дома блог страница 3259

Се родил на денешен ден како Стојан, а денес за неговите чуда сведочат илјадници луѓе: Телото на Свети Василиј Острошки стои недопрено со векови

Свети Василиј Острошки е роден на денешен ден во 1610 година како Стојан Јовановиќ, во селото Мркоњичи во Попово поле.

Тој се замонашил во црквата Успение на Пресвета Богородица. Избран е и поставен за епископ на захумскиот и скендерскиот регион.

Кога Турците го разрушиле Тврдош, каде што се наоѓало неговото седиште, Василиј се преселил во Острог, Црна Гора, во близина на денешен Даниловград.

Неговите чудотворни моќи и неговиот гроб останале опстанале и покрај тешките времиња кои следувале. Во православниот свет Свети Василиј Острошки е познат како голем чудотворец.

Неговото свето тело во целост почива во Острошкиот манастир, повеќе од 300 години. Црквата во која лежат моштите на Острошкиот Светец е исполнета со пријатен мирис, кој го воодушевува секој верник кој влегува таму.

Медицински сестри се степаа на Кардиологија

На 27.12.2018 година во 08:20 часот било пријавено дека во Клиниката за кардиологија при комплекс клиники „Мајка Тереза“ поради претходно меѓусебно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу М.Т.(47) и Д.Р.(41) и двете од Скопје.

Двете биле вработени како медицински сестри.

По преземени мерки против лицата е поднесен соодветен поднесок.

Спасовски има помала доверба во СЈО од времето кога се борел тоа да биде формирано

Довербата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Специјалното јавно обвинителство е помала, во однос на таа што ја имал кога се борел таа инстутуција да биде формирана.

За бегството на експремиерот Никола Груевски не изнесува информации, нагласувајќи оти МВР постапило според своите надлежности и повтори дека не може да дејствува доколку против некое лице не е распишана национална, ниту меѓународна потерница.

Министерот денека на брифингот со новинари вели дека за тој случај има многу отворени прашања, за кои ќе дојде времето да бидат затворени.

Истакна дека тој лично не е задоволен од последните одлуките за укинување на мерките притвор, меѓутоа нагласува дека МВР има надлежности пропишани со закон од кои не смее да излегува, без разлика дали се согласува или не се согласува со некои одлуки. Вели дека поминало времето на УДБА и дека потреба е да се разбере дека МВР треба да работи во законски рамки во кои ќе ги почитува човековите права.

МВР откако ќе биде донесена одлука за укинување мерка притвор и нејзино преиначување во мерка домашен притвор, единствено е надлежно за обезбедување на објектот во кое престојува лицето. Овластени службени лица од подрачната полициска станица во определен временски интервал од денот вршат проверка во домот на лицето, но таму не се 24 часа.

Апелацискиот суд Скопје денеска соопшти дека мерката притвор се укинува и против обвинетите Ненад Јосифови, Кирил Божиновски, Зорица Арсовска и Миле Јанакиевски од Скопје. Одредена им е мерка куќен притвор. Вчера притворот е укинат за Јордан Камчев и Цветан Панделевски, осомничени во предметот „Империја“ на СЈО. И тие заминаа во домашен притвор.

Извор: “Пресс24”

Иванов: Договорот од Преспа е правно и историско поништување на Македонскиот народ!

„Кога сте подготвени едно прашање да решите по секоја цена, тогаш цената е највисока. Цената на ваквото решавање на македонското прашање е правно и историско поништување на Македонскиот народ, бидејќи без македонски народ, македонски идентитет и македонски јазик, нема ниту македонско прашање. Со други зборови, прашањето за идентитетот ќе се реши со негово поништување. Со тоа, Република Македонија и македонскиот народ се втурнати во правна, политичка, историска бездна. Пандорината кутија е отворена и сега речиси секој си зема за право да го негира она што е наше стекнато право. И тоа на повеќе нивоа и во повеќе наврати“.

Ова го истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во годишното обраќање пред Собранието, коментирајќи ја Преспанската спогодба со Грција.

-Донесена со изговор дека треба да стави крај на спорот за името со Грција и да го отвори патот за членство во Европската Унија и НАТО, оваа спогодба всушност и става крај на Република Македонија каква што ја знаеме. Спогодбата повредува одредба од внатрешното право од фундаментално значење. Текстот на таа Преспанска спогодба е изготвен без национален консензус, без мое знаење и без моја согласност како Претседател на Република Македонија, рече претседателот Иванов.

На референдумот на 30-ти септември, според претседателот Иванов, народот се соочил со лажна алтернатива – избор меѓу просперитет и идентитет.

-Референдумот беше неуспешен. Со недоволната излезност на референдумот, народот се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус. На 30 септември, со негласање, тивкото мнозинство донесе гласна одлука. Одлука дека никој нема мандат од народот да го менува Уставот заради промена на уставното име ниту право да тргува со идентитетот, рече претседателот Иванов.

Најголемиот успех на оваа Влада, рече Иванов, е што ја убеди меѓународната заедница дека референдумот ќе биде успешен и дека народот ќе ја поддржи Спогодбата од Преспа.

-Но, на крајот од денот, и претставниците на меѓународната заедница се соочија со фактот дека народот ја отфрли Спогодбата. Веднаш потоа, Владата започна да бара изговори и виновници за неуспехот. Мојата порака е да не се бараат изговори. Причината за неуспехот на референдумот е едноставна. Народот препозна дека е уценет и ја отфрли уцената, рече Иванов.

Со бојкот на референдумот, рече Иванов, народот го одбрани своето право на постоење и го зачува стекнатото право на самоопределување.

Во секоја функционална демократија, според Иванов, пропаднатиот референдум ќе значеше крај на процесот.

-Но, за жал, тоа не беше случај кај нас. И покрај официјалните резултати, видовме обиди за слободно толкување на Уставот и законите на Република Македонија со цел неуспешниот референдум да се претстави како успешен, како пред домашната, така и пред меѓународната јавност. Мнозинството во ова Собрание не само што не ја почитува, туку оди спротивно на волјата на народот, рече претседателот Иванов.

„Република Македонија е нашиот заеднички дом. Вие наумивте да го реконструирате со тоа што ќе ги отстраните неговите носечки столбови и ќе ги поткопате неговите темели. Носечките столбови се Уставот и законите. Темелите се клучните државотворни документи на АСНОМ. Каде е свеста дека со тоа се ризикува да имаме дом со раскопани темели и со разнишани столбови? Зарем таков дом ќе им оставиме на нашите деца и внуци?“, праша Иванов пред пратениците.

Можност за натамошен развој на односите со Грција Иванов гледа во, како што рече, враќање кон автентичните и ненаметнати мерки на градење на доверба кои, според него, почнале да даваат резултати, како и преку обновување на националниот консензус во Република Македонија.

-Треба да разговараме и да ги разгледаме опциите за решавање на прашањето во согласност со меѓународното право, преку почитување на нашето фундаментално право на самоопределување. Но, за тоа е потребна политичка волја, тука, кај нас, рече претседателот Иванов во Годишното обраќање во Собранието.

Извор: infomax.mk

Иванов: Законот за јазици ќе предизвика целосна блокада на институциите

„Законот за употреба на јазиците, на начинот на кој што е напишан, но и изгласан, ќе предизвика целосна блокада на работата на институциите. Речиси нема член во тој закон во кој не е прекршен Уставот на Република Македонија. Законот е усвоен во Собранието вон секоја процедура и надвор од надлежните тела“, рече претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во денешното Годишно обраќање пред Собранието на Република Македонија.

-Надминат е предвидениот законски рок, злоупотребено е европското знаменце, а не е консултирана ниту Венецијанската комисија. Законот го вратив без да го потпишам и тоа со низа забелешки. Парламентарното мнозинство ги игнорираше моите забелешки но и ставовите на стручната јавност и опозицијата, рече претседателот Иванов.

Изразувајќи почит кон албанскиот, турскиот, српскиот, влашкиот, ромскиот и бошњачкиот народ, Иванов истакна дека македонскиот јазик е комуникациски код и кохезивен фактор што ги поврзува сите сегменти на македонското мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општеството.

-Македонскиот јазик е lingua franca благодарение на кој меѓу себе се разбираат припадниците на различните заедници. Тоа е дел од нашиот општествен договор. Нашата сила е во нашата различност, а нашата различност е гарантирана со нашето единство. Израз на тоа единство е македонскиот јазик. Доколку противуставниот закон за употреба на јазиците стапи на сила, тогаш Македонскиот веќе нема да биде lingua franca што ќе го обединува македонското општество, рече претседателот Иванов во годишното обраќање пред пратениците.

(Видео) Традиционално, пливајќи во студени води, како Германци го славеа Божиќ

Група Германци, уште познати како „берлинските фоки“, запливаа во студените води на езерото „Оранке“, на 25 декември, традиционално одбележувајќи го Божик.

Температурата на водата изнесувала 4,9 степени целзиусови, но и покрај тоа учесниците се согласија дека настанот им е исклучително важен, но и забавен.

„Берлинските фоки“ се подготвуваат за божикното пливање уште од средината на септември, пливајќи во езерото секоја недела во 10 часот.

Традицијата датира од 80-тите години, кога делот од Берлин, каде се наоѓа езерото Оранке, припаѓа на Источна Германија.

Објавена содржината на писмото кое Бејли го испратил до судиите, еве што пишува!

Каква било сугестија дека САД сакаат да управуваат со некоја судска разрешница е лажна, вели меѓудругото американскиот амбасадор Џес Бејли во писмото, кое пред неколку дена го испратил до претседателот Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев – oбјави “Инфомакс”.

Во писмото, кое е со датум од 18 декември Бејли бара од судии да не ја посочуваат Амбасадата на САД за одговорна за одлуките шти тие ги носат за притворите и пресудите.

-Во изминативе седмици, на моите колеги и мене во повеќе наврати ни беше кажано дека судии, наводно, припишувале одлуки донесени во тековни судски предмети, истраги и притвори на „инструкции од Американците“. Ништо не би можело да биде подалеку од вистината. Соединетите Држави поддржуваат и се залагаат за независност на македонското судство. Ние веруваме дека судиите треба да носат одлуки врз основа на важечките закони и дозволени докази, а не врз основа на какви било политички проценки или интервенциии од некоја политичка или владина личност. Тоа е наша конзистентна порака, јавно и приватно, вели тој во писмото.

Бејли нагласува дека програмите на САД за обука и менторство биле дизајнирани за да ги унапредат професионалните вештини и отпорност на македонските судии со цел тие да можат да издржат надворешен притисок и да носат независни, издржани одлуки. Нагласува дека каква било сугестија дека САД сакаат да управуваат со некоја судска разрешница е лажна.

-Длабоко сум вознемирен од ваквите постојани лажни гласини, со оглед на нашата посветеност за независно судство. Со цел да помогнете да се разобличат ваквите лажни наводи, Ве молам да ја споделите содржината на ова писмо со Вашите колеги судии со цел тие да се уверат дека нашата позиција е и ќе остане иста, а тоа е дека тие се независни во применувањето на законот и дека ништо друго освен фактите и законот не треба да влијае на нивните одлуки, се наведува во писмото на Бејли до Џолев.

Извор: “Инфомакс”

Среде Грција запеа “Велат не нема, ама еве сме”: Пејачот Влатко Миладиновски со настап за паметење (Видео)

По повод првиот ден Божиќ во Пазар или на грчки Јаница се одржа традиционално оро и дружење на нашинците.

Многубројните гости ги забавувала групата “Македонски мерак” од Крушаре или на грчки Амбелјес.

На настанот присутен бил и македонскиот естраден уметник Влатко Миладиновски, кој неминовно ја отпеал својата песна “Велат не нема”.

Најмалите во Пазар настапиле со песната “Македонско девојче” и по којзнае кој пат докажаа дека од мали нозе ги учат своите корени, потекло и песни.

Tрите совети кои Ајнштајн му ги дал на обичен курир, а денеска вредат цело богатство и се гарант за среќа

Најпосле е откриена најголемата тајна на најголемиот физичар и Нобеловец

Заборавете на теоријата за релативитет. Кога е во прашање декодирањето на универзумот, ништо не е помистериозно од луѓето.

За цела среќа, светскиот гениј Алберт Ајнштајн зад себе ја оставил теоријата која го открива достигнувањето на среќата и исплолнувањето, а притоа тоа нема никаква врска со физиката.

После 95 години, анонимен продавач на аукција ставил две писма од прочуениот физичар и Нобеловец, а тоа што го пишувало во нив вредно е точно 1,56 милиони долари.

Што се однесува до приказната на овие две писма, Ајнштајн во 1922 година говорел во Токио, кога јапонски курир му доставил порака.

Кога сфатил дека нема доволно пари да му даде за услугата, Ајнштајн извадил пенкало и на хартија напишал неколку непроценливи совети за животот и му ги предал на курирот во знак на благодарност.

За наша среќа, советите кои му ги дал најпосле излегоа во јавност.

Првиот совет бил: “Тивок и скромен живот носи повеќе среќа од трчање кон успех која е преполна со немири”, напишал на германски.

“Таму каде што постои волја, постои и начин”, стои во вториот совет.

“Aко бидеш доволно среќен, овие листови еден ден ќе вредат многу повеќе од тоа што требаше да ти го платам за услугата”, му рекол Ајнштајн кога му ја дал хартијата на курирот.

Животот на овие 5 хороскопски знаци драстично ќе се промени во 2019 година

За 5 хороскопски знаци, работите можеби никогаш повеќе нема да бидат исти- оваа година ќе биде неверојатна за нив.

Погледнете дали вашиот знак ќе биде среќен во 2019 година.

Бик – Хороскопскиот знак што ќе доживее најголеми промени
Кажете ѝ збогум на вашата здодевна рутина, вашиот живот ќе се промени во 2019 година. Ќе бидете посигурни и посмели, особено кога е во прашање љубовта. Оваа година, вашите страст и енергија ќе ја зачинат вашата секојдневна рутина.

Во 2019 година ќе ви се исплати напорната работа. Од мај до септември ќе вложите најголем труд за да добиете награда. Ве очекуваат и промени на финансиски план, почнувајќи од април до јуни.

Најдобро ќе ви функционираат врските со другите земјени знаци. Оние кои се родени 4-6 мај и 26-28 април ќе доживеат големи промени во љубовта.

Поволности за Бикот:
За да ги остварите вашите цели оваа година, ви треба огромна поддршка. Пред јуни ќе завршите со некои претходни истражувања или ќе ги подобрите вашите вештини. Ако работите напорно од почеток на февруари до почеток на јуни, тоа ќе ви донесе големо изобилие.

Лав – Пристигнуваат позитивни промени
За вас, 2019 година ќе бида полна со разбирање и реализација. Конечно ќе ги преземете потребните чекори за да ги остварите вашите соништа! Нема да ви биде лесно и иако сте навикнати успешно да ги совладувате пречките на патот, нема да можете лесно да се справите со овие промени.

Во секој случај, промените ќе бидат добри и ќе ви овозможат да најдете вистинска љубов! Првите месеци ќе бидете фокусирани на пријателите, врските, љубовта и финансиите, а може да доживеете и неколку изненадувања на почетокот од годината. Од крајот на јуни до октомври ќе биде вашата најпродуктивна фаза за личен развој, ќе имате повеќе енергија и ќе чувствувате повеќе страст.

Поволности за Лавот:
Вашиот продуктивен период ќе почне кон крајот на јуни и ќе трае до почетокот на октомври. Ќе имате повеќе енергија и ентузијазам за животот. Оние кои се родени на 11 и 17 август ќе доживеат личен развој, а кон крајот на август ќе ги постигнат сите цели.

Девица – Година на големи промени
И покрај вашата срамежливост, оваа година ќе излезете од лушпата! Конечно ќе се ослободите од вашите стравови и грижи и ќе преземете контрола врз својот живот. Време е да управувате со вашето патување и запомнете дека животот ќе ви биде онаков каков што самите ќе си го направите.

Зошто да не започнете со кариерата за која отсекогаш сте сонувале или да го оставите партнерот кој не ги исполнува вашите очекувања? Иднината е ваша! 2019 ги содржи сите космички состојки за една посебна година, како во однос на личниот развој, така и во однос на врските и односите. Ова е идеална година за брак или за зголемување на заедницата, а многу Девици ќе станат родители или ќе донесат на свет нови идеи. До мај ќе почувствувате потреба за некакви ограничувања, а во текот на август/септември можеби ќе треба да внимавате на килограмите и исхраната.

Поволности за Девицата:
Вербата во себе и позитивниот став кон животот ќе ви ги отворат најдобрите можности. Јупитер ќе остане во вашиот знак до крајот на септември 2019 година и ќе ви донесе многу поволности ако сакате да напредувате во животот. Кон средината на годината ќе ве следи дополнителна среќа.

Јарец – Ќе станете похрабри!
Ова е исто така голема година за вас. Ќе се чувствувате непобедливо и ништо нема да ве исплаши. Во љубовта и работата одите по патеки на кои во минатото не сте се осмелувале ни да им се доближите. Иако некогаш сте била волк самотник, сега барате друштво и не се плашите да го отворите вашето срце.

Оваа година можеби ќе започне со некаква неизвесност во вашиот живот поради одлуките што не сте можеле да ги донесете во декември 2018. Од 6 јануари до 6 февруари, ќе донесете одлука или ќе се премислите околу нешто. Односите со другите луѓе можеби ќе бидат ставени на тест оваа година. Ќе научите важни лекции од другите луѓе од мај до август.

Поволности за Јарецот:
Ќе имате можност повеќе да патувате и на тој начин ќе сретнете луѓе кои исто така сакаат да напредуваат. Во јануари ќе донесете важни одлуки и ќе си поставите цели. Периодот од јули до септември е најдоброто време за нивно остварување.

Риби – Позитивни промени на повидок!
Со оглед на тоа што сте интуитивни, сигурно веќе знаете во 2019 ве очекуваат големи промени! Подготвени сте да ги тргнете вашите сомнежи и стравови на страна за да ги остварите вашите соништа. Нема да дозволувате никој да ве згази! Ќе мора да бидете посилни од претходно и ќе заборавите на вашата срамежлива страна.

Ве очекуваат многу нови и необични настани. Можеби ќе бидете малку немирни и ќе барате нови искуства кои ќе ја разбијат вашата рутина што ви ја гуши индивидуалноста. Можно е да покажете и бунтовнички тенденции, особено ако другите луѓе се обидат да ви наметнат ограничувања. Ќе доживеете големо уживање во врските, а почетокот на мај ќе ви донесе нови прилики. Важните одлуки донесувајте ги во август и септември.

Поволности за Рибите:
Оваа година мора да бидете искрени кон себе и да ги следите вашите идеи, бидејќи само тоа може да ве доведе до бунтовни акции кон средината на годината. Од средина на јануари до средина на март ќе чувствувате голема поддршка и ќе знаете дека тоа е вистинско време за промовирање на вашите идеи. Родените на 19 и 27 февруари најмногу ќе ги почувствувате промените.