дома блог страница 3203

Мелем за кожни болести, артритис, хемороиди: Лековита билка која ја имаме дома, а не знаеме колку е корисна

Красула е билката која има лековити својства со чија помош може да се ослободите од разни заболувања, бидејќи има анти-воспалителна, антивирусна и антиебактериски својства.

Опекотини, модрици, рани, исекотини, чиреви…

Направете каша од листовите, прицврстете ја на оштетената површина, па превијте со завој. Променете ја облогата кога кашата ќе се исушти, за 2-3 часа.

Артритис, артроза

Од 10 до 15 листови исцедете и направете сок па намачкајте ги зглобовите пред спиење.

Чир на желудник

Изедете на празен стомак 2 листа красула, не заборавајте темелно да ги изџвакате

Хемородиди

Прицврстете исечен лист на проблематичното место и веднаш ќе почувствувате олеснување. Напомена: Доколку забележите било какво крварење и пред употреба на красула,задолжително посоветувајте се со лекар.

Ердоган ја гради најголемата џамија на Балканот: Зданието високо 50 метри ќе може да прими 5000 верници

Проектот за изградба на најголемата џамија на Балканот во центарот на Тирана брзо напредува и се очекува дека џамијата, чија изградба ја финансира Турскиот директорат за верски прашања ќе биде завршена до крајот на годината.

Големата џамија во Тирана (Намазга џамија) ќе биде голем верски центар кој ќе може да прими повеќе од 5000 луѓе, со библиотека, културен центар и сала за конференции. Покрај Куранот, луѓето тука ќе можат да го изучуваат и турскиот јазик.

По падот на комунизмот во Албанија во 1991 година, албанските муслимани често се жалеле дека се дискриминирани и дека биле приморани да се молат на улица. Во 1992 година, тогашниот претседател Сали Бериша го поставил камен-темелникот на џамијата која ќе биде изградена во близина на парламентот, меѓутоа изградбата била одложена откако претседателот на парламентот, кој бил католик, ги осуетил плановите. Конечната одлука за изградба ја донел Еди Рама во 2010 година, кој во тоа време беше градоначалник на Тирана.

Џамијата ќе има четири минариња високи 50 метри, додека централната купола ќе биде висока 30 метри.

Турскиот претседател присуствувал на свеченото поставување на камен-темелникот на џамијата во Тирана во 2015 година, кога изјавил дека станува збор за “единствен симбол на братството на двете нации”. Џамијата се наоѓа во Албанија, но архитектонски наликува на онаа во Истанбул.

Турција финансирала обнова на повеќе од десетина верски објекти во Косово и изградба на повеќе од 20 џамии. Освен тоа, во план е изградба на уште еден огромен објект како оној во Тирана – во Приштина.

Кога Џеј Ло ќе облече хеланки никој не останува рамнодушен (ФОТО)

Џенифер Лопез не излегува од теретана, а резултатите се повеќе од очигледни. Покрај генетиката, секако голем удел имаат и напорните тренинзи кои Џеј Ло не ги пропушта иако наскоро треба да наполни 50 години.

Порториканката важи за една од најзгодните жени во светот. Во секаква комбинација која ќе ја облече таа плени со сексипилот, а тоа го докажуваат и фотографиите кои настанале по вежбањето, кога папараци ја фотографирале додека таа излегува од теретана.

Таа редовно вежба заедно со својот партнер Алекс Родригез, а кога ќе облече хеланки нема кој ќе го тргне погледот од нејзиниот задник.

Ја наследи убавината на мајка си: Ова е ќерката на Моника Белучи

Францускиот актер Венсан Касел (52) и неговата сопруга, манекнката Тина Кунаки (21) одмораат на плажите во Рио де Жанеиро. Во нивно друштво е и 14-годишната Дева, ќерка на Касел со неговата прва сопруга Моника Белучи.

Откако фотографиите беа објавени во многу светски медиуми, многумина коментираат дека младата Дева ја наследила фаталната убавина на мајка си.

Повеќе од еден метар снег на Попова Шапка, најладно во Маврово

Повеќе од еден метар снег е измерен утрово на Попова Шапка. Во Маврови Анови се измерени 83 сантиметри, 58 во Пожаране, 52 во Крушево, 51 во Лазарополе, 32 во Тетово, 31 Скопје – Петровец, 28 во Ѓуриште, 24 Демир Капија, 22 во Дебар, 20 Битола, 15 Скопје – Зајчев Рид, 11 во Охрид, 10 во Крива Паланка, Прилеп, Струмица, Куманово, 9 во Штип, Претор, 5 Виница, 2 Берово, 1 Дојран.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, најстудено утрово било во Маврово и Попова Шапка каде се измерени – 8 степени целзиусови. Во Скопје утрово се измерени -3 степени, а најтопло било во Гевгелија, Берово и Дојран наде температурата била 0 степени.

И овие очекувате да ви чистат патишта?! (Видео)

На Фејсбук страната “Камај.нет” oбјавено е видео на кое се гледа како камион задолжен за чистење на снегот по патиштата се лизга по асфалтот, а причината веројатно е тоа што камионот нема зимски гуми и опрема?

“Да собереме доброволно пари да се купат зимски гуми за камионите на Македонија Пат”, пишува во описот на видеото.

Не е познато за кој патен правец станува збор.

Погледнете:

ВИДЕО: “КАМАЈ.НЕТ”

Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп во честа на роденденот на Тоше положија цвеќе и торта на неговото вечно почивалиште (Фото галерија)

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Прилеп во чест на роденденот на големиот Тоше Проески беа во посета на родното Крушево и неговото вечно почивалиште.

Заедно со ОК Крушево положија свежо цвеќе и торта во спомен куќата на Тоше. Дружењето беше во спомен на силата, големината и талентот на Тоше.

“Остануваш во нашите срца како најголем и најлојален амбасадор на Р. Македонија”, изјави Ирена Стерјовска, претседателка на УЖ при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Македонија го избра претставникот за Евросонг 2019

Македонската пејачка Тамара Тодевска ќе ја претставува Република Македонија на Евросонг 2019-та, објави Македонската радио телевизија (МРТ).

Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржува од 14 до 18 мај во Тел Авив, Израел. Пејачката ја објави веста во дневникот на МТВ 1 кој е во тек. За Женски магазин, Тамара изјави дека многу му се радува на овој музички предизвик.

Тамара има богато евровизиско искуство. Како македонски претставник на „Евросонг“ оди втор пат, а претходно два пати била и како придружен вокал. Во 2008 година, заедно со Врчак и со Адриан Гаџа во Белград ја испеа „Во името на љубовта“. Во 2004 година, беше дел од придружните вокали на Тоше Проески во Истанбул, а во 2014 година исто така ги отпеа придружните вокали на сестра ѝ, Тијана Дапчевиќ во Копенхаген, Данска.

Пораките кои ги разменувал со неа и понатаму стојат во неговиот телефон: Ова е жената која Тоше најмногу ја сакаше

Пред 11 години цел Балкан занеме откако одекна веста дека Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа.

Деталите за животот на човекот со ангелскиот глас и насмевка не престануваат да ја интересира јавноста, а ова е жената која се смета дека била неговата единствена вистинска љубов. Манекенката Благица и Тоше се запознале во 1998 година.

Нивната врска траела до почетокот на 2002 година, поради притисокот од неговата популарност тие двајца се разделиле. По неговиот евровизиски настап во 2004 година, повторно се смириле, па повторно прекинале… Врската ја завршиле во 2006 година.

Сепак пријателите на Тоше Проески велат дека тие двајца секогаш биле во контакт, и дека Тоше секогаш и оставал карти за сите негови концерти. Нивните пораки и денеска се во неговиот телефон.

А кога телохранителот на Тоше Проески рекол дека постои една девојка која најмногу ја сака и која ден-денеска оди на неговиот гроб, на која и ги посвети песните, со која секаде оделе заедно и за која сите знаеле, сите ја препознаваа Благица.

Иако Андријана Будимир беше последна девојка на Тоше за која јавноста дозна, но неговите блиски велат дека неговата вистинска љубов останала Благица.

Таа, пак никогаш не сакаше да зборува за Тоше, а најтешките денови ги помина со неговата мајка Доменика.

– Знам дека јавноста сака да знае детали за мојата љубов со Тоше, но ниту еднаш до сеа не сум дала интервју и не сум ја открила нашата приватност. Тоа и така ќе остане засекогаш, рела Благица за медиумите во 2014 година кога воедно и соопшти дека става крај на манекенската кариера.

(Видео) Грчки пратеник: “Беломорска Македонија со сила стана Грчка?”

Страницата на Фејсбук Беломорска партија денеска објави видео на кое пратеникот Никос Филис говори во грчкиот Парламент како Беломорска Македонија со сила стана грчка.

Она што многумина во Република Македонија го забораваат или не сакаат да го слушнат, го слушаат Грците и тоа од говорницата во нивниот Парламент.

Погледнете го видеото со превод во продолжение: