дома блог страница 3243

Ослабете експресно со чај од ленено семе!

Лененото семе изобилува со минерали како што се: железо, калциум, натриум и фосфор, како и незаситени органски киселини, линолна киселина и голем број протеини и ензими. Ова семе е идеално за отстранување на мастите и токсините од телото, го подобрува метаболизмот, го намалува нивото на шеќер во крвта и го регулира апетитот.

Чајот од ленено семе ќе го поттикне разградувањето на мастите, а вашето тело ќе се снабди со важните минерали, што е од особено значење при здравото слабеење.

Состојки и подготовка:

1-2 лажици мелено ленено семе

250 мл вода

Сомеленото ленено семе ставете го во ладна вода. Нека отстои неколку часа со повремено промешување. Потоа смесата ставете ја на оган, а откако ќе зоврие гответе уште 5 минути. Потоа процедете.

Ако сакате да го подобрите вкусот можете да додадете некоја билка по ваш избор. на пример, додадете половина лажичка нане, дуња или камилица.

За оптимални резултати, пијте по 2-3 чаши дневно од овој чај, една на празен стомак наутро, односно, половина час пред оброк.

Со редовно консумирање на чајот од ленено семе, вашата кожа ќе стане мазна, сјајна и здрава.

Српскиот портал “Мондо”: Македонија му одржа јавен час по ракомет на “орлите”

Репрезентацијата на Македонија во два дена два пати ја совлада Србија. Во петокот со високи 37:31, а вчера со 28:27, во пријателските дуели пред Светското првенство.

“Орлите” доживеаа убедлив пораз од репрезентацијата на Македонија, пишува српскиот портал “Мондо”, и додаваат:

“Tимот на Ненад Перуничиќ беше далеку од играта и борбеноста која ја прикажа во дуелот со Тунис во Смедерево”.

Oд “Мондо” велат дека Македонија му одржала јавен час по ракомет на Србите.

Нашата репрезентација на Светското првенство кое започнува од 10-ти јануари во Данска и Германија се наоѓа во групата Б заедно со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.

Црвено-жолтите натпреварите од групната фаза ги започнуваат во петок на 11-ти, со почеток од 15:30 часот против Јапонија.

Крунослав кој има Даунов синдром го оствари сонот да биде полицаец

Полицијата во хрватскиот град Вараждин му го исполни сонот на Крунослав Голубиќ, чија најголема желба беше да стане полицаец. Имено ова 18-годишно момче со Даунов синдром на неколку часа стана шеф на полициската станица во Нови Мароф, пишува хрватскиот портал Индекс.

Крунослав, ученик во Центарот за образование Томислав Шполар од Вараждин, полициската станица ја посети во друштво со неговиот татко Стјепан.

Бидејќи неговата животна желба била да стане полицаец, таткото на Крунослав, во една прилика го прашал хрватскиот пејач и радио водител Јурај Галин и градоначалникот на Нови Мароф, Синиша Јенкац, да му помогнат да му ја остварат желбата на синот.

Го контактирале портпаролот на полицијата во Вараждин, Марин Колариќ, и началникот на полицијата во Нови Мароф, Роберт Малтар со кои заеднички ја организираа неговата посета на полициската станица во Нови Мароф.

ПОЛИЦИЈАТА ОД ВАРАЖДИН ЈА ИСПОЛНИ ЖЕЛБАТА НА 18-ГОДИШНИОТ КРУНОСЛАВ ГОЛУБИЌ, КОЈ САКАШЕ ДА СТАНЕ ПОЛИЦАЕЦ. НА НЕКОЛКУ ЧАСОТ ТОЈ СТАНА ШЕФ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНУЦА ВО НОВ МАРОФ.

Крунослав изрази желба да стане шеф на полициска станица за кратко време, во што му помогна неговиот градоначалник Малтар. Во преземањето на оваа одговорна функција, Крунислав се снајде одлично.

Првата „негова задача“ беше да направи трансфер на сите на полицајци во станицата, па така „поранешниот” началник го премести на приемниот шалтер. Тој избра и секретарка, асистентка и други соработници, по што ја рзгледа целата полициска станица и ги запозна своите колеги.

На крајот сите беа изненадени од одлуката на Крунислав да биде уапсен градоначалникот Јенкач и „поранешниот” началник на полицијата Малтар, кои само со ветувањето дека во иднина ќе бидат подобри успеаја да се извлечат од новонастаната ситуација.

Сите присутни заклучија дека Крунослав е многу комуникативен, полна со љубов и искреност, од кого многу може да се научи. Тој љубовта кон полицијата ја стекната со гледање разни криминални серии и филмови.

Извор: “Инфомакс”

Поларниот бран од Русија продолжува! Се очекуваат нови врнежи од снег – еве какво време ќе имаме за Божиќ

Влијанието на поларниот воздушен бран кој се спушта од Русија ќе се задржи и за претстојниот голем Христијански празник, Рожденство Христово – Божиќ.

Студеното време со максимални дневни температури под или околу нулата продолжува и во наредните денови. Денеска и во понеделник претпладне ќе има локален слаб снег и ќе дува повремено засилен северозападен ветер.

Утринските температури во наредниот период ќе бидат многу ниски, особено на планините, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога температурата ќе падне 16 степени под нулата, а се очекува во поголем дел од земјава температурата да се спушти под -10 степени.

Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.

(Фото Галерија) Празничен амбиент кој плени срце и душа: Црковниот храм Св. Петка во Прилеп прекрасен пред Божиќ

Црковниот храм Св. Петка во населбата Точила во Прилеп секоја година грее за Бадник и Божиќ.

И оваа година храмот е украсен со бадникови гранчиња и плени со празничниот дух.

Веќе е се подготвено за утрешниот голем празник Христовото Раѓање – Божиќ, кога стотици и стотици верници ќе го посетат храмот и одново ќе се помолат за мир, благосостојба, среќа и здравје за себе и своите ближни.

Ви пренесуваме дел од духовниот и празничен амбиент:

НБРМ: Внимавајте на пораките, се претставуваат лажно за да ви украдат пари или лични податоци

Во изминатиов период, забележана е појава на испраќање електронски пораки до е-адреси на лица од Република Македонија со лажно претставување. Поконкретно, лажното претставување во пораките е во име на некоја институција или организација или, пак, во име на поединец, а со нив испраќачите имаат за цел, повикувајќи се на злоупотребениот/лажниот идентитет, противправно да остварат финансиска корист и/или да приберат лични податоци коишто потоа можат да бидат злоупотребени, соопштуваат од Народната банка.

Оттаму апелираат граѓаните да бидат внимателни со ваквите пораки и нивната вистинитост да ја проверат во институциите кои се наведени во пораките, при што информираат дека официјаната е-адреса за комуникација со НБРМ е „[email protected]“.

„Оттука, укажуваме на потребата од внимателно постапување доколку имате добиено или ако во натамошниот период добиете вакви пораки за коишто цените дека се од сомнителен карактер, односно пораки во коишто ви се нуди нешто што не делува остварливо и вистинито и во коишто има претставување во име на финансиска институција, вклучително и во име на НБРМ. Поконкретно, доколку не сте сигурни дека станува збор за порака испратена од легитимна е-адреса на финансиска институција, укажуваме дека е потребно да ја игнорирате таквата порака и да не започнувате комуникација во којашто ќе дадете ваши лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка. Доколку сакате вашето обраќање да го остварите преку е-пошта, соодветно е да го направите тоа преку нова, а не како одговор на сомнителната е-порака. Официјаната е-адреса за комуникација со НБРМ е: [email protected]., истакнуваат од НБРМ.

“Енигма: Храни гулаби или чисти улици??” (Видео)

Екипите на ЈКП “Комуналец” Прилеп на терен….

Од успешноста на нивната работа со справување со снегот уверете се преку видеото во продолжение:

ОД ОВАА ГОДИНА: Зелениот картон ќе биде задолжителен со регистрацијата

Зелениот картон ќе се спои со полисата за автоодговорност, па така секој сопственик ќе треба да го извади кога ќе го регистрира возилото.

Оваа измена ќе биде законски регулирана најдоцна до крајот на оваа година и ќе произлезе од потребата да се усогласат нашите закони со европските директиви.

За ова веќе потврда даде и првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски, кој тврдеше дека дека ќе има промени во цената на задолжителната полиса односно формирањето на цената ќе се либерализира.

„Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло, рече Попоски во интервју за МИА

Голманот Борко Ристовски денес прави свадба: Главен гостин е синот- погледнете како изгледаат младите (ФОТО)

Голманот Борко Ристовски и неговата сакана Николина денес прават свадба. Двојката која лани склучи граѓански брак денес ја слават љубовта заедно со најблиските, а главен гостин на прославата е нивниот син кој го добија пред неколку месеци, пишува Убавина и здравје.

Извор: “Убавина и здравје”

Видео: “Секуларниот Градоначалник ви го честита Божиќ”

Божикна честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.