дома блог страница 3264

Курир: “Костадинов ја манипулира јавноста, најголеми трошоци ги имаат пратениците на СДСМ”

Портпаролот и пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека неговата матична партија се залага за намалување на патните трошоци на пратениците, но сепак праксата е спротивна.

Во вечерашната емисија на 1ТВ откако беше запрашан Костадинов дали со предлогот за кратење на патните трошоци, односно процентот за патните трошоци, измените кои што беа направени во таа насока дека пратениците доста се откажаа од привилегиите или пак тоа беше направено само за да се задоволи јавноста тој образложи дека методологијата е таа, доколку во иднина се најде било каква друга форма со која што би биле задоволени правата на пратеникот согласно законот за пратеници, а со тоа да не се бранува или да не се иритира било што во јавноста секако дека ќе го поддржат.

„Сметаме дека е во ред намалувањето на патните трошоци, затоа и наша иницијатива е тоа, а во иднина ќе видиме дали би произлегол некој друг предлог, останува да видиме, да не преудицираме пред време.“, посочи Костадинов.

При своето излагање во емисијата Костадинов посочи дека тој лично, како и на неговите колеги од пратеничката група на СДСМ и официјален став на истата партија е дека нема да подржи закон за пратеници да добијат бенефициран стаж и да ги чека работно место по истекување на мандатот. И истиот таков ако влезе во собраниска процедура ќе го отфрлат.

Имено да потсетиме дека порталите пред неколку месеци изнесоа листа на топ пратеници кои имаа неверојатни големи суми за патни трошоци. Во листата на топ 20 пратеници според патните трошоци во овој период, рекордер е пратеничката на СДСМ Бети Рабаџиеска Наумовска и таа за шест месеци, од декември 2017-та до мај годинава добила 11.770 евра. Мира Стојчевска од СДСМ, која високо котираше и претходно, овој пат зела 10.396 евра, додека Алија Камбероски од коалиционата партија на СДСМ, ПЕИ повторно е меѓу пратениците кои имаат повисоки суми за патни трошоци, со 10.355 евра. За само половина година, пратеничката на СДСМ, Анета Симеска – Димоска добила 8.359 евра, нејзините колеги од партијата, Хари Локвенец и Милева Ѓорѓиева, по над 7.000 евра.

Извор: kurir.mk

ФОТО: Ова е фотографијата со најмногу лајкови во 2018

Ова е фотографијата која има најмногу лајкови во 2018. година, а и не изненадува тој факт.

Фотографијата е на Кајли Џенер, сестрата на Кардашијан по породувањето.

Малата Сторми има 18 милиони лајкови.

(Фото) Сега навистина ја претера! Златан го честиташе Божиќ, но со својата објава го шокираше светот

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го честиташе Божиќ на својот Инстаграм профил, но со својата порака го шокираше светот.

Славниот фудбалер кратко порача “Среќен Божиќ” со фотографија на која има фигура од Дедо Мраз кој покажува среден прст!

Иако од Швеѓанецот може да се очекува се’, овој пат навистина претера.

(Видео) Огромен метеорит падна во Русија: Глетка како од апокалиптичен филм !

Пред неколку дена во Хабровската област во Русија падна огромен метеорит, кој се удрил на врвот од вулканот и се срушил во коритото на реката. Властите ја исклучуваат можноста за прогласување на вонредна состојба, соопшти Алексеј Маслов.

“Судејќи по она што го гледаме, метеоритот бил огромен. На лице место се упатени две групи: една од Вернјебурејинскиот регион, а другата од Амурската област. Тие имаат сателитски телефон и дозиметри за утврдување на нивото на радијација”, изјави Маслов.

“Eксклузивно видео од ограбената златара утрово во Прилеп”

“Вооружен грабеж во златарница во Старата прилепска чаршија – АМАТЕРСКА СНИМКА
Три, засега се уште непознати и недостапни лица за Полицијата, утринава околу 8.30 ч. извршиле вооружен грабеж во Златарница во срцето на Старата прилепска чаршија. Во моментот на грабежот, во Златарницата била само сопственичката која штотуку го отворила дуќанот и од сефот го вадела златото.

Неофицијално, напаѓачите, наидувајќи на заклучена врата од внатрешната страна, испукале два куршуми, со едниот кршејќи го стаклото од вратата, а со другиот ја провалиле бравата, велат очевидци од соседните дуќани, кои не сакаа да зборуваат во камера, бидејќи, како што појаснија и самите, и тие добиле закани по животот кога се обиделе да го спречат грабежот.

Крадците, искористувајќи го шокот и стравот на сопственичката која и ја повредиле, за само неколку минути успеале да го испразнат сефот и веднаш се упатиле кон претходно паркираното возило во близина на златарницата, кое неофицијално, било со гостиварски регистарски таблички.

Поделени се информациите на очевидците дали напаѓачите биле маскирани или не. Веднаш е известена Полицијата, од каде само ни ја потврдија информацијата, не соопштувајќи никави детали.

Инаку, ова е втор грабеж во раните утринските часови во Прилеп за период од само десетина дена. На 13 –ти месецов, околу 08.10 часот, 35-годишниот прилепчанец со иницијали А.В., во Пошта на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, извршил разбојништво со дрвена палка, при што го повредил поштенскиот службеник и успеал да одземе 35.600 денари. Напаѓачот е пронајден по неколку дена и од страна на судија од Основен суд Прилеп одредена му е мерка притвор од 30 дена”, пишува на својот Фејсбук профил новинарката Каролина Дурло.

Прилепчанец го држи најнепопуларниот рекорд

Истражувањата на РСПСБ покажуваат дека најголем број од сообраќајните незгоди, во кои учествуваат пијани возачи, завршуваат со сериозни и фатални последици. Најголем број од возачите, кои возеле под дејство на алкохол, патувале на кратко растојание до 20 километри.

Во Македонија рекордот за возење под дејство на алкохол се уште го држи прилепчанецот Ѓ.М. Поставен е пред 7 години, во 2011г. кога прилепчанецот во полицискиот дрегер „дувнал“ неверојатни 4,83 промили алкохол.

Во светски рамки, се верува дека најмногу пјат Русите, но рекордот го држи Полјак. Неговиот се уште ненадминат светски рекорд датира од 2014 година и изнесува 12,3 промили алкохол.

Дурловски: “Наместо молба за помилување, ја продолжувам борбата за докажување на мојата невиност”

Фејсбук статус на Игор Дурловски:

“Igor Durlovski е со Igor Heisenberg Durlovski.
1 час ·
Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди.Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро.
Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината.
Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал. Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас.
Да живее Македонија ”

Ексклузивни детали! “Од златарата во прилепската чаршија однесени 3-4 килограми злато и пари?!”

Утрово околу 08:30 часот во Старата прилепска чаршија, бил извршен голем грабеж.

Како што дознаваме, ограбена е една од најпознатите прилепски златари, а според неофицијални информации разбојниците успеале да однесат 3-4 килограми злато и пари.

Разбојниците биле тројца на број, од кои едниот стоел надвор и со пиштол ги одвраќал минувачите, додека останатите двајца со чекани го искршиле стаклото од влезната врата.

Во златарата во моментот на грабежот била сопственичката која го редела излогот.

Полицијата работи на откривање на сторителите и расчистување на настанот.

Ексклузивно: “Утрово ограбена златара во Старата прилепска чаршија?!”

Утрово во прилепската Стара чаршија се случил грабеж, при што неофицијално ограбена е една од најпознатите златари во градот.

Според првичните неофицијални информации се работи за тројца разбојници, а притоа не е познато колкав плен однеле со себе.

Полицијата работи на расчистување на настанот.

Мистеријата за прстенот на Аркан: Забележан е неколку пати кај различни луѓе, а потоа му се губи секаква трага

Жељко Ражнатовиќ се до својата смрт не се одвојувал од прстен кој постојано го носел на себе. Бил златен и имал неверојатна вредност.

Но,по неговата смрт, прстенот мистериозно исчезнал. Многумина мислеле дека Цеца е виновна за неговото исчезнување, но по неколку години тој се појавил во Италија. Наводно, за време на полициската рација во Италија, бил фатен во рацете на еден од лидерите на сицилијанската толпа.

За време на апсењето, тој скокнал од зградата за да избега од полицијата и го скршил вратот. Прстенот бил предаден на италијанската полиција, но исчезнал од депото каде се чуваат доказите.

По неколку години прстенот бил виден кај еден руски бизнисмен. Следниот пат, прстенот беше виден во Русија, кога еден бизнисмен, а не да го каже мафијата, беше убиен кога го возеше својот Порше Кајен.

Прстенот бил вратен од страна на полицијата на неговото семејство, кои подоцна го продале на аукциска куќа. Антикварницата набрзо изгорела, а на прстенот му се губи секаква трага.

Извор: pressingtv.mk