дома блог страница 3261

Кабинетот на Заев го прогласи ракометарот Стоилов за ментално нестабилен

Посебниот советник за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон, кој е претседател на сојузот на балкански Египќани го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен.

Земон кој бил присутен на настанот на Агенцијата за спорт и млади од која Стоилов си замина затоа што се зборувало на албански јазик тврди дека вчера немало никаков скандал и дека еден од добитниците на спортските награди прво зборувал на мајчин јазик, а потоа продолжил на македонски.

Според сегашниот советник на премиеротЗемон, ракометната ѕвезда Стоилов морал да остане да му честита на годинешниот добитник на наградата “Спортист на годината”, што ја освоил самиот лани.

„Секој си има право да си говори на својот јазик. Човекот ги поздрави луѓето на албански, а потоа го стори истото и на македонски.

Тоа е негово право и никој не смее тоа да му го оспори, а најмалку СтојанЧЕ, а уште повеќе од тоа да се направи инцидент.

Тој прво мораше да остане до крај како “спортист” на годината од лани и да му честита на овогодишниот спортист. Но изгледа човекот е ментално нестабилен.

Јас како поранешен ракометар го гледам и на терен, во одбрана е “дупка”, најслабата алка, а тоа е баш одлика на ментално лабилни, неодговорни и егоцентрични играчи“, анализира советникот за мултикултура на премиерот Заев.

По оваа скандалозна изјава на посебниот советник Кабинетот на Заев, премиерот не се огради.

Извор: kurir.mk

(Видео) После Сергеј Варошлија познатиот македонски камионџија му припука и на Зоки Фаци

Дарко Јефремов, македонскиот камионџија од Чикаго – САД, преку ноќ стана ѕвезда на социјалните мрежи со своето „Камионџија шоу“. Особено откако направи пародија на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија.

Илјадници следбеници кликаат лајкови, пишуваат коментари, го фалат… До душа има и такви кои го бранат македонскиот „моден гуру“ од 1ТВ, кој не собра храброст да му одговори на „фрлената ракавица“ на чикашкиот камионџија.

Арно ама, не мина долго, „вербалниот револвераш“ од камионџиската кабина одново се огласи на истата адреса. Нова Година доаѓа, па ред е и тој да има свое новогодишно „Камионџија шоу“. Варошлија, или како што тој го вика Серџо, одново мета на неговиот монолог, ама овој пат само за кратко. Главна ѕвезда во новогодишното издание е колегата на Сергеј, Зоки – „Фаци“.

Овој пат естрадниот новинар и водител на „Ексклузив“ се најде „на тапет“, или како што вели камионџијата, „на преглед“, во новогодишното „ситдаун шоу“ од камионџиската кабина на Дарко – „драјверот“!

Погледнете го новогодишното видео со шоуто на камионџијата и очекувајте водителите од 1ТВ империјата да го возвратат ударот.

Варошлија засега молчи, со куса најава дека на „непристојните“ видеа нема да им придава значење и третман во неговите модни коментари. И веројатно така треба… Само што, ова е малку… „повеќе од мода“!

Погледнете го видеото во продолжение:

(Фото): Влатко Лозаноски има нова убавица со која одлично си прилегаат

Пејачот Влатко Лозановска сега има нова убавица, која ќе го краси каде и да оди.

Станува збор за новиот автомобил кој го доби, а со кој се пофали на социјалните мрежи.

-Зелената убавица веќе е во сопственот на Лозано, гласи описот на фотографијата на која Влатко позира потпрен до својата нова „партнерка“ на четири тркала.

(Видео) Возете се како рускиот претседател: Лимузината е на продажба, но цената е огромна

Лимузината на рускиот претседател наречена Аурус, за прв пат е прикажана на јавноста оваа година. Ова возило ќе се најде на листата за продажба во 2020 година, пренесува rt.com.

Министерот за трговија Денс Мантуров изјави дека производството на вакви возила ќе се одвива во погоните на автомобилската компанија Солерс во специјализираната економска зона Алабуга.

Возилата Аурус во моментов се произведуваат во ограничена серија, односно 250 возила годишно.

Ѓорчев: Срамен е предлогот за стотици нови функционери, ова не би го издржале Норвешка и Катар

Имате намера да ставате нови заменици министри, нова администрација, нови политички решенија, нови и нови и нови обременувања на граѓаните и нови функционери, нови кабинети, а народот аир нема да види, ова вчера од собраниската говорница го потенцираше Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас не можам да се изначудам на фискалната неодговорност на парламентарното мнозинство, да имавте макар 10 проценти од овој ентуијазам, од оваа дисциплина и од оваа посветеност во спроведувањето на младинска гаранција од оваа која што ја имате со именување на директори и функционери ќе видеше аир Македонија и немаше да се иселува во толкав број. Уште еднаш ќе прашам до каде ви е младинската гаранција која што ја ветувавте пред младите граѓани на Република Македонија?, прашува Ѓорчев.

Стевананџија: Би било подобро кога би ги укинале овие министерски места, затоа што ништо не сработиле за 22 месеци

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на вчерашната седница во собранието рече дека секој кој што има сопствена желба за себе промоција, а е дел од коалицијата на СДСМ, може да биде министер. И би било подобро кога би ги укинале овие министерски места затоа што ништо не сработиле за 22 месеци.

Стевананџија вели дека очекувал министрите кои не одат на работа повеќе од една година, министрите кои даваат изјави дека не се занимаваат со граѓаните на Република Македонија дека тоа не било нивна работа, министрите кои одат на комисии а спијат, конечно да бидат разрешени, затоа што граѓаните на Република Македонија тоа го очекуваат.

Тој вели дека исто како технички персонал во училиште или во болница доколку не појде три дена на работа ќе биде отпуштен , така и министрите кои не одат на работа шест месеци треба да им се даде оставка.

„Ние од излагањето на колегата Самка Ибраимовски разбравме дека била негова лична желба или желба на партијата за оставка на министерот Аксел Ахмедовски, а не желба на премиерот. Утре може да се случи повторно да се скара со лидерот на неговата партија по два месеци и повторно да имаме предлог за разрешување, а не оставка.“

Пратеникот нагласи од буџетот за 2019 година беа скратени 1.1 милион евра од Декада на ромите, а можеа да се решат многу проблеми за ромската популација барем во Прилеп.

„СДСМ не оствари уште едно ветување кое го ветија и тоа јавно ветување што беше дел од нивната програма, кога веќе сме решиле да штедиме и да кратиме, и сме ветиле дека ќе го намалување бројот на министерствата, тогаш нека важи максимата „Зборот е збор“ .“

СДСМ не ја исполнија програмата која ја ветија во однос на скратување на бројот на министерски места. Наместо тоа има дури и најави за формирање на уште едно ново министерско место, вели Стевананџија.

Видео: Прекрасна глетка-Македонците во Јаница пееја македонски песни со македонски ора”

По повод првиот ден Божиќ во Пазар или на грчки Јаница се одржа традиционално оро и дружење на нашинците.

Многубројните гости ги забавувала групата “Македонски мерак” од Крушаре или на грчки Амбелјес.

На настанот присутен бил и македонскиот естраден уметник Влатко Миладиновски, кој неминовно ја отпеал својата песна “Велат не нема”.

Најмалите во Пазар настапиле со песната “Македонско девојче” и по којзнае кој пат докажаа дека од мали нозе ги учат своите корени, потекло и песни.

Погледнете во продолжение:

Шведска салата со комири која за празниците вреди да се проба: Велат дека е подобра и од руската

Кога ќе помислиме на Нова година, сигурно барем во Македонија на сите им текнува на превкусните кифлички и домашно направената Руска салата, но оваа година можете да изненадите и да направете вкусна салата која ја фрла Руската во заборав.

Се работи за Шведска салата која е превкусна и со сигурност сите дома ќе ја обожаваат.

Ви треба пред се домашен мајонез со 1 жолчка, 1,5 шолјички масло,1 лажица оцет измешана со 150 милилитри топла вода, сол и бибер. Се меша се убаво.

Потоа земете килограм излупен и сварен компир, сварени 8 јајца, 6 ситно сечени кисели краставички, 1 главица кромид ситно сечен и лажиче мускатно оревче.

Се измешајте во сад, иситнете го компирот, иситнете ги и јајцата додадете ги и сите други намирници како и домашниот мајонез и салатата е готова. Добар апетит!

Временска прогноза за новогодишната ноќ

Во последните денови од оваа 2018 година ќе имаме претежно стабилно и суво време додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначитален пораст но ќе бидат околу просекот за овој дел од годината, односно времето ќе биде сончево, повремено со мала и умерена облачност додека во сабота и повторно во понеделник ќе дува засилен ветер од северен правец.

Во сабота има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, повторно услови за локални слаби врнежи претежно од снег ќе има во понеделник.

За време на новогодишната ноќ ќе имаме променливо облачно време со услови за локално слабо провејување на снег.

Во првите денови пак од новата 2019 година има можност за сосема кратко затоплување на времето, па следува повторно заладување.

Росоклија: “Оваа багра, од јули 2019 натаму, ќе биде или во бегство или во за твор”

(Фејсбук статус на универзитетскиот професор во САД, Горазд Росоклија)

“И СЕГА?

Амбасадата јавно се дистанцира од одлуките на македонските судови, или попрецизно, употребувајќи американска терминологија, се дистанцира од travesty of justice* во македонскиот правосуден систем, во кој ,,САД истуриле преку 30 милиони долари за да биде судски систем независен од извршната власт.“

И што вика сега инсталацијава, која е на пат да сфати дека не се инсталирани да бидат власт за сериозно?

Не можело ”да се суди Дурловски на 20 години затвор затоа што ја пеел химната!”
Стварно?
Не може на 20, а на колку може?

Бидејќи оваа власт е во братска прегратка со Бугарија, ќе го разберат ова:,,Трне моме Трне, като се обрне тпкано ште ви се врне“, напишано на едно гласачко ливче во Бугарија, на првите избори после трансформацијата на Бугарија од фашистичка во комунистичка (секогаш иста).

Инсталираниве се во ….. до гуша и не гледаат излез за нив, а и не мислам дека постои.

Амбасадата јавно се дистанцира од нивниве судски одлуки врз кои се заснова целото нивно владеење, а народот го чека моментот кога ќе се без странска заштита.

Следи осуда на судските одлуки и од ЕУ.

Оваа багра, од јули 2019 натаму, ќе биде или во бегство или во затвор”.
.
*A travesty of justice, is a court case that makes a mockery of the system.
(A travesty of justice е судска одлука која судскиот систем го подвргнува на подсмев)