дома блог страница 3206

“Пониски пензии и за пензионерите кои се залагаа за двојазичен Прилеп и за успешен референдум??”

На вчерашната прес-конфереренција во Владата, до министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска беше упатено прашање зошто е тргната минималната плата како еден од индикаторите за пресметка на усогласувањето на пензиите?

-За да не мора да ја поместиме старосната граница на 67 и за да не мора сосема да ги замрзнеме пензиите, истакна Царовска.

Имено пред СДСМ да ја превземе власта, односно во нивната програма за живот 2016 стои ветување дека ќе воведат можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години.

Предвидениот низок раст на пензиите исто така овие денови е главна тема по медиумите.

Во анализа на “Алфа Телевизија” се вели:

Пензиите минимално ќе се растат откако власта го смени законот за да ја избегне обврската за пензионерите да одвои повеќе пари, а пензионерите се револтирани бидејќи примањата ќе им растат согласно зголемувањето на трошоците за живот, но не и според просечната плата, како што беше случај изминативе години.

Имајќи предвид дека инфлацијата е ниска, од Сојузот на здруженија на пензионери велат примањата незначително ќе им се зголемат, а јазот меѓу најсиромашните и најбогатите пензионери уште повеќе ќе се продлабочи, објавува Алфа.

Пензионерите сметаат дека власта побрзала на крајот на декември да го смени законот и тоа токму во годината кога просечната нето плата пораснала за 5.7%, што значи дека ако се останело по старо пензиите би се зголемиле многу повеќе. Велат до крајот на месецов ќе му предложат на министерството за труд вонредно да ги зголеми најниските пензии, затоа што во моментов многу пензии се пониски од износот на социјална помош.

Од министерството за труд, пак потврдуваат дека пензиите ќе се усогласуваат редовно два пати во годината, но само согласно растот на трошоците за живот.

„Исто така воведена е законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%“ – велат од министерството за труд.

Со години наназад Македонија никако не може да достигне економски раст од 4 отсто. Последен пат ова се случи во 2008 година кога реалниот пораст на БДП изнесуваше 5.5%. Лани просечната пензија во земјава изнесувала 14.421 денар, но дури 170 илјади пензионери имале пониски примања од просекот. Според последните податоци, 7.7% од пензионерите и покрај примањата живеат во сиромаштија.

Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ:

Власта крати од пензионерите за да има повеќе пари за министрите, обвинува опозицијата. Оттаму велат дека последните законски измени со кои пензиите ќе растат само според растот на трошоците на живот, но не и според просекот на плати во земјата ја отсликува македонската економија. Вицепремиерите од месецов ќе добиваат по околу осум илјади денари повеќе. Од Владата велат дека покачувањето, всушност, било терминолошко усогласување со Законот за Влада.

Две години со криминогената хунта нема пари, нема зголемување на пензиите, а сега и директно ќе земаат од пензионерите. Криминогената хунта во владата не пропушта да си ги качи платите на министрите, не пропушта да дозволи поголеми плати на административците кои одработуваат за нив, не пропуштаат тендери и државни фондови, ама за пензионерите пари нема, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

За крај се сеќаваме како дел од прилепските пензионери повикуваа да се гласа на референдумот за промена на името за да се обезбедела подобра иднина:

Имаат исто презиме, едниот е Србин, а другиот Хрват: Статистиката во НБА вели дека имаат идентични бројки – вистинско чудо (Видео)

Koшаркарите на Сакраменто и Индијана, Богдан и Бојан Богдановиќ, играат многу значајни улогу во НБА лигата, но многумина остануваат вчудоневидени кога ќе ја погледнат статистиката на двајцата играчи.

Процентуално тие толку многу се поклопуваат, што статистичарите во НБА веруваат дека тоа е најголемата коинциденција во историјата.

Всушност, двајцата кошаркари на секоја утакмица во просек бележат по 13 поени, со вкупна успешност на шутот од 45%.

Идентични се кога се во прашање постигнатите тројки – на двајцата процентот им е 38%.

Двајцата играчи Богдановиќ, не се во крвно сродство. И двајцата имаат во просек по 3 скока и една украдена топка.

Единствената разлика е во бројот на утакмици одиграни во НБА лигата. Бојан има 365, а Богдан 114 во кариерата.

Пет причини зошто е корисно да се пие ракија

Иако многумина нема да ви поверуваат дека оваа навика е здрава, понудете им некој од овие 5 издржани изговори зошто е корисно да се пие домашна ракија.

1.Го продолжува животниот век

Преголемите количини ракија, како и секој друг алкохол, секако дека не ви е од корист, но умерената количина може да ви го продолжи животот. Богата е со антиоксиданси кои помагаат во борбата со радикалите кои се пак главна причина за стареење.

2.Ослободува од стрес

Ако повторно пиете во умерени количини, ракијата делува позитивно на нервниот систем. Повторуваме – во умерени количини.

3.Го намалува ризикот од мозочен и од срцев удар

Одлична работа е што ракијата спречува создавање наслаги во кардиоваскуларниот систем, односно ви помага да го намалите количеството на холестерол. А, сето тоа води до намален ризик од срцев и мозочен удар.

4.Помага во превенцијата на настинки

Веројатно знаете дека е одличен лек против кашлица. Исто така, бактериите од грлото лесно се чистат со чашка ракија. Најдобар ефект ќе постигнете ако ја промешате со малку топла вода и исцеден лимон.

5.Не дебелее

Еве одличен аргумент – за разлика од газираните сокови, па дури и „природно цедените“, ракијата има минимален број на калории.

За Џесика нема зима: Пејачката одлично се релаксира за време на американската турнеја (Фото)

Фолк пејачката Џесика Палашоска празниците ги помина на турнеја во Соединетите американски држави, каде имаше повеќе настапи заедно со музичката група “Носталгија”.

Во последните денови од турнејата Џесика најде време за малку релаксација, па уживаше на песочната Clearwater плажа на Флорида.

Омилениот лик на битолчани во улога на фитнес инструктор: Марјанчо се врати на екраните (Видео)

Нова епизода на битолските комичари од “Празни муабети”, а во неа миленикот на публиката во Битола е во улога на фитнес инструктор.

Битолчани ги бива за комедија, а видеото во продолжение по кој знае кој пат ќе ве убеди во тоа:

Пред 8 години се родија најубавите близначки во светот, а денеска пораснаа во вистински ангели (Фото галерија)

Ава Марија и Лиа Розе Клементер од Калифорнија се родени во јуни 2010 година, а еднa од нивните први фотографии веќе стана хит во светот.

Едноставно ги освоија луѓето со крупните очи. Девојчињата денес имаат 8 и пол години и сите ги нарекуваат најубавите близначки на светот.

Нивната мајка Јаци вели дека Ава и Леа имаат бројни понуди од модни агенции, а освен манекенство се занимаваат со танц, но секако училиштето е на прво место.

Нивниот Инстаграм профил има повеќе од милион следбеници и често луѓето коментираат дека девојчињата изгледаат по малку тажно, но нинвтана мајка вели дека тоа не е вистина.

Таа вели дека девојчињата сакаат да се фотографираат и уживаат во тоа. Го споиле убавото со корисното и кариерата им е загарантирана.

Венецијанската комисија за Законот за јазици: Немаме коментар!

Секретаријатот на Венецијанската комисија, што се наоѓа во Стразбур, потврди дека е добиен Законот за употребата на јазиците, но не сакаат да коментираат пред да тој биде разгледан од неговите експерти, односно пред изработката на мислењето.

Од Советот на Европа, исто така, не сакаа да коментираат ниту за тоа дека „Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се наведува дека не е дозволен владин притисок од каков било вид врз национален претставник на телото,“ како што тврди професорката Татјана Каракамишева, која е член на Комисијата од Република Македонија.

Националните експерти во Венецијанската комисија, се поткрепувани од правници на Советот на Европа и секретаријатот на Венецијанската комисија при анализирање на законските или уставни текстови, кои им се дават на разгледување, по што таа дава мислење.

Maкедонските хокеари освоија злато: Македонската хокеарска репрезентација со феноменалната низа на резултати

Македонската хокеарска репрезентација феноменалната низа на резултати ја заокружи со завршна победа во големото финале на „Девелопмент купот“, остварувајќи голем триумф над селекцијата на Португалија која едноставно се покажа како недораснат противник за нашата селекција.

„Црвено-жолтите“ стигнаа до биланс од пет победи на пет одиграни натпревари на турнирот кој се одржа во германскиот град Фусен, докажувајќи дека немаат достоен ривал во оваа конкуренција на репрезентации кои немаат изградено затворени хокеи арени.

Како и во вчерашното полуфинале со Андора, Македонија тргна фуриозно уште на самиот старт, а прашањето околу победникот беше решено по втората третина во која нашите хокеари имаа предност од 7:1. Во последниот период, победата беше потврдена со конечни 9:3, а на тој начин беше повтрден златниот медал кој сосема заслужено замина во рацете на нашите хокеари.

Беше симпатичната Касандра, а денес е заводничка: Има 45 години и изгледа бомбастично, ова е нејзината тајна (ФОТО)

Венецуелската актерка, Кораима Торес која сега има 45 години, домашната публика ја запозна во 1997 година во серијата „Касандра“.

Таа беше во главната улога на оваа популарна серија и ги освои срцата на публиката.

Актерката и понатаму може да се пофали со неверојатна убавина, но на најновата фотографија која ја објави на социјалните мрежи, ретко кој би ја препознал. Испотена, црвена и без грам шминка, Кораима објави селфи од теретана. Редовното вежбање е нејзината тајна за одличниот изглед.

ФОТО: Не била само Карлеуша – исплваа пораки на фудбалерот со уште една пејачка

Иако е во брак изгледа фудбалерот Огнен кој е фатен среде порно скандал со Карлеуша, барем како што пишуваат српските медиуми, се допишувал и со други пејачки.

Една од нив веќе призна, а тоа е Катарина Грујиќ, а сега излегоа пораки со Тијана Стојиќ, со која си пишувал кога пишувал и со Карлеуша.

Барал да знае каде настапува за да дојде да ја слуша, а таа престанала да му одговара и комуникацијата престанала.