дома блог страница 3255

Џудо клубот “Сеишин” од Прилеп ги избра најдобрите за 2018 година: Нивните борци освоиле 159 медали во изминатата година

На 28.12.2018 година Петок, Џудо Клубот Сеишин-Прилеп го одржа последниот тренинг за 2018 година. На тренингот имаше пригодна свеченост и доделување награди за најдобрите натпреварувачи за натпреварувачката 2018 година на ниво на клубот.

Најуспешен натпреварувач на ниво на Клуб е прогласен Јован Најдоски.

Во натпреварувачката 2018 година Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп зеде учество на вкупно 8 Државни Првенства со освоени 74 медали, 10 Меѓународни Турнири со освоени 78 медали и 3 Балкански Првенства (членови на клубот како претставници на Репрезентацијата на РМ) освоени 7 медали и 1 европски куп без пласман. Имено на овие Првенства освоени се вкупно 159 медали.

“Најзначаен успех е освоеното 2-ро место на Христијан Ѓураков и 3-то место на Александра Најдоска на Балканското Првенство за Сениори и 2-то место во Екипна конкуренција. Исто така на Балканското Првенство за Сениори-ки како членови на репрезентацијата од нашиот клуб беа: Христијан Ѓураков, Марио Тошески, Кристијан Тошески, Бобан Глигуроски и Александра Најдоска”, информираат од клубот.

“Имавме настап и на Европски Куп во Ѓер Унгарија за кадети-ки со натпреварувачката Теодора Димеска, каде не успеавме да освоиме позначителен резултат.

Клубот оваа година организира 2 Државни Првенства и 1 Меѓународен Турнир, 1 Меѓународен Џудо камп за Пионери, 1 Манифестација – Европска Недела на спортот а зеде учество уште на 2 Меѓународни џудо кампови, 2 спортски манифестации и 2 џудо семинари за стручните кадри.

Исто така оваа година Клубот СЕИШИН беше добитник на ПРЕСТИЖНАТА 3 Ноемвриска награда доделена од Општина Прилеп за посебни заслуги од областа на спортот а ги одбележа и двата јубилеја 15 години од формирањето на клубот и 10 години од Меѓународниот Турнир „Прилеп Град Херој-2018“ кој стана препознатлив во Балкански рамки.

Џудо Клубот Сеишин во преодниот рок за време на новогодишните и Божиќните празници ќе направи кратка пауза и одмор за своите членови а потоа ќе се започне со интензивни тренинзи и подготовки за новата натпреварувачка 2019 година.

Планираме програма со поинтензвни настапи на Меѓународно ниво”, додаваат во соопштението од ЏК “Сеишин” од Прилеп.

“Антонио Милошоски со предлог до ОЈО Прилеп, наместо да се занимава со НВО да работи на ова…??”

(Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски)

“Шефот на кабинет на градоначалникот на Прилеп објави сознанија дека некои претставници од општината Кривогаштани, но и од Прилеп, земале мито\пари во замена за решение за вработување во МВР!
Доколку работи според прописите, овде има многу работа за Јавното обвинителство, за да ги заштити и законите и граѓаните од поткуп. Среќна Нова (анти)корупциска година!” – напиша Милошоски на Фејсбук.

Прилепчанецот херој за 2018 година! Момчето кое ни покажа што значи пожртвуваност и го спаси својот колега од канал за наводнување

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Еден од настаните кои ја одбележаа 2018 година, а со сигурност ќе се памети уште долго е случката од февруари месец, кога прилепчанец од сигурна смрт го спаси својот колега.

23-годишниот Д.Р. од Прилеп на 06.02.2018, 20 минути се бореше со водата во канал за наводнување за да го спаси својот 59-годишен колега Л.М. од Неготино, кој претходно при трасирање на гасовод, во атарот на село Шивец, паднал во отворениот канал и почнал да се дави.

-Вршеле трасирање на гасоводот во атарот на селото Шивец, во близина на топилница „Фени индустри“, при што Л.М. паднал во водите на отворениот канал за наводнување и почнал да се дави. Во водите скокнал Д.Р. за да го спаси и по дваесетминутна борба со водата двајцата успеале да излезат од каналот, изјави тогаш Верољуб Додевски портпаролот на СВР Велес.

Иако неговиот идентитет остана непознат за јавноста, ова момче ќе биде запомнет за современ македонски херој, кој докажа дека големината на човечкото срце и пожртвуваноста, можат да надминат и планина.

Секоја чест за овој наш сограѓанин, неговото дело долго ќе живее!

Ново кинеско чудо кое го запрепасти светот (Фото)

Автопатот на три спрата кој ќе се гради на планината Тианллонг, односно на 1.370 метри надморска висина, на сверозападниот дел од Кина, е архитектонско дело кое го воодушеви светот.

Автопатот ќе биде долг 30 километри, а трите спратови достигнуваат висина од 350 метри.

Снимен од птичја перспектива, автопатот ќе изгледа како земеј кој лебди во планината.

Четворицата другари од Прилеп кои за 42 часа успеаа да извозат 645 километри со велосипеди

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Прилепчаните Илија Димоски, Дејан Дамески, Горан Гулески и Филип Илиоски, направија несекојдневен подвиг, поминувајќи 645 километри за 42 часа со велосипеди.

Нивната тура започнала утрото во 4 часот од Прилеп на 20 јули, а потоа се упатиле кој Дојран и граничниот премин Дојрани.

До 16:00 часот веќе биле во Солун и поминале вкупно 220 километри, што е навистина импресивна бројка да се извози во неполн ден.

Веќе наредниот ден со нови сили патот го продолжиле кон Калитеа до каде поминале дополнителни 80 километри.

Откако добро се одмориле и уживале 3 дена во топлото сонце и плажа, во вторникот околу 20:00 часот се упатиле кон Воден до каде успешно совладале нови 153 километри. Таму пристигнале во 5 часот утрото, а веќе во 17:00 часот тргнале кон Прилеп.

До Прилеп им следувале уште 160 километри, а во родниот град пристигнале ноќта околу 3:00 часот.

Задоволни од нивната незаборавна авантура, веќе прават планови за следна.

Црногорското приморје и Будва се следни на “менито” за авантуристите од Прилеп.

Во 2018 година, Прилеп го доби својот прв патник во вселената (Видео)

Во февруари месец најголемиот прилепски шармер, кој опстојува на пазарот цели 40 години, стигна и до вселената.

“Стоби Флипс” на компанијата “Витаминка” успеа да ги освои и небесните бесконечности и по кој знае кој пат да не освои сите.

Лансирањето на СтобиФлипс во вселената беше организирано од Маркетинг Агенцијата Дивижн.

Флипсот беше лансиран на 36 000 метри и целиот пат до орбитата на Земјината топка е регистриран во видео запис.

Ова е потфат кој веројатно ќе се памети долго време и секогаш кога ќе се посегне по “СтобиФлипс”.

Гастрономските креации на прилепчанецот Влатко Алексоски го освоија златниот медал во Истанбул (ФОТО)

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Интернационалниот Гастрономски Фестивал во Истамбул е настан во организација на Федерацијата на готвачи од Турција кој оваа година се одржа по 16-ти пат од 22 до 25 февруари во Тујап Конвенцискиот центар.

Фестивалот е наменет да ја доближи турската со светската кујна и да ги собере различните светски вкусови на едно место во Истамбул.

Овој настан е доста успешен во изминатите години и секоја година побудува огромен интерес кај познатите светски готвачи.

На фестивалот настапи и добро познатиот аранжер и готвач од Прилеп, Влатко Алексоски, кој во категоријата “резба” го освои златниот медал.

Креациите на Влатко се добро познати не само во Прилеп, туку и ширум Македонија, како и на повеќето натпревари на кои учествувал.

Неговите креации се вистинско совршенство кое плени сечиј поглед.

Прилепчани кои ја одбележаа 2018 година: Македонското знаме се вееше на највисоката планина во Германија, а го развиори прилепчанка

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Прилепчанката Маријана Ѓорѓиевска и член на планинарскиот клуб “Maмути”, оваа година продолжи со своите планинарски предизвици и се искачи на Цугшпитце (2,962м) највисоката планина во Германија.

“Единственото сонце кое ме грееше и ми даваше сила. После 18 часа јака ферата и дожд…2962 мнв!”, напиша Маријана на својот Фејсбук профил после најновиот потфат кој го оствари во септември месец.

Цугшпитце е највисокиот скијачки центар во Германија, а е позната по трите прекрасни глечери. Планината е покриена со снег цели 6 месеци во годината, а покрај за скијачи е атрактивна и за сите вљубеници во природата. Искачувањето на највисоката точка пружа 360 степени панорама и прекрасно зајдисонце. Планината е позната и по највисоката црква во Германија која се наоѓа таму, а изобилуваат и планински ресторани кои пружаат дополнително задоволство.

Ќе потсетиме дека истата девојка во август минатата година се искачи на највисокиот врв во Франција, Монблан, а меѓу позначајните авантури ќе ги спомниме и оние за освојување на врвовите на Олимп, како и освојувањето на Елбрус, највисокиот врв во Европа.

Прилепчани кои ја одбележаа 2018 година: Гешоски е тренер по атлетика од 1960 година и не планира да застане до 100 години

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Ѓорѓи Гешоски има долгорочен план

– Сакам да го надминам Србинот Фрањо Михалиќ, кој беше во атлетиката до 86 година од животот

Спортска легенда е Ѓорѓи Гешоски. Се уште е тренер во атлетиката. Ги обучува младите членови на АК Стеваноски (доскорешниот АК Академик Џамбазовски, некогашниот АК Трети ноември). Ги тренира, учествува со нив на домашни и странски натпреварувања и продолжува со освојување медали. Ништо не би било толку чудно, ако не се знае дека тој има полни 82 години! Второто изненадување се крие во одговорот на прашањето: До кога вака?

– Планирам да бидам тренер до 100 години. Уште 18 години. Оти Фрањо Михалиќ беше тренер до 85-86 години. Тој е еден од најдобрите тренери на Србија, освојувач на сребрен медал на ОИ во Мелбурн 1956. Пред неколку години го видов на ТВ трчаше покрај атлетичариве и ги бодреше. Неодамна почина на 95 години. Сакам да го надминам. Моментно нема повозрасен тренер од мене во сите спортови. Нема ни со подолг стаж, бидејќи сум од 1960 година наваму – вели Гешоски.

Работи во најтешките услови. Во пролет, лето и рана есен го користи Спортскиот центар кај Градскиот базен, каде има импровизирана патека околу фудбалскиот терен. Во доцна есен и зима влегува во училишните простории. За трчање таму се користат училишните ходници. Така со години и децении. Не му е тешко.

– Ни малку не ми тешко. Напротив работата ми е задоволство. Ми го продолжува животот. На тренинзите само давам ум. Работи ги врши помошникот Миле Тренчески, поранешен атлетичар и македонски репрезентативец во фрлање ѓуле, сега вработен во Општината. Тој се согласи, а има други кои не сакаат ни да слушнат. Прашуваат колку пари даваат? Пари не даваат. Ама шеташ. Светот го шеташ. Досега имам потрошено 100 илјади евра со тоа што сум шетал. Околу 12-13 дена бев во Пекинг на ОИ. Во Минхен сум бил. Во Канада на Светско… Не сум бил во Русија.

Животниот пат на Гешоски е цела историја. Роден е во Беловодица, во семејство на интелектуалци. Мајка му била учителка на повеќе места, татко му надзорник за шумарство и рударство. Се преселиле во Плетвар и таму живееле до 1941 година, до доаѓањето на Бугарите. Биле бележани како Срби, според презимето на ,,-иќ”. Затоа морал да бега додека да се смири состојбата, а потоа се вратил и следела нова преселба во Прилеп.

– Учев во ,,Климент Охридски”, каде учителот беше Македонец, но не тераше да зборуваме бугарски. ,, Ас сам мало б* лгарче” итн. Учев и веронаука на македонски, оти ни предаваше Крсте Попот, татко на Петар Попоски, новинарот. Средно фискултурно завршив во Скопје и Земун, кај вујко ми. Некаде 1954 година се вработив во Скопје, во училиштата ,,Ѓуро Салај” и ,,Кирил Пејчиновиќ”.

Во тогашната ЈНА бил главен на спортот за цела дивизија. На Армиското првенство во Љубљана ги освојува речиси сите први места. Му бил понуден чин поручник, вработување и за сопругата и стан.

– Одбив, оти не ми се одеше од семејството, од другарите, од Прилеп. Се вработив во ,,Кире Гаврилоски”. Завршив и Виша школа за физичка култура во Скопје, како и Факултет во Сараево. Бев професор уште во Економско и во ,,Гоце Делчев” – ја кажува биографијата Гешоски.

Атлетиката му станува животна определба во средното фискултурно во Скопје. На крос патеката низ Гази Баба, во шумата освоил прво место. Поседувал природна кондиција. Како дете бил постојано во движење и трчање. Го нуделе тренери од клубовите исе определил да му биде тренер професорот Илиевски.

– Кај него тренирав две години, а потоа заминав во Земун кај Петар Шарчевиќ, балкански рекордер во фрлање ѓуле. Клубот беше Младост, поранешно Единство – вели 82 годишниот тренер.

Во 1960 година станал тренер во СД ,,Гоце Делчев” и после станал тренер. Тешко се обезбедувале пари. Се осамостојува во 1965 година на 3 ноември и затоа и името на клубот е АК ,,Трети ноември”. Најуспешен спортски клубов во градов со многу медали со претседателот Славе Богатиноски. Многу триумфи што е тешко да се избројат. Тука се успесите на Соња Мицеска, Славица Конеска, Чедомир Бачаноски, Жанета Гешоска, Теодора Кочоска. Негово дело се двете олимпијки – Даниела Кулеска во Сиднеј и Атина и Христина Ристеска во Лондон. Третата кандидатка е сегашната членка, 15-годишната Марго Бојаџиева.

– Очекуваме во 2020 во Токио да биде Марго. Можно е да се јави уште некоја кандидатка во државава, но сега – засега таа е потенцијален учесник – типува Гешоски.

Според него Марго е надеж.

-Дете е на татко прилепчанец и мајка Французинка. Тренира четири години со сестра í. Се бележи големата желба и брз напредок. Трудот дава резултати. Затоа се вели дека талентот придонесува со 10, а работата со 90 насто. Тренира како ретко која атлетичарка. Ја планирааат за 1500 и 3000 метри. На 5000 метри скоро ги победува, сите, и сениорките. На 6 мај на Скопскиот маратон се очекува да биде меѓу првите три од 8 илјади учесници – кажува Гешоски.

Можно е да се дојде до успех во атлетиката и без атлетска патека. За Гешоски тоа не е ништо ново. Така работи веќе 58 години. Нема изговор а многумина би се правдале. Го спомнува примерот со Србинката Вера Николиќ.

– Барем имаме некаква патека кај Спортскиот центар. Вера Николиќ немаше ни таква патека во Ќуприја, а беше светска шампионка и рекордерка. Трчаше покрај Морава. Иделе амеркикански тренери да í го гледаат тренингот скришум. Со неа одев на подготовки на разни места. Ги носев Соња Мицеска и Славица Конеска во југословенската репрезентација – со гордост зборува Гешоски.

Тој е и претседател кога клубот се преименува во АК Стеваноски.

– Три години бевме АК Џамбазовски, а отсега натаму АК Стеваноски. Благодарение на спонзорот Игор Стеваноски. Син му и ќерка му тренираат кај мене. Ни купи опрема за клубот вредна 1800 евра. Тренерки, дресови, патики, ранци… Пресреќни сме. Сега сме еден од најопремените клубови во Прилеп – задоволен е Гешоски.

Душа дава за овошје и зеленчук

– Од мал не думам за здравствени проблеми. Не знам инјекција што е. Освен вакцините во војска. Кај доктор одам да земам апчиња за притисок. Водам сметка за исхраната. Не јадам многу месишта, туку овошје и зеленчук. Цреши имам дома во изобилство – го кажува рецептот за долговечност Гешоски.

Секој ден на велосипед

– Автомобил никогаш не сум возел, а мотор само кратко. Имав сообраќајка кај Липа и бев в затвор шест месеци. Сфатив дека не ме бива за моторџија. Возам и правам муабет. Не бидува така. Затворот во Идризово беше строг – работа и ќотек невидени. Растоваравме цемент. Во 5 часот наутро не носеа некаде, а не враќаа во 10 вечерта. Оттогаш наваму зиме – лете возам само велосипед – вели Гешоски.

Против допинг

-На семинар во Загреб, се осврнаа на пишувањата на весниците дека жените рекордерки не ќе можат да раѓаат. Вера Николиќ стана и кажа дека има три деца, а една друга Тометиќ родила две. Се хранеле со природна исхрана – лешници, суво грозје, банани, а земале и стимулативни средства, но дозволени. Сега произведуваат нови. Коментаторка рече дека девојки во ташните, носат жилети за бричење, наместо кармин поради машките хормони.

Извор: “Неделник Зенит”

Иванов со новогодишно обраќање до граѓаните: Само во успешна и просперитетна татковина ќе можеме да ги оствариме нашите желби

Доаѓањето на новата година кај секој од нас буди нови надежи, нови очекувања и копнежи за поубава, посреќна и безгрижна иднина, порачува претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов во своето обраќање до граѓаните.

-Годината што измина сите сакаме што побрзо да ја заборавиме, а годината што доаѓа да биде година на остварување на сите наши желби и соништа. Во овие моменти кога ја чувствуваме моќта на надежта и на радоста, се навраќаме на основните човечки вредности. Ја чувствуваме потребата да бидеме солидарни, хумани, чесни и праведни. Да се сакаме, да си простуваме и да се почитуваме. Позитивните мисли што носат ведрина во овие празнични денови, треба да не водат во текот на целата година. Но, да бидеме и доблесни да ги признаеме сопствените грешки и пропусти и да учиме од нив. Да бидеме храбри пред повикот на одговорноста и сите заедно да се посветиме и да градиме праведно општество засновано врз вистината, слободата и мирот. Само во успешна и просперитетна татковина ќе можеме да ги оствариме нашите желби, порача Иванов.

Претседателот на државата на граѓаните им посакува овие празнични мигови да ги поминат достоинствено и спокојно, со луѓето кои најмногу ве сакаат, почитуваат и чуваат.

-Ви посакувам многу здравје, радост и среќа, и на секој предизвик да одговорите со мудрост и со добрина. Ви посакувам да имате меѓусебно разбирање, доверба и многу љубов во семејството, со пријателите, соседите, колегите и со сите ваши сограѓани. Од сè срце ви посакувам Среќна Нова 2019-та Година!-порача Иванов.