дома блог страница 3256

Денеска е Св. пророк Данил и трите момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 декември.

Денеска е Св. пророк Данил и трите момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил.

Сите четворица потекнуваа од Јудиното царско племе. После опустош увањето на Ерусалим од страна на вавилонскиот цар Навуходоносор беа одведени во Вавилон, заедно со голем број Евреи. За животот на пророк Данил може да се дознае од неговата книга што се наоѓа меѓу книгите на Стариот завет.

Тој го прорече времето на доаѓањето на спаCителот Христос. Ананиј, Азариј и Мисаил, пак, имајќи силна вера во Бога, останаа неповредени иако беа фрлени во вж ештена печка. Кога вавилонскиот цар го виде ова чудо, ги изведе од печKата и им даде големи почести.

Според едно предание, сите четворица доживеаја длабока староCт и најпосле поCтрадаа во Вавилон заради верата во едниот Бог.

Во 2019-та имаме седум продолжени викенди, дознајте кои денови ќе одмораме

Во 2019-та година македонските граѓани ќе имаат седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум се поврзуваат со викендот, за разлика од годинава, која имаше четири продолжени празнични викенди.

Првиот продолжен викенд в година ќе биде за Божик, зашто неработен ден е 7 јануари, понеделник. Слична е ситуацијата и со христијанскиот празник Велигден, кој в година како неработен е на 29 април, понеделник. Неработниот ден за 24 Мај – „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители, е в петок, така што граѓаните ќе одмораат уште еден продолжен викенд. Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е в петок, како и за Денот на независноста – 8 Септември, кој е в недела, но неработниот ден се префрла за 9 септември.

Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи е в петок, додека 8 Декември – „Св. Климент Охридски” е в недела, а неработниот ден се префрла за понеделник, 9 декември.

За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (вторник), 1 Мај – Денот на трудот (среда), 4 Јуни (вторник) – Рамазан бајрам, и 23 Октомври (среда) – Ден на македонската револуционерна борба и 8 Декември.

Граѓаните од православна вероисповед најмногу ќе одмораат за големиот христијански празник Велигден, бидејќи за нив, освен понеделник, 29 април, неработен ќе биде и петок, 26 април. Продолжен викенд ќе имаат и за Духовден, петок, пред Духовден на 14 јуни.

Неработни денови за православните верници се и Бадник на 6 јануари, недела, 19 јануари (сабота) и Успение на Пресвета Богородица, 28 август, среда.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 22 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – петок – Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда) – првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 11 август (недела) – Курбан бајрам.

Со одлука на Владата за неработен ден за јавната администрација е и 2 јануари.

Дали знаете што ќе се случи доколку во машината за перење ставите фолија ?

Дали вашата машина за перење сте ја преполниле со облека, дали сте претерале со количината на детергент? Која температура да се постави? Дали вашата фина ткаенина може да поднесе поголема температура?

Секогаш постои некој трик со кој би се решиле проблемите, како овој со алуминиумска фолија.

Фолијата замотајте ја во форма на топка и ставете ја во машината пред перење. Таа ќе предизвика повеќе вртења на облеката, а поради тоа алиштата ќе бидат помеки и ќе изгледаат како нови.

Истиот трик можете да го кристите и во машина за сушење алишта.

(Видео) Феномен: “Бебето џин” е тешко речиси колку неговата двегодишна сестра

“Во мојата 30 годишна кариера не сум видела вакво бебе. Ова е најголемото и најтешкото новороденче кое негогаш се родило во нашата болница”, изјави лекарката од болницата во Тексас.

Џенифер Медлок се породила на 12 декември. Пораѓањето поради големината на детето не можело да се изврши по природен пат, па мајката била породена со царски рез.

И таа и сопругот биле шокирани кога вагата покажала дека малиот Али е тежок 6.6 килограми.

Овие професии во Германија ќе ви донесат добри пари

Германскиот град Берлин има најголема потреба од работници, а зад него се Минхен, Хамбург. Повеќе од 10 илјади слободни работни места има во Келн, Штутгарт, Диселдорф.

Во секторот трговија има најголема потреба од кадар. Платите за продавачите се движат околу 1800 евра. Барани се и возачи, возачи на виљушкари, автомеханичари чии плати се движат околу 14-15 евра од час. Посредници од областа на осигурувањето, магационери и сезонски работници заработуваат околу 16 евра од час. Платата за чистачи се движи до 1.800 евра.

Фармацевтската индустрија дава највисоки плати со просечни бруто примања од околу 70.000 евра годишно. На второ место се банките, а на третото индустријата за автомобили. Во машинската индустрија работниците земаат околу 65.000 евра бруто плата годишно.

Извор: “Република”

Ослободете се од настинката за само неколку часа – Лекот е пет пари

Студијата објавена во списанието „Journal of Nutrition“ дојде до заклучок дека од настинката за само неколку часа може да се ослободите со помош на лук.

Имено, консумирање храна со пет грама лук, за само три часа ги активира гените кои се вклучени во произведувањето на белите крвни зрнца кои го зајакнуваат човечкиот имунолошки систем.

Резултатите од истражувањето покажале дека настинката кај испитаниците кои консумирале лук траела многу пократко отколку кај оние кои не го консумирале. Научниците тврдат дека лукот е богат со селен и со витамин Ц.

Прилепчани кои ја одбележаа 2018 година: Вредните прилепчани кои како феникс го издигнаа светилиштето во село Кален

Во преостанатите два дена од 2018 година ќе се присетиме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Игор Кулески, Јане Николоски, Диме Стојаноски, Горан Стојаноски, Дејан Цветкоски и Валентин Кулески веќе три години редовно работат на уредување на манастирот Св. Илија Писокал во село Кален мариовско.

Tие ја продолжуваат мисијата на претходниот црковен одбор да го обноват ова светилиште и да вратат дел од животот во недопрената планинска природа.

За тоа што се се има изградено и обновено досега, разговаравме со Валентин Кулески кој околу 8 години постојано е присутен на речиси секоја работна акција. Валентин скромно вели дека се што прави заедно со останатите го прави од љубов кон Бог и со цел да направат нешто што ќе биде корисно и посетувано од сите луѓе.

Условите кои се создаваат во ова живописно место се со намера да го оживеат местото и како низ годините во минатото тука да се собираат голем број луѓе за празниците.

Досега во манастирот се имаат направено нови тоалети, нова кујна, се нареди убава патека од портите до манастирот, уреден е дворот пред трпезаријата со бекатон плочки, поставена е цистерна за вода со зафатнина од 5000 литри, а на патот е направен мал параклис.

Овие луѓе и даваат живот буквално на секоја плочка, на секој камен, на секое дрво. Светилиштето се издига како феникс од пепелот, а резултатот од нивната работа е видлив особено за Илинден, кога многу народ, не само родум од Писокал или Кален, или Бонче, не само од Чумово и Штавица, туку и од Прилеп и од другите краишта на Мариово доаѓаат, уживаат во природата, се молат за здравје и прославуваат.

Кулески вели дека досега манастирот се финансира од дарови на посетителите за празниците. Благодарни се на маркетот “Бонита Нине” од каде им излегле во пресрет за храна кога се организирале работните акции.

Најголемата желба на иницијативниот одбор е електричната енергија, која сега ја нема. Снабдувањето е со генератор, а електрична мрежа може да овозможи само државата.

Инаку манастирот се наоѓа во живописната и недопрена природа на почетокот на Мариово, веднаш после превојот Слива од десната страна на патот Прилеп-Витолиште, на оддалеченост од 18 километри од Прилеп.

Писокал е поранешно село кое во 1873 година имало 46 жители во 9 домаќинства, а во 1900 имало 90 жители.

Селото Писокал згаснало, запрел плачот на децата, крикот на добитокот и црковната камбана, под притисокот и палежот на Турците и Србите, во почетокот од минатото столетие.

Се исселиле жителите во денешното село Чумово. Според легендата, момата Илина ја изградила црквата, на денешното место, одмарајќи се од жетварската мака.

По дремката, и исчезнале опинците и калците. Го побарала на помош Свети Илија, а тој на празникот, и ја вратил “рубата”.

За благодарност, таа ја кренала црквата, наречена Свети Илија, а местото го крстила Писокал, по прекрасно, навезените први, калци како напишани.

Бог го оплеменил ова место со неверојатни пејсажи, многу зеленило и сенки кои се магнет особено во летните горештини.

Манастирот има конак со неколку соби, опремени за ноќевање, има трпезарија и кујна за подготовка на храна за слава за над илјада луѓе.

Овие луѓе ги заслужуваат сите пофалби за нивната вложеност, пожртвуваност, огромна желба, цврста воља, истрајност и добрина.

Неда Украден: „Ме направија сираче од Ресен“!

Неда Украден која на 16 август ќе наполни 68 години плени со својата виталност. Во една прилика изјави дека редовно спортува. Игра тенис и плива, но, како што вели, најважен е духот.

– Работам како пејачка, но и како менаџер, пиар, шофер и стилист. Работам и дома како секоја нормална жена. Најмалку време поминувам во козметички салони. Од пред една година имам и сопствен салон за убавина со кој управува ќерка ми, но најмалку ќе ме видите таму. Тоа, нормално не значи дека не сум негувана. Пред сѐ, водам сметка за исхраната. Одлично готвам, ја сакам далматинската кујна бидејќи таму сум родена – објасни таа.

Пред три години кога се натпреваруваше во шоуто „Твоето лице звучи познато“ за „Дневник“ изјави дека подолг период ја нема посетено Македонија и дека навистина и недостасува нашата публика.

– Порано често доаѓав во земјата во која имам само убави спомени, турнеи, концерти, многу фанови и пријатели. Имам семејни пријатели и многу драги соработници. Мојата љубов кон македонската музика е позната. Едно време дури ме следеа трачеви дека сум сираче од Ресен и дека сум посвоена од моите родители – се пошегува Неда.

Во истото интервју откри дека никогаш не сонувала да биде пејачка, дека толку долго ќе биде популарна.

– Се образував за сосема други работи. Немам соништа. Желбата за големо семејство ми ја оствари мојата Јелена и сега само посакувам здравје за себе, за моите најмили и за сите луѓе и што подолго да уживаме во животот – изјави таа.

Прилепчани кои ја одбележаа 2018 година: Ристе Ристески – Шеки, скромниот прилепчанец кој има големина како карпа

Во преостанатите два дена од 2018 година ќе се присетиме на сите личности од Прилеп чии стории и достигнувања ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото… ја трогнаа нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси мотив.

Ристе Ристески, не е само собирач на пластика и картон

-Бил маѓепсник со топката, но оти не шутирал со глава не играл за клуб

Нема љубител на фудбалот кој не знае за Драгослав Шекуларац – Шеки, играчот на Црвена звезда, најголемиот дриблер на сите времиња, репрезентативец и миленик на некогашната Југославија. Неговиот двојник, 10 години помлад, се наоѓа тука меѓу нас, Ристе Ристески.

Името и презимето не значат речиси ништо, ако не се спомне дека тој е човекот кој секој ден го гледаме низ градов како со количка собира пластика и картони. И тоа е само површна слика. Вистината е – Шеки, неговиот прекар. Повозрасните го знаат само како Шеки, оти во детството и младоста играл фудбал како професионалецот Шеки.

Ги воодушевувал локалните фудбалски вљубеници со такви потези, финти. Многумина верувале дека и тој може да биде како светските ѕвезди. Како се почнало?

– Господ ме надари за фудбал уште од дете. Роден сум во Кален, Мариовско, а од мал, како ученик, живеев во градов, во интернатот. Додека учениците од библиотеката главно земаа романи, раскази, мене ми падна в очи една фудбалска книга. Ја зедов и не ја вратив, туку платив казна да ја задржам.

Беше тоа книга преведена од англиски на српски, во врска со англиската школа за фудбалот. Ја читав и препрочитував секој ден. За мене беше најубавата книга на светот.

На едно место пишуваше техника за давање гол. Ако научиш една мајсторија – како се постигнува гол, ти си најдобар играч на светот. Ги имаше сите возможни удари, техники.

Се што прочитав во книгата, потоа го вежбав. Се усовршив и во прием. И најсилната топка кон мене, ја смирував, како залепена на нога – вели Ристески.

Бргу се раширило низ градов дека има едно момче од Вишне Маало што изведува магионичарски трикови, играјќи фудбал. Сите што ја гледале Победа на стадионот, сакале да го гледаат и момчето Шеки на другите игралишта.

Кога заминал во војска во Свилајнац и Крагуевац и таму се воодушевувале на војничките натпревари и прашувале кој е овој прволигашки фудбалер.

Гласно размислувале да го препорачаат во Раднички, но тој одвај чекал да заврши војниот рок и да се врати во Прилеп. Пред враќањето му се случила повреда на главата. Паднал на камче фрлено од публиката, при еден дуел. Можеби тоа го спречило да стане професионален фудбалер.

– Ме чувал Господ, помина, ама оттогаш никако со глава не играв со топката. Кога се вратив, се вработив како продавач на ,,Црвени стени,, во Струга. Еден ден, кога нов голман дојде Истатов, мој врсник, појдов на тренинг на Победа. На тренерот му се бендисаа моите потези, но посака да види како шутирам со глава.

Со глава никако, му велам, главата е за мислење. Фудбалот се игра со нозе. Фудбал од англиски значи играње топка со нога. И не се погодивме, остана неисполнета желбата да играм за Победа, која сакаше барем еднаш да влези во Прва југословенска лига – се присетува Ристе.

Продолжил да игра низ градските игралишта. Најчесто кај Вишата економска. Многупати не го примале во тимот, ако се побунел противникот. Не сакале против него, оти знаеле дека сигурно ќе губат.

Бил полн со финти. Замавнувал со ногата, божем ќе шутира, а кога играчот противнички ќе поставел блок, Шеки лесно го поминувал. Ако немал со себе патики, играл успешно и бос.

Со двете нозе подеднакво се служел, дриблал или шутирал. Тоа е реткост во фудбалот. Можел и да ја префрли преку себе топката, да продолжи во акцијата и со волеј, атрактивно, да даде гол. Како вистинскиот Шеки. Но, самиот вели дека имало битна разлика меѓу нив.

-Шекуларац во шеесеттите години беше најпопуларен. Изведуваше финти со разни дриблинзи, ама целта му беше да го посрамоти противникот, Јас не го прифаќав тоа. Противникот не е за да го срамиш, да го исмееш пред публиката. Мене не ми беше тоа целта, само сакав да се надигрувам и да дадам гол. Голот е крајната цел во фудбалот – смета Ристе.

Продолжува во Италија, Франција, Монако, Холандија, Германија. Цела Европа ја прошетал и секаде работел сé и сешто, а за тоа што бил најмногу надарен – фудбалот, не можел да го игра. Некаде му недостигале документи, а во разговор на тренерите се видело дека го сакаат во клубот. Иако едниот тренер рекол ,,Не е многу по трчањето,,, друг се спротивставил ,,За трчање имаме колку што сакаш, ама како него дриблер немаме,,.

Во Кувајт не можел да игра, оти владата забранила странци. Така, шансата да заигра пред поширока јавност не му се исполнила, па единствено му преостанало да се воодушевува на домашните, југословенски и на интернационалните ѕвезди.

– Навивав за Црена ѕвезда, не за Партизан. Ја сакав црвената и белата боја. Црната боја не ми беше убава, потсетува на нешто црно, црнина. Кога даваа на телевизија фудбал, не пропуштав. Се сеќавам на Светското од 1962 година, во Чиле. Лав Јашин беше најдобриот голман, ама прими гол со удар во самиот ќош.

Си реков – тоа е удар, најдобриот голман да го совладаш. Најмногу ме бендисуваше Ди Стефано, опасен аргентински голгетер, како и Унгарците Пушкаш, Кочиш. И сегашниов фудбал го следам, ама приврзан сум за некогашниот. Сега повеќе се игра со сила – заврши некогашниот фудбалски волшебник, Ристе Ристески – Шеки.

Сонил резултати

Ристе порано играл тикети од Спортска прогноза. Еднаш бил многу блиску до голема награда. Погодил 11 резултати од 12 колку што биле на листата.

-Тоа беше во Југославија. На сон ми дојдоа резултатите, ама не ги запамтив сите 12. Единаесет сум запамтил и ги погодив, дванаесеттиот не. Така зедов само мала награда – вели Ристески.

Никогаш не се разболува

Во ова време на стравови и стресови луѓето се нападнати од многу болести и речиси секојдневие е посетата на доктор. Но, има луѓе што не се разболуваат. Таков е Шекиот. Нема поздрав човек од него.

-Педесет години не сум бил на доктор. Од денот кога како Господ да ми рече да не одам на доктор. И некаде прочитав оти и монасите од Света Гора не оделе. Оттогаш Господ ме лечи, а јас редовно се молам. Господ на сите подеднакво ни дава здравје. Секој човек може да биде здрав. Со добра мисла, со добро дело, може да ти се случи само добрина – вели тој.

Три години в пештера

Ако во средниот век имало светители, маченици, пустиножители, таков во овој век на компјутери е Шекиот. Како голем христијански верник имал подвиг со живеење в пешетра, во близина на родното село Кален. Доказ дека ништо не е неможно ако се има цврста волја.

-В пештера живеев три години, потполно сам. За храна само еднаш неделно одев до продавница и се враќав. Сум се среќавал со разни животинки, змии… Еднаш, змија која не сум ја видел дека е тука, ме касна и кога ја сетив, заминуваше. Со два заба ме каснала. Кога ја дигав раката, отровот на срце како да ме стегаше. Се помолив и – помина. Така, така заздраве и не се познава речиси ништо сега. И медицинска сестра се зачуди, оти воопшто не се познава. Господ лечи безболно – раскажува Шекиот.

Возел „Лада“

Во минатото возел разни моторни возила. Последно „Лада“ која ја купил со пари од бизнисот со картони, а неодамна ја продал. Сега не сака да вози, оти има хаос низ улиците.

– Има многу непримерни возачи. Неодамна една жена среде бел ден беше удрена во центаров. А бев совесен возач, најсовесен. Внимавав и на луѓето и на животните. Ни мало еже не сакав да повредам кога ми излезе на пат – кажува Ристески.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

(Видео) “Топло е како за декември, температурата е само -30 степени”: Како изгледа пазарењето во едно од најстудените населени места во светот

Кога се жалите за вашата работа, помислете дека во светот има луѓе кои продаваат со три слоја облека на нив за да преживеат. Во ова место температурата паѓа и до -50 степени во зима.

Пазарот во сибирското градче Јакутск е вистински феномен. На продавачите можете да им ги видите само очите, а како што велат, поради облеката повеќе личат на топки отколку на луѓе.