дома блог страница 3162

Бидете внимателни по патиштата, вечерва снег низ Македонија: Еве каде вее моментално

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западниот дел од државата, на некои повисоки места со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.

Како што соопшти АМСМ, врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, во Дебар, Прилеп и на планинските премини Стража, Буково и Плетвар, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Претходно, од 17:10 часот поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Мечката Мишо излезе од пештерата и не ја виде својата сенка: Еве до кога ќе трае зимата

Мечката Мишо во белградската зоолошка градина утринава не ја здогледала својата сенка, што значи дека на зимата и се ближи крајот!

Имено според старото верување, на денешниов празник, Сретение Господово, се сретнуваат зимата и летото, а деновите стануваат се подолги.

Важно е какво ќе биде времето на овој ден. Ако е сончево, мечките ќе ја здогледааат својата сенка, ќе се исплашат и вратат во пештерата, а зимата ќе трае уште шест недели. Ако не ја видат сенката, зимата е при крај.

Нашата мечка Мишо утринава се прошета и не се врати во пештерата – напишаа од белградската зоолошка градина.

Инаку истата прогноза ја даде и мрмутот Фил, кој излезе од својата пештера и го најави доаѓањето на пролетта.

Прилепчани ќе му се оддолжат на ракометните великани Таста и Лара: Ќе се организира меморијален турнир за ветерани

Прилепските љубители на ракометот конечно имаат една пријатна вест и моменти за задоволство. Во организација на „ЗС Млади ветерани“ од Прилеп од 31 мај до 2 јуни 2019 година ќе се одржи првиот Меморијален меѓународен ракометен турнир за ветерани „Таста – Лара“ во чест на две големи имиња на прилепскиот ракомет.

Имено, Петар Кузманоски-Таста и Влатко Коруноски-Лара починаа минатата година, а ЗС „Млади ветерани“ во нивна чест организира оригинален турнир за ветерани на отворено, кој секоја година ќе ги собира поранешните големи имиња од Македонија и останатите европски земји.

Организацијата започна неколку месеци пред одржувањето на тридневниот турнир кој ќе се игра на отворено, на герфлор подлога и со многу заедничко дружење меѓу ракометарите и ракометните работници.

Целта е и помладите да се запознаат со кариерите на Таста и Лара, кои оставија голема трага во ракометот во овој град.

Наскоро ќе бидат обелоденети учесниците на првиот Меморијален турнир, а подготвени се и неколку изненадувања за сите кои ќе бидат дел од манифестацијата. Исто така ќе биде задржан и натпреварувачкиот дел од турнирот и за најдобрите предвидени се награди и признанија.

Кузманоски беше дел од „златната“ генерација на Тутунски комбинат и еден од најзаслужните за подемот на клубот во кој и ја заврши кариерата.

Цела една деценија го носеше дресот на Тутунски комбинат, важеше за еден од најборбените ракометари и подеднакво важен и во одбраната и во нападот.

По завршувањето на кариерата започна тренерска кариера и најнапред со најмладите, а потоа и со ракометарките оствари одлични резултати. По неговите стапки тргна синот Горан Кузманоски, кој настапуваше за националната репрезентација, има зад себе завидна интернационална кариера, а денес го носи дресот на Еурофарм Работник.

Влатко Коруноски беше дел од репрезентацијата на Македонија, беше голем талент и препознатлив беше по специјалитот – гол од „мртов агол“.

Извор: “Гол.мк”

Николоски: Бојкотот му одговара на Заев- глас за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ значи пад на власта!

Во јавноста се заговара идејата за бојкот на претстојните претседателски избори, особено кај про-опозициски ориентирани новинари, активисти, интелектуалци, со цел да не се достигне цензусот.

Овој повик, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски го разбира, но не го оправдува, бидејќи целта не е да пропаднат претседателските избори.

– ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што сака да одлучува и да победува. За да може да одлучува и да победува мора да учествува. Во спротивно која е поентата на постоење на ВМРО-ДПМНЕ. – рече Николоски за „Лидер“ и објасни дека целта на политичките партии е да учестуваат на изборите и да дојдат на власт.
Потпретседателот на најголемата опозициска партија кажа дека нивната цел е да победат на изборите, затоа бојотот не е решение.

– Наша цел е да победиме на претседателските избори, наша цел не е претседателските избори да пропаднат. Наша цел е да победиме на претседателските избори и ќе победиме на претседателските избори. – одлучен е Николоски.
Според него, бојкотот се иницира од граѓани кои што се пред се револтирани од се што и се случува на државата, што е далеку од нормално.

Николоски додаде дека револтот, граѓаните треба да го насочат со тоа што ќе гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори.

На Веб страната на Иванов уште стои Претседател на Македонија

На Интернет страницата на претседателот Ѓорѓе Иванов сеуште стои дека е Претседател на Република Македонија иако денеска истекува последниот ден за промена на името на државата во Северна Македонија на сите дигитални записи логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб-страници, медиуми кои произлегоа од договорот од Преспа.

Од “ТВ Канал5” побарале, но не добиле одговор дали името ќе се смени на страната на Иванов.

СРАМОТА! Спомен обележјето посветено на “Масакрот кај Дабница” во близина на Прилеп плива во отпад (Фото/Видео)

Спомен обележјето кое сведочи за еден од најголемите масакри во историјата на Македонија, се наоѓа во катастрофална состојба. Околу споменикот кој сведочи за масакрот од 19 септември 1942 година кај прилепското село Дабница, владее вистинска депонија и неред.

Ова место е од огромно значење за македонската и историјата на Прилеп, место каде на тој 19 септември 1942 година, 19 прилепчани биле најпрво измачувани, а потоа и стрелани од фашистичкиот окупатор.

Бронзената статуа која била излеана од првиот академски образован скулптор во Македонија, Димо Тодоровски (1910-1983), која долго стоела во чест на загинатите е украдена во 2002 година.

Читатели на нашиот портал испратија фотографии и видео до нашата редакција, а она што може да се види го нема ниту на хорор филм.

Пожар во куќа на улица “Андон Слабејко” во Прилеп

На 15.02.2019 година околу 00.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на улица „Андон Слабејко“, во куќа сопственост на Б.К., настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Увид ќе се врши во текот на денот.

Арамија на векот: Како ли само успеа толку големи конзерви да ги скрие во себе (Видео)

Го украла половина маркет ….

Погледнете:

Волк на кој сите овци му се на број: Момче го пораснало и го дресирало да му го чува стадото со овци (Видео)

Момчето Хамза од Либија еден ден нашло напуштено кученце и не се двоумело да го усвои.

Детето не ни помислувало дека тоа се работи за африкански златен волк (Canis anthus). Кога кучето израснало, Хамза не се откажал од него.

Напротив, го издресирал да му помогне во вршењето на овчарската работа. Така, природниот непријател на овците станал нивниот чувар.

Со децении е хит во светот: Овој сок го закрепнува целиот организам

Се работи за мешавина од цвекло и морков, а ако ви станува мака уште на самата помисла на оваа комбинација, не сте единствени.

Веќе со децении наназад овој сок им се препорачува на сите оние кои одат на хемотерапија, бидејќи совршено се бори против сите последици од ваквиот вид на лекување на карциномите. Иако сите велат дека има грозен вкус, никој сепак не престанал да го пие бидејќи резултатите се фантастични.

Токму затоа велат дека овој сок буквално „подига од мртвите“ – и не е наменет само за оние кои имаат здравствени проблеми.

Доколку се чувствувате преморено, немате енергија и депресивни сте, можеби токму овој домашен сок е она што ви е потребно.

Се подготвува многу едноставно:

Состојки:

– 1 кг цвекло

– 1 лимон

– 1/2 кг моркови

– 3 портокали

– 3 јаболки

– 1 килограм мед

Подготовка:

Сите состојки едноставно исчистете ги и ставете ги во блендер. Ќе добиете сок со црвена боја, кој потоа може да го распределите во шишиња или тегли, внимавајте тоа да не бидат пластични садови. Смесата би требало да ја чувате во фрижидер. Сокот дава најдобри резултати доколку го консумирате наутро, на празен желудник и доволно е само половина чаша.

А ако го пиете овој сок секој ден, веќе за десетина дена ќе почувствувате неверојатни промени, пред се кога се работи за вашата енергија, но и вашето расположение.