дома блог страница 3154

Сагата продолжува: Откако братучед на Хазби Лика го избркал Стојанче Ангелов од кафетерија тој му порача „Овој пат се спаси“ (ФОТО)

Сагата продолжува откако претходно објавивме дека медиумите на албански јазик пишуваа дека братучед на вице-премиерот задолжен за охридскиот Договор, Хазби Лика, го избркал од кафуле во Тетово Стојанче Ангелов.

Според очевидци во едно од кафулињата во Тетово, седеше поранешниот лидер на бранителите Стојанче Ангелов, и кога братучедот на Хазби Лика го видел го избркал Стојанче од кафетеријата!

Порталите на албански јазик пишуваат дека пред да ја објават веста, контактирале со човекот кој го избркал Ангелов и дека истиот ја потврдил нивната информација.

Но, се уште не се знае и не се кажува вистинската причина за оваа случка.

По ова Ангелов на својот Фејсбук профил објави дека станува збор за лажна вест:

-Освен келнерот од кого порачавме кафе и кон ни донесе кафе, никој друг ниту ми пријде ниту ми проговори. Сведоци се келнерот, двајцата мои пријатели кои беа со мене од кои едниот е Албанец и уште неколку лица кои беа внатре во локалот. Доста ширите омраза, треба да живееме заедно во мир. Поздрав до сите вас, напиша тој.

А веднаш потоа следуваше коментар од Лика во кој го директно му порача:

-Овој пат се спаси, те очекувам да доаѓаш пак и ќе видиме како лажам тогаш.

По ова уште еднаш Стојанче го запраша Лика дали тој го избркал од локалот, а тој му рече дека Да, тој го избркал од локалот.

Извор: kurir.mk

Денес е спомен на Преподобен Свети Вукол: Неговите мошти до ден денес исцелуваат!

Според календарот на МПЦ (ЈУлијанскиот келандар) денеска е 6. февруари

Преподобен Свети Вукол, епископ Смирненски

Ученик на Св. Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа. Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост. Пред смртта Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господ.
А кога ги погребаа неговите свети мошти, Бог направина неговиот гроб да израсне мирта,која изцелувала и денес исцелува, од разни болести кои доаѓаат со верата.

(Видео) Шабан Шаулиќ има тестамент: Откриено кому ќе му припаднат 2,4 милиони евра

Легендата на народната музика Шабан Шаулиќ пред два дена, во раните утрински часови, загина во сообраќајна несреќа во Германија, а во автомобилот со него беше неговиот музичар Мирсад Кериќ кој управуваше со возилото, како и неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ.

Извори , некои од најблиските пријатели на Шабан, рекле дека кралот на народната музика имал тестамент кој го оставил на својот адвокат.

-Тестаментот е направен во семејната куќа на Шаулиќ во присуство на Гоца. Во него е наведено дека на сопругата ѝ остава вила вредна милион евра, во кој има доживотно право на уживање, после што ќе ја наследат внуците и децата. Покрај тоа, куќата во Крчедина ја остава на внуците, додека трите стана во Белград ги расподелил на трите деца – пишува Србија денес.

Покрај недивижнини, Шабан на својата сопруга ѝ оставил и заштеда на нејзино име.

Братучедот на Хазби Лика, го избркал Стојанче Ангелов од кафетерија во Тетово!

Медиумите на албански јазик пишуваат дека братучед на вице-премиерот задолжен за охридскиот Договор, Хазби Лика, го избркал од кафуле во Тетово Стојанче Ангелов.

Според очевидци во едно од кафулињата во Тетово, седеше поранешниот лидер на бранителите Стојанче Ангелов, и кога братучедот на Хазби Лика го видел го избркал Стојанче кафетеријата!

Порталите на албански јазик пишуваат дека пред да ја објават веста, контактирале со човекот кој го избркал Ангелов и дека истиот ја потврдил нивната информација.

Но, се уште не се знае и не се кажува вистинската причина за оваа случка.

Извор: kurir.mk

Нема крај на лудориите на Русинките: На замрзнатиот Владивосток се капат и танцуваат (Видео)

Се чини дека зимата е рај во Русија, па никогаш доста од овие видеа на кои Русинките го прават невозможното за било кој друг дел од светот.

Еве како се забавуваат на замрзнатиот Владивосток:

Полјаците се вистински “лудаци” кога фудбалот е во прашање: Ваква пеколна атмосфера има само на стадион во Полска (Видео)

За тоа колкави фанатици за фудбал се Полјаците, зборува ова видео во продолжение. Кореографијата е дело на навивачите на Легија од Варшава пред дуелот со Краковија кој се одигра изминатиот викенд.

За жал навивачите на Легија немаа шанса да слават триумф, затоа што нивните миленици загубија на домашен терен со 0:2.

Погледнете:

По четврти пат: Ѓоковиќ избран за најдобар спортист на светот

Првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ ја доби престижната титула на најдобар спортист за минатата година, на свеченоста во Монте Карло.

Ѓоковиќ ја доби наградата Лауреус, која важи за спортски Оскар. Ова му е четврта ваква награда во кариерата, доделена за најдобри спортски резултати во 2018.

Во конкуренција за наградата беа и Лука Модриќ, Ле Брон Џејмс, Луис Хамилтон, Килијан Мбапе и Елиуд Кипчоге.

Гимнастичарката Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка на светот, додека наградата за животно дело ја доби Арсен Венгер.

Пееше со него на последниот настап: Младата пејачка требало да биде во автомобилот со Шабан, но една грешка го спаси нејзиниот живот (ВИДЕО)

Српската пејачка Теа Таировиќ пееше со Шабан Шаулиќ на неговиот последен настап во животот, по кој во тешка несреќа легендата на народната музика го загуби животот.

По враќањето во Белград, Теа едвај успеала да изговори неколку реченици.

-Шабан после својот последен блок отиде во хотел, од каде утрово од Дизелдорф требаше да лета директно за Белград. Кога тргнавме кон аеродром ни кажаа дека Шабан имал несреќа и дека е повреден, но кога стигнав на аеродром дознав дека починал, раскажува Теа.

-Не можам да верувам дека повеќе го нема. Синоќа го имаше, според мене, еден од најдобрите настапи, публиката никогаш подобра… Луѓето доаѓаа да се сликаат, тој и во текот на настапот се фотографираше со фановите. Навистина сум во шок. Не сум свесна што се случи. Знам само дека ќе го памтам до крајот на животот онаков каков што беше синоќа, весел и насмеан, раскажува Таировиќ, која како што објаснува за српските медиуми, една работа и го спасила животот.

-Јас го изгубив куферот во текот на летот, додека доаѓав во Билефилд и се нервирав околу изгубениот куфер, а Шабан и неговиот колега ми рекоа:

-Е да идеше со нашиот лет, немаше да го изгубиш куферот. Доколку одев со нивниот лет, ќе бев со нив во тој автомобил…. изјави пејачката.

Тие имаа и заедничка песна, со која Шабан помогна многу за кариерата на младата пејачка.

Откријте какво е вашето здравје со помош на јазикот

Симптомите на болестите се покажуваат на различни начини, но она што веројатно не сте го знаеле е дека првите знаци на болестите може да ги видите во вашата уста, односно на јазикот…

Јазикот на докторите им помага при поставување на дијагнозите. На него може да се воочат знаци на настинката, грозницата, главоболката или лошата работа на дигестивниот систем.

Јазикот кај здравите луѓе треба да биде розов, чист и прекриен со ситни брадавички кои ги препознаваат вкусовите.

Но, кога јазикот е црвен, црн или бел, тоа укажува дека нешто не функционира како што треба во организмот. Отечениот јазик вообичаено значи дека се работи за алергија, додека темниот јазик може да значи прекумерна употреба на антибиотици или пак дека се работи за симптоми на сида. Долгите бразди на јазикот означуваат пак дека најверојатно се работи за сексуално пренослива болест – сифилис, а мазниот и цврст јазик укажува на недостаток на витамин Б12.

Ако говориме за најсериозните нешта кои може да се воочат на јазикот, а тоа се токму раничките, израстоците или невообичаените крварења, кои упатуваат дури и на рак на јазикот.

Индиските доктори осмислија и софтвер кој би требало да помогне со помош на дигитални слики, кои ќе ги нуди споменатиот софтвер, доктори полесно да воочат дали дошло до одредени промени на бојата или текстурата на јазикот, како и да воочат дали се работи за надуеност на јазикот.

Софтверот засега распознава 14 различни состојби, а докторите се надеваат дека наскоро ќе можат да развијат и сличен софтвер кој ќе може директно од очите да чита одредени податоци. Она што научниците исто така го воочиле е дека долгиот но и дебел јазик може да биде главна причина за непријатното ‘рчење.

Извор: “Република”

(Видео) “Никола Димитров со навреди кон функцијата Претседател на Македонија, а ќе бара поддршка од тие што ги нарече”искомплексиран народ??”

Името на актуелниот Министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор со кој се промени името на државата во Република Северна Македонија, Никола Димитров, се повеќе се споменува во медиумите како евентуален консензуален претседателски кандидат од редовите на власта.

Имено, денес Зоран Заев и Али Ахмети имаа средба на која се разговарало за излегување на претседателските избори со заеднички кандидат. Како што изјави лидерот на ДУИ, тие на средбата не зборувале за конкретни имиња, туку за партиските анкети. Тој изјави дека сеуште не може да потврди ништо се додека нема детална анализа за целиот процес.

Зоран Заев изјави дека актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров или поддршка од сите етнички заедници.

Како дел од “Шарената револиција”, Димитров упати низа навреди кон функцијата Претседател на државата:

Да потсетиме дека потенцијалниот претседателски кандидат пред само неколку месеци, за оние од кои ќе го бара легитимитетот, рече дека се “искомплексирана нација”.