дома блог страница 3164

Нема крај на понижувањата: Жигосани пасошите на Република Северна Македонија (ФОТО)

Старите документи остануваат во важност до истекот на техничкиот рок од 5 години утврден со Договорот од Преспа. До тогаш, при влез/излез во Македонија, на граничен премин ќе ви биде ставен печат како на сликата.

Дополнително, ова значи дека секој граѓанин во рамки на редовната постапка кога ќе го менува пасошот, ќе го сноси трошокот за истиот лично – гласи фејсбук објавата во склоп на која е објавена и фотографија од печатот кој ќе го добиеме во нашите патни исправи.

Извор: “Курир”

Коце Трајановски се збогува со својот другар и соработник

Екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, преку емотивна порака на Фејсбук се збогува со својот пријател и соработник Зоран Давидовски, кој го загуби животот во вчерашната сообраќајна несреќа во близина на селото Ласкарци.

Зоран Давидоски (22.08.1981 година), беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај.

“Те испративме денеска на вечното почивалиште ама те испративме прерано драг пријателе. Изгубивме човек кој го сакаше животот, изгубивме и експерт кој неуморно работеше на сообраќајно осовременување на Скопје. Ми беше многу значаен соработник, другар и пријател. Сочувство до неговата фамилија. Почивај во мир Зоран Давидовски”, напиша Трајановски на Фејсбук.

Алал диплома и хипократова заклетва: Докторите од “8-ми Септември” кои не биле на работа доброволно дошле да помагаат и да спасат животи

Вчерашниот трагичен ден покажа дека се уште има луѓе во Македонија, луѓе кои имаат срце и душа и се спремни на се за да им помогнат на своите сограѓани.

Сепак животите на повpeдените останаа во рацете на докторите во ГОБ ,,8-ми Септември” кои според информациите кои се шират на социјалните мрежи сите до еден доброволно се појавиле на работа иако биле слободни.

-Сите до еден од здравствените работници кои не биле на работа,доброволно дошле на работните места да помогнат и спасат човечки животи…Алал диплома и хипократова заклетва – пишува Игор Стефановиќ на својот Фејсбук профил.

Кемал е херојот кој им помога на семејствата – вечерва да му бидеме поддршка, да помогнеме сите на оние кои чекаат пред болница

Дечки, Кемал СК е нашиот херој од минатата ноќ! Самоиницијативно отиде пред болница и цела ноќ делеше чај и кафе на сите роднини кои беа насобрани пред болницата Ургентен центар 8 Септември во исчекување на вест за свпоте најмили. Дечково е познат хуманитарец и секогаш излегува прв за сѐ -напиша Верче Крстевска на својот фејсбук профил.

Таа вели дека Кемал вечерва повторно ќе биде таму со неговите пријатели кои му помагаат во ова несебично дело.

-Затоа ќе го замолам јавно, вечер да постави една кутија на масата каде што дели помош и сите ние да поминеме и да оставиме по некој денар. Знам дека ова го може и сам, ама не сакам да биде сам, сакам сите да му помогнеме. Дечково делеше кафиња, сокови, чаеви, гевреци… – повикува Верче.

Таа вели дека на некои од повредените состојбата е ужасна и нивните најблиски не мрдаат од пред болница. Изгубени и очајни, ноќеска го имале само Кемал се грижел за сите нив.

-Кемал еден – стана за сите нас, да застанеме вечер сите ние за него! Дечково цела ноќ беше пред болница, се до 16 часот. Вечер повторно ќе биде таму од 19 часот. Кемал ја заслужува целата наша поддршка и почит! Поминете и донирајте!

Извор: “Република”

Во понеделник прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” ќе одбележи 69 години од своето формирање: Досега се одиграни над 7000 претстави

Во понеделник 18.02.2019 од 19.30 часот со прикажувањето на претставата „Пиреј“ од Петре. М. Андреевски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, театарот „Војдан Чернодрински“ ќе одбележи 69 години од основањето.

Публиката ќе има можност да ја проследи извонредната претстава за трагичната судбина на Јон и Велика, досега изведена над десет пати.

„Пиреј“ е вонвременска и потресна приказна за неуништливоста на македонскиот народ и неговото страдање, во која играат Марија Спиркоска Илиjеска, Александар Степанулески, Катерина Чакмакоска Клинческа, Зоран Иваноски, Игор Трпчески, Марјан Чакмакоски, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Даниела Иваноска, Андон Јованоски, Виолета Чакарова, Димитар Вандески, Цветанка Чавлеска, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Наќе, Димитар Црцороски –Михајло Миленкоски, Александар Тодески, Виктор Мирчески и Давид Папазоски.

Сценографија е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а автор на музиката е Димитар Андоновски.

Завеста во театарот за првпат се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата „Кир Јања„ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.

Низ годините театрот ,, Војдан Чернодрински,, растел и се развивал. Прикажани се над 370 премиери, одиграни се над 7000 претстави кои ги гледале одолу 2 милиони луѓе.

Меѓу претставите кои се за одбележување се најгледаната “Солунски патрдии” во режија на Коле Ангеловски, потоа „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски. Останале запаметени бројни претстави меѓу кои „Силјан Штркот”, “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Колобан”, “Молам за секс”, “Спиро Црне”, “Арсениј” , “Полковникот птица”, “Опера за три гроша” …

Изминатите години театарот освои бројни награди не само на фестивалот „Војдан Чернодрински“, туку и на „Ристо Шишков“, како и на ЕКСПОНТО во Љубљана, МЕСС во Сараево, на фестивалот на актерот во Никшиќ…. Наградени се претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаскиот круг со креда“, „Змејовата невеста“, „Клетници“….

Во годината кога се одбележуваат 69 години од основањето, театарот со поддршка на Министерството за култура ќе реализира четири премиери, а на редовниот репертоар се неколку претстави.

Лажен профил на претседателот Иванов на Твитер ги збуни амбасадорите: Прв во замката се фати амбасадорот на Шведска

Шведскиот амбасадор во Македонија, Матс Стафансон беше првиот што се фати во замката поставена од лажен профил на претседателот Иванов кој се појавил на Твитер.

Профилот кој се претставува како претседател на државата објави дека имал телефонски разговор со грчкиот колега Павлопулос и дека на 7 март добил покана за средба на двајцата претседатели.

Стафансон првично напиша дека се работи за извонредно позитивен сигнал но подоцна сфати дека се работи за измама и избриша неколку твитови на оваа тема.

Заврши увидот на местото на тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово: JO со долг извештај

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи денеска во 13.15 минути го заврши увидот на лице место на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патниот правец Скопје-Тетово, во која 14 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени.

Интензивно се работи на утврдување на сите детали кои можат да ги откријат причините за несреќата. Со оглед на тежината на самиот настан и обемот на истражни дејствија кои ќе се преземат во претходна постапка во постапувањето по овој предмет е вклучен и втор јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој преминувајќи преку двете сообраќајни ленти излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат е подигнат од местото на несреќата и по наредба на јавниот обвинител врз него ќе се врши детално техничко вештачење од страна на Mашинскиот факултет во Скопје.

Заради правилно утврдување на фактите, денеска на местото на несреќата беше присутна и екипа на Mашинскиот факултет која ги направи првите проверки на исправноста на возилото. Од досегашните сознанија утврдено е дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година. По наредба на јавниот обвинител, Машинскиот факултет ќе изготви писмен вешт наод и мислење.

На лице место со јавниот обвинител денеска беше присутна и екипа на Бирото за судски вештачења, од каде треба да биде изготвен писмен вешт наод и мислење за причините на сообраќајната незгода.

Надлежниот јавен обвинител ќе ја побара целокупната документација од компанијата „Дурмо турс“ во врска со дозволите за јавен превоз кои ги поседува, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти во автобусот кој сообраќал на релацијата Скопје-Тетово, како и податоци во врска со работното време и релациите кои ги поминал возачот на критичниот ден.

Возачот кој управувал со автобусот е хоспитализиран и се здобил со телесни повреди. Веднаш по несреќата јавниот обвинител имаше првичен разговор со него и притоа тој не даде релевантни податоци за целиот настан.

Јавниот обвинител усно е известен дека анализата на примероци на крв и урина покажала дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции.

Со барање на листинзи од мобилен оператор ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата користел мобилен телефон.

На Институтот за судска медицина, по наредба на јавниот обвинител извршена е обдукцијата на 13 од починатите лица, додека за едно лице обдукцијата е во тек. Од страна на увидните екипи на Министерството за внатрешни работи по завршениот увид до Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат доставени записниците за увид, скицата, фото документацијата и други обезбедени материјални докази.

По приемот на овие докази, по доставување на обдукциските протоколи, медицинската документација за повредите на другите патници, извештаите за наредените вештачења, по испитување на возачот, на патниците во автобусот и на очевидци на настанот, како и по обезбедувањето на целокупната релевантна документација, во зависност од утврдените факти, обвинителството ќе донесе јавнообвинителска одлука.

Сведоштво на еден од преживеаните патници: Раскажува како се случила несреќата на патот Скопје-Тетово (ВИДЕО)

Голема трагедија ја потресе Македонија – патнички автобус на гостиварската компанија „Дурмо Турс“ вчера излета од автопатот Скопје-Тетово и се преврти кај селото Ласкарци.

Според последните информации, 14 лица го загубија животот во страотната несреќа на автопатот Скопје – Тетово која се случи вчера околу 17 часот, а петмина се борат за живот во скопските клиники.

Автобусот кој пренесувал 50-тина патници од Скопје за Гостивар, преминал преку заштитната ограда на автопатот на спротивната лента, по што ја пробил и последната банкина пред да се преврти покрај автопатот.

Телевизијата “Klan Macedonia” го објави сведоштвото на еден од преживеаните патници кој што откри дека е во стабилна состојба, а потоа откри и како се случила несреќата.

Според него, сѐ се случило за многу кратко време, автобусот наеднаш ја загубил контролата, по што излетал од патот.

Балканската ѕвезда Жељко Самарџиќ со видео обраќање: Драги мои Македонци во овој тaжeн момент сум со вас, концертот е одложен!

Поради тpaгичниoт настан, сообраќајната нecpeќa кај Ласкарци во општина Сарај, концертот на пејачот Жељко Самарџиќ кој требаше да се оддржи во сабота на 16-ти февруари во Вип Арената Борис Трајковски се одложува и истиот ќе се одржи на 23-ти февруари.

-Драги мои Македонци сакам само да ви кажам дека во овој тaжeн момент сум со вас и ја користам приликава на сите семејства на нacтpaдaнитe да им изразам искрено coчувcтвo. Мојот концерт е преместен за 23 февруари, вели Самарџиќ.

Од продукцијата Балкан медиа, организатор на концертот, изразуваат искрено coчувcтвo до семејствата на зaгинaтитe и побрзо зaздpaвувaњe на пoвpeдeнитe.

Видеото од обраќањето на Самарџиќ може да го погледнете на следниов линк.

 

Апел: Потребнa e крв во ГОБ „8 Септември“, има ниски резерви од повеќето крвни групи

Градската општа болница „8 Септември“ има ниски резерви од повеќето крвни групи.

„Со цел да се превенира појава на повици за обезбедување на крв, Ве повикуваме да го направите своето дарување во ГОБ секој работен ден од 08.30 до 13.30 часот“, се вели во повикот.