на нив, оние кои претрпеа штета и чии живот се згрозени, рекол јапонскиот цар мислејќи на природните катастрофи кои претходниот период ѝ се случија на Јапонија.

Џудо клубот “Бушидо” успешно ја заокружи оваа година: “Во 2018-та освоивме 130 медали, во следната година очекуваме многу повеќе”

Џудо клубот “Бушидо” денес во хотел Атлас организираше предновогодишна забава и успешно ја заокружи 2018-та година со доделување на признанија и медали за најдобрите такмичари.

Во оваа година членовите на “Бушидо” освоија 130 медали на државните и меѓународните натпреварувања што е огромен успех за овој релативно млад клуб.

“За 4 години се освоени 580 медали од кои 70% се на меѓународни натпреварувања. Во клубот имаме 15 репрезентативци од почетните 25 натпреварувачи”, истакна тренерот Рубин Пеески.

Следната година е јубилејна за “Бушидо”, клубот ќе го прослави своето петгодишно постоење на 1 октомври.

За најдобра во 2018-та година беше избрана репрезентативката Теодора Ристеска која во стилот на голем спортист ја сподели оваа награда со нејзината клубска другарка Елеонора Илиоска.

Од клубот ветуваат дека нема да застанат тука и најавија дека следната година ќе биде многу поуспешна, како на државните, така и на меѓународните натпреварувања.

Светски феномен! Босанец зборува 56 странски јазици, неговата тајна е едноставна – еве како му успева (Видео)

Мухамед Мешиќ е вистински феномен. Овој 34-годишен Босанец од Тузла зборува дури 56 јазици, а веќе на својата 16-годишна возраст станал советник во општината.

Мешиќ е правник, хебреист, јапонолог, но и поранешен советник на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Добитник е на престижната награда “Brainswork Маke a Difference Award” во 2010 година во Виена.

На прашањето како може некој да зборува 56 јазици, Мухамед одговара дека се’ е возможно.

“Важно е да се има желба, а јас ја имав. Силната човекова желба е чудо, таа е најчесто главен виновник за нашите успеси. Светот на странските јазици изгледа поинаку, додека сите тие различни размислувања на странски јазици имаат способност да создадат сосема поразлична слика, отколку што е тое возможно на еден јазик. Перспективата е поинаква кога еден збор ќе го преведете на неколку јазици”, вели тој.

Првиот контакт со странски јазик го имал со грчкиот јазик. Кога бил мал со своите родители бил на летување во Грција. Овој генијалец вечи дека треба да се најде начин како да се совлада, и ако сте доволно упорни, успехот е неминовен. Мухамед во просек му е потребно две до три седмици за совладување на елементарните комуникации и основата на јазикот.

“Што повеќе јазици зборуваме, полесно е да се научи, затоа што јазиците се доста поврзани и добар дел од нив имаат сличности. Од 360 дена во годината јас поминувам околу 200 во авион. Секогаш патувам на различни предавања, семинари, обуки… Но, не жалам. Сфатив дека е потребно да се биде жртва ако сакате да успеете. Со тоа, сите ги советувам да не се сакаат себе си ако сакаат да го живеат својот филм и да бидат свои. Важно е а имате цел, резултатот доаѓа сам по себе”, порачал Мешиќ.

Откриена нова чудесна планета: Има пет пати поголема маса од Земјата, а научниците најмногу се изненадени од нејзиниот состав

Астрономите открија нова планета надвор од нашиот соларен систем во соѕвездието Касиопеја.

Планетата означена како HD219134 оддалечена е 21 светлосна година од Земјата, а има 5 пати поголема маса од нашата планета. Поради тоа научниците ја нарекоа “Суперземја”.

Научниците најмногу се заинтересирани за составот на оваа планета. Богата е со калциум и алуминиум, како и магнезиум.

“Планетата свети црвено и сино како рубин и сафир. Тоа е поради оксидите на алуминиум кои на оваа планета се чести”, изјави Каролин Дорн, астрофизичарка од Универзитетот во Цирих.

Жестока шлаканица од Брисел за Заев, Димитров и Шекеринска: ЕУ воведува ограничување за челикот, загубите 100 милиони евра

Од идната година за македонските компании кои произведуваат челик и алуминиум ќе важат новите мерки за ограничен извоз во ЕУ, поради што можните загуби се проценуваат на околу 100 милиони евра годишно. Ова претставува жестока шлаканица од Брисел за Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска.

Како што истакна на денешната средба со новинарите вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, формалната нота од Брисел за воведувањето конечни заштитни мерки, како контрамерки на САД, со кои се ограничува извозот на челик и алуминум во ЕУ, ја добиле во петокот, а веќе имале средба и со компании од оваа индустрија.

– Согласно новата формулација, земен е просекот на извоз на овие компании од 2015, 2016 и 2017 година зголемен за пет отсто раст. Сè што е над тој износ ќе биде царинето со 25 отсто. Тоа ќе значи големи проблеми за нашата индустрија на челик и алуминиум, која сериозно придонесува во БДП на државата. Проценките се дека штетата би можела да биде до 100 милиони евра на годишно ниво на извозот – рече Османи.

Привремените мерки ЕУ ги воведе во јули, а наведените конечни мерки треба да траат три години. Од Владата, вели Османи, не се откажуваат од обидите да ја убедат ЕК дека Македонија треба да биде исклучена од овие мерки.

Извор: “Курир”

ФОТО: Блокиран сообраќајот – девојка ги фрла личните работи на момчето преку прозор

На социјалните мрежи се појави фотографија од “Загорска улица” во Хрватска.

Жена ги фрлала личните работи во 7 наутро среде улица. Летале столчиња, маси, шишиња, теписони, патики, книги и останато.

Поради расфрланите работи, на улицата сообраќајот бил блокиран, а не можеле да поминат ниту автобусите.

„Загорска е затворена. Девојка фрла работи од своето момче преку прозор“, пишуваат корисниците на друштвените мрежи.

(Видео) Најтажната новогодишна реклама која нема да ви излезе од глава!

Никој не би сакал Нова година да ја дочека сам и заборавен.

Но се случува поради брзиот начин на живот и погрешни приоритети, членовите на семејството да заборават едни на други.

Овој осамен старец од германска празнична реклама одлучи да не потсети на тоа колку семејството е важно.

Всушност, тоа го направи на брутален начин, но веруваме дека добро ќе ја запомнете оваа приказна.