дома блог страница 3254

Прилепски локал патриот на годината! Вреди да биде запомнет! (Фото)

Локал патриотизмот е нешто што ги одликува прилепчани!

Така и овој прилепчанец, својот “Мецедес” си го обележал со името на својот град, па каде и да оди се чувствува горд што потекнува од градот под Марковите Кули.

Тој е еден од обичните херои кој ја одбележа оваа 2018 година и вреди да биде запомнет.

СЕКОЈА ЧЕСТ!

Прилепскиот Голф тројка кој ја освои публиката во Софија е вистински хит за 2018 година (Фото Галерија)

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

На деветтиот по ред “Volkswagen club Fest” кој се одржа на 17 и 18 март во “Интер Експо центарот” во Софија, oдличната Голф тројка на Борче Ацески од Прилеп, ја претстави Македонија во најдобро светло.

Ова е втор пат Борче да ја претставува државата и градот на ова реномирано изложување на автомобили.

Неговиот убавец ги шармираше присутните и изнуди голем број овации и пофалби.

Борче е познат љубител на “Голф”, а неговата пасија кон овој автомобил датира од поодамна.

Од старите голфови Борче креира вистински ѕверови.

Еве дел од изложение автомобили на познатиот “Volkswagen club Fest”:

За крај погледнете го целиот возен парк на прилепчанецот Борче Ацески:

Вљубеник во “Голф двојка” од Прилеп, прави чуда од своите 4 миленици – ГАЛЕРИЈА

Прилепчанецот кој има поминато над 11 илјади часови на небото и поседува 20 години работен стаж како пилот

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Над 25 години е во облаците со разни летала. Сега води летови како капетан и обучува млади пилоти за државната компанија Фиц ЕР од Шри Ланка. На 11 илјади метри височина управува 80 тонско летало со 170 патници главно на локални дестинации од неколку часови во Азија и околните земји, Пакистан, Бангладеш, Емиратите, Малдивите.

Во воздухот бил скоро 11 илјади часови, 45 годишниот прилепчанец Дејан Ѓорѓиоски. Тој е капетан и инструктор на копилоти на патнички авион Боинг МД 80. Нема разумен човек што нема страв, но во оваа професија стравот ја загрозува безбедноста на летот. Нужна е смиреност. Вели дека е атрактивна професија.

Не е којзнае каков баук, иако бара посветеност и концентрација, обновување и збогатување на знаењата. Сон му е да ја завршии кариерата здрав и жив и ако се отвори компанија кај нас, да биде поблиску до семејството.

Мечтае да положи испит за инструкторско место на понов авион, оти овој модел ,,гасне,, од експлоатација. Актуелни се новите модели од Ербас или Боинг од оваа класа.

-Постојано се учи, се контролира здравјето низ лекарски испитувања. Скусувам од некои задоволства, се жртвувам, се лишувам заради работата. Професијата бара откажување од некои работи.

На пример, ако имам утре лет, не треба да присуствувате на прослава поради одговорноста што ја носите следниот ден. Има благодети да се прошетаат повеќе земји, да се откријат нови видици, да сретнат култури и луѓе. Задоволен сум од професијата.

По 20 години стаж, пак би ја одбрал. Добро се заработува и има можност за покомотен живот. Ако не сум во авион, не знам што би работел. Работниот век зависи од тоа кога сум почнал. Порано имаше бенефициран стаж.

Законот дозволува да летаме до 64 години. Според мене, нема потреба од толку долг работен век, поради здравствени и психофизички причини. Мислам до околу 60 години е максималниот работен век – вели Ѓорѓиоски.

Слабости на професијата е оддалеченоста од семејството.

-Среќаваме разни култури, религии, начини на живот, на кои се прилагодуваме. Главно сме сами, иако може да дојде семејството.

Го организираме времето да ја средиме психолошката потиштеност. Природата на професијата е посебна. Трпи семејниот живот. И тоа со разбирање не е нерешливо.

Дома можам да бидам два до дваипол месеци во периоди од по две недели. Се договараме со менаџментот како да се изведе – објаснува капетанот на Боинг, Ѓорѓиоски.

Кажува дека имало и опасни моменти. Во Верона и во Иран се запалиле моторите. За среќа, на земја.

-Од технички причини се запалија моторите кои се кај опашката на овој авион. Само на пет-шест метри, во крилата има 17 тони гориво, керозин, лесно запалливо. Реагиравме по процедурите и сите патници безбедно, без паника излегоа од воздухопловот, додека противпожарните екипи го изгаснаа пожарот. Не се едноставни за совладување атмосферските влијанија.

Се јавуваат силни турбуленции, ветер, дожд, снег, магла, црно небо, облаци кумулонимбуси. Во нив никогаш не се минува. Ги гледаме на радарот и ги избегнуваме.

Има големи промени на температурите, струи, дури може да налета некоја поголема санта мраз колку маса, што може да биде погубно за авионот. Затоа ни под разно не минуваме низ нив. Интересно е управувањето во магла со авиони со автоматика. Обучен сум за управување при намалена видливост.

Интересно е чувството на слетување со авион со 80 тони и брзина од 280 километри на час, а не се гледа ништо. Има дождови, снегови, мразеви, кои се решливи, но нужно е да се посвети соодветно внимание.

Сé е напишано кое треба само да се следи. За жал, сето тоа е напишано со крв, врз основа на лоши искуства – кажува еден од прилепските пилоти, Ѓорѓиоски, кој знае дека покрај колегата Митре Крајоски во Сингапур, има уште еден млад човек од Прилеп кој се обучувал за управување со патнички воздухоплов, но не знае до каде е со кариерата.

Прилепскиот пилот сака да се прибере до семејството, да биде поблиску до децата. Ја посакува Турција за негова земја за работа или Европа.

Дозволите се специфични, иако се суштински исти. Секоја држава ги штити своите пилоти. ЕУ има најнови дозволи по EASA, а Ѓорѓиоски по ICAO со широк дијапазон, ама не може да работи во ЕУ.

Од едрилица до Боинг

Ѓорѓиоски на 16 години бил едриличар. Спортска дозвола зел летајќи на авион УТВА со тандем седишта на аеродормот во Коњари. Дури и се натпреварувал. Такви се првите чекори на сите пилоти.

По средното заминал во Вршац, во школата за обука на цивилни пилоти. После продолжил со машинскиот факултет во Белград поради војната. Продолжил кога повторно се отворила школата во Белград. Таму дипломирал.

Се вратил во Македонија на работа во МАТ, па во Авиоимпекс каде завршив граунд скул за авионот ДЦ 9, па на симулатор и станал копилот. Низ испити ги совладал тајните на денешниот модел на Боинг. Летал на двата модели. Поради пропаѓање на компанијата заминал за Сараево од каде летал низ Европа година ипол.

И таа компанија се затворила. Го побарале во Нигерија. По две ипол години, дал отказ поради опасност од маларија. Нова работна дестинација била Хрватска, главно со летови од Венеција и Дубровник.

Хрватите ја продале компанијата на Албанци. Авионот се стационирал во Тирана за летови за Европа. По шест ипол години и школување станал капетан. Со десетгодишно искуство бил ангажиран во Иран, во Еслахан и Техеран на специфичен аеродром на голема надморска височина во пустина и со високи летни температури. По 4 години ,,летнал,, за Шри Ланка.

Специфични се сите аеродроми

Нема ризични арродроми. Скопје е специфичен поради маглата, а и стрмното слетување поради конфигурацијата на приодот. Но, безбедно е, оти летаме по соодветни рути, таканаречени арајвали. Посебен е и Охрид со езерото. Во Иран има специфични. И во Африкао поради променливите временски услови и неприлики. Шри Ланка поради монсуните.

Авионска контрола на летот

Контролорите се наш сервис. Во согласност со нив летаме. Тие ги подредуваат висините и брзините на авионите, распоредот. При магла, на пример, нé наведуваат, но наше е дали ќе прифатиме или не, зашто авионот располага со уреди за слетување и полетување при магла. Главно сами слетуваме или полетуваме.

Срцев удар и бремена жена

Имаше патник со срцев удар во авионот. Размислував дали да се атерира на најблискиот аеродром. Доктор се најде во авионот, кој кажа дека не е опасно и не мора да се слета веднаш. Безбедно го презеде брза помош од аеродромот по слетувањето. Во друг случај имаше жена пред породување која исто така ја презедоа лекари на земјата. Има расположени луѓе кои викаат, пеат, се караат. Сум отстранувал и патник, оти не се знае што може да се случи со неговото однесување во воздухот. Горе нема отворање врата. Сум летал на посебни летови со затореници, луѓе со сомнително потекло.

Безбедни пропелери и млазни мотори

-Разликите меѓу авионите со мотори со пропелери и млазните е огромна. Сериозноста при управувањето е иста. Одговорноста е огромна, оти се доверени животите на 170 луѓе. Безбедноста и на авионите со пропелери е иста. Летаат на помали височини со помали брзини, малку се понекомотни поради буката и вибрациите. Во военото воздухопловство е друга приказната. Таму сте сами, се чувствува адреналинот на летањето. Кај авионите нема стара или млад. Имаат циклуси и години на употреба. Ако се задоволи еден од овие критериуми, оди во пустина и таму завршува. Се сече иако може да лета. Но, му заваршува ,,животниот век,, бидејќи му поминал ,,рокот на трајност,,. Се лета на околу 11 илјади метри, од кои првиот саат трошат околу 4 тони керозин, а после паѓа потрошувачката. Колку лета пониско, толку потрошувачката е поголема и обратно.

Извор: “НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ”

(Видео) Го немамвме видено уште во оваа улога: Рускиот претседател одигра предновогодишен хокеј натпревар

Рускиот претседател Владимир Путин го имаме видено во многу улоги, како џудист, пејач, како си погрува со диви животни, но во ова издание навистина го импресионираше светот.

Имено, тој зеде учество во предновогодишниот хокеј натпревар кој се одржа на Црвениот плоштад во Москва. Мечот е дел од “Ноќната аматерска хокеј лига”, која беше основана токму од Путин во 2011 година.

Македонците се иселуваат? Ѓорчев на Фејсбук: “Завчера редици пред германска амбасада

(Фејсбук објава на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев)

“Дојде живот, нели?

Редици пред амбасадата на Германија ЗАВЧЕРА.

Оставка! Споделете понатаму”.

Еве што го очекува секој хороскопски знак на новогодишната ноќ

Новата година се ближи и повеќето од нас веќе имаат некаков план, но да видиме што предвидува хороскопот за новогодишната ноќ…

Овен
Најдобро би било Новата година да ја дочекате на некое јавно место во вашата блиска околина. Доколку планирате новогодишната прослава да ја поминете во странство или на некое кратко патување, можеби и нема да си поминете како што очекувате. Женските припадници на овој знак лесно можат да запознаат некоја нова личност, која ќе ги заинтригира со својата ноншалантност и харизматична појава. Машките Овни потешко ќе комуницираат со спротивниот пол, па во тој случај се препорачува да ја поминете ноќта со личности кои добро ги познавате. Во текот на денот можно е да следи мал пад на енергијата, па не е препорачливо да претерувате со алкохолот.

Бик
Ќе бидете многу весели и оптимистични, полни со еуфорија и со самото тоа ќе бидете спремни новогодишната ноќ да ја поминете во некој ноќен клуб, на некоја луда журка, а можно е во текот на вечерта да посетите и повеќе локали. Некои Бикови ќе размислуваат за коцкање и новогодишна лотарија, а добивките се секако можни! Полни сте со позитивна енергија која лесно ја пренесувате на другите и сакате добра забава, па кој и да се најде во вашето друштво може да очекува извонредна вечер! Ако планирате да бидете со вашите сакани, ќе имате возбудливи заеднички моменти и ќе уживате со некој добар пијалак.

Близнаци
Можно е пред самиот дочек на новата година да почувствувате нервоза. Ќе ги собирате впечатоците од сите случувања од претходната година и ќе си создадете голем притисок врз самите себе за да направите некаква промена. Наместо да ги пресметувате идните трошоци во својата глава, обидете се да се опуштите и да уживате заедно со личностите кои ви се драги. Можеби нема да бидете расположени за големо друштво или за излегување, но затоа можете да уживате во семејната атмосфера или на некоја домашна журка на која ќе присуствуваат вашите долгогодишни пријатели. Запомнете дека не е сѐ во парите и дека треба да допуштите духот на празничното расположение да ве допре и вас.

Рак
Доколку сте презеле одговорност да се занимавате со организацијата на дочекот на Новата година, независно дали се работи за приватен или професионален план, можете да очекувате многу успешен проект! Ќе бидете доволно посветени на организацијата на настанот и ќе сакате лично да се уверите дека сè е под контрола и совршено организирано, за во клучните моменти да има доволно храна, пијалаци и музика. Пред крајот на вечерта и вие ќе направите одмор и ќе уживате во можноста за нови познанства и ширење контакти. Верувале или не, во текот на најлудата ноќ ќе стекнете ново познанство кое ќе биде значајно за вашата работа!

Лав
Можно е да бидете зафатени и оптоварени со работата пред самиот дочек на Новата година. Иако не сте работохолик, токму сега можно е да бидете потребни на работа и едноставно нема да можете да добиете слободен ден или ноќ. Доколку успеете да се извлечете од стресот кој со себе го носат работните обврски, можете да очекувате добра забава во некое културно опкружување, во ресторан на високо ниво или на некој настан со мал број избрани гости – да не речеме елитата. Ноќта ќе биде угодна и пријатна, ќе успеете да се опуштите и да уживате, но нема да претерувате со алкохолот, бидејќи нема да сакате да го расипите впечатокот кој го оставате врз таквото важно опкружување.

Девица
Можно е токму за дочекот на Новата година да бидете најинтересни! Со оглед на тоа дека Месечината е во вашиот знак, ќе бидете под силно влијание на емоциите и ќе биете преплавени со големи желби, надевања и чувства. Грижата за семејството ви е на прво место, па можно е новогодишната вечер да ја поминете со некој член на вашето семејство. Доколку сте во брак, тогаш со партнерот ќе изберете некое место кое инаку сакате да го посетувате за заедничките прослави. Во доцните часови ќе станете неумерени како во храната, така и во пиењето, но не би требало да има поголеми проблеми, бидејќи добро го поднесувате алкохолот. Само, немојте да возите во ваква состојба – земете такси!

Вага
Долго се спремавте за новогодишната ноќ и сакате да го оставите најдобриот можен впечаток врз опкружувањето во кое планирате да се најдете. Јасно е дека до израз ќе дојдат сите ваши атрибути, па и вашите заводнички способности. Ќе ја заведете личноста која ви се допаѓа, иако можеби таа е веќе долго време во врска. Ќе имате шанса и за една дополнителна авантура. Вечерта, кај вас сѐ ќе се сведува на страст и љубов. Мали се шансите да останете во контакт со личноста со која ќе ја поминете ноќта, но барем ќе имате едно многу занимливо искуство и сеќавање кое долго ќе остане со вас и кое секогаш ќе ве натера да се насмеете.

Шкорпија
Вие сте полни со енергија и сакате добра забава! Дочекот на Новата година ќе го поминете опкружени со голем број познаници и пријатели. Ќе бидете во центарот на вниманието додека држите некој говор или здравица и ќе покажете некои од вашите таленти. Ќе уживате во можноста да стекнете нови познанства и максимално ќе се опуштите. Вие знаете дека ова не е вечер во која треба да бидете оптоварени со проблеми, туку опуштени со насмевка и ентузијазам, и токму така ќе сакате да ја испратите старата и да ја дочекате новата година!

Стрелец
Венера е во вашиот знак, па со самото тоа вие сте полни со позитивна енергија, зрачите со посебен шарм и сакате да истакнувате некои од вашите физички адути. Женските Стрелци ќе ги привлекуваат погледите на многу мажи каде и да се појават и едноставно ќе зрачат со својот изглед кој ќе ги двои од сите – во позитивна смисла. Машките припадници на овој на знак вечерва ќе бидат омилени во женското друштво, па ако ја искористите вашата смисла за хумор – ќе ја освоите и онаа која ви се допаѓа, но и нејзината другарка, сосетка и сестра… Небото е граница за вас, максимално сте опуштени и одлично расположени, едноставно плените, свесни сте за тоа и ја користите позитивната ситуација!

Јарец
Доколку сте планирале да одите на патување или дочекот на Новата година да го поминете со саканата личност во странство – можете да очекувате повеќе од одлична ситуација. Забавата е за вас загарантирана. Сакате да уживате, но трезни. Не сакате да изгубите ниту еден драгоцен момент бидејќи ви е важно да ги запомнете моментите кои се случуваат во моментот. Не ви одговара опкружувањето кое е премногу исфорсирано и сакате да бидете во друштво кое е максимално опуштено, природно и со кое можете да бидете целосно свои.

Водолија
Вие одлично ќе се вклопите во заедничко друштво со Бик. Можете да очекувате одлична забава во некој ноќен клуб, на журка или концерт, опкружени со голем број позитивно наелектризирани луѓе. Како и секогаш, бунтовни, оригинални и свои, и за оваа ноќ подготвивте посебен изглед со кој ќе сакате да привлечете внимание. Не ви се толку важни храната и пијалаците, колку што ви се важни добрите луѓе околу вас и сакате да бидете во атмосфера со музика која е баш по ваш вкус. Некој би рекол дека сте пребирливи, но вие само го барате она што ви одговара и не се задоволувате со помалку од тоа!

Риби
Доколку сте во подолга врска, а имате сериозни планови за иднината со таа личност, ова е идеален момент за веридба, односно предлог за заеднички живот или брак! Која идеја и да ѝ ја предложите на саканата личност, ќе биде позитивно прифатена! Препорачливо е новогодишната ноќ да ја дочекате во пар со некого, бидејќи само на тој начин ќе се чувствувате комплетни и исполнети. Многу сте романтично расположени, па во некои часови ќе посакате заедно со саканата личност да побегнете од гужвата во некоја поубава, поинтимна атмосфера во која ќе уживате до утринските часови.

Прилепчани кои ја одбележаа 2018 година: Кирил Тодороски oд Прилеп прогласен за Студент на годината во Русија

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Прилепчанецот Кирил Тодороски (22) е студент на Академијата за ветеринарна медицина во Русија (Казан), веќе трета година. Тој во април месец оваа година беше прогласен за „Студент на годината“ за (2017), во конкуренција од 786 кандидати.

Во моментов е ангажиран во две организации: Лигата на студенти и Асоцијацијата на странски студенти во Казан. Работата со студентите, помошта што им ја дава организацијата на републички и федерални проекти, како што вели целосно го исполнува.

„Основно образование завршив во ОУ’Кочо Рацин’, а поради големата љубов кон животните моето образование го продолжив во СОУ’Орде Чопела’ на профилот- ветеринарен техничар. Бев одличен и наградуван ученик.

Отсекогаш мечтаев за поинаков живот. Едноставно сакав да го променам местото на живеење. Како? Кога? Каде? Не знаев! Минуваа и последните месеци од средното образование.

Секојдневно размислував за тоа, како да излезам надвор од Македонија и каде да го продолжам моето образование. Почнав да истражувам на интернет. Барав стипендии. Таму беше и конкурсот за доделување на стипендии од страна на Владата на Руската Федерација.

Никогаш не помислив дека моето образование можам да го продолжам во Русија. Ги подготвив потребните документи и аплицирав. Бидејќи ги исполнував сите услови, бев сигурен дека ќе ја добијам стипендијата“, раскажува Кирил.

Признанието „Студент на годината“ (2017) добиено во конкуренција од 786 кандидати вели дека му е голем поттик за во иднина.

„Портфолиото го оценуваат истакнати личности од областа во која се натпреварувавме. Во мојата номинација имаше 10 полуфиналисти. Потребно беше да се направи презентација за себе, да се покаже со што се занимавам, на какви натпревари сум победил, форуми, семинари и слично.

Жирито беше пријатно изненадено од мојата презентација. На 5 февруари годинава беа прикажани сите наши достигнувања и беа наградени најдобрите во цела република.

Еден од нив бев и јас. Станав најдобар странски студент на годината за 2017 во Република Татарстан. Оваа награда е моето најголемо достигнување“, вели Тодороски.

Тој веќе четврта година ја претставува Македонија пред руската и странската публика, а многумина од нив се запознале со нашата култура и традиција.

Во Република Татарстан студираат околу 10.000 странски студенти, од кои 8.000 се во гавниот град. Оваа година Тодороски ќе учествува на федералниот конкурс за „Студент на годината“ за 2018 год.

www.prilep.gov.mk

Видео кое задолжително треба да го погледнат сите возачи во пресрет на утрешната Новогодишна ноќ: “Уште една чашка е уште една лоша одлука!”

“Уште една чашка е уште една лоша одлука! Не пиј додека возиш!”

Видео кое треба да го погледнете повеќе пати пред утрешната Новогодишна ноќ и празниците кои доаѓаат во деновите потоа.

Прилепчанецот кој стана симбол за борба и пример за верба во животот: “Со силна верба станав од инвалидската количка”

Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.

Доказ дека чудата се случуваат во животот и дека силната верба и волја можат да ја променат состојбата во која би се нашле, е токму прилепчанецот Бојан Чунде.

Бојан е роден со “Хемофилија Б” – генетски наследна состојба. Животот му го задал првиот удар уште од раѓање, а вториот удар го добил кога имал 20 години и доживеал повреда, при што останал во инвалидска количка.

Никој од лекарите не му гарантирал дека одново ќе може да функционира како порано, но цврстата убеденост дека ќе успее му овозможила денес да живее нормален живот.

Бојан во Прилеп е препознатлив по својот одличен вкус за мода и секогаш ги следи најновите модни трендови.

Тој во емисијата “Урбан таг” на Телевизија “ТВ21” во јануари оваа година ја раскажа својата приказна и сите згоди и незгоди кои ги доживеал во животот.

(Фото) Никој не знае што се крие тука: Овој камен премин со векови ја криел тајната на градот

Сик е арапски збор за окно, па не чуди што токму ова име го има преминот до древниот град Петра кој се наоѓа во Јордан, а кој на европјаните им е познат од 19 век.

Преминот е долг околу 1.2 километри, а неговата ширина на некои места достигнува и два метри. Ѕдовите се издигнуваат на висина од 91 до 182 метри.

Сик е користен како влез во градот, поточно за доаѓање пред славната ризница Ал Казнех.

Ризницата е всушност гроб на набатејскиот крал Артеас III кој покасно е претворен во храм.