дома блог страница 3247

Видео: Новинарот на Си-Eн-Eн напијан го водеше преносот од новогодишната ноќ

Познатиот новинар на CNN, Андерсон Купер, се напи за време на преносот на дочекот на Новата година на Тајмс Сквер, заедно со неговиот помлад колега.

Двајцата новинари се напија текила за време на преносот од дочекот на њујоршкиот Тајмс Сквер. Купер самиот си кажа дека не е навикнат на алкохол и дека ќе му биде тешко да го продолжи преносот.

Мислам дека ми изгореа дробовите, рече Купер по првата чашка.

Неговиот колега Енди Коен на тоа му одговори: „Ова е само почеток“.

Откако испи наколку чашки, почна да зборува драматично и да прави гримаси, а во еден момент рече дека му е страв да не го зграби и бакне колегата.

Ова не е прв пат новинари на CNN да прават чудни работи за време на директни јавувања. Имаше случаи кога новинар си го дупна увото, некои се соблекуваа, а некои пушеа марихуана, пишува Вашингтон Пост.

Избројте ги линиите на рачниот зглоб за да дознаете повеќе за вашето здравје

Досега се уверивте дека секој знак на вашето тело има некое значење. Па така обликот на усните, носот, брадата … може многу да откријат за вашиот карактер.

Поради тоа никој не е ист, па дури ниту близнаците, сите ние имаме различни црти на лицето. Погледнете што значат овие линии на дланката.

Првата линија е знак за добро здравје.

Втората е поврзана со успехот и среќата. Ако е долга значи дека навистина се трудите да бидете успешни на многу животни планови. Ќе дадете се’ од себе за да го имате онаков живот каков што сте си замислиле.

Третата е поврзана со кариерата и некој дел со успехот. Овде поголем акцент се става на кариерата во работата.

Нејзина изразеност покажува дека сте многу посветени на работата. Вие ништо не работите површно. Предадени сте на работата и се’ ќе направите за да се докажете на овој план.

“Република.мк”

Цело семејство во акција: Кpадат мобилни телефони – ваква координираност не сте виделе ниту на филм (Видео)

Едно семејство укpаде мобилни телефони во вредност од 1500 долари.

Салонот за мобилни телефони во која се случила кpажбата објавија снимка од сигурносните камери како семејството се организиpало за кpажба.

Вработените во салонот останале во шоk кога ги прегледале снимките и кога сфатиле дека и детето е вмешано во зл очиHoт.

– Оваков начин на однесување и воспитување е пог убно за детето, зошто ќе го прати овој начин на однесување како прифатлив. Не сме сигурни дека ќе си ја вратиме робата, но ако не, барем кpадците ќе ги направиме познати, напишале од салонот „Blufoun“.

Возило на Брзата помош од Прилеп се превртило на Плетвар

Возило на итната медицинска помош од Прилеп вчера попладнето околу 16 часот се превртило на превојот Плетвар во близина на каменоломот. Според првичните информации кои ги соопшти директорката на Здравствениот дом од Прилеп, Оливера Аџиоска, најверојатно до несреќата дошло поради лошите услови на патот – пренесува “Курир”.

Возилото се излизгало, притоа превртувајќи се два пати и завршило на кровот.

Во возилото биле 3 лица, еден пациент кој што итната помош го зела од клиниката за Гастро од Скопје, член на неговото семејство и возачот од Итна помош од Прилеп.

Иако возилото се превртело два пати, чиста среќа во несреќа било тоа што никој од оние кои биле во него не е повреден.

На лице место веднаш излегле екипи на Полициската станица од Прилеп, а увидот треба да покаже како точно дошло до несреќата.

Макс Алегри заминува на лето од клупата на Јувентус – замената била веќе договорена

Според дел од италијанските медиуми, тренерот на Јувентус, Макс Алегри би можел да го напушти Јуве на крајот од сезоната, а неговото место да го заземе Зинедин Зидан.

Алегри на клупата на “бјанконерите” е од 2014 година и досега освои 4 последователни шампионски титули и исто толку титули во Купот на Италија, но загуби и две финалиња во Лигата на шампиони.

Познатиот новинар Лука Момблано сега вели дека Алегри ќе го напушти кормилото на клубот во лето. И покрај успехот на клубот во шампионската лига оваа сезона, новинарот вели дека замената е веќе договорена.

Според истиот новинар Зидан веќе се договорил со претседателот на Јуве, Андреа Ањели.

Французинот моментално е без клуб откако го напушти Реал Мадрид, каде освои три последователни титули во Лигата на шампиони.

Ѓоковиќ со интересна изјава го „запали“ регионот: Македонците ги гледам како свои

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е ју носталгичар, вели дека спортот треба да биде надвор од политиката и тој ги сака сите земји од поранешната федерација.

Ѓоковиќ во минатото често знаел да им даде поддршка на хрватските спортисти, особено тоа беше нагласено за време на фудбалското Светско првенство во Русија кога отворено ги поддржа Модриќ, Ракитиќ и останатите.

Тој вели дека политиката треба да се тргне на страна, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина ги гледа како свои.

„Свесен сум за политичката ситуација и знам дека раните од војната се свежи за многу луѓе. Се молам за сите кои се уште имаат последици од таа војна, но силно верувам дека спортот треба да биде надвор од политиката. Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина се нашите први соседи и јас ги гледам како свои. Знам дека многумина ќе бидат навредени од ова што го зборувам, но ги разбирам и нив и ги почитувам, само го кажувам моето мислење“, изјави Ѓоковиќ.

Демант на германската амбасада: Не е точно дека од 1ви јануари ќе може да се работи во Германија без работна виза

Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 г. и кој на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи, соопшти германската амбасада во Скопје.

Како што информираат, соопштението е испратено поради низа известувања што во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за Германија.

Најпразничната реклама која сте ја виделе досега! Затоа Ламбургини е автомобил за вистински вљубеници (Видео)

Гигант од автомобилскиот сектор прави реклама со најголем стил!

Најпразничната реклама која сте ја виделе досега, погледнете ќе ве освои веднаш!

(Видео) Потврдено! Ќе има реприза на “борбата на векот”: Хабиб и Конор повторно во октагонот оваа година

Повеќе нема дилема, Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор повторно ќе се борат. Тоа ќе се случи оваа година!

“Сигурен сум дека многу луѓе сакаат да ја видат оваа борба. Тоа ќе се случи”, призна Дејна Вајт, претседателот на УФЦ.

Точниот термин за реванш мечот меѓу Русинот и Ирецот ќе биде познат по одлуката на Атлетската комисија во Невада. Двајцата борци очекуваат казна поради хаосот кој настана по нивната прва борба.

Секоја чест! Десетта Божиќна хуманитарна акција на вработените од Стара црква во Прилеп

Вработените во црквата Свето Благовештение во Прилеп по 10-ти јубилеен пат ја организираа хуманитарната акција за Божик.

Во изминативе 2 недели во црквите во Прилеп беа поставени специјални кутии каде граѓаните можеа да донираат пари.

Со собраните средства од граѓаните и дел од црквата се купија голем број прехрамбени производи кои денеска им беа поделени на 100 семејства.

Секој пакет е во вредност од околу 2.000 денари – објави порталот “Infokompas.com.mk”.

Целата сторија погледнете ја ТУКА