дома блог страница 3157

Честитка од Дорис Пак за кандидатурата на Силјановска

За изборот на Гордана Силјановска Давкова за кандидат за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пристигна честитка од Дорис Пак, претседател на асоцијацијата на жени во Европската народна партија (ЕПП).

Вчера ме разбуди пораката: Драга Гордана, асоцијацијата на жени на ЕПП го честита изборот за кандидат за претседател. Со цело срце ти посакуваме голем успех, објави на својот Фејсбук профил професорката Гордана Силјановска Давкова која во саботата на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ беше избрана за кандидат за претстојните претседателски избори.

(Видео) „Луѓе мои ова е опасна и отровна змија“ – планинари не се надевале на ваква глетка во февруари

Планинарот Емир Мујчиќ снимил змија кајко се движи по снегот по Комара, планина во Босна.

Снимателот, како и неговите пријатели биле запрепастени ог глетката:?

„Ех, луѓе мои, на 17. февруари 2019 година на Комара змија. Ова е шарка – опасна, отровна змија“, наведува тој коментирајќи ја глетката.

Подоцна сфатиле дека сепак станува збор за поскок. Една од најотровните, најголемите и најопасните европски отровници. Главата ѝ има срцевидна форма и карактеристичен врв на носот.

(Видео) Можна е промена на химната и знамето: Груевски на „Пинк 1“ телевизија објаснува дека според Тиранската платформа, следи и промена на химната и знамето!

Во Тиранската е спомената промена на химната и знамето, и тоа не може да се исклучи, вели екс-премиерот Никола Груевски во интервју за српската „Пинк 1“ телевизија, објаснувајќи дека останува на Заев и Ахмети тоа да го договорат

„Во Тиранската платформа тоа е спомнато и не можам да го исклучам ниту пак можам да го потврдам. Не знам што ќе се договорат коалиционите партнери“ – вели Груевски, додавајќи дека Албанците веќе подолго време имаат такво барање.

„До сега, господинот Заев ја исполнува точка по точка Тиранската платформа, па може да се очекува дека и тоа ќе го оствари“ – констатира водителката.

Извор: infomax.mk

Воз излета од шините во Македонија

Патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево-Скопје изутринава удрил во карпа која најверојатно паднала на шините во близина на селата Лакавица и Падалишта гостиварско. Повредени нема, но има материјална штета и во прекин е сообраќајот на тој дел од пругата.

Во полициската станица Гостивар утрово, во 6:45 било пријавено дека патничкиот воз кој тргнал од Кичево удрил во карпа на потегот помеѓу селата Лакавица и Падалишта. Од ударот композицијата излетала од шините.

По пријавувањето на местото на настанот е упатена екипа за увид, кој треба да започне наскоро.

Согласно со стандардната процедура, со помошен воз треба да се врати гарнитурата на шините по што ќе се утврди оштетувањето на пругата.

Поучна приказна: “Фарисејот и Господ”

(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)

ФАРИСЕЈОТ И ГОСПОД

Според денешниот евангелски бисер, параболата за цариникот и фарисејот.

– ФАРИСЕЈОТ: „ Господе, знам дека имаш свои мерила и дека често судиш спротивно на нашата логика. Ама, дали тоа е праведно? Јас целиот живот се трудам, се обидувам својот живот да го усогласам со твоите заповеди. Не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, беззаконици, особено не сум како овој грешен цариник …

Мислиш дека ми е посебна радост со денови да постам, гладта и жедта да ме измачуваат? Мислиш дека мало одрекување е кога од се’ давам една десетина за Тебе?

Признавам, често го набљудував овој цариник и неговите пријатели и, понекогаш дури и посакував – прости ми Господе – да живеам како нив, по свое, без морал, без материјални грижи. Ама Ти останав верен. И сега вака ли ми плаќаш? И пред се’, дали овој цариник е поправеден од мене? Да бидам искрен, ми оди на нерви.

Му служи на окупаторот, го пљачка народот. Ги лаже работодавците. И сега ми дошол тука и божем се моли. Тоа е самоволие, а не правда Господи“.

– ГОСПОД: „Имаш право и вистина зборуваш кога своите големи заслуги ги набројуваш пред Мене. Се трудиш и многу си побожен и искрен. Ама каколот на нечовечноста кој расте во твојата пченица ги надвисил и ги загушил сите твои плодови. Твојот начин на живеењето на верата станал теснограден и немилосрден.

Како можеш да тврдиш дека ги почитуваш моите заповеди, кога така постапуваш со твојот брат цариникот? Како твојот презир се согласува со твојата побожност? Твојата гордост те заслепила.

Љубовта згаснала во твоето срце. Во својата праведност самиот себе си си станал Бог. Затоа во верата повеќе не наоѓаш мир и исполнување, затоа не можам да ти дарам нов живот и правда“.

Еве зошто германскиот овчар е повеќе од куче: Секој љубител на мачки треба да го погледне ова видео

Расата германски овчар е релативно нова раса, чие потекло датира од 1899-та година. Како вид кучиња, чувари на стада, германскиот овчар првенствено е наменет за чување на овци и други стада.

Благодарение на својата сила, интелигенција и способност за дресура, германскиот овчар многу често учествува во акциите на војската и полицијата. Во моментов на расата германски овчар ѝ припаѓаат 4,6 % од сите кучиња кои се заведени во клубот Америкен кенел (American Kennel Club).

Благодарение пак на неговата лојалност и заштитничка природа, германскиот овчар е една од најраспространетите раси во светот.

Германските овчари се одгледуваат посебно поради нивната интелигенција, карактеристика по која тие и денес се познати. Тие се сметаат за трета раса на кучиња со најголема интелигенција, веднаш по шкотските овчари и пудлиците.

Во книгата The Intelligence of dogs, авторот Stanley Coren ги рангирал како трета раса на кучиња со најголема интелигенција.

Тој заклучил дека тие се способни да научат едноставни задачи по само 5 повторувања на истите и дека во дури 95 отсто од случаите ја извршувале дадената наредба.

Оваа нивна карактеристика, заедно со нивната сила ја прави оваа раса соодветна за потребите на полицијата, како куче чувар и куче трагач, бидејки германските овчари се во можност да научат различни задачи и да извршуваат наредби подобро од другите големи раси на кучиња.

Како доказ на сето погоре напишано е и ова видео кое можете да го погледнете во продолжение:

Единствена можност да ѕирнете во внатрешноста на Саат кулата во Прилеп: Се’ за симболот на градот на кој секој се восхитува (Видео)

Eдинствена можност да ѕирнете во внатрешноста на прилепската Саат кула, да се запознаете со внатрешната содржина, да дознаете кога, како и колку време е граден градскиот часовник во Прилеп и кој се’ се гиржел за неговото одржување.

Краткометражниот документарен филм за прилепската Саат кула е дело на Горан Попоски и е награден со Златна “Камера 300” во 2016 година.

Филмот е во траење од речиси 9 минути, а во себе носи историја долга 150 години.

Погледнете, ќе ве фасцинира:

Силјановска: “И јас го бојкотирав референдумот” (Видео)

“И јас бојкотирав. Не сакам да легитимирам нешто што е неуставно и незаконско, несакам. Тоа во кодексот на добри практики на Венецијанската комисија е легално и легитимно”, вели во видеото кое го објави на својот Фејсбук профил кандидатката за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој хороскопски знак е создаден да биде победник

Типична претставничка од групата на земјени хороскопски знаци која цврсто стои на земјата и не е склона на фантазирање туку живее во реалноста и зема од неа колку што може повеќе.

Претпоставувате дека станува збор за Јарец.

Неверојатно силна, дамата Јарец може да ги преброди сите животни препреки, а секој проблем го решава смирено.

Иако на момент може да делува ладно и резервирано, сепак под површината се крие дама со одлична смисла за хумор која чезнее по сигурност.

Своите амбиции е подготвена да ги жртвува само поради семејството.

По природа не се вљубува лесно на прв поглед, ниту сака да го губи своето време на бесмислен флерт. Љубовта за неа е сериозна работа и ако некој и се допаѓа нема се да препушти на судбината туку свесна за своите способности ќе ги земе работите во свои раце и ќе се погрижи да го добие мажот кој го посакува.

Сака да биде рамноправна со својот партнер, а на него секогаш ќе му биде поддршка, особено во тешките моменти.

Совршен партнер за неа е некој кој сака да успее во животот колку и самата таа.

Идеални партнери за неа се Бикот и Девицата бидејќи тие знаат да продрат до нејзиното срце, додека пак Ракот во целост ќе ги задоволи нејзините емоционални потреби.

Заев пак се обрука: Норвешка ќе го поддржувала членството на Македонија во ЕУ, иако воопшто не е членка на Европската Унија!

Премиерот Зоран Заев се обрука откако на Твитер напиша дека Норвешка ќе дадела поддршка за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Тоа би било добра изјава, но премиерот заборави дека Норвешка не е членка на Европското семејство.

– Норвешка гледа сојузник во нашата земја и е подготвена да ја продолжи својата поддршка, бидејќи смета дека сериозно придонесуваме во европската агенда и дека сме посветени на отворање на поглавјата за преговори со ЕУ – напиша Заев на Твитер.

Инаку вчера Норвешка силно го поздравува Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција како важен момент за процесите за вклучување на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Претседателката на Владата на Кралството Норвешка Ерна Солберг на средбата со Заев и посака добредојде на нашата земја во НАТО која веќе го зазеде своето место веднаш до Норвешка и каде што ќе го помине периодот на ратификација на Протоколот за пристапување како поканета земја членка, по што ќе го добие статусот на полноправна членка со право на глас во сите работни тела на Алијансата.

Извор: infomax.mk