дома блог страница 3260

Ова е Шрек, овцата која 6 години бегала од стрижење криејќи се во пештера (Фото галерија)

Oва е Шрек, овца која успеала да избегне стижење цели 6 години. Овцата ја нарекле Шрек откако нејзиниот сопственик ја пронашол во 2004 година.

Целото време за кое овцата била отсутна се криела во пештера во близина на една фарма на Нов Зеланд.

Според сопственикот, кога Шрек конечно бил пострижен, имало доволно волна за 20 машки костими.

Maкедонец на кавал ја свири главната тема од “Игра на тронови”, а музиката и видеото се неверојатно моќни (Видео)

Познатиот македонски музичар Горан Бојчевски направи кавер верзија од главната тема на легендарната ТВ серија “Игра на тронови”.

Горан музиката ја свири на кавал, а видеото е снимано на Стариот замок во словенскиот град Цеље.

Изведбата на музиката, но и целото видео се едно вистинско ремек дело, какво ретко кога се изработува кога се во прашање ваквите преработки.

Бојчевски е кларинетист и композитор, а роден е во Битола. Неговото име стои зад голем број музички дела.

Во продолжение уживајте во “Игра на тронови”:

Новогодишно обраќање на Градоначалникот (Видео)

Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски:

(Видео) Играчките исчезнувале секоја вечер: Мајката поставила камера – не можела да верува во она што го гледа

Кога осумгодишната ќерка Џоана Мозер тврдела дека секоја ноќ и исчезнуваат играчки од собата, нејзината мајка не верувала.

За да ја реши мистеријата, мајката одлучила да постави камера во собата и да дознае за што станува збор.

Нема да ви се верува кој бил “духот” кој ги крие играчките:

Миле Паника до Заев: Ја не знам зашто Заев брза сите сра*а да ги направи во оваа година

Бранко Огњановски попознат под својот прекар Миле Паника на Твитер со жестока критика до Зоран Заев. Тој отворено во својот последен твит го покажа своето незадоволство од работата на Заев и ,,животот” кој тој вети дека ќе го донесе.

-Ја не знам зашто Заев брза сите сра*а да ги направи во оваа година, као да ќе нема живот и во 2019, напиша Миле Паника на Твитер и на својот Фејсбук профил.

(Видео) Кога Србин се обидува да зборува англиски: НБА ѕвездата Марјановиќ го насмеа целиот свет со новата реклама

Српскиот кошаркар и неговиот најдобрар пријател се главни ѕвезди во Лос Анџелес.

Веќе е познато дека Бобан Марјановиќ и Тобијас Харис се најдобри другари уште од времето кога заедно играа во Детроит, па затоа не не чуди што се избрани заедно да ја промовираат апликацијата “Bumble”.

Станува збор за социјална мрежа која служи за запознавање на луѓе, дружење и пронаоѓање на партнери, а токму тандемот на Клиперси е одбран да сними реклама.

Меѓутоа, српскиот кошаркар имаше големи проблеми да изговори една реченица на англиски јазик и така настанаа овие комични сцени.

Што се’ си правеа меѓу себе фудбалски ѕвезди во 2018 година: Еве кои се најголемите шегаџии

Видео кое стана апсолутен хит за помалку од 24 часа, а во него може да видите како се забавуваат и што на шега си прават големите фудбалски ѕвезди кога не се на теренот пред публиката.

Еве кои од вашите омилени фудбалски имиња се најголеми шегаџии во тимовите, а кои си го однесуваат подебелиот крај.

Некои немаат ни основно школо, некои се со два факултета: Еве за што учеле пејачките пред да станат познати

Сега се пејачи со богати и долги кариери, богатство и голема слава, но пред да станат тоа, имале сосема друг план за животот.

Весна Змијанац која палеше и жареше во Југославија, а нејзините хитови и понатаму се слушаат, нема завршено ни средно училиште, но има дактилографски курс.

Александра Пријовиќ која е мега популарна, а стана и снаа на Лепа брена, има само три години средно школо, кое не го довршила, додека Едита Арадиновиќ која беше во групата Министерки, има само основно школо.

Северина и Дара БубаМара исто така имаат само Основно училиште.

Светлана Цеца Ражнатовиќ има средно школо, Буба Мирановиќ е бабица, Џеј учел за автолакер, додека Индира радиќ за медицинска сестра.

Јелена Карлеуша и Драгана Мирковиќ завршиле средно трговско, додека Сека Алексиќ за фризерка.

Јелена Розга има средно балетско школо.

Од друга страна има и факултетски образовани и тоа Неда Украден има две дипломи, Здравко Чолиќ е дипломиран економист.

Сузана Манчиќ има диплома од правен факултет.

Индиец грицка “Стоби флипс” и ви честита Нова година на македонски јазик (Видео)

Видео кое е вистински хит на социјалните мрежи:

Кабинетот на Заев го прогласи ракометарот Стоилов за ментално нестабилен

Посебниот советник за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон, кој е претседател на сојузот на балкански Египќани го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен.

Земон кој бил присутен на настанот на Агенцијата за спорт и млади од која Стоилов си замина затоа што се зборувало на албански јазик тврди дека вчера немало никаков скандал и дека еден од добитниците на спортските награди прво зборувал на мајчин јазик, а потоа продолжил на македонски.

Според сегашниот советник на премиеротЗемон, ракометната ѕвезда Стоилов морал да остане да му честита на годинешниот добитник на наградата “Спортист на годината”, што ја освоил самиот лани.

„Секој си има право да си говори на својот јазик. Човекот ги поздрави луѓето на албански, а потоа го стори истото и на македонски.

Тоа е негово право и никој не смее тоа да му го оспори, а најмалку СтојанЧЕ, а уште повеќе од тоа да се направи инцидент.

Тој прво мораше да остане до крај како “спортист” на годината од лани и да му честита на овогодишниот спортист. Но изгледа човекот е ментално нестабилен.

Јас како поранешен ракометар го гледам и на терен, во одбрана е “дупка”, најслабата алка, а тоа е баш одлика на ментално лабилни, неодговорни и егоцентрични играчи“, анализира советникот за мултикултура на премиерот Заев.

По оваа скандалозна изјава на посебниот советник Кабинетот на Заев, премиерот не се огради.

Извор: kurir.mk