дома блог страница 3262

Стоилов се огласи откако ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“: Се чувствувам засрамено и понижено

Капитенот на РК Вардар, пикерот Стојанче Стоилов станал и си заминал кога слушнал дека добитниците на наградите од училишта од Тетово и Чаир ѝ се обраќаат на публиката на албански јазик.

Првите две награди за училишен и за средношколски спорт заминале кај училишта од Чаир и од Тетово, при што тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обратил на албански.

Стоилов станал и си заминал- демонстративно ја напуштил манифестација која за првпат е двојазична.

-Се чувствувам засрамено и понижено, се пожалил искусниот ракометар во вибер-групата на репрезентативците кои се сместени во хотелот во кој се одржа манифестацијата.

Стоилов беше избран за „Најдобар спортист на Македонија за 2017 година“ на истава манифестација, што ја организира Агенцијата за млади и спорт.

Годинава признанието им припадна на Емил Павлов и Сара Ристовска.

Кирацовски и СДСМ бараат секој директор да добие заменик со кабинет, народот да плаќа

Се предлага скандалозна измена на Законот за јавни претпријатија.

Владеачкото мнозинство предлага по скратена постапка да се донесе закон со кој во сите јавни претпријатија директорите ќе добијат заменици, кои ќе раководат со претпријатието во отсуство на директорите, пренесува Курир.

Тоа во праксата значи дека секое јавно претпријатие ќе добие заменик директор кој ќе вработи свој кабинет, а плус за него ќе треба да се одвојуваат дополнителни средства за телефон, службено возило, секретарка како и асистенти.

Во досегашното законско решение во отсуство на директорот се определувал вработен кој раководел со претпријатието.

Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на владеачкото мнозинство, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ, Реџаил Исмаили од ДУИ и Благоја Трпевски.

Неофицијално, според собраниски извори целта на новото законско решение е во сите јавни претпријатија каде има директори од СДСМ, замениците да бидат од ДУИ и обратно. Целта е, според нашите извори, ДУИ и СДСМ да си вдомат свои кадри на државна и локална сметка.

Извор: kurir.mk

ФОТО: Никој повеќе нема да носи тесни фармерки – следната година само вакви ќе бидат хит

Полека, но сигурно тесните фармерки кои долго господареа во ормарите на жените, паѓаат во заборав, а на нивно место доаѓаат фармерки со тамен крој.

Овие ретро фармерки ги преплавија бутиците и имавме можност да ги видиме на познатите трендесетерки и модни блогерки, а делуваат урбано и лежерно.

Лесно се комбинираат, а се вклопуваат и во лежерна варијанта, но и во елегантна.

Станува збор за моделот познат како “boyfriend jeans”, a девојките ги обожаваат.

“Стоилов демонстративно ја напуштил манифестацијата Спортист на годината вечерва??”

“Манифестацијата Спортисти на година која во моментов се одржува во Палас за прв пат е двојазична. Нашата икона Столе Стоилов демонстративно напуштил! Поклон Царе! Ти си наша Икона! – пишуваат твитерџиите.

ПРОДАНОСКИ: “Едно големо НИШТО од ветувањата на Градоначалникот. Непотизам и разбојништва се синоним за Прилеп?”

Денеска Советот на општина Прилеп ја одржа својата 22-ра седница на која како најважна точка беше донесувањето на Буџетот на општината за 2019 година.

-Во овој момент, кога се носи вториот буџет на општината од мандатот на Јованоски, важно е да се нотира што се имаа ветено и што реализираа за граѓаните на општина Прилеп.

Во програмата градоначалникот Јованоски пред прилепчани вети, итна гасификација на Прилеп, ништо од тоа, завршување на градежните активности со училиштето во населбата Сточен пазар, ништо и од тоа. Итна изградба на градинка во населбата Точила, итно реновирање и реконструкција на домот за стари лица “Киро Крстески – Платник” и зголемување на неговите капацитети, ништо и од тоа. Понатаму нема ништо изградба на нов театар со кино сала, нема ниту изградба на повеќенаменски спортско рекреативен центар со покриен базен “Maкедонија”. Ништо и од реконструкцијата на чаршијата, ништо од покривањето на коритото од Дабничка река, ниту од комплетната реконструкција на старата бања која требаше да биде музеј.

Ни трага ни глас од четирите мерни станици за загаден воздух. Ниту еден нов садник е засаден. Не видовме ниту поставување на подземни контејнери во центарот на градот.

Ништо и од решавањето на проблемите на ромското население, единствено поставени се само неколку канделабри во населбата Три багреми, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Лазаров меѓу десетте најдобри ракометари за 2018

Капитенот на македонската репрезентација и член на Нант, Кирил Лазаров се најде меѓу десетте најдобри ракометари за 2018 година во изборот на ЕХФ.

Лазаров зад себе има година во која со својот клуб Нант играше на завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите и вообичаено е предводник на македонската репрезентација на секој натпревар на кој настапува.

Задно со Лазаров во листата ТОП 10 ракометари за 2018 се и: Барте Мирхол, Андре Шмид, Алекс Душебаев, Винсен Жерар, Арпад Штербик, Диего Симоне, Сандер Сагосен, Сирил Думоулин и Недим Ремили.

Стевананџија: Очекував да ги разрешите министрите кои не одат на работа

Очекував наместо Аксел Ахмедовски да ги разрешите министерот кој не оди на работа и тој што не го интересираат граѓаните, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија на пленарната седница за предлогот на Владата да бидат разрешени министрите без ресор Ахмедовски и Аднан Ќахил.

Самиот изјавивте дека не сте задоволни што министер не доаѓа на работа. Очекував дека тој ќе биде разрешен и министерот кој не е заинтересиран за граѓаните – рече Стевананџија, алудирајќи на вицепремиерот за Рамковен договор Хазби Лика и министерот за животна средина Садула Дураку.

Премиерот засега не им реплицира на опозициските пратеници.

(Фото) Само за оние со остар поглед: Мачка се крие во елката, можете ли да ја пронајдите ?

Али Мекдоналд сподели фотографија од својата новогодишна елка, но не за да се пофали колку е креативна, туку за да им постави предизвик на нејзините пријатели да ја пронајдат мачката која е сокриена меѓу украсите и густите гранки.

“Во ред, луѓе, ајде да играме една игра: Секое утро нашата мачка се крие во елката. Пронајдете ја”, напиша Али на Твитер.

Заврши турнирот во мал фудбал “Свети Никола 2018”

Со натпреварите за првото и третото место, синоќа во Прилеп заврши традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“, кој годинава се одржа по осми пат. Победник на турнирот е екипата на „Марфил“, која во финалето ја победи екипата на „Зоки Лим“ со 5:0.

„Со добра и одговорна екипа и игра се освојува титулата. Играчите се залагаа до последната минута и заслужено ја освоија победата. Благодарам на организаторите за добрата организација и догодина се гледаме уште подобри“, изјави Maкедонче Дуртаноски, капитен на екипата “Марфил”.

„Прво сакам да се заблагодарам на организаторот на овој прекрасен турнир, на публиката, бидејќи од самиот почеток на турнирот доаѓаше во голем број. За мене ова е трета година по ред што доаѓам овде и трета година како го освојуваме првото место“, изјави Мартин Тодороски од екипата на „Марфил“, кој беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Најдобар стрелец е Дарко Ранготов од екипата на „Фенербахче“, која на турнирот го освои третото место. За најдобар голман е избран Иван Стојановски од екипата на „Марфил“, кој во нокаут фазата и во финалето остана без примен гол.

„Ова навистина се случува многу ретко. И минатата година ја добив наградата за најдобар голман. Благодарам на организаторите за добрата организација. Мислам дека ова е еден од најдобрите турнири во Македонија“, вели Стојановски.

Првопласираната екипа доби парична награда во висина од 160.000 денари, второпласираната 90.000, а наградата за третото место изнесуваше 60.000 денари.

Извор: www.prilep.gov.mk

Вработените во Еурокомпозит повторно без најавените опремнини, се чувствуваат прелажани, навредни и понижени

Прогласените 154 работници за технолошки вишок од приелпската наменска фабрика „Еурокомпозит“ денеска протестираа пред фабриката за недобиените, а договорени пари за отпремнини.

Велат се чувствуваат измамени и понижени од раководството на „Еурокомпозит“ кое не се држи до договореното за исплтата на дел од отпремнините. Според Пецо Велјаноски, прогласен за технолошки вишок, раководството го погази договореното и од барем 25.000 денари за секој работник што е технолошки вишок, сега ќе добијат по околу 8.000 денари. -Се чувствуваме измамени, понижени и онеправдани од раководството на „Еурокомпозит“.

Се согласивме дека првиот договор не може да се исполни, односно дека немаше средства, како што ни објасни генералниот директор, до 30 ноември да бидат исплатени по 50.000 денари од отпремнината за секој прогласен технолошки вишок. До вчера, 25 декември, според новиот договор, требаше да ни се исплатат по 25.000 денари, но и тоа отпадна, па добивме најава дека може да добиеме по 8.000 до 10.000 денари, а по 17.000 денари до крајот на јануари наредната година. Сега револтот кај работниците е голем. Се чувствуваме излажани, навредени, објаснува Велјаноски. Велјаноски нагласува дека од септември немаат земено и плата. Апелира до вВадата за помош во ситуацијата.

– Апелираме до Владата да ни излезе во пресрет, овие два-три дена да се најде решение барем пристоен дел од отпремнината да добиеме пред празниците, зашто не знам, што да се прави. Сите сме со повеќе од 30 години стаж и работа во фабриката, а сега нашето достоинство е згазено, немаме пари за празниците, изјави Велјаноски, најавувајќи нов протест по новогодишните празниците. Прогласените 154 работници за технолошки вишок во просек треба да добијат по околу 100.000 денари отпремнини. Освен тоа, имаат побарувања и за неисплатени придонеси за 6,5 години, но се согласија да чекаат инвеститор кој ќе ги подмири побарувањата. Во „Еурокомпозит“ на работа останаа помалку од 100 вработени.