дома блог страница 3242

Роки Балбоа се појави помеѓу жолтите елеци во Франција: Полицијата спасуваше жива глава (Видео)

Протестите на жолтите елеци во Франција продолжија и во Новата година, а од големиот број судири со полицијата, твитерџиите го издвоија овој, каде човек со голи раце удирал по штитовите на полицијата и го добил дуелот.

Погледнете:

Божиќна честитка од детскиот црковен хор при храмот Св. Петка од Прилеп (Видео)

Детскиот хор при црковниот храм Св. Петка од Прилеп ви посакува Среќен Божиќ!

За многу години!

Овој зачин задолжително треба да го ставите на бадниковата трпеза- еве и зошто

Велат дека на овој ден птиците престануваат да пеат, лисјата на дрвјата престануваат да треперат, а водите во реките престануваат да течат.

Според традицијата на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број – 7, 9, 11 – колку повеќе се – толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни.

Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и др.

Суви пиперки со грав / сарма со зелка – Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.

Компот од суви сливи – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате суво овошје.

Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.

Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

Печена тиква – Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.

Лук – Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.

Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.

Макрадули: Мојата сопруга има право да зема тендери

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули во изјава за „Канал 5“ телевизија одговори на информациите дека фирмата во која еден од сопствениците е неговата сопруга по доаѓањето на СДСМ на власт добила тендери во вредност од 90.000 евра, пренесува Република.

Според Макрадули, неговата сопруга има право да зема тендери.

“Не станува збор за судир на интерес, не сум прекршил никаков закон, некој што сака мене да ме оцрни злопотребува чесни луѓе кои работат 30 години”, вели заменикот министер.

Макрадули во изјавата за телевизија „Канал 5“ вели дека тој не учествувал во никаква постапка за одлучување, а не се мешал ниту во работата на компанијата.

Извор: Republika

Коледарите го најавија Христоворо раѓање – Доаѓањето на Спасителот се слави со семејството: „Пред Божик зад Божик, кај и да си, дома да си“

Македонската православна црква, божикните празнувања ги спроведува водејќи се по јулијанскиот календар, според кој Бадник секоја година се слави на 6. јануари, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање.
Поговорката: „Пред Божик зад Божик, кај и да си, дома да си“ од дамнина е позната и практикувана кај православните верници. Всушност, оваа поговорка има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот. Второто значење е сосема практично – да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.
Според македонските обичаи, на големиот христијански празник Бадник, малите деца одат по домовите во соседството, чукаат на вратите и пеат коледарски песни. Според традицијата, домаќините за тоа ги наградуваат со колачи, костени, ореви, јаболка и ситни пари.

Бадник или Коледе, според христијанската традиција, се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос. Македонската православна црква, божиќните празнувања ги спроведува водејќи се по јулијанскиот календар, според кој Бадник секоја година се дочекува на 6. јануари, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и божиќните пости.
Етимологијата на зборот Бадник некои ја поврзуваат со глаголот „да бидеш буден“. Таа ноќ сите во домот не заспиваат, туку ноќта ја минуваат будни. Затоа се верува дека зборот „бадник“ всушност потекнува од „будник“. Постои и друго објаснување за потеклото на именувањето на празникот со Бадник, кое се поврзува со бадниковите гранчиња што се носат во домот на овој ден, а всушност се гранчиња од даб, па од „дабник“, со пермутирање на слоговите се добило „бадник“.
Но според сите толкувања на обичаите, Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството.

Традиционално, во Македонија семејството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје … и се’ што асоцира на богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ.
На Бадник во секоја куќа се меси кравајче, пита или погача во која се става паричка. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои. И за овој обичај постојат варијации во спроведувањето во различни краишта на Македонија. Некаде, најмногу во западна Македонија, овој обичај со паричка во лепчето се прави за Василица.

Истражувачите сметаат дека во претхристијанскиот период, овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обновување на животот. Подоцна, христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека Христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил: „Ние го празнуваме не како неверниците заради Сонцето, туку заради оној што го создал Сонцето“.
На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. Со овој чин завршуваат божиќните пости и верниците што постеле веќе можат да се омрсат на божикниот ручек.

(Видео) Путин немоќен: Едвај успеа да се одбрани

На интернет повторно се појави видеото на кое се гледа како рускиот претседател Владимир Путин се обидува да се одбрани од една баба.

Поради својата комичност, видеото повторно се прошири на социјалните мрежи. Имено, старицата беше воодушевена што го гледа Путин.

Погледнете што се случи:

(Фото) Коледарчињата тропнаа на вратата на претседателот Иванов

На Бадник, во пресрет на големиот христијански празник Божик, денеска домот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го посетија децата од Центарот за едукација на македонски фолклор „Митеви“ од Скопје, кои ја донесоа Божиќната литија и со песната „Вечниот Бог” го најавија Христовото раѓање.

Претходно, претседателот, Ѓорге Иванов, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ упати честитка до сите верници од православна вероисповед, членовите на Светиот архијерејски синод и до преподобното свештенство и монаштво.

„На првиот Божик, семоќниот Бог стана човек и се изедначи со беспомошните луѓе. Господ Исус Христос се роди на маргините на општеството, во обесправено и прогонето семејство кое таа вечер немало ниту свој дом. Оттука, Божик е израз на Божјата солидарност со луѓето. Како дел од неговата земна мисија, Тој ги исцели болните, им помогна на сиромашните, им посвети внимание на заборавените, им даде достоинство на отфрлените, надеж на безнадежните и им понуди откупителна љубов и простување на сите. Христос ги рушеше човечките бариери што ги делеа луѓето на богати и сиромашни, слободни и неслободни, вредни и помалку вредни, создавајќи духовно променети луѓе кои го менуваат духот на општеството“, се наведува во честитката, во која се додава дека на граѓаните во Република Македонија им е неопходно обновување на духот на солидарноста и на социјалната правда.

Од Кабинетот на претседателот ја пренесуваат и честитката на сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова, која од името на семејството Иванови на сите православни христијани им посака да имаат благословена, тивка и света бадникова вечер.

“Една голема мудрост вели дека секој од нас има лице од кое што треба да дава насмевки. Има усна од која што треба да изговори добри зборови, да прави добри дела и очи да ги види добрите работи кај луѓето околу нас. Или, како што рекол Свети Климент, веќе не само за овие празници, туку и секој ден треба да шириме насмевки, да кажуваме добри зборови, да правиме добри дела. Да се натпреваруваме во добрина“, истакна првата дама и додаде дека честитајќи го Божиќ посакува Христовата светлина да влезе во секој христијански дом и да го осветлува патот на слогата, на радоста, на љубовта и на успесите.

Сопругата на претседател на Република Македонија изјави дека во духот на семејните вредности и традиции и оваа година традиционално ги отвориле вратите на нивниот дом.

„Среќа, радост, песна, насмевки од нашите денешни гости, денешните бадникари, кои со песната ‘Вечниот бог’ ни го навестија Христовото раѓање, ни го навестија раѓањето на Богомладенецот“, рече Иванова.

Од Кабинетот на Иванов појаснуваат дека со божиќната каланда (песна) „Вечниот Бог” се објавува доаѓањето на Спасителот во тело.

„Песната е древна, води корени уште од некогашното Римско царство, што културолошки продолжи да живее кај православните народи кои се негово духовно и цивилизациско наследство. Иницијативата за возобновувањето на старата православна традиција да се слави Бадник со пеење на ‘Вечниот Бог’ потекна од свештенството на МПЦ-ОА“, се наведува во соопштението.

Слушнете ја „Небо и земја“: Најубавата македонска божикна честитка за 2019 година (ВИДЕО)

Здружението „Бадникови поворки“ направија божикен подарок за верниците со спот за песната „Небо и земја“ во која учествуваат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Некст Тајм, Љубојна, Златно Славејче, Ивица Јанкуловски (студио Алшар), Владимир Димовски (аранжман), Петар Христов (кларинет), Тимко Чичаковски (канон), Симона Богоевска (харфа), Владимир Цветковски ,(виолина), Владимир Димовски (виола), Кирил Јосифов (виолончело), Митко Иванов (контабас).

Најчевска до Макрадули: Дај бре не не потценувај

Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил изреагира на изјавата на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кој изјави дека вчерашните огнови се причина за големото загадување во градот.

„Ма не ме зезај.
Тоа што еднаш годишно ќе се запалат огнови на отворено за да се чествува стариот пагански обичај на поздрав на сонцето е доказ од каде доаѓа загадувањето.
Дај бре не не потценувај.
Не загадува Цементара ни Железара ни стотина мали фабрикчиња без филтри ни 1000 каменоломи ни Отворените градежни објекти ни отворените депонии кои горат ни запалените контејнери ни старите автобуси и камиони и автомобили ни електраните на јаглен ни градежната мафија која ги исече сите дрвја. Не. Бадниковите огни ти се научен доказ за изворот на загадување.
Дај бре гони се.
Навистина заслужуваме на чело на ова министерство да застане човек кој има појма од заштитата на животната средина и заслужуваме да почне да се користи науката во креирањето на политиките, а не кафанските муабети“, стои во објавата на Фејсбук.

Извор: kurir.mk