дома блог страница 3248

“Амбасадите известени за постапките на прилепската обвинителка против НВО!?”

Деновиве како гром од ведро небо проструи информацијата дека прилепското ОЈО поднело обвинителен предлог за НВО. Ова е преседан и во македонската, но и во европската пракса. Слободата на здржување во форма на здружение на граѓани и нивните активности се европска светост и тренд, кој сеуште се актуелен и интересен за граѓаните. Овој потег не остана незабележан и кај институциите што ја поттикнуваат активноста на НВО во Република Македонија, но и пошироко.

Наводно, деновиве со ова биле запознати РЈО, Републичкиот Омбудсман, претставниците на буквално сите амбасади во РМ, OBSCE, ODHR, ЗНМ, многу европратеници и сите други релевантни фактори.

Нападнати се две фундаментални човекови права – слобода на изразување и слобода на здружување (Член 10 и 11 од ЕКЧП).

Наместо да се промовораат европските вредности тие се напаѓаат, што е своевиден преседан во поновата македонска историја.

Може само да се претпоставува како сево ова ќе влијае на ранкингот на Р. Македонија во извештајот на Репортери без граници за слободата на медиумите. Од друга страна во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава се нотираше дека граѓанското општество продолжува да игра конструктивна улога во поддржувањето на демократските процеси и обезбедувањето поголеми проверки и рамнотежи. Како и дека климата во која работат организациите на граѓанското општество е подобрена.

Имајќи го ова во предвид, може да се очекува дека ваквите случувања ќе влијаат негативно на имиџот на земјава во делот на слободите на изразување и здружување, во делот од подглавјето посветено на невладиниот сектор и медиумите во Извештајот за напредокот на Р.М., имајќи предвид дека сме под постојан мониторинг од Европските тела и меѓународните институции.

Оваа ситуација е само еден ден пред “опомената” на Американскиот Амбасадор дека судиите и обвинителите треба да постапуваат според законот, а не партиските притисоци да бидат изговор за некакаква си амбасадорска насока?!

“Кој забранува да се сликаат кучињата вдомени во ЈКП “Комуналец”??”

Пишува: Теодора Петреска

Последните неколку денови, кружи веста дека во Прилеп има ново прифтилиште за животни, за нивни хуман третман.

Под самиот збор прифатилиште за хуман третман на животните, се подразбира да ги исполнува сите услови каде животните би биле добро третирани, хранети, би биле под ветеринарна контрола, вакцинација, прочистување, кастрација/ стерилизација, а потоа да бидат достапни за вдомување.

Но, тоа “прифатилиште” е истата таа шинтерница, стационирана кај терминалот на Јавнотото претријатие “Комуналец”, со истиот принцип на работа како и до сега, кој веќе ни е добро познат.

Во шинтерницата постојат кафези кои се изложени на надворешни услови, храната им претставува проблем, каде во разговор со еден од вработените, се изјасни дека Јавното претпријатие “Комуналец”, доволно било само што ги заловува кучињата, и не можат да им овозможат и храна, ветеринарното лице скоро и да има страв од кучиња, а уште потешко да определи дијагноза, па и понатамошно лекување.

Во шинтерницата е забрането сликање, снимање, со што тоа го отежнува нивното вдомување. Во досегашната работа на шинтерската служба, скоро и ретко некое куче да е живо излезено од неа.

Дали воопшто до сега едно куче е стерилизирано/кастрирано и вратено на местото од каде што е заловено?

Според правилна работа на едно прифатилиште, доколку се залови куче треба да има храна, вода, да биде проверено од ветеринарно лице, да биде кастрирано/стерилизирано и доколку по активно објавување и достапност во самата шинтерница за негово вдомување, кучето не е вдомено, да се врати на истото место од каде што е заловено, со маркица, со цел да се води контрола за нивна стерилизација/кастрација, но за жал, далеку сме од сите овие услови, па и се шират лажни вести, во кои луѓето веруваат.

Градоначалникот на Вевчани доби лопата за Нова година: Граѓаните со подарок го потикнуваат да се фати за работа

УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани новогодишно го изненади градоначалникот на општината Сашо Јанковски. Имено претставници на УМС лично му врачија на градоначалникот поклон за Нова Година. Се работи за нова лопата која треба да го потикне градоначалникот да реализира нови проекти за општото добро на граѓаните.

-По повод новогодишните и божиќните празници УМС Вевчани му ја честита новата година на Градоначалникот на О. Вевчани и водену му врачи поклон – Лопата, со цел поттик во реализација на нови проекти за доброто на жителите на О. Вевчани. Среќни празници! УМС ВЕВЧАНМИ ЗА ВЕВЧАНИ И ВЕВЧАНЦИ!

(Видео) Кинезите слетаа на темната страна на Месечината: Голем чекор за човештвото

Кинескиот модул “Чанг4” за проучување на темната страна на Месчината, успешно слета. Ова е првото успешно слетување на темната страна на природниот сателит на Земјата, соопшти Централната кинеска телевизија.

“На 3 јануари во 10 часот и 26 минути по кинеско време (3часот и 26 минути по средноевропско време) вселенскиот брод “Чанг 4″ успешно слета на темната страна на Месечината”, сооптија медиумите.

Убава вест за тие што сакаат да работат во Германија – и без виза ќе може да се бара работа 6 месеци

Почнувајќи од оваа година, странските квалификувани работници полесно ќе можат да се вработуваат во Германија, бидејќи ќе добијат право без работна виза шест месеци да престојуваат во земја. Во тој период нема да може да добиваат социјална помош и ќе треба да најдат работа за да може визата да ја продолжат. За да биде дозволен престојот без работна виза работникот треба да докаже дека има доволно пари самостојно да се издржува како и да покаже одредено ниво на познавање н германскиот јазик.

Досега, на работа во Германија можеше да се замине ако претходно се обезбедеше писмо- договор за вработување од тамошен работодавач и посебна потврда од нашата Агенција за вработување или, пак на полесен начин, со бугарски пасош.

Со новиот закон, изразот „квалификуван работник“ ќе се користи и за работници со висока стручна спрема и за работници со ниски стручни квалификации. Германија има намера на овој начин да ангажира вработени во стратешките сектори како информатиката, информатичката технологија, како и луѓе за работа во кујни и за нега на постари лица.

Законските измени предвидуваат дека во одредени околности работникот може да ја докаже стручната спрема стекната во земјата од каде доаѓа по доаѓањето во Германија, што значи дека квалификувани странци може да влезат во земјата, може дури и да почнат да работат, додека трае постапката за признавање на нивни дипломи и квалификации.

Прилеп како од снежна бајка: Центарот на градот во бело руво (Фото)

Врнежите од снег кои во минатото деноноќие ја зафатија Македонија не го одминаа и Прилеп. Снегот продолжува да паѓа и денеска, а градот изгледа како од снежна бајка.

Видео: “Нино Величковски им пеел на 7 прилепчани за Нова година??”

“Луда и незаборавна” била прославата за Нова година на градскиот плоштад “Методија Андонов-Ченто” во Прилеп.

На Фејсбук се појави видео од настапот на Нино Величковски кај 22:00 часот.

Од видеото се гледа дека дури ниту организаторите не биле присутни во тој период.

Спасете некого од мозочен удар: Потребно е да го направите само ова!

Кинеските експерти тврдат дека овој метод е 100% ефикасен и навистина може да ви помогне да спасите некого од мозочен удаp

Ова е неверојатен и неконвенционален начин да се спаcи нечиј живот, па вреди да се сподели.

Кога човек ќе добие мозочен удаp, неговиот мозок не добива доволно кислород што доведува до изумиpање на мозочните клетки. За оваа состојба потребна е итна мед ицинска помош! Еве неколку совети како да спасите некого од мозочен удар.

Најважно е да не ја поместувате личноста што има мозочен уд ар. Најдобро е да користите медицинска игла, но ако немате таква во моментот, обичната игла ќе помогне. Ако користите обична игла, задолжително стерилизирајте ја (држете ја иглата над оган или свеќа) пред да ја употребите. Кога иглата ќе биде стерилизирана, боцнете ги сите 10 прсти под ноктите. Ако нема крв, затегнете ја кожата и притиснете појако за да почне да тече крв. Откако ќе ги избоцкате сите 10 прсти и ќе почне крвав ењето, ќе забележите дека пациентот се враќа во нормала.

Прилепчанец со автомобил удри двајца постари сограѓани

На 02.01.2019 година околу 19:30 часот на крстосница од улица „Борис Кидрич“ и улица „Крушевска“ во Прилеп, З.М.(54) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „Tојота авенсис“ со бугарски национални ознаки удрил во пешаците Д.К.(75) и С.К.(72) двајцата од Прилеп.

Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што пренесена е во општа болница Прилеп.

Извршен е увид на местото на настанот.

Колку плаќаат децатa за да излезат на терен фатени за раче

Бесчувствителноста на модерниот фудбал низ примери од некои англиски клубови кои бараат пари од родителите ако сакаат нивните деца да истрчаат на терен држејќи ги за рака фудбалерите.

Во оваа бескрупулозна заработувачка предничи Вест Хем, клуб популарен кај работничката класа. Со 700 фунти (47549.19 денари) за раче немаат конкуренција. Освен држење за раче, клубовите нудат и дрес и фотографирање со играчите.

Од друга стана, Борнмут ја нуди оваа услуга за 185 фунти (12566.57 денари), што е најмалку во оваа неславна конкуренција, но затоа пак на детето ќе мора да му се купи влезница за натпреварот.

Во пакетот на Фулам за 280 фунти (19359.31 денари) не влегува дресот, тој дополнитено се плаќа.

Сепак, великаните како Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал имаат граница. Најголемите англиски клубови излегувањето на терен во придружба на играчите им го подаруваат на деца од своите детски фан-клубови.

Извор: “Република”