
Оваа фотка по улиците на Србија ги насмеа сите.


Оваа фотка по улиците на Србија ги насмеа сите.


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во североисточните делови. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.
Денеска дневните температури ќе бидат: во Скопје и Кавадарци 7 Целзиусови степени, Маврово и Берово 4, Охрид 8, Крива Паланка 5, Дојран 11 степени, Прилеп 5.
Прогнозата за утре е умерено до значително облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и снег.
Дневните температури утре ќе бидат во Скопје 6 степени, во Охрид, Крива Паланка и Битола 5, Берово и Маврово 2, Кавадарци 7 и Дојран 9, Прилеп 3.

Фудбалерот на Гана Асамоа Гијан еден дел од својата кариера беше меѓу најплатените фудбалери на планетава.
Пред неколку дена се пожали на јавноста дека доживеал финансиски колапс и дека на сметката има нешто повеќе од 500 евра.
Гијан, кој оваа сезона одигра само 92 минути за турскиот Кајзериспорт, со месеци не ги видел сопругата и трите деца. Имено, овој фудбалер не сака да ги признае своите деца пред да ги види ДНК резултатите.
Според неговите зборови веќе со години ја финансира фамилијата и неговите пријатели, па поради тоа го доживеал ова финансиско фијаско. Според неофицијалните информации, станува збор за 100 луѓе кои живеат на негова сметка.



Уште во недела во вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник ќе има локални врнежи и тоа претежно од снег додека на некои пониски места има и услови за дожд и снег, јавува Славчо Поповски.
Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет, исто така утре и потоа повторно на почетокот од следната недела ќе дува засилен ветер од северен правец на повеќе места.
За време на новогодишната ноќ ќе има локални слаби врнежи од снег, одсега гледано локални врнежи од снег ќе има и на првиот ден од новата 2019 година, додека температурите од ден на ден се повеќе ќе опаѓаат, па на првиот ден од новата 2019 година максималните дневни температури на воздхот ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени во југоисточните предели.
Врнежите кои ќе ги има со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет ќе ја зголемат снежната покривка на повисоките места и на планините, додека услови за тенка снежна покривка има и за некои од пониските места низ државава.
За време пак на новогодишната ноќ температурите ќе се движат во интервалот -5 до 2 степени, додека на повисоките и планинските места ќе бидат и пониски.

За да се оформи еден бисер потребни се од 6 до 12 месеци, па поради тоа многу е тешко да се пронајдат овие скапоцени топчиња.
Жена извлече огромна школка од морето и во неа пронајде вистинско мало богатство.
Само 20 видови на школки произведуваат бисери.

Деновиве како гром од ведро небо проструи информацијата дека прилепското ОЈО поднело обвинителен предлог за НВО. Ова е преседан и во македонската, но и во европската пракса. Слободата на здржување во форма на здружение на граѓани и нивните активности се европска светост и тренд, кој сеуште се актуелен и интересен за граѓаните. Овој потег не остана незабележан и кај институциите што ја поттикнуваат активноста на НВО во Република Македонија, но и пошироко.
Наводно, деновиве со ова биле запознати РЈО, Републичкиот Омбудсман, претставниците на буквално сите амбасади во РМ, OBSCE, ODHR, ЗНМ, многу европратеници и сите други релевантни фактори.
Нападнати се две фундаментални човекови права – слобода на изразување и слобода на здружување (Член 10 и 11 од ЕКЧП).
Наместо да се промовораат европските вредности тие се напаѓаат, што е своевиден преседан во поновата македонска историја.
Може само да се претпоставува како сево ова ќе влијае на ранкингот на Р. Македонија во извештајот на Репортери без граници за слободата на медиумите. Од друга страна во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава се нотираше дека граѓанското општество продолжува да игра конструктивна улога во поддржувањето на демократските процеси и обезбедувањето поголеми проверки и рамнотежи. Како и дека климата во која работат организациите на граѓанското општество е подобрена.
Имајќи го ова во предвид, може да се очекува дека ваквите случувања ќе влијаат негативно на имиџот на земјава во делот на слободите на изразување и здружување, во делот од подглавјето посветено на невладиниот сектор и медиумите во Извештајот за напредокот на Р.М., имајќи предвид дека сме под постојан мониторинг од Европските тела и меѓународните институции.
Оваа ситуација е само еден ден пред “опомената” на Американскиот Амбасадор дека судиите и обвинителите треба да постапуваат според законот, а не партиските притисоци да бидат изговор за некакаква си амбасадорска насока?!

Новиот “Бермудски триаголник” се отвори во Кина откако 85 товарни и патнички бродови исчезнаа во изминативе неколку години.
Мистеријата која го опфаќа исчезнувањето на товарните и патничките бродови во азиските води ги загрижува експертите во регионот.
Некои стравуваат дека оваа проблематична зона ќе продолжи да зема жртви, откако 6 од десетте најголеми загуби се случија во близина на азискито тло.
Според извештаите на компанијата за осигурување , “Allianz subsidiary Global Corporate & Specialty”, водите околу јужниот дел на Кина, Индонезија и Филипините се место на кое една четвртина од исчезнатите бродови завршиле, пренесува германскиот весник “Велт”.

Американецот Хал Вон дефинитивно ја заслужува титулата најдобар татко на светот. Откако дознал дека неговата ќерка мора да работи за Божиќ, тој одлучил да оди на сите летови на кои е ангажирана за Божиќ, за да мине време со неа.
Хал Вон летал со својата ќерка Пирс од Њу Орлеанс до Детроит, а потоа имало уште 3 куси летови на кои Хал повторно бил патник.
Мајк Леви, бил сопатник на Хал на еден од летовите и кога слушнал зошто Хал лета бил воодушевен од неговиот потег, па приказната ја споделил на Фејсбук.



Додека докторите протестираат и се борат за зголемување на платите за 1.000 денари, вицепремиерите во Македонија си ја зголемија платата за 8.000 денари.
Предлог законот е донесен денеска во Собранието.
Со измените на Законот, коефициентот за утврдување на платата на заменик претседателот на Владата на Македонија ќе се пресметува со коефициент од 4.00, наместо 3.70 кој е утврден за пресметка на платата на член на Владата.
Согласно ова, разликата во плата ќе изнесува 8.07 денари месечно во бруто износ, или за 5 заменици на претседателот за 12 месеци, 481.620 денари.

Извор: press24

Свети Василиј Острошки е роден на денешен ден во 1610 година како Стојан Јовановиќ, во селото Мркоњичи во Попово поле.
Тој се замонашил во црквата Успение на Пресвета Богородица. Избран е и поставен за епископ на захумскиот и скендерскиот регион.
Кога Турците го разрушиле Тврдош, каде што се наоѓало неговото седиште, Василиј се преселил во Острог, Црна Гора, во близина на денешен Даниловград.
Неговите чудотворни моќи и неговиот гроб останале опстанале и покрај тешките времиња кои следувале. Во православниот свет Свети Василиј Острошки е познат како голем чудотворец.
Неговото свето тело во целост почива во Острошкиот манастир, повеќе од 300 години. Црквата во која лежат моштите на Острошкиот Светец е исполнета со пријатен мирис, кој го воодушевува секој верник кој влегува таму.