дома блог страница 3202

Откриена “причината” зошто авионот на Заев не можел слета во Македонија

Актерот Тони Михајловски преку својот Фејсбук статус ја откри “причината” поради која синоќа во земјава не можеше да слета авионот на премиерот Зоран Заев.

Пожар во куќа во прилепско

На 25.01.2019 година околу 18,45 часот во село Зрзе, прилепско избувнал пожар во куќата сопственост на В.Т. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

“Штрајк или повисоки плати и К-15, најавија наставниците и професорите”

Со протокалови елеци, балони и свирчиња, предводени со паролата „Пристојна плата – Сигурни работни места“ протестираа низ штипските улици членовите на општинските организации на СОНК и на Конфедерацијата на слободни синдикати. Првите синдикалци на КСС и на СОНК, Благоја Ралповски и Јаким Неделков и од Штип побараа покачување на платите во јавниот сектор од јануари годинава, согласно процентот за колку е зголемена минималната плата, потоа исплата на К-15 за јавната администрација и да се стопира тансферот од јавен во приватен сектор.

Обвинија дека и за овој протестен марш имало притосоци од власта за да не се приклучат наставниците и административците на протестот.

-Добиваме информации дека во одредени установи или општини се организираат регионални натпревари и состаноци, и тоа од вчера за денеска, се со цел да не спречат, да не опструираат овдека на плоштадот во Штип. Но, можам да кажам слободно дека ние сме голем синдикат и колку повеќе да не спречуваат, толку повеќе ќе бидеме на улици. Не можат да не спречат да направиме ниту протест, ниту да си ги побараме барањата, кои се сосема легитимни, вели Ралповски.

Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков истакна дека, е очигледно оти Владата нема слух за нискиот социјален статус на вработените во јавниот сектор, за несигурните работни места, за недоволниот социјален дијалог помеѓу засегнатите страни и селективниот однос на министрите кон одредени синдикати. Тој забележа дека час поскоро треба да се седне на заедничка маса со министрите за образование, труд и социјална политика и клутура и да се разговара за првата на вработените во овие сектори.

– Огромен број на луѓе кои се овде и огромен број на вработени во јавната администрација се незадоволни од состојбите. И по вакво лошо време се охрабрија да излезат на јавен протест каде што јавно ќе го искажат своето незадоволство од состојбите во јавниот сектор, рече Неделков.

Раководствата на СОНК и на КСС не се изненадени што ресорните министри не дојдоа на протестот во Штип и покрај тоа што им упатија покана за изворно да ги слушнат барања и состојбите во овие државни сектори. Доколку не почнат преговори за исполнувања на испорачаните барања, во тој случај следниот протест се најавува во западна Македонија, а потоа и во Скопје, за на крајот да се радикализира со генерален штрајк.

(Видео) Цел свет не нарекуваше Македонија и Македонци: И тогаш се појави Заев и не преименуваше – затоа, ајде на избори!

И покрај сите притисоци гордо се именувавме како Македонија и Македонци, и покрај сите неправди преку нашите спортисти Светот не именуваше и препознаваше како Македонија и Македонци. И беше вака се додека не се појави Зоран Заев, човек кој единствено поради личен интерес и заштита на криминалот прифати смена на името во Северна Македонија, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-Затоа избори на кои народот ќе одлучи дали е за понижена Северна Македонија или достоинствена и успешна Република Македонија!, вели Мицкоски.

Стоилковски: Зоран Заев и неговата влада во просек на секој пензионер ќе му скрати околу 400 денари месечно

Зоран Заев и неговата криминогена влада во просек на секој пензионер ќе му скрати околу 400 денари месечно. Ако просечната пензија во Република Македонија изнесува 15 000 денари, тоа значи кратење за најмалку по 400 денари од пензија. Вкупно пресметано значи дека на пензионерите ќе им бидат скратени над 124 милиони денари или над два милиони евра, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Стоилковски додава дека скандалозно е тоа што во исто време кога се случува качувања на платите на министри и одредени градоначалници власта спроведува кратење на пензии.

„Кратењето на пензиите удира безмалку на над 310 илјади семејства во Република Македонија. Им ја намалуваат куповната моќ на пензионерите, од нив создаваат социјални случаи. Наместо достоинствена старост, ги туркаат во економско ранлива категорија. Ветуваа раст на пензии а добивме кратење. Значи повторно излажаа.“

За Стоилковски неприфатливо е што министерката Царовска дури се заканува дека ако не било ова кратење пензии ќе морало да има раст на старосната граница за пензионирање. Пари во буџетот има но тие завршуваат за криминал и луксузирање на власта. Едно зборат, а друго зборуваа пред изборите кога ветуваа се и сешто. Граѓаните нема да ги трпат овие уцени.

-Власта брутално ги лаже и си поиугрува и со пензионерите и со граѓаните, животот на Заев сега ќе им крати 400 денари месечно на пензионерите или 124 милиони денари вкупно. Затоа мора да заминат што поскоро од владата на Република Македонија, дополни Стоилковски.

(Видео) Како Пендаровски ја лажеше “стоката” за името Македонија…?

Во 2014 година на емисијата “24 Анализа” Стево Пендароски изјави дека деценискиот спор за името со Грција не може да се реши без национален консензус, односно без консензус на сите политички партии во државата.

“Сите релевантни чинители, власта и опозицијата, Албанци и Македонци, сите треба да се сложиме што е црвената линија на Македонија. Јас сметам дека ова прашање е толку големо, што не засега сите кои живееме во оваа држава, а особено Македонците, што сметам дека легитимитетот кој власта го има добиено на избори не е доволен. Треба да имаме референдум на кој ќе гласаат повеќе од 50 проценти од граѓаните”.

Во истата емисија Пендаровски посочи дека референдумот мора да биде облигаторен, бидејќи консензуален референдум бил манипулација со граѓаните.

Верува ли некој на ова: “Ако треба ќе облечам железни опинци ама 500 евра просечна плата ќе има”

Ја зголемивме минималната плата, а таа отвори спирала на покачување на платите во Македонија. Со тоа, сега просечната плата е 24.548, а претходно беше 22,889. Дојдовме до просечна плата од 400 евра.

Ова денеска на прес-конференција го истакна премиерот Заев.

– Ако треба железни опинци ќе облечам, ама 500 евра просечна плата во Македонија ќе има, рече тој во Велес.

Од денеска Владата на Република Македонија започнува со реализација на серија трибини.

(Видео) Поздрав од капитенот Кире: Едно име имаме !!!

Капитенот на македонската ракометна селекција, Кире Лазаров по настапот со нашата селекција на СП во Германија и Данска се врати во Македонија.

Кире ги користи последните денови од малиот одмор пред враќање на клупските обврски во француски Нант, па синоќа со своите пријатели беше во кафана.

Лазаров преку својот профил на Инстаграм, на опцијата „стори“ постираше како пејачот во кафаната му ја пее македонската народна песна Едно име имаме од Јонче Христоски.

Аналитичарот Арсим Зеколи распали по провладините медиуми

Аналитичарот Арсим распали по провладините медиуми на својот Твитер профил:

“Одвојте минута, замижете и замислете ја хистеријата, трагедијата, паниката, повиката, галамата, пцуенката, мајко-шајката, патетиката и солзокрокодилството на СДСМовските гејша-медиуми доколку Грујо го потпишеше ова што они го потпишаа. Колку за да ја разберете нивната природа”

Европратеничката Петир: Јас и понатаму планирам Македонија да ја нарекувам Македонија

Европратеничката и пријател на Македонија, Маријана Петир, не го признава новото име на земјава кое за неа е резултат на насилство на западот кон македонскиот народ.

“Јас и понатаму планирам Македонија да ја нарекувам Македонија. Преспанскиот договор претставува насилство на западната демократија над една држава и еден народ“, порача на социјалните мрежи европратеничката од Хрватска во Европскиот парламент.