Отишла кај очен лекар, па се шокирала: И пронашле 500 мали дупчиња на рожницата од очите затоа што не се одвојувала од телефон – ова треба да биде лекција за сите!

Сторијата за 25-годишната девојка Чен од Тајван би можела да послужи како добра лекција за сите кои голем дел од денот го поминуваат со мобилните телефони во рацете.

Таа поради проблеми со видот отишла кај очен лекар. Бидејќи две години без престан користела мобилен телефон чиј екран бил максимално осветлен, било констатирано дека видот и е перманентно оштетен.

Оштетеноста била толку голема што лекарот и рекол дека на рожницата и се појавиле повеќе од 500 мали дупчиња и дека очите и изгледаат како “испечени во микробранова печка”.

Kaко што пишуваат странските медиуми, Чен работи како секретарка. Кога ја подесувала осветленоста на екранот и одлучила да го намести “на најсветло”, не се ни сомневала дека тоа толку лошо ќе се одрази на нејзиното здравје.

После две години постојано гледање во осветлениот екран, пишување пораки и гледање видеа, очите започнале да ја болат и почнале да и пукаат капилари.

Видот на левото око и бил ослабен, а лекарите и рекле дека ситуацијата со десното е уште полоша.

И препишале стероиди, а како што велат подобрувања биле забележани после три дена.

Велат дека нејзиниот телефон емитувал светлина од 625 така наречени лумени, додека препорачливата доза е 300.

Доколку само два часа сте изложени на светлина со јачина од 600 единици, ефектот ќе биде ист како да сте уклучиле микробранова печка.

Не е познато кој тип на телефон Чен користела.

Затоа, препорачливо е за сите, доколку веќе не можете да го намалите времето поминато пред екраните, намалете ја неговата јачина на осветленост. Исто така, доколку гледаде во компјутерски или телефонски екран, немојте да го исклучувате собното светло.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.