дома блог страница 3250

“Започнал конгресот на ВМРО во Солун”

“На денешен ден во 1903 г. во Солун почнал конгресот на ВМРО, на кој е решено да се дигне востание во Македонија”

Koлумна на Маја Славева за “Денешен.мк”: Блесава и налудничава Македонијо, Среќна Нова Година!

Не се чудете за насловот, па самиот премиер така не’ нарекува. Да не се правиме блесави и налудничави, влеговме во новата година. Лизгачки, со една голема опашка од државни проблеми позади нас, па што даде Господ тоа.

Како се чувствувате Македонци? Чувствувате ли нешто? Или од толку пропаганда оваа година ја достигнаа целта која им беше зацртана, да не’ замолкнат, потиштат, условно кажано и умрат одвнатре за веќе да престанеме да зборуваме за болката и да ја потиснуваме.

Дали знаете дека ниедна македонска владејачка гарнитура олку го нема навредувано македонскиот народ, а величано сите останати народи?

Ниедна власт, партија, коалиција, лидер, министри го немаат толку отупено македонскиот народ! Отупено до граница да не чувствува. Апатичен и тажен. Чиста депресивна македонска реалност.

Од лични навреди на говорница кон пратеници, лажни ветувања, Тиранска платформа, менување име, менување Устав, премолчување на содржината на Преспанскиот договор, го нарекуваа македонскиот народ искомплексиран, не го испочитуваа референдумот, ни’ се случуваа убиства на секој чекор, ни’ покачуваа даноци без ниедни капитални инвестиции, се прислушуваа обвинители!

Ја напуштија дијаспората, се откажаа од Македонците надвор од Македонија! Од децата на војните, од сираците, од заборавените Македончиња кои никогаш не ја заборавија Македонија.

Судските процеси личат на сценарио од Игра на троновите, тркајќи се кој ќе биде најинспиративен во тие политички прогони на политичките неистомисленици.

Градоначалници навредуваат советници на седници на Совет. Нема дебата повеќе, не постои. Или ќе мислиме како нив, или ќе се соочиме со последиците од навреди, казни, затвори.

На онаа пратеничкана која рече дека сиромашните нема да бидат погодени од цената на дизелот оти немале автомобили, која зема 11.376 евра за патни трошоци, би и’ препорачала да проба да вози велосипед. Со најдобри желби за здравје.

Синот нејзин не’ навреди, рече дека по улиците на Скопје има „хибернирани кретени“ и народот кој излегува на протест е „излеана фекална канализација“. Можно е дечкото да има аспирации да работи во Водовод и канализација. Не му се мешаме во желбите, којзнае Фројд што би рекол на тоа скриено значење во неговите изјави, така баш некултурно, ама со сласт.

Навреди кон спортисти нарекувајќи ги ментално нестабилни, со навреди кон нивната игра на терен, од човек кој е советник за мултикултура на премиерот. МУЛТИКУЛТУРА! Оксиморон, Македонци. Мултикултурец изразува погана некултура.

Е, со ваква власт влеговме во 2019-тава. И уште има, ова е малку, но е сублимат за потсетување.

За следниот пат памет у глава, народе мој настрадан. За наредни избори, одберете го искуството, а не празните ветувања од Утопија.

Среќна Нова Година, убав мој Македонски народе! Ако се држиме заедно, никој ништо не ни може годинава!

Извор: “www.denesen.mk”

Maкедонец рекордер! На автопатот кај Нова Градишка летал со 254км/час

Македонец рекордер на автопатот А3 кај Нова Градишка во Хрватска.

Во вторникот околу 12:45 часот Македонец кој управувал автомобил со германски регистарски ознаки, возел со рекордни 254 километри на час.

Полицијата успеала да го застане, а притоа му изрекле парична казна и забрана за управување со возило во траење од еден месец, пренесува “N1” телевизија.

Oграничувањето на овој автопат е 130 км/час.

Прилепските точакџии традиционално искачија до планинскиот превој Слива и славеа Нова година (Фото галерија)

Членовите на повеќе прилепски здруженија вљубеници во природата и возењето велосипед, и оваа година, по шести пат возеа до планинскиот превој Слива и ја прославија Новата година.

На просторот каде е направен убав летниковец, точакџиите од здуженијата: Рокенрол и добра чашка, Вело Че, Маркови Точакџии, ФАК, Прилеп на Точак, Мамути, ТиМап, Скај Рајдерс…. си поставија вкусна трпеза и уживаа во чистиот воздух и недопрената мариовска околина.

Навистина една традиција која заслужува секаква пофалба и е вредна за почит.

И после Марота – “Марота”: Jувентус продолжува да носи играчи за без пари

Иако Џузепе Марота (спортскиот директор кој донесе повеќе звучни имиња без обештетување) го напушти Јувентус и премина во Интер, “старата дама” продолжува со политиката на доведување играчи без обештетување.

Како што пренесува англискиот “Тајмс”, актуелниот шампион на Италија ги договорил условите за соработка со Арон Ремзи од Арсенал, па тој од лето ќе стане член на Јувентус.

Тој одбил да го продолжи договорот со “топџиите” и ќе се пресели во Торино, каде ќе заработува по 6,8 милиони евра годишно.

Договорот е потпишан на пет години. Што значи дека Јуве за неговите плати ќе издвои 34 милиони евра, под услов тој да го одработи целиот договор со “бјанконерите”.

За неговите услуги биле заинтересирани и Баерн Минхен, Манчестер Сити, Реал Мадрид и ПСЖ, но Велшанецот одлучил да ја прифати понудата од Јувентус.

Денес нема леKови на рецепта, Владата и ФЗОМ ги оставија граѓаните без леKови

Одлуката што ја донесе владата непосредно пред Нова година администрацијата да не работи им создаде главоболки на многумина. Најмногу ги почувствуваа граѓаните со хронични болести на кои им е потребна терапија – пишува “Курир”.

Доколку влезете во аптека денес, аптекарот нема да може да ви ја реализира рецептата со образоложение дека Фондот за здравствено осигурување не работи и не функционира системот.

-Бев во аптека да си ја земам терапијата, а морам бидејќи некои лекови во кутиче имаат 28 таблети значи не го покриваат ниту цел месец. Матичната не може да ми препише две кутии зошто вели ќе и следи казна од Фондот. Но сега велат Фондот не работи не функционира системот бидејќи е почеток на годината и треба ажурирање, вели граѓанин кој го затекнавме како излегува од аптека.

Во аптеката пак велат дека може да дадат лек кој оди приватно или да си го купат, но не и преку Фонд.

Оттаму објаснуваат дека на почеток на годината се прави ажирурање, но дека тоа не е можно зошто денес Фондот не работи и системот ги отфрла рецептите како неважечки иако важат цел месец.

И одлуката за распределба на квотите за лекови по аптеките велат упатените не менува многу. Или според измените на некои аптеки им се намалени средствата за лекови од квота преку Фонд, а на некои се зголемени.

-Нема ново тука. На нас на пример квотата ни ја зголемија за три илјади денари. Што ќе направиме со тоа? На граѓаните ако им требаат некои поскапи лекови кои чинат околу три или четири илјади денари што можеме ние со тоа да набавиме една кутија плус?, прашуваат зачудено во една аптека.

Извор: “Курир”

Поради сообраќајка, во целосен прекин сообраќајот на патот Градко-Прилеп

Сообраќајот на патот Градско-Прилеп е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа.

-Oд 11,30 часот сообраќајот на Регионалниот пат„ Градско -Прилеп’“ кај м.в. Камен дол е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот се пренасочува по земјен пат, информираат од АМСМ.

Подгответе се! Од денеска пристигнува нов циклон, ќе биде студено и ќе врне снег

Под влијание на студен и влажен бран утре попладне, во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои пообилни ќе бидат во западните и јужните делови од земјава.

Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см, а најмала во североисточните делови (околу 5 см).

Поради засилениот северен ветер можна е појава на снежни наноси.

Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег.

Најсончево ќе биде во сабота. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Детокс на вашиот организам во неколку чекори: Загубете го добиениот вишок килограми од празниците

Новогодишните прослави со себе носат многу храна и алкохол. Иако после првиот залак мислеше дека имаш контрола над својата диета, виртуозноста на кулинарите те изгуби во бран од задоволство. Ако следниот ден се разбуди со чувство на надуеност, отеченост и гадење, не е крај на свет. Искористи ги овие совети за детоксицаја и врати го телото во нормална благосостојба.

Број 1 наутро – топла вода со лимон

Зошто?

Започнувајќи го денот со овој напиток правиш ревитализација и алкализација на телото, активација на метаболизмот но најбитно од ‘се е намаленото чувство на глад во тек на цел ден.
*консумација на една чаша топол зелен чај пред и после оброк го зајакнува метаболизмот и се грижи за правилна дигестија.

Акцент на растителна храна и свежи оброци

Иако претставува искушение да се јаде растителна храна крај толку многу празнични рецепти со месо, при периодот на детоксикација е битно да се консумираат намирници од раститлно потекло. Обилните оброци со овошје, зеленчук, растителни протеини го негуваат здравиот организам.

Намали го алкохолот!!!

Запомни, алкохолот е извор на калории. Ако 1 грам масти = 9 калории, алкохолот содржи 7 калории. Нашиот мозок не ги прифаќа течните калории на ист начин како цврстите(при консумирање на алкохол се јавува зголемена абсорбција и неконтролиран внес на екстра калории кои подоцна се таложат во масни наслаги).

Крајна белешка: за време на неколкудневна детоксикација исфрли го алкохолот од употреба.

Зголемено конзумирање на вода

Дали сме гладни или само имаме потреба од вода?

Луѓето се повеќе грешат околу оваа базална потреба. Хидратацијата е најбитен фактор за телто да ги извршува основните физиолошки потреби а воедно и да ги исфрли сите токсини. Консумирање на повеќе од 2 литри H2O во ден се смета за правилен начин на детоксиација.
Скрши го кругот

Соновите во кои можеш да изедеш 10 парчиња торта без никакви последици на здравјето остануваат само сонови. Иако зависноста од шеќер се негира во секојдневното општество, бројни испитувања покажуваат слична мозочна активација како при повеќекратно користење алкохол и дрога. Празничните десерти нека останат во минато – замени ги со здрави суви овошки(големи количества фитохемикалии, растителни влакна)

Активирај се!!!

Спортот го забрзува метаболизмот, согорува калории, ги исфрла токсините заробени во масните ткива, го подобрува расположението, придонесува за правилни одлуки.

Пишува: Марина Релушкоска

Авторот на текстот е Дипломиран Нутриционист

Босанци станаа вистински хит во регионот: “Дигни главу Суаде” (Видео)

Бројни портали во регионот, објавија видео-снимка од “несмасниот” скијач Суад, како се обидува да скија по скијачка патека на Бјелашница. Клипот веднаш стана вирален хит по објавувањето, а порталот “Klix.ba” ја носи приказната за двајцата кои стојат зад него.

Тие се Дино Рамчиловиќ и Суад Табаковиќ, кои велат дека видеото е создадено исклучиво за добра шега за публиката на Instagram.

“Дино и јас сме долгогодишни пријатели и веќе долго време се занимаваме со џогирање, риболов, лов, полумаратонци, Имаме љубов понекогаш да се упатиме кон планините, за да се скијаме или санкаме. Пред неколку дена дојдовме до идеја да снимими клип во што ќе одглумиме почетници во скијањето, а Дино да биде учител. Верувале или не, текстот и јазикот на телото во видеото се апсолутно спонтани, клипот е снимен од прв пат, минимум 10 пати го прегледавме за добро да се изнасмееме а потоа го објавивме на Инстаграм “, рекол Суад.