Светски познатиот пијанист Симон Трпчески синоќа имал свој настап во Симфониската сала во Чикаго, каде настапил на “Рачманинов – Пијано Концертот” заедно со Симфонискиот оркестар од Чикаго, а под дирегентската палка на Маестро Пабло Херас Касадо.
После настапот Трпчески добил громогласен аплауз, а публиката и по втор пат го вратила на сцената.
Погледнете колку нашиот Симон Трпчески е вреднуван и ценет во целиот свет:
Интересно видео кое прикажува како само со едно возило можат да се извршуваат сите операции за поправка на оштетените улици и кратерите низ градот.
Камионов е како кец на десетка за локалните власти во Прилеп, но според она што го гледаме на социјалните мрежи, одлично ќе им се најде во било која општина во државата.
Утринава ( 17.02.2019 година ) околу 04.40 часот од Противпожарна единица Прилеп е пријавено дека на улица „Павел Шатев“ во Прилеп било опожарено возило „Ауди “, сопственост на фирма. Од СВР Битола само известија дека е извршен увид, без да соопштат повеќе детали – пренесува “Инфокомпас”.
Семејството на Шабан Шаулиќ се огласи по страотната сообраќајна нecpeќa во која животот го зaгуби „кралот на народната музика“ со заедничко соопштение, во кое ја испишале целата бoлкa која во овие моменти ја чувствуваат.
– Со голема бoлкa и нeизмерна тaaа ве известуваме дека денес пpecтана да чука големото cpцe и се стиши најубавиот глас во регионот, кога нас не напушти сопругот, таткото, дедото, кумот и пријател Шабан Шаулиќ. Љубовта кја несебично ја даруваше на сите околу себе ја вткаи во неговите песни и нашата желба е така да осане и запаметен, како голем уметник, неповторлив пејач, но пред се прекрасен човек – стои во обраќањето на семејството на Шаулиќ, прв пат по сообраќајната нecpeќa.
Семејството Шаулиќ се заблагодарува на изразите на coчувcтво и ја замолува јавноста во овие тeшки моменти достоинствено да се сочува споменот за Шабан – стои во соопштението.
“СДСМ со системски мерки во земјоделието ќе обезбеди државна гаранција за откупот на јаболкото и пласманот на јаболкото. Со низа системски решенија ќе го подобриме амбиентот за производство и развој на земјоделието во РМ, но најважно од се е дека новата влада на СДСМ, по промената на власта, ќе обезбеди достапност до субвенциите за земјоделците, за вистинските земјоделци, а не за луѓето коишто воопшто не се занимаваат со земјоделие, а сите овие 10 години ги злоупотребиле субвенциите. Промени ќе има и мора да има”, изјави актуелната пратеничка од СДСМ во Собранието, Фросина Ременски, при посетата на Преспанскиот регион пред парламентарните избори во 2016 година.
Во меѓувреме посета на произведувачите на јаболка имаше и Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, еве што тој им порача на ресенчани во октомври минатата година:
Но, состојбата на терен е сосема поразлична.
Над 2000 производители на јаболка од Преспанскиот регион денеска над два часа го блокираа патниот правец Битола-Ресен.
Одгледувачите на јаболка од овој регион бараат субвенционирање на индустриските јаболка со по 3 денари за килограм и решавање на слабиот пласман.
Тие побараа средба со премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Според овоштарите, нивната состојба е многу тешка. Се работи за бројка од над 50.000 тони неоткупени јаболка, за кои цената е премногу ниска.
Според нив нема пласман ниту на индустриското, ниту на трпезното јаболко.
Либералката Софиа Нербранд, која пишува за шведскиот весник “Sydsvenskan”, тврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан “требало да се срами” поради тоа како што сака да го зголеми наталитетот во Унгарија. Истовремено кон нејзиниот став се приклучила и министерката Аника Штрандал.
Во текстот за весникот, Софија пишува: “Виктор Орбан изјави дека целта му е да се зголеми унгарскиот народ, но со унгарски деца од чисти Унгарци, а не од мигранти”. Иако Орбан не споменал белци или бела боја на кожа, Швеѓанката го напишала и тој дел.
После тоа, 45-годишната либералка се насочила и кон сите други државници кои својот народ го ставаат на право место.
“Реториката и политиката која го наградува сопствениот народ, а со тоа исклучувајќи ги останатите не би смеела да има место во денешна Европа”, напишала Нербранд.
Нејзиниот став го поддржала министерката за социјална заштита Аника Штрандал од Социјалдемократската партија.
“Она што се случува во Унгарија е алармантно. Орбан сега сака повеќе раѓања на “вистински” унгарски деца”, напишала меѓу другото министерката на Твитер.
Кандидатката чиј ментор е Јелена Карлеуша, Драгана Сремац, доживеа тотално фијаско во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Јелена се држеше за глава гледајќи го нејзиниот настап, кој се чини дека беше навистина дерградирачи за кандидатката.
Девојката се претстави со песната „Зора је“ и „Направи се луд“, а жирито ја гледаше со жалење, додека ЈК се засрами од „својот резултат“.
Карлеуша се извини за нејзиниот настап, бидејќи поради свои приватни проблеми (секс-скандалот со Врањеш), не билас во можност да работи со својата кандидатка и ја препуштила во рацете на пејачката Ивана од групата „Негатив“, која очигледно избрала лоши песни за неа.
Времето до петок ќе биде претежно сончево и потопло, но веќе в сабота, како што најави УХМР, се очекува наоблачување со локални врнежи, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.
Од утре до петок утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, а дневните од 5 до 17 степени. В сабота дневните температури ќе се движат меѓу 3 и 7 степени.