Кандидатката Мира Медан, чија менторка е Ана Бекута, излезе во полн елан на сцената да покаже што научила. Во негативните коментари како и секогаш предводеше Јелена Карлеуша.
-Жената се допуштила на толкав невкус. Сметам дека со овој фустан, обувки и фризура, себе си даде автогол, бидејќи привлече внимание во погрешна насока. Не си се облекла добро, се тоа кажува на тотален невкус, кажа Карлеуша.
Мира кажа дека се потрудила, но Карлеуша продолжи во ист тон.
-Од каде си ти, праша Јелена, а кога кандидатката и кажа дека е од Требиње, пејачката праша:
-Дали Требиње е на планина, имате ли струја да ги погледнеш социјалните мрежи, рече Карлеуша.
-Немојте, ве молам, не би сакала да водам ваков разговор. На кого вие му поставувате вакви прашање? Тоа не се прашања за оваа сцена. Не дозволувам така да разговарате со мене, рече учесничката и побара да ја напушти сцената.
Но, по овој скандал на сцената, на социјалните мрежи се обрати сопругот на Мира, Милорад Недан, кој упати остра порака до Карлеуша.
„Имаме струја и интернет и ја видовме твојата брука и срамота, Јелена К.“-напиша тој.
Укинувањето на зимското и летното сметање на времето ќе стапи на сила од 2020 година, иако Европската Комисија предложи последното поместување да се случи годинава на 31 март.
Одборот го усвои амандманот на пратеникот Давор Шкрлец од Зелените, кој предложи поместувањето на стрелките на часовниците да запре на 31 март 2020.
Поради низа потенцијални проблеми со ваквото укинување треба да се почека. Директивата би требало да се применува од 1 април 2020 , така што одредбите би стапиле на сила во сите земји членки на 31 март 2020, се наведува оттаму.
Во последната анкета дури 84% од жителите на земјите членки на Европската Унија се против поместувањето за еден час понапред или поназад на часовниците два пати годишно.
Низ медиумите деновиве одново се прошири информацијата за пожар во стамбена зграда во Сребреница, кој се случи на 20.03.2017 година.
Пожарот тогаш опфати четири стана, а во еден од нив се случи вистинско чудо.
Од пожарот станот бил уништен, а на пеплосаниот ѕид недопрени останале иконите на Јован Крстител, Исус Христос, Богородица и други…
Изгореле гредите, таванот се срушил, изгорел целиот мебел како и целата покуќнина. Останале само пепел и прашина на сите страни, а недопрени од пожарот останале само иконите на ѕидот.
“Кога се вративме во станот, се беше во пепел, се околу нас беше црно, се изгорело освен иконите кои што останаа недопрени од пожарот. Како да немало воопшто и пожар во станот. Застанавме пред иконите се крстивме и единствено знаевме дека Бог не не напуштил и дека има надеж за нас”, раскажа toгаш Душан Савиќ (59) од Сребреница.
Многу луѓе поголем дел од времето поминуваат седејќи, најчесто поради работата која ја работат.
Но, без физичка активност телото станува помалку подвижно и започнува да се акумулираат вишок маснотии. Сето тоа со себе повлекува и сериозни здравствени проблеми, па затоа треба да се потрудите, односно да одвоите време барем за лесни вежби.
Денес ви претставуваме едноставна вежба, кога ја предлага Тамајо, јапонскиот експерт за слабеење.
Станува збор за вежба на истегнување, која помага да се активираат мускулите на абдоменот и грбот, кои ги затегнуваме и зајакнуваме. Вежбата е одлична, а резултатите неверојатни.
Покојниот пејач во 2016 година зборуваше за проблемот поради кој имал хирушка интервенција.
“Јас не знаев дека таа стомачна аорта не боли. Случајно го открив тоа, односно мојата лекарка која работи во Брза помош го откри. Таа случајно, кога си дојдов од свирка од Париз, ми рече дека има нешто сумливо. Јас дојдов да ме подхраниш, да ми дадеш инфузија, и реков. Но таа сакаше да ме прегледа. Ме одведе кај друг лекар, на кого стомачната аорта му беше сомнителна. Мојата куќна пријателка и лекарка Бранка ми помага многу, секогаш ме вади кога се однесува за здравјето. Целата процедура ја завршува со чашка”, рече Шабан и додаде:
“Видоа луѓето дека тоа не е добро, преноќив в болница, а лекарот требаше да ме оперира. Се ми направија, крв ми земаа 7 пати. Не им дадов осмиот пат, им реков дека се “дракули””, се пошегува пејачот.
“Човекот дојде другиот ден и рече дека тоа не ниту блиску до операција. Јас бев среќен што си одам дома. По една година, стомачната аорта се зголеми, не дај боже може да пукне. Ако сте на операциона маса, нема шанси да преживеете. Имав среќа што не била премногу зголемена, па можеа да ме оперираат. Мојот зет Бата Мирковиќ ги најде сите живи во Италија кои го работат тоа. Ги најде најдобрите. Родениот син не би ми помогнал колку што тој ми помогна. Доаѓаше во болница и кога последната посета завршуваше тој заминуваше на спиење. Цело време беше присутен. Јас добив локална анестезија, ништо не почувствував, комуницирав со сите, а операцијата беше 100% успешна”.
Сторијата за 25-годишната девојка Чен од Тајван би можела да послужи како добра лекција за сите кои голем дел од денот го поминуваат со мобилните телефони во рацете.
Таа поради проблеми со видот отишла кај очен лекар. Бидејќи две години без престан користела мобилен телефон чиј екран бил максимално осветлен, било констатирано дека видот и е перманентно оштетен.
Оштетеноста била толку голема што лекарот и рекол дека на рожницата и се појавиле повеќе од 500 мали дупчиња и дека очите и изгледаат како “испечени во микробранова печка”.
Kaко што пишуваат странските медиуми, Чен работи како секретарка. Кога ја подесувала осветленоста на екранот и одлучила да го намести “на најсветло”, не се ни сомневала дека тоа толку лошо ќе се одрази на нејзиното здравје.
После две години постојано гледање во осветлениот екран, пишување пораки и гледање видеа, очите започнале да ја болат и почнале да и пукаат капилари.
Видот на левото око и бил ослабен, а лекарите и рекле дека ситуацијата со десното е уште полоша.
И препишале стероиди, а како што велат подобрувања биле забележани после три дена.
Велат дека нејзиниот телефон емитувал светлина од 625 така наречени лумени, додека препорачливата доза е 300.
Доколку само два часа сте изложени на светлина со јачина од 600 единици, ефектот ќе биде ист како да сте уклучиле микробранова печка.
Не е познато кој тип на телефон Чен користела.
Затоа, препорачливо е за сите, доколку веќе не можете да го намалите времето поминато пред екраните, намалете ја неговата јачина на осветленост. Исто така, доколку гледаде во компјутерски или телефонски екран, немојте да го исклучувате собното светло.
На 18.02.2019 година по претходна пријава за нелегален транспорт на дрва во село Пешталево-прилепско, полициски службеници пред куќата на Б.Ж. затекнале товарно моторно возило од кое непознати лица растовараат бесправно сечени огревни дрва.
„При преземање на службени дејствија тројца полициски службеници биле физичkи нaпaднaти и се здобиле со пoвPeди. Едно лице влегло во возилото и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки З.В.(44) од село Пешталево е лишен од слобода. По целосно докуемнтирање ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од СВР Битола.
Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани граѓани,
Денес станаа јасни две работи.
Првата е дека СДСМ предводен од деспотот Заев е во слободен пад, и токму поради штетните политики нивниот рејтинг е во слободен пад, и им следува крај и тежок пораз најпрвин на претседателските избори а потоа и на предвремените парламентарни избори.
Тие се свени за тоа, свесни се дека народот не ги подржува веќе, дека на граѓаните им е преку глава од самоволието на деспотот Заев, од не работа на министрите, од предавствата, од забеганоста на владата, свесни се дека паѓаат, дека губат и затоа во очај, подмолно, тие сега одат на внесување на страв во општеството, на нова тура самоволен политички прогон.
Институциите на чие чело е деспотот, деспотот Заев, се разнишани. Деспотот Заев го гледа својот крај и затоа е најопасно, затоа презема очајнички потег на внесување страв меѓу народот, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица, без докази, на рекла казала муабет, со години после настанот за кој ги обвинуваат.
Овие луѓе не се виновни. Народот е веќе разбуден, и не се плаши. Заев, запамети, ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Република Македонија, народот не ти се плашиме! Ова што го правиш е лудило, ама ние сме подготвени да понесеме жртва, затоа што знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на Република Македонија. Ти отчукува часовникот, и да знаеш Заев готов си, нема бегање! Колку повеќе високо леташ потежок ќе биде твојот трескот кога ќе паднеш, тоа јас лично ти го гарантирам.
Апси, можеш и да нарачуваш убиства, но, едно да знаеш нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме.
СДСМ знае дека паѓа и сакаат да внесат страв, да го деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија, тие сакаат да се збори за притвори, за апсења, за изживувања за да не се збори за вакцините кои убиваат, за здравството на Филипче кое убива, за не работа на Спасовски која убива, за Кочо и Тевдовски кои безмилосно го осиромашија народот, за тендерите и богатењето на брат ти Вице Заев, братучед ти Трајче Заев, за очајните земјоделци и излажаните пензионери. Се е јасно, готов си и за тебе крајот ќе биде жесток.
Втората работа која денес стана јасна, покрај првата и основна дека СДСМ е слаб, е фактот дека единствено решение, единствен модус за да се стави крај на ова деспотство, на оваа игра со судбини, на ова уништување на Република Македонија е жестоко да го поразиме СДСМ на претседателските избори, да го победиме и јас ви гарантирам дека ќе го победиме!
Деспот Заев со овие налудничави потези што ги прави сака да испровоцира реакција од нас, од ВМРО-ДПМНЕ, од народот и граѓаните на Република Македонија, реакција која ќе значи да се откажеме од претседателските избори, за на тој начин да избегне катастрофален пораз, или пак да направиме чекори кои потоа ќе му служат како алиби на деспотот Заев за веќе извесното недобивањe на датум за преговори со Европската Унија.
Знаеме дека овде не е проблемот ниту Спире, ниту Трајко, ниту Миле или пак Никола. Овде е проблемот деспотот Зоран Заев и неговите уцени, тоталитарни напади, жигосувања, потпалувања на кавги, неморални подметнувања. Овде деспотот Заев си игра со судбини на луѓе, доделувајќи им улоги, уценувајќи ги. И овде нема добитници, ниту поразени, сите губат во оваа работа. Со ваква Кацарска судство, со вакво Рускоска Обвинителство овде нема ниту право, ниту правдина. Решението за стигање до правда е едно, победа на претседателските избори а потоа на неминовните предвремени парламентарни избори и пораз на деспотот Заев и санкционирања на сите неправди од првата до последната.
Ајде Заев нема бегање од поразот кој ти следи, ќе те победиме жестоко и со голема разлика. Македонија е на нозе, и ќе ти врати, запамети, ќе ти врати за сите недела кои што и ги направи. Притискај, апси, корумпирај, вработувај роднини, прави разни будалаштини, нарачувај убиства, заканувај се на нашите семејства, но сепак спас ти нема – ќе те поразиме!
Сакам да ти порачам деспоту Заев, за ова што го правиш еден ден, а ти ветувам многу брзо ќе дојде тој ден, ќе одговараш, ќе одговараш и ти и твоите соработници, врхушката и министрите, а и обвинителите и судиите кои ти слугуваат. Се ќе се преиспита, и ќе стане јасно. Многу високо си летнат, отсутен си од реалноста, ама драматично ќе паднеш, сети се на Милошевиќ и сети се на Чаушеску, и тие мислеа дека се недопирливи ама знаеш како завршија.
Ти следува пораз, од мене, од ВМРО-ДПМНЕ и од граѓаните на Република Македонија, ти следува пораз од Македонија и Македонија ќе те победи!
Партнерката на Ана Брнабиќ, претседателката на Владата на Србија, денеска родила машко бебе во една белградска болница, јавува Блиц.рс.
Милица Ѓуричиќ на свет донесе машко дете, а породувањето минало во најдобар ред, кратко информирале од Владата на Србија за споменатиот портал кој додава дека детето најверојатно ќе го добие името Игор.