дома блог страница 3152

Да бидеме хумани: На Тоше Илиевски му е потребна наша помош и донации

Почитувани, моето име е Тоше Илиевски, имам 30 години и боледувам од Non- Hodgkin’s lymphoma, или карцином на лимфни жлезди.

Подари високите финансиски трошоци и покрај многуте прегледи и лечења кои ги плаќам лично, би Ви би бил благодарен на сите хумани луѓе да дадете доброволен прилог за да можам да ги платам и останатите лечења, а имам и можност за лечење во странство.

Во прилог ви ја прикажувам мојата трансакциска сметка.

БРОЈ НА СМЕТКА:200003247541853

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

ТОШЕ ИЛИЕВСКИ

Хистеријата од јавноста го натерала на отказ синот од Мисоски?

Синот на пратеникот Горан Мисовски, Кристијан Мисовски, по многубројните прозивки и притисоци на јавноста, одлучи да даде отказ од работното место во Агенцијата за супервизија на осигурувањето, па по својата одлука се огласи на социјалната мрежа Фејсбук каде напиша дека дал отказ од морални причини со надеж дека сега јавноста ќе здивне.

-Драги пријатели и непријатели во изминативе неколку дена јас и мојата фамилија бевме мета на јавни прозивки упатени во врска со моето вработување во Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Со чиста совест тврдам дека сите критериуми кои беа поставени во јавниот оглас за времено вработување во АСО на 12 месеци како соработник за супервизија на осигурување ги исполнувам во потполност. Бев повикан на интервју, а бидејќи немаше други пријавени кандидати на јавниот оглас за вработување како единствен пријавен кандидат кој ги исполнува условите за времено вработување, бев вработен. Иако знам дека нема ништо спорно во врска со моето вработување во смисла на прекршување на било каква процедура за вработување, сепак чуствувајќи морална одговорност и под голем притисок на јавноста одлучив да поднесам отказ на работното место. Се надевам дека сега барем дел од јавноста ќе може малку да здивне и да почуствува мало задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера некој човек во државава да повлече потег кој е штетен за себе, покажувајќи интегритет и дигнитет, пишува Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски од СДСМ.

Жените во овој хороскопски знак се навистина посебни: Тие се мистериозни и комплексни и живеат за моментот кога ќе можат да бидат слободни

Жените родени во знакот Јарец се ретки личности кои постојано го штитат своето срце од другите луѓе. Нивните умови се како кодот на Да Винчи. Тие се мистериозни и комплексни и живеат за моментот кога ќе можат да бидат слободни.

Овие жени чекорат на дивата страна од животот, но секогаш тоа го прават со силна самодоверба.

Нејзините чекори се бавни. Таа гледа два пати пред да ја премине улицата. Нејзиното лице е скриено од светот, а нејзиното срце можат да го најдат само најретките. Таа има проблем да ги искаже своите емоции. Оваа жена видела многу болка, но силно чекори низ неа, како ништо да не се случило.

Не е најголемиот оптимист кој ќе го запознаете. Напротив, подготвена е дека животот понекогаш носи разочарувања и многу свесна е за тоа. Но, сепак секогаш се надева на најдоброто.

Таа открива многу малку за себе. Ако успеете да ја натерате да ви се отвори или да го украдете нејзиното срце, како да сте го решиле предизвикот на рубиковата коцка.

Оваа жена често се бори со тоа да најде мир со своите несигурности. Често и е потребно време да ја дефинира својата вредност, да верува некому.

Иако делува студена, сепак сака да биде сакана, со страст. Нејзината љубов го вади најдоброто од луѓето. Таа ги забележува сите детали и обрнува огромно внимание на оние кои ги сака.

Оваа жена се грижи вистински за луѓето во нејзиниот живот. Таа ги прифаќа луѓето онакви какви што се.

Како Шабан Шаулиќ ја пееше eдна од најубавите македонски песни “Зајди, зајди, јасно сонце” (Видео)

За него со право велат дека е кралот на народната музика. Испеа многу хитови, но и кога интерпретираше туѓи песни, тоа го правеше извонредно.

Неговите песни ќе се пејат со генерации, а за неговите настапи ќе се зборува со години.

Еве како во една прилика на “Пинк” телевизија, Шабан Шаулиќ ја испеа една од најубавите македонски песни “Зајди, зајди јасно сонце”.

Уживајте:

(Видео) Груевски: “Кога денеска би се појавил Гоце Делчев веројатно брзо би станал предмет на прогон”

„Гоце Делчев да се појави сега, веројатно брзо би станал предмет на пpoгoн и би морал да напушти за да може да се консолидира и да може да се врати и да ја продолжи својата мисија. Меѓутоа ако Гоце Делчев се појави со неговите следбеници, четници, односно Комити тогаш мислам дека Зоран Заев би требало да напушти“ – вели Груевски во eден дел од интервјуто за ТВ “Пинк” како одговор на прашањето од новинарката.

Социјалните мрежи вријат: “Костадин, оставка од што се мора, не е исто со оставка од морал”

По изјавата на портпаролот и пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов, дека мајка му ќе си поднесе оставка од „морални причини“ од Централниот регистар каде што се вработи пред само неколку месеци како единствен подобен кандидат со средно образование, социјалните мрежи вријат со негативни коментари.

Според голем број на граѓани оваа постапка е далеку од „морална“ како што сакаат да ја прикажат Костадин Костадинов, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски како и актуелната влада на СДСМ.

Дел од коментарите на граѓаните се дека оставка си дала од што мора, а не затоа што е морална. Велат, да се имало морал немало ниту да ја вработи сопствената мајка, другите прашуваат зошто поднела оставка од работното место ако нејзиното вработување било транспарентно како што и тој самиот кажуваше, како и дека требало до крај да се истражи нејзиното вработување нагласувајќи дека тој од позицијата пратеник и портпарол на владејачката СДСМ влијаеле за вработувањето.

Граѓаните бараат сите вработувања кои деновиве се уште поактуелни, на ќерките, синовите како и блиските роднини на пратениците на СДСМ и високите функционери на владата да се преиспитаат и точно да се утврди начинот на нивното вработување, како и тоа дали постоело фаворизирање на кандидатите, што во случајот е се поочигледно дека постоело.

Шарените поддржуваат Хазби Лика да не оди на работа цела година? За ова ли се бореа?

Пратеникот од редовите на СДСМ, Павле Богоевски, во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ истакна дека владата нема време да се „занимава“ со недоаѓањето на работа на Хазби Лика кој е заменик претседател на владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

-Државата има многу поголеми проблеми од тоа дали Хазби Лика отсуствува од работа, вели Богоевски.

Во јавноста е познато дека заменик претседателот, Хазби Лика, редовно зема плата, но не доаѓа на работа, а причините за ваквото однесување се непознати на граѓаните.

Според Богоевски, владата не може да постигне да се занимава со тоа бидејќи има други поважни обврски.

Со ваквите изјави логично е да се постави прашањето кои се точно тие обврски, ако се земе во предвид дека актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев немаат реализирано ниту половина од нивната изборна програма, а наместо тоа го променија уставното име на Република Македонија, нешто што не ветија за време на изборната кампања на предвремените парламентарни избори во 2016 година.

На јавноста и е познато дека додека вицепремиерот Лика кога одел на работа редовно ги посетувал и кафеаните каде што потрошил 253.163 денари или околу 4 илјади евра. Тука влегуваат 130.713 денари за угостителски услуги во рамките на институциите, а 104.450 денари се ресторани надвор од институциите. Во странство потрошил само 5.227 денари.

Овие податоци се од заклучно мај месец минатата година. Заклучно со мај и вицепремиерот Лика престанал да се појавува на седниците на Владата. Нема податоци дали вицепремиерот, покрај платата што ја зема, иако не се појавува на седници, уште користи и одобрени средства од буџетот за репрезентација и патувања.

Но, ова не е единствен пример каде што владата на СДСМ ги крши законите во Република Македонија. Деновиве се поактуелни се и вработувањата на ќерките, синовите, блиските роднини на пратениците од СДСМ, како и на високи функционери во владата на СДСМ и Заев.

Дел од медиумите пишуваа дека Лика не оди на работа затоа што му е лут на Али Ахмети.

Извор: kurir.mk

После ова нема да сакате да запалите цигара: Експеримент покажа што прават 30 цигари на вашите бели дробови (Видео)

Пушењето е штетно по здравјето, но и покрај тоа што луѓето го знаат тоа сепак секојдневно купуваат цигари.

Колку е навистина штетно покажува еден едноставен експеримент. Имено на Твитер се појави интересно видео кое покажува колку е штетно пушењето.

Во стаклена „тегла“ со вакум стави памук.

Еве како изгледаше памукот после „испушени“ 30 цигари, така изгледаат и белите дробови.

Македонец ќе застане на голот на Валенсија?

Шпанскиот прволигаш Валенсија покажал интерес за голманот на македонската репрезентација и Рајо Валјекано, Столе Димитриевски, пишуваат шпанските медиуми.

Димитриевски е стандарден на голот на Рајо од декември минатата година, а со него на голот тимот има четири победи, едно реми и пет порази. Рајо до крајот на сезоната ќе води голема борба за опстанок во лигата.

Скаути на Валенсија го следеле Димитриевски на натпреварот против Леганес на 4 февруари. Во Валенсија биле задоволни од она што го виделе иако Рајо го загуби тој меч (1-2).

Според шпанските медиуми, Димитривски, кој има договор со Рајо уште три и пол години, би можел да замине за сума од пет милиони евра.

Димитриевски е поранешен голман на Работнички, Удинезе, Гранада и Настик Тарагона, откаде за сума од еден милион евра пристигна на „Валјехас“.

(Фото) Ова е викендицата на Шабан: Соседи ја открија неговата голема тајна

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа во Германија, каде го имаше неговиот последен настап.

Иако беше голема ѕвезда, Шабан бил многу скромен човек, за што потврдуваат сите оние кои го познаваа.

Голем дел од времето пејачот поминувал во својата викендица во Крчедин, каде била и неговата оаза на мир.

Мештаните на оваа населба за легендарниот музичар имаат само убави зборови, а соседот на Шабан откри како изгледало кога пејачот е во Крчедин.

– Тој доаѓаше во почетокот на март и седеше тука до крајот на септември. Имаше два чамци со кои одеше на риболов. Во Крчедин се зборува дека последниот пат уловил сом од 25 килограми. Секогаш кога имаше голем улов, тој ќе ја распалеше скарата и повикуваше сите од селото, беше секогаш весел. Јас некогаш му се придружував, тој секогаш не викаше, таков беше тој. Со сите застануваше и зборуваше – вели соседот кој не може да поверува што се случило.

– Знаеше да седне сам пред куќа, да се загледа во реката и да си запее за своја душа. Беше вистински боем и сосед. Со него можев да зборувам за се, целосно природна личност. Кога и да го мачеше нешто, го споделуваше со нас, секогаш беше отворен. Зорица и Кемиш често доаѓаа тука, а во ресторанот покрај викендицата често правеше забави.