Еден жител на Њујорк во метро пронашол Шанел ташна со 10.000 долари и порака на руски јазик, па ѝ ја вратил на сопственичката.
– Ја зедов ташната за да видам дали има податоци за сопственикот, па да стапам во контакт со него и да му ја вратам – изјави чесниот наоѓач Ричард Таверн, додавајќи дека во тоа му помогнала пораката напишана на руски јазик.
Но, бидејќи не разбирал руски, ги распослал парите на маса и ги сликал. Потоа, ги однел во блиската полициска станица во Менхетен.
На истото место, во исто време се нашла и жената што ја загубила ташната пред да тргне на одмор во Русија. Така, приказната имала среќен крај.
На крајот од изјавата за медиумите, Таверн рече дека не направил ништо спектакуларно, но дека се чувствува добро затоа што знае дека постапил најправилно.
На веб страната на Агенцијата за вработување објавени се огласи за вработување на 45 работници во тутунските компании “Секе” и “Тутунски Комбинат АД Прилеп”.
Друштво за трговија и производство СЕКЕ ДООЕЛ Прилеп има потреба од 20 општи работници, за основна плата од 12.400 денари.
Огласот е активен до 28.12.2018 година.
Тутунскиот комбинат пак бара 25 работници, за основна плата од 12.350 денари, а огласот е активен до 27.12.2018 година.
(Во продолжение интегрален текст и видео од денешната прес конференција)
“Прилеп стана најнебезбедно место за живот!
Вчера, сред бел ден, во центарот на градот се случи разбојништво како од филмовите.
Имено, три лица, кои според кажување на медиумите без маски, со употреба на пиштол, во строгиот центар извршија разбојништво пред очите на присутните, одземајќи огромна количина злато, и причинувајќи огромна штета по сопствениците на една од златарите.
Дуќанџиите, истите оние за кои Кирацовски пред некој ден кажа дека биле презадоволни од владеењето на СДС, беа сведоци на овој грозоморен настан, со кој Прилеп се враќа во времето на теророт и хаосот, времето кога СДС беше на власт, а безбедноста беше на најниско ниво. Прилепчани добро паметат како пред нешто повеќе од 10 години, се фрлаа бомби по дворовите на наши сограѓани.
Потсетуваме и дека пред само неколку дена, лице со качулка влезе во прилепската пошта и со употреба на бејзбол палка, зеде над 35.000 денари, притоа повредувајќи го еден од вработените во оваа установа.
Ова ли е европски Прилеп кој го ветуваше СДСМ во предизборната кампања? Oва ли е животот кој го ветуваа, живот во кој прилепчани секојдневно сведочат за тепачки, насилство, запалени автомобили, разбојништва?
Прашуваме, што ли прави полицијата во овој град?
Оваа состојба на општ хаос говори неколку работи. Прво дека има лоши кадровски решенија, кои мака мачат да се справат со криминалците во градот, кои од ден на ден земаат се поголема сила и замав. Второ, непотизмот кој СДС го практикува со вработуање на роднини и пријатели на високи партиски функционери во институциите вклулително и прилепската полиција, наместо професионалци, вродува лоши резултати за обичните граѓани. Трето, законот со кој СДСМ ги ослободи криминалците од затворите во замена за гласови, полека но сигурно го зема својот данок.
Причинета е огромна штета.
И наместо да ја замајуваат јавноста, дека се преземаат некакви мерки, нека го слушнат гласот на народот кој се плаши слободно да прошета на улиците затоа што негрижата од владеачката гарнитура, го доведе Прилеп на исто рамниште со Дивиот запад.
Граѓаните со право се плашат за својата безбедност. Стравуваат за сопствените животи, затоа што Прилеп не памети хаос и безредие од вакви размери.
Затоа оваа власт мора што поскоро да си замине. Затоа што секој изминат ден, носи само црнила и лоши последици по сите. Бараме одговорност за ваквата состојба како од Оливер Спасовски, така и од кадрите поставени од негова страна! Ова безредие мора што поскоро да заврши!”
Гавезот е растение кое успева на скоро сите ниви и ливади. Гавезот со векови наназад бил едно од најмоќните решенија против болки во зглобовите, зараснување на раните и чир на желудникот, како и многу други здравствени состојби.
Гавезот и ден денес е еден од најделотворните природни лекови против воспаление на тетивите, артритис, отекување на зглобовите, болки во половината, болки во екстремитетите, остеопороза и сл. Тинктури направени од оваа билка можат да се користат како облози кои се навистина делотворни против отворени рани, модринки и крварења, ја штитат раната и го забрзуваат нејзиното зараснување. Чајот пак од гавез е одличен против чир на желудникот, воспаление на цревата и други дигестивни проблеми.
Чајот од гавез има и многу други благодети во организмот, но на нашите простори овој чај најмногу се користи за третман на чир на желудникот. Затоа денес ви претставуваме рецепт за чај од гавез како третман против чир на желудникот.
Подготовка:
Две мали лажички добро иситнет корен од гавез се става во чаша ладна вода. Поклопете ја чашата и оставете ја да стои така во текот на целата ноќ. Утре дента благо загрејте ја течноста (не до вриење), потоа процедете и пијте ја течноста голтка по голтка во текот на денот. Освен што е делотворен против чир на желудникот овој чај е и одличен против менструални тегоби, отежнато варење и воспаление на белите дробови.
Научниците од Австралија веруваат дека се блиску до откритие благодарение на кое во иднина луѓето би можеле да јадат што сакаат без да се дебелеат.
Имено, нивните студии покажале дека глувците одгледувани без генот RCAN1, не се дебелееле иако биле хранети со многу масна и калорична храна.
Со оглед на тоа што и луѓето го имаат овој ген, научниците се надеваат дека истиот иновативен пристап би можел да биде ефикасен и кај луѓето со прекумерна тежина.
На глувците им биле давани разни видови храна од која се дебелее, но блокирањето на генот RCAN1 помогнало нездравите бели масти да се претворат во поздрава кафеава маст.
Таблетата што го блокира генот RCAN1 ќе им овозможи на луѓето да согоруваат повеќе калории додека мируваат без да влијае врз апетитот, тврдат авторите на студијата.
Месеците јануари и февруари ќе бидат со натпросечно количество на врнежи, гледано пак по температурите на воздухот истите ќе бидат во границите на нормалата или пак ќе бидат малку над просекот за тие месеци, анализира Славчо Поповски.
Поради ваквата ситуација не се исклучува можноста во текот на овие месеци да се случат и интензивни снежни врнежи кој би можеле да наликуваат на снежна зимска бура, сето ова посебно важи за целиот Балкански Полуостров па така да и за Македонија постојат можности за интензивни снежни врнежи.
Секако може да очекуваме и потопли денови па и вренежи од дожд.
Исто така не се исклучува можноста да се случи и продор на екстремно студени воздушни маси од Арктикот кој би условување екстремно ниски температури на воздухот.
Некои личности уште не се свесни за тоа колку е зимата интересен период.
Следните три хороскопски знаци најмногу ќе ја памтат оваа прекрасна зима.
Риби
Рибите најдобро започнуваат на работното место. После долг период, ќе им се остварат некои работи кои ги посакуваат, а луѓето ќе станат подобри и наклонети спрема вас. На љубовен план, постојат големи можности за успех.
Бик
Личностите родени во овој знак, оваа зима ќе ја посветат на семејството со голема радост. Ќе им се случат одредени промени, кои ќе ги инспирираат за успех, додека позитивните чувства и љубов претставуваат дополнителен чекор кон вашиот напредок. Наскоро, може ќе остварат и финансиско изненадување.
Водолија
Оваа зима, Водолијата носи со себе радост и забава. Отворени се патеките за работен успех, додека најинтензивните промени ќе се случат на љубовниот план. Доколку сте во врска, таа ќе ви биде цврста и одлична, а доколку сте сами, припремете се за најдоброто.
На денешната седница Владата одлучи 2 јануари да биде неработен ден за вработените во јавната администрација, со препорака истото да биде прифатено и од страна на приватниот сектор.
Владата денеска го прифати усогласениот текст на Меморандумот за соработка меѓу Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Владата на Република Македонија за реализација на Проект „Носење промени- добро управување и ефективност во јавната администрација“.
Кладилниците да се укинат и кладењето да биде овозможено само на интернет, додека автомат клубовите да работат само во поголемите хотели. Вакво законско решение предлага Ливералната партија, по примерот на Албанија.
„Либералната партија ги охрабрува Владата и Министерството за финансии, по примерот на нашиот западен сосед Република Албанија да направи измени во Законот за игри на среќа и забавни игри. За таа цел потребно е да ги укине активностите на електронските игри на среќа (слот машини) во населените места.
Ваквите појави не одат во прилог на градење здрава нација и држава. Затоа бараме да се затворат сите казина и спортски обложувалници кои сега се наоѓаат во огромен број на главните улици низ градовите и селата во Македонија, и блиску до образовните институции.
Предлагаме спортското обложување да се одвива само на интернет платформа, а казината да бидат достапни само во хотелите од висока категорија, или во зони на најмала оддалеченост од неколку километри од населените места.“ – стои во соопштението на ЛП.