дома блог страница 3249

Во Мексико започнува да се гради највисоката статуа на Исус Христос во светот: Ќе биде двојно повисока од највисоката досега

На почетокот од оваа година во Мексико ќе се започне со изградба на најголемата статуа на Исус Христос во светот.

Скулптурата е наречена Cristo de la Paz и ќе биде висока 77 метри, што значи дека ќе биде речиси двојно повисока од моментално највисоката, онаа во Боливија, која достигнува 40 метри.

Проектот за изработка го замислил и организирал мексиканскиот глумец Едуардо Верастегуи Кордоба. Според неговите зборови, целта на проектот е да се остави наследство за мир во сојузната држава Тамаулипас во која е роден.

Тамаулипас е моментално една од сојузните држави во Мексико со најголем број убиства.

Пример за колегијалност и пријателство! Работници од Босна со свои пари му купиле автомобил на својот колега кој не можел да си дозволи

Работниците од фирмата ТУрија од Бихаќ направиле необичен и вреден гест со тоа што на својот колега Сеад Хоџиќ за новогодишните празници му купиле автомобил ФИАТ Пунто.

Мухамед Селимовиќ, сопственик на оваа компанија, рекол за медиумите во Босна дека идејата дошла спонтано.

“Сеад се вработи пред година дена кај нас и навистина е вредно и златно момче. Пред еден месец положи за возачка, но проблемот е што немаше автомобил и секогаш се мачеше да дојде на работа, затоа што не живее баш блиску”, рекол Селимовиќ.

Сеад потекнувал од повеќечлено семејство со слаба материјална состојба и дека тоа што го заработува е единствено примање на неговото семејство.

“Навистина, автомобилот е половен, но е во многу добра состојба и се надевам дека ќе му служи добро”, рекол Селимовиќ.

“Кога дојдов на работа ме дочека целиот колектив и од почетокот не знаев за што се работи. Морав да одам со затворени очи, а кога ги отворив имаше што да видам. Ова е најубавиот новогодишен подарок што сум го добил”, рекол Сеад.

Тој додал дека ова е уште еден доказ за пријателството и колегијалноста која владее во оваа мала, но успешна приватна компанија.

“Комитите” организираат востание: “Отпор Македонци!!!”, повикаа “Комити” и најавија аудио-востание!

Навивачката група на Вардар заедно со други навивачки групи и граѓани на 7 јануари на Божиќ организираат пасивен отпор против сите неправди против македонскиот народ со “аудиопротест” во кој можат да се вклучат сите граѓани.

Христово Рождение – Божиќ, каде и да си дома да си…

Поучени од пресветото монашко братство и нашата Православна Црква да не дејствуваме никако освен пасивно за време на постите посветени на Христовото рождение – Божиќ, ги прифативме сугестиите и како добри христијани лутината ја чуваме во себеси и бараме начини да ја пронајдеме прошката за оние кои и во наше име се самопрогласија за кумови на нашата мајка…

ОТПОР Македонци !!!

Ова не е повик до Комити, ние сме секако тука, ова е повик до целиот Македонски народ заедно со нас да го повтори својот став изразен на денот на Победата, 30 Септември, денот кога се уверивме дека колективната свест е жива, бајракот на Слободата сеуште гордо се вее, идеата за Македонија е вечна, не умира!

Придружете ни се, бидете заедно со нас и вие Комити и Војводи, макар на момент!
Почувствувајте го адреналинот кој поминува низ нас додека ги пееме нашите песни, додека гордо стоиме на браникот на татковината, додека умираме но не се предаваме !

Почувствувајте го нашиот инает, нашата упорност доследно да ги следиме тврдокорните идеали на нашите предци кои до буква и до запирка сеуште стојат исто напишани, непроменети, не еволуирале затоа што не еволуирала ниту идеата за нашето уништување…
Излези момче право на тераса и поздрави ја Гоцевата раса!

Излезете на тераса со шерпите за ајвар, тенџерињата од лутеницата и малиџаното, со кутлачите, истите оние кои ги употребивте веќе еднаш…почекајте, сеуште имаат употребна вредност, но чувајте ги, ќе вредат уште повеќе, чувајте ги затоа што ќе бидат музејски експонати од ендемски вид, единствени историски примероци каде при целото модерно вооружување достапно и на располагање Македонците својата конечна победа ја извојуваа со тенџериња и кутлачи! Нема поинаков начин, не смее никогаш повеќе Македонец да крене рака на Македонец, Македонски куршум да погоди Македонец, не смее Македонска мајка да плаче затоа што изгубила свое чедо во братоубиствена војна…

Никогаш повеќе!

ЧУКАЈТЕ МАКЕДОНЦИ!!!

Чукајте најсилно што можете, чукајте и почувствувајте го олеснувањето, чукајте и сетете се дека тоа го правите за Македонија, повторувајте си дека кога требало сте направиле нешто, сте направиле и вашиот став да биде слушнат, од дома, од вашата тераса, заедно со вашите најблиски…Чукајте но на момент намалете го интензитетот за да ги чуете вашите истомисленици, вашите браќа и сестри Македонци кои како вас чукаат, и продолжете, не запирајте…

Почувствувајте како целото тело ви се наежува, како стравот преминува во храброст, како солзите доаѓаат, тешко се држат, капат а притоа чувствувате радост, храброст и гордост, се препознавате себеси, и вие сте Комита како и ние, а можеби и уште поголем Македонец, најубаво е чувството на Слободата!

Слушнете ги тие звуци убаво затоа што тие вредат многу повеќе и од најубавата симфонија, помилозвучни се затоа што се творештво на срцето, како поезија, како најорганизираниот оркестар кој спонтано создава уметност…Доколку слушате убаво ќе го препознаете седум-осминскиот такт кој оваа земја го произведува и емитува силно до целиот свет…

Не им ја одземајте радоста и на вашите деца, дајте им и ним тенџере и лажица, и тие нека тропаат, силно, непрекинато, нека низ нивната радост и искреност биде искажана нашата заедничка радост и болка…Ќе знаат еден ден дека и тие се творци на нашата заедничка победа, ќе бидете горди на нив, но и тие на себеси, нека бидат хероите кои ја ослободиле Македонија…

Исплачете се, викајте силно, нека плачот и лелекот бидат чуени од неа, нашата стара лулка, нашата една мајка, која сите нас не родила…Онаа која ‘од Вардар, Пирин, дур до Солуна, име и е МАКЕДОНИЈА’…

Тропајте за да знаеме колку не има, за да знае и таа, наша мајка колку е сакана, нека чуе и нека знае дека само таа ти ни остана, НЕМА ДРУГА МАКЕДОНИЈА !!!

Да го направиме ова заедно, да видиме што можеме доколку сме сплотени и единствени!!!
Христово Рождение – Божиќ, 7 Јануари, ТОЧНО ВО 21:00ч.

Каде и да си, дома да си…ЧУКАЈ За МАКЕДОНИЈА!!!

ОВА Е НАШИОТ РЕФЕРЕНДУМ!!!

#Отпор#НикогашСевернаСекогашМакедонија

Фејсбук статус на фејсбук страната на навивачката група Комити-Скопје

Се обиде да ја бакне девојката пред камерите, па гадно зажали (Видео)

На крајот на старата и почетокот на новата година момчето од оваа снимка се обиде да ја искористи за бакнеж пред камерите со девојката која му се допаѓа, но сега неговиот срам е засекогаш забележан.

Холандската ТВ станица го сними неговиот обид да бакне девојка, а снимката веќе се шири по социјалните мрежи.

„Се надевам дека вам 2019 години ќе ви почне подобро отколку на овој тип“, коментираше еден корисник на Фејсбук.

На многумина не им е јасно зошто толку ја отвори устата кога се обиде да ја бакне.

„Човеку тоа е бакнеж, а не оброк“, му порачаа.

Ова се 7 среќни денови за свадба во 2019 година, според астролошките предвидувања

Проверете што велат астролозите, кои се најсреќните датуми за венчавка во 2019 година.

6ти јануари

Бидејќи Венера, планетата на љубовта, ќе биде во нејзината највисока и најсовршена поставеност на 6ти јануари 2019. Тоа значи дека ќе има најмоќно и најхармонично влијание врз брачниот хороскоп и ќе осигура брак полн со неверојатна љубов!

21ви јануари

Полните месечини носат баланс, хармонија и кулминација на плановите. Ова ги прави многу поволни датуми за свадби, наспроти деновите со Млада месечина, што може да значи ослободување од старите навики и ослободување од минатото. Полната месечина во јануари, традиционално е наречена Полна Волчја Месечина, а ќе се случи на 21-ви јануари. Според астролозите оваа месечина осигурува силна врска и поврзаност меѓу брачните партнери.

21ви март

Оваа полна месечина е исто така наречена Супер-месечина, а се смета дека нејзината среќа и сила ќе се засилат со влијание повеќе од вообичаеното. На 21-ви март 2019, месечината ќе биде најголема и најсјајна, а од астролошка гледна точка е најсреќна за свадбени церемонии.

17ти јуни

Полната месечина во јуни оддамна се смета за моќна и среќна, уште од времето на старите племиња, а позната е како Полна Јагодеста Месечина. Во 2019 година таа ќе се случи на 17ти јуни, што го прави овој датум, според астролозите, совршен за свадба, а на младенците ќе им донесе сладок и плоден брак.

14ти септември

Полната септемвриска месечина е позната како Полна Пченкарна Месечина, или како Месечина на добрата жетва. Ваквата месечина ќе им помогне на младенците да имаат плоден и весел брак. Годинава таа ќе се случи на 14ти септември, и особено е погодна за свадби на оние кои сакаат да имаат бериќетен брак полн со дечиња.

12-ти декември

Декемвриската полна месечина е позната како Полна Ладна Месечина и го означува периодот на долгите ноќи. Астролозите сметаат дека е совршен датум за зимска свадба. Годинава се паѓа на 12-ти декември, а симболиката е долг и спокоен брак.

22ри декември

22 декември е првиот ден од зимата на северната хемисфера и, и покрај студеното време, укажува на фаза на смиреност и разбирање. И покрај долгите темни ноќи, свадбите што се одржуваат на овој ден се посебен симбол на вечната светлина на љубовта која секогаш е присутна, дури и во мракот.

Некогашниот рекордер во крводарителство од Прилеп раскажува што правеле некогаш децата пред Божиќ, традиција која денеска веќе ја нема

Прославата на Христовото раѓање пред шест децении.

Традиција беше децата да ловат врапчиња кои им се сервираа на првиот ден од Божиќ.

Долга традиција е славењето на Божиќ. Во комунистичкиот режим малку замрело одбележувањето на Христовото раѓање, но адетите се одржувале со бадникови гранки посна трпеза пред Божик и ручек од печена кокошка за Денот во свечена семејна атмосфера, покрај неофицијалното ембарго на власта.

Пензионерот Методија Николоски – Мучакот е на возраст од 74 години. Некогашниот рекордер во крводарителство јасно се сеќава дека пред шеесетина години на божиќната софра мајка му им поставувала варени врапчиња што децата сами ги ловеле на капан. Жали што младите генерации не ги одржуваат обичаите на предците.

-Ловењето беше детски ритуал. Родителите нé не спречуваа. Пред Божиќ, децата се организиравме да ловиме врапчиња. На снегот фрлавме трошки од леб, а над нив корито или сито потпрено со стапче, кое беше врзано со долг конец. Кога врапчето ќе дојдеше по лебот, го тргавме конецот оддалеку и врапчето остануваше заробено под коритото. Потоа ги кубевме со врела вода, а мајка ми ќе ги свари и ќе ги стави во сало да ги послужи на богатата трпеза на првиот ден на Божиќ – вели Николоски.

Тој додава дека Божиќ бил семеен празник кога се собирале сите членови од семејството.

-Татко ми беше арабаџија. Со коњот и колата нé одгледа и изучи шест деца. Не оставеше да не донесе кокошка или петел да се испече за Божик.

Атмосферата на славје се збогатуваше со аранжмани на дабови исушени гранки со ливчиња на влезната врата и на трпезата.

Покрај богатото разновидно јадење, мајка ми ни послужуваше врапчињата колку да пробаме нешто што сами сме го ,,спечалиле,, – памети Николоски.

Пензионерот жали по тие добри времиња следени со сета сиромаштија, зашто меѓу луѓето не владееле омраза, завист или зло. Ги красела скромност. Сите биле задоволни со малку. И благопријатно расположени со тоа што им го дал Господ. Секој ја бркал работата, главно околу пеглањето на тутунот.

-Сега луѓето се исчуручија. Се запалија по богатства и не гледаат ни семејна топлина, ни здравје, ниту роднини или пријатели. Интересите им се светост, дури и пред семејството. Сé прават, само да дојдат до пари. Не се вртат на прилепскиот намус, газат на сопствената чест и достоинство и цапаат на пријателства создавани со години. Дојде некое друго време во кое не можеме да се соземеме, туку само се вџашуваме и се чудиме. Не се почитува ниту ниту вера, ни црква… Без исав се граба туѓо, иако, додуша на малкумина, им се претура. На прсти се бројат оние кои даруваат од милосрдие. Тек-тук, понегде се негуваат традиционалните вредности. Некои кинисале само по црквите, небаре ќе се исперат од гревовите. Верата бара чисти луѓе кои си помагаат. Некогаш се делеше од сопствената уста да им се даде на сиромашите кои сол немаат да си фрлат. Се одеше на припомош на калапење тутун зиме. Сега луѓето како да си копаат гроб еден на друг. Ја превртеа поговорката. Велат – ,,да умри комшијата, да му ја земам козата,, – вели Николоски.

Како и да е, хуманиот човек што речиси стопати ја подал раката да дарува крв и за што добил многу признанија, е среќен што барем малку останало од градскиот намус, што се вели, колку за мерудија и семе да се фрли за дел од идните генерации.

Тој верува дека моралните вредности ќе извојуваат победа над алчноста, аздисаноста и безграничната амбициозност.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Прилепчани за новогодишната ноќ останаа дома: На плоштад едвај неколку стотина граѓани (Фото)

ФОТО: www.prilep.gov.mk

Рекордно ниска посетеност на новогодишната прослава која ја организираше Општина Прилеп на градскиот плоштад “Методија Андонов-Ченто”.

Плоштадот каде некогаш се собираа повеќе илјади граѓани, ноќта на 31 декември имаше едвај неколку стотини луѓе.

На плоштадот присутни беа пратениците од СДСМ во Собранието, Хари Локвенец и Кети Смилеска, а се обрати и градоначалникот Илија Јованоски.

Иако температурите беа идеални, прилепчани не се решија да прославуваат во центарот на градот.

Многу мал дел од локалите и рестораните во градот организираа новогодишни прослави, но и покрај тоа граѓаните не се решија плоштадот да биде нивни новогодишен подиум.

ФОТО: www.prilep.gov.mk

Еве како изгледаа прославите на градскиот плоштад низ годините:

Амди Бајрам: Кој е на влAст јас сум со вас (Видео)

Пратеникот Амди Бајрам кој беше во владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ја напушти откако се смени власта, за “Пресинг ТВ” во Новата година посака успех и ги повика политичарите да гласаат за уставните измени и заедно да влеземе во НАТО и ЕУ.

– Јас сум кај што сум. Јас кога го давам зборот, останувам таму. Значи кој е власт, увек сум со вас – рече Амди Бајрам одговарајќи на прашањето дали може да се очекува нова промена на дресот.

Прекрасно! Каролина, Тијана, Јелена, Васил и Вера ја пеат “Во коси да ти спијам” од Тоше Проески (Видео)

Актерите Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ и Васил Зафирчев имаа музичко засилување за новогодишната епизода на „Преспав“. На актерското трио му се придружија Каролина Гочева и Вера Милошевска од „Љубојна“ и сите заедно ја изведоа „Во коси да ти спијам“ од непреболениот Тоше Проески.

Погледнете го видеото кое Каролина го објави на Facebook:

“Битно за прилепските пазарџии”

На зелените пазари од денеска не смее да се продава ништо што нема прехранбена намена. Значи, облека, обувки, текстил и сите непрехранбени производи.

Исто така, оние кои продаваат зад тезгите мора да имаат лиценца, а неа не може да ја добијат вработени и пензионери.

Оваа нова законска регулатива беше донесена пред шест месеци и стапи на сила од првиот ден на 2019 година, а колку таа ќе се применува ќе видиме од резултатите на инспекциите, каде пазарните инспектори ќе бараат лиценци за работа.

За продавање без лиценца, немање документи за потекло на производот, предвидени се глоби од 150 до 2.000 евра.