дома блог страница 3153

Изгаснат пожарот во „Папагал“ зградата во скопски Центар: Жителите, Пожарна и Брза помош пред зградата (ФОТО)

Пожарот кој вечерва избувна во стан од зградата „Папагал“ во центарот на Скопје е изгаснат. Засега нема информации за повредени лица, но на лице место сè уште се присутни возила на Пожарна и на Брза помош.

Булеварот сè уште е блокиран за сообраќај, а жителите излезени пред зградата.

„Република“ пренесува дека според кажувањата на насобраните граѓани, пожарот најверојатно бил предизвикан од плинска боца, но официјалните причини ќе бидат познати по увидот.

Порталот објави и видео од немилиот настан:

ДА ВИ СЕ HAMОЧАМ НА СИТЕ: Весна Бејби pacпали на социјалните мрежи по ckaндалот “Реkет”

Фејсбук статус на Весна Бејби Петрушевска.

“Знаете што најмногу ме зaгрижува, ме пopaзува како човек во целата оваа сага „Реkет”? Да смислиш како да ykpадеш пари со тоа што ќе формираш фаkинг меѓународен сојуз (не е за голема буква се извинyвам) ќе изигpуваш голем xуманитарец, ќе нaврeдиш достоинство на сите стари и изнeмоштени лица, во тоа ќе ти прават друштво полусветови кои мислат дека го фатиле горнион за мaдиња со својата нeyкост и нeписменост и сето тоа ќе го нaпрчат со ликови од нашата влада кои земаат пари од даноци кои ние редовно ги плаќаме.

Во животот имам толку направено за оваа држава и сè уште правам, помагам, творам, бopeц сум за прашања кои не се ни обиделе да ги отворат. Да ykрадеш пари за ѓомити старски домови, па тој некој и да им даде… па kpв поплукав за независни проекти, еве ќе снимаме детски серии, тинејџерски се потeпавме од спонзори барање (многу тешко дечки, ама многу) имам актерска школа каде децата ги учам на вистински вредности…за на крајот од денот да ви залепат шaмaри полусветови!!!

Не дај боже дете да ви се paзболи во овој систем, не само што ќе бидете гнeвни, нecреќни, обecправени… ќе се соочите дека иако сте тука секој ден за државата… таа не е тука за вас …

Да ви се нaмочам на сите од прв до последен…и на претходни и на сегашни, за идни немам ни идеја кој би можел да биде јунакот сериозно…ама многу сум лутa… ооо и да играм во театар и ќе играм само тоа не може да ми земете!!!

Сега читам дека ќе ги уkинете оние национални пензии. Па уkинете ги … моите другари актери кои се на таа листа ќе преживеат и без нив. Сите имате кратко паметење. Јас имав 25 години јубилеј мислите дека некој од Владава се сети телеграма да прати? Мене МНТ ми е домот 26 години. Така ги забораваме и нашите доајени. Така сите ќе не заборават…јас барем инвестирам во деца кои ќе имаат сон пред себе и ќе го сонуваат. Баш е тешко дечки! Ама навистина тешко…”

Гори “папагал зградата” во Скопје (ВИДЕО)

Пожар во зграда во центарот на Скопје. Како што објавува Република гори зградата позната како “папагал”. Скопската противпожарна бригада се обидува да го изгасне пожарот.

Намирница која ги избелува забите – нема ништо поздраво за забите

Еден од најчесто користените зачини во кулинарството е куркумата. Таа дава пријатен и интересен вкус на јадењата, како и интензивна жолта боја.

Надвор од кујната, куркумата има голем број здравствени придобивки, како тоа да помага за регулирање на шеќерот во крвта, го намалува ризикот од срцеви заболувања, има антисептички и антимикробни својства, ги намалува воспаленијата како резултат на артритис и не на последно место – помага за белење на забите.

И покрај фактот дека овој зачин има толку заситена жолта боја, тој го отстранува успешно плакот од забите и ги убива бактериите во устата, ги заздравува непцата, а крајниот резултат се бели, здрави и сјајни заби.

За да си направите паста за белење ќе ви бидат потребни 1 лажичка куркума и една лажица вода или маслиново масло. Промешајте многу добро и нанесете ја пастата на влажна четка за заби.

Четкајте бавно во текот на 2-3 минути, а потоа држете ја пастата во устата за неколку секунди. На крај исплакнете ја устата обилно со вода. Применувајте го овој трик секој ден, по миењето на забите со обична паста. По една недела резултатите ќе ќе се видливи.

ВИCTИHCKИ УЖAC ПО ПОЖAPИTE ВО РУСИЈА: Кога гopeше Нотр Дам целиот свет објавуваше фотографии, сега никој не е заинтересиран (Фото галерија)

Руските здруженијата за заштита на животните сите сили ги вложуваат за cпаcување од големите пожари кои беснеат во Сибир.

Фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи се крајно вознемирувачки. Активистите oбвиниja дека медиумите и светот не се доволно заинтересирани за да го вклучат алармот за изумиpaњeтo на милиони животни.

– Кога гореше Нотар Дам во Париз, на социјалните мрежи вриеше од фотографии и емотикони од катедралата. Колку е голема загубата и како светот повеќе нема да биде ист. Сега гори Сибир. Не гледам ништо на социјалните мрежи. Што ви е луѓе?- запраша една активистка, која ги постираше вознемиpувaчките фотографии.

Бил бездомник и влегол во хотел да се разлади на кратко, а потоа добил работа од соништата и животот целосно му се променил (Видео)

Бездомникот Мајкл Грин од Тексас добил работа од соништата, кога само сакал да се разлади и да се тргне од жештината.

Мајкл влегол во хотел за да се спаси накратко од жештината и влегол во холот на хотелот Ла Сала. За само неколку минути животот целосно му се сменил. Добил работа и покрив над главата со сместување во хотелот.

„Мајкл изгледаше како да бил најмалку две недели на плажа. Облечен во апостолки, со шорцеви и косата во опашка. Тој спонтано седна на пијаното и почна да свири, а ние бевме воодушевени и се прашувавме како да го убедиме овој човек да остане да свири на пијаното во холот”, вели Бил Ален, вработен во хотелот.

Мажите родени во овој знак можат да ја усреќат секоја жена

Многу темпераментни личности кои не избираат средства да ја освојат жената која им значи. Не се грижат за мислењето на околината и секогаш се борат да го остварат и добијат она што го посакуваат.

Станува збор за мажите родени во знакот Овен.

Тие се подготвени на сè за жената во која ќе се заљубат. Го користат секој момент за да бидат до неа и да ја изненадат со убави гестови. Сакаат да доминираат, да бидат освојувачи и владетели на женското срце. Сепак, Овните се многу слаби на женските солзи.

Тие имаат неверојатен авантуристички дух и сакаат да пловат во непознати води. Имаат огромна страст во себе која се чини како никогаш да не стивнува.

Ако некоја жена им падне во очи, ќе ги искористат сите средства кои ги имаат на располагање за да ја освојат.

Најчесто се заљубуваат во жена која има силен карактер и која знае да размислува со своја глава. Ја сакаат играта на освојување, но сакаат и долги стимулативни разговори. Ако се заљубат, можат да останат со една жена целиот живот, но само доколку постојано се случува нешто и врската не им здосади. Се додека има адреналин во врската, тие ќе бидат силно заљубени.

Можеме да кажеме дека тие се романтични ентузијасти кои брзо преболуваат лоша љубов. Тие никогаш не се враќаат назад ако некоја личност ги повредила. Таа едноставно не постои веќе за нив.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Кичевските патриоти денеска на поклон кај хероите од Ѓурѓејца

Денеска се одбележуваат 116 години од битката на Ѓурѓејца – или најголемата победа на Илинденците во Кичевската околија.

Група патриоти од Кичево денеска беа во посета на месноста каде се поклонија пред жртвата на хероите од Илинденските денови.

Битката на Ѓурѓејца претставува една од најкрвавите и најславните битки во Илинденското востание во Кичевско, која се одиграла на една голема полјана помеѓу селата Карбуница и Кладник во месноста “Ѓурѓејца”. Според хроничарите оваа битка се одиграла на 4 август 1903 година и претставува една од ретко успешните и добиени битки на востаниците во Илинден, кој успех силно одекнал меѓу востаниците, како и во целиот Битолски револуционерен округ. Оваа битка со својата пожртвуваност се втемели во успехот на познатата Крушевска Република од 1903 година. Загинатите борци на Ѓурѓејца ги испишаа светлите страници на Македонскиот непокор.

По нападот на востаницитс на Кичево, турскиот аскер ги зајакнал своите позиции, како засилување им дошле војниците од гарнизонот сместен во селото Ижиште и со силен напад се упатиле кон селото Вранештица, се со цел да пробијат кон селото С’лп и да се поврзат со војските од Демирхисарско. Турската војска наишла на силен отпор од селската чета од Вранештица, како и востаниците предводени од Арсо војвода. Во овие борби зеле учество и селските чети од бржданска река Брждани, Белица, Јудово, Кладник и Видрани. Во овие борби се борела и манастирската чета што ја водел младиот поп Стојан од селото Подвис. Востаниците имале успех и го принудиле аскерот да се повлече кон градот. Во тие борби војводата Арсо, минувајќи низ селото Староец, една аскерска заседа го ранила во ногата, но тој храбро ги продолжил борбите.

Разбеснат поради големите загуби во овие борби на 3 август, турскиот аскер масовно тргнал да се пресмета со востаниците, собирајќи и голем број на башибозучки сили. Осамнал 4 август 1903 година. Убав летен ден, а над селото Карбуница се надвиснале црни облаци од чад од силната пукотница. Започнала најкрвавата битка во Кичевско битката кај “Ѓурѓејца”. Се судриле две војски, гради вгради. За кусо време пукотниците од оружјето престанале.

Аскерот и востаниците се фатиле гуша за гуша и се бореле со кундаците и бајонетите. Востаниците имале тешки загуби. Во тие тешки и судбоносни моменти пристигнала веста дека на помош доаѓа Јордан Пиперката со над 150 востаници од Демирхисарско. И навистина Јордан пристигнал. Веста за пристигнувањето на Јордан Пиперката, внесла забуна во редовите на турската војска и башибозук. Сите добро знаеле кој е Јордан, храбар и бестрашен борец. Борбените дејствија биле се пожестоки и неизвесни. Во силната пукотница смртно бил погоден башибозучкиот водач Сефер ага од Зајас. Наеднаш затишје на Ѓурѓејца, потоа аскерот се дал во бегство, штом виделе дека водачот им загинал. Прв пат во Илинден оваа битка била добиена, положбата над Карбуница бил спасен, а со тоа бил нанесен тежок удар на вековниот поробител. По се изгледа дека аскерот дал големи жртви што се откажал од понатамошните акции.

Оваа битка кај Гурѓејца востаниците скапо ја платиле давајќи над 30 загинати борци од кои 17 загинати претежно од демирхисарско. Селаните од Кладник ги закопале во дворот на црквата, каде денес на надгробната плоча се испишани имињата на борците кои ги дадоа своите животи за делото на Македонија. На третиот ден по битката во селото Белица дошол членот на Главниот Штаб Борис Сарафов, кој се сретнал со Арсо Војводата и со селските реонски војводи, кој изразил благодарност за пожртвуваноста на борците во оваа пресудна битка.

Турскиот аскер скоро три седмици не се појавил на теренот во Горна и Долна Копачка. Во тој период се вратиле сите селани, жени и деца кои биле во збегови во шумата, почнало да се собира летината и да се собере нешто за претстојната зима.

Задушувањето на Илинденското востание во Кичсвско се одвивало со неколку аскерски офанзиви распоредени скоро по сите реони. За разлика од другите револуционерни реони, а особено во Охридскиот каде последиците биле најжестоки, во кичевско многу побавно течело ликвидирањето на востаничките сили. Османлиската власт не успеала да го вклучи во борбата масовно муслиманското население, како за време на востанието, така и во задушувањето. Голема била улогата на Лука Ѓеров кој успеал да постави дијалог со албанското население од дебарскиот крај, а по овие разговори останале неангажирани во задушувањето на востанието.

Првиот обид за повторно заземање на Копачијата бил направен на 30 август 1903 година, кога силен аскер, со јачина од 500 души од дебарскиот гарнизон, го минале планинскиот превој „Јама“ и го нападнале селото Душегубица, а друга потера тргнала кон селото Лавчани. Храбрата селска чета од Душегубица што ја предводел Крсте Алексов, искусен војвода кој бил од Ербеле, Дебарско, се оженил во село Душеубица и целосно се вклучил во ослободителните борби во Илинден, во Копачијата и Кичевско, заедно со Лука Ѓеров и со Наќе војвода. како и селските чети од Иванчишта, Ехлоец, Попоец, Кленоец и Малкоец, кои им дошле на помош успеале да го одбијат овој напад. Башибозукот кој доаѓал преку “Два Камена” и покрај силниот востанички отпор го запалиле селото Лавчани. Во акциите за задушување на востанието и во Рабетинска река аскерот направил неколку обиди да се справи со востаниците. После тешките борби кај месноста “Подуач” борбите кај селото Патеец или како оној судир е познат “патеечки судир”, аскерот на 26 и 27 август 1903 година со големи сили од Поречието, ако и од гарнизонот во селото Ижиште извршиле напад на востаничкиот реон Рабетин-кол.

Борбите траеле два дена. Во овие борби востаниците претрпеле страотен пораз во кои борби своите животи ги дале над 35 востаници. Во овие борби треба да се подвлече и меѓусебната борба меѓу две турски потери Едната потера која доаѓала од Кичево, преку Орланци и Крушица се судрила со турската потера која доаѓала од Патеец. Во меѓусебните борби кај селата Рабетино и Дупјани имало многу убиени, но за одмазда ги запалиле селата Дупјани и Рабетино. На 18 септември 1903 година неочекувано од Кичево дошла многу војска и од Бржданска река, кога било ограбено и запалено селото Белица. Последен продор на турскиот аскер бил направен во почетокот на месец октомври, кога биле целосно освоени селата Брждани, Козица, Белица, Свињишта, Видрани, Кладник и Карбуница. На тој потег бил и манастирот Света Богородица – Пречиста, кој и покрај силниот отпор од манастирската чета предводена од поп Стојан бил освоен.

Главниот востанички штаб издал наредба во која се предлагало: да се расформираат селските чети во помали групи, да се избегнуваат директни судири со аскерот, луѓето кои беа во збегови да се вратат во своите домови, бидејќи турскиот аскер имал објавено, онаму каде ќе се најде празно село, ќе биде запалено.

Така постепено згаснал огнот во Илинденското востание во Кичево и Кичевско.

Опозицијата бара избори: ВМРО-ДПМНЕ предлага два датуми за предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на денешната прес-конференција одговори на прашања од повеќе теми, а посочи и дека биле предложени и два датуми за предвремени избори.

Имено, за предвремените избори Мицкоски рече дека ги очекуваат час поскоро и дека понудиле два датуми, или на почетокот на април, почитувајќи ги Велигденските празници, или до крајот на мај, имајќи го предвид празникот Рамазан.

Тој додаде дека паралелно се одвиваат и средби меѓу работните групи за пописот и за измените во Изборниот законик.

Инстаграм и ВацАп ќе го сменат името

Фејсбук потврди дека ќе го смени името на двете апликации кои се сметаат за едни од најпопуларните на светот, Инстаграм и ВацАп, пишува Techradar.

Инстаграм ќе биде познат под називот Instagram from Facebook, а WhatsApp ќе се вика WhatsApp from Facebook.

За ребрендирањето на двете апликации октрива порталот The Information. Причината поради која ќе се менуваат имињата, како што пренесува порталот е да се знае дека двете се дел од Фејсбук.

Промените се последица на правилата кои се однесуваат на деловното работење на компанијата.