дома блог страница 3257

(Видео) “Топло е како за декември, температурата е само -30 степени”: Како изгледа пазарењето во едно од најстудените населени места во светот

Кога се жалите за вашата работа, помислете дека во светот има луѓе кои продаваат со три слоја облека на нив за да преживеат. Во ова место температурата паѓа и до -50 степени во зима.

Пазарот во сибирското градче Јакутск е вистински феномен. На продавачите можете да им ги видите само очите, а како што велат, поради облеката повеќе личат на топки отколку на луѓе.

Најголемата фобија на Сталин: “Човекот од челик” не сакал јавно да признае од што се плаши, но…

Јосиф Висаринович Сталин познат како “човекот од челик”, не сакал да покаже пред народот дека има страв. Сепак целиот живот пател од овие три фобии.

Сталин ја сакал авијацијата, но никако не сакал да влези во авион. “Таткото на нацијата” им давал предност на возовите.

Неговиот страв станал уште поголем во 20тите и 30тите години по неколку авионски несреќи во кои настрадале важни политички личности. Во 1925 година група на функционери загинале во авионска неср еќа покрај Тбилиси.

Лав Троцки требало да биде еден од патниците во тој авион, но во последен момент се одлучил за воз. Познатиот советски воен теоретичар Владимир Трјандафилов загинал во авионска несреќа во 1931 година. Сталин бил шокиран од овие настани и лично ја контролирал истрагата.

Освен од летање, Сталин имал страв од труење.

Познато е дека секое јадење кое му било сервирано на Сталин, требало претходно да биде дегустирано. А за време на таканаречената “Голема чистка” неговата параноја се зголемила.

Страв од спиење:

Сталин се плашел дека би можел да заспие и никогаш да не се разбуди. Тоа е една од причините поради кои тој работел за време на ноќта. Спиел само кога бил претерано физички и психички изморен.

Најубавиот божиќен подарок: Реакцијата на детето кое дозна дека тетка му ќе го посвои (ВИДЕО)

Емотивниот момент кога момче ќе дознае дека ќе биде посвоено од неговата тетка ќе ви го исполни срцето со топлина.

Малиот Картер живеел во лоши семејни услови, па неговата тетка Леа го згрижила извесно време. Откако тој доби повеќе божиќни подароци, нему му беше дадена кутија со порака која ќе му го промени животот.

11-годишното момче не може да ги задржи солзите кога ќе прочита во пораката дека неговите роднини го канат да им биде нов „син и брат“.

„Не е само Картер среќник во оваа ситуација. Ние сме благословени да го имаме како дел од семејството. Тој е мало добро момче. На сите ни треба многу прилагодување. Ќе го имаме Картер во нашите молитви додека тој закрепнува и транзитира во нашето семејство“– изјавила Леа, која веќе има седум биолошки деца.

Да помогнеме: Сите деца сега бараат пакетчиња, а Нина има една желба – да застане на нозе!

Уште само 5% фалат oд потребната сума за да ја исполниме желбата на Нина.

Како и секое дете и Нина се радува на пакетче и Дедо Мраз… Но овој пат Нина има една желба – да може да застане на нозе. За да и се исполни оваа желба потребни сме сите заедно да и ја исполниме.

Наместо пакетче за Нина, да донираме 100 денари на отворените броеви за донации.

Нина треба да замине на операција во САД која чини 65000 долари. До сега е собрано 95% од потребната сума, недостигаат уште 5% од оваа сума. Уште само 5%!!!

Во новата година да застане на нозе и да се радува и игра заедно со сите деца.

“Тарчуловски пред 15 месеци ги најави денешните “плукачи” по ВМРО, дека се метастаза која брзо се исчисти?!”

“Тарчуловски пред 15 месеци ги најави денешните “плукачи” по ВМРО, дека се метастаза која брзо се исчисти?!”

“Во целава работа излезе и нешто добро?

Сите оние тешки”професионалци” пушачи и лижачи, кој беа како метастаза од рак во поодминат стадиум, вгнездени на многу големи и важни позиции во ВМРО, извесен период раскажуваат во сдс како на сила биле држени на убави позиции. ДОБРОТО Е ТОА ШТО РАКОТ СЕ ПРЕФРЛИ КАЈ НИВ.

Е сега,баш сега, кога се почнува опозиционерски да се дејсвува ке дојдат до израз правите и секогаш верни и лојални ВМРОВЦИ. Затоа што од Ракот никој не ги приметуваше.Добро што дојде оваа ХЕМОТЕРАПИЈА да заздравиме.
За многу кратко време ке се види правата сила на ВМРО ДПМНЕ. Многу поскоро отколку што сите очекуваат. СИЛАТА Е ВО СЛОГАТА!!!

ПС. И да разјасниме никој несака и не бара да се затвориме само членови, сигурно треба и да се придобиваат нови луѓе,но не со функции. Да се докажат и членството ако се вредни само ке ги постави таму каде што заслужиле”, напиша Тарчуловски тогаш на Фејсбук.

СДСМ загубиле мнозинство во уште еден совет – сменет претседателот на советот во оваа општина

СДСМ благодарение на своите методи на дејстување и уценување успеа да загуби власт во уште една општина.

Имено пред четири месеци независните советници од Македонски Брод му откажаа доверба на градоначалникот Жарко Силјаноски и се приклучија кон советничката група на ВМРО-ДПМНЕ што им овозможи да го променат претседателот на советот на општината.

По несогалсувањата со начинот на работата на градоначалникот, независните советници одлучиле дека за доброто на општината и во интерес на граѓаните на Македонски Брод, најдобро е да воспостават соработка со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пулените на СДСМ од овој регион, особено пратеничката Анета Симеска заедно со градоначалникот Силјаноски со закани и притисоци се обиделе да ја одржат послушноста на советниците, но овие останале истрајни и не потклекнале на притисоците.

Симеска и Силјаноски им претеле со откази на нивните најблиски и сите оние до кои директно или индиректно можеле да влијаат, но независните претставници во советот не потклекнале, напротив добиле мотив за уште поголема борба, по што и следувала промената на претседателот на советот кој бил од СДСМ. Покрај тоа тие успеале да ги разрешат партиските послушници назначени во управни и надзорни одбори во јавните претпријатија на општина.

Извор: “Инфомакс”

Комити на “Фејсбук”: “За Столе ќе ве одереме, ти си наша икона”

„Комити“ на „Фејсбук“ испратија порака:

Си играте со оган…За него ќе ве одереме!

Ова е најстуденото место на светот: Во лето температурата е 30 степени, а во зима -60

На рускиот Далечен исток во Република Јакуст, се наоѓа селото Ојмјакон во кое преку зимата температурите паѓаат и до -60°C, а во лето се качуваат над 30°C. Тоа го прави најладно населено место во светот.

Кога температурите малку ќе се издигнат жителите се неизмерно среќни, а особено децата. На училиште се оди без неколку слоеви гардероба или едноставно полесно се дише.

Најниската температура на ова место достигнала неверојатни -71,2°C. Ветер дува многу ретко, а годишно паѓаат нешто повеќе од 200 милиметри дожд. Сепак, од друга страна, температурите преку лето може да достигнат и 20 до 30°C, а највисоката е забележана во 2010 година, кога биле измерени 34,6°C.

ФОТО: Овој автомобил го насмеа цел регион – сите велат нека е со среќа мајсторе

Оваа фотка по улиците на Србија ги насмеа сите.

Сонце на крајот од годината: Временска прогноза за денеска и утре

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во североисточните делови. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Денеска дневните температури ќе бидат: во Скопје и Кавадарци 7 Целзиусови степени, Маврово и Берово 4, Охрид 8, Крива Паланка 5, Дојран 11 степени, Прилеп 5.

Прогнозата за утре е умерено до значително облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и снег.

Дневните температури утре ќе бидат во Скопје 6 степени, во Охрид, Крива Паланка и Битола 5, Берово и Маврово 2, Кавадарци 7 и Дојран 9, Прилеп 3.