
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва ќе има обраќање до јавноста.
Неговата изјава е најавена за во 20:30 часот.
КУРИР обраќањето ќе го пренесува во живо на својата Фејсбук страна.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва ќе има обраќање до јавноста.
Неговата изјава е најавена за во 20:30 часот.
КУРИР обраќањето ќе го пренесува во живо на својата Фејсбук страна.

Една од кандидатките за „ловење“ на бидермаерот очигледно под големо количество на алkoхол имаше потешкотии да се исконтролира и да да процени во која насока е фрлен и каде заврши бидермаерот.
Погледнете:
Ќе се омажиш… Ок е pic.twitter.com/pPuPSe7Od0
— morticia addams (@smrtisa) February 19, 2019

Кандидатката за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Прод. Д-р Гордана Силјановска Давкова, оствари средба со пратеникот Влатко Ѓорчев кој беше нејзин главен опонент на партиската Конвенција за избор на кандидат за претседател.
“Многу корисен и пријателски разговор со Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев). Се договоривме да продолжиме да работиме заедно за Македонија”, напиша Силјановска на Фејсбук.
Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска примија делегација на Движењето анти коцкање од Тетово.

Од владината прес служба информираат дека претставниците на Движењето анти коцкање, поттикнати од грижата за младите и од близината на објектите за игри на среќа, доставија барања според кои обложувалниците и казината треба да бидат дислоцирани од непосредната близина на образовните институции и станбените живеалишта, како и да се обезбеди начин со кој дел од приходите на објектите за игри на среќа би се намениле за поддршка на програмите на локалните заедници во кои стопанисуваат компаниите што организираат игри на среќа.
Заев и Тевдовски на средбата нагласија дека Владата на РСМ со внимание ги следи дебатите на оваа тема и дека надлежните институции темелно ќе ги анализираат аргументите на Движењето анти коцкање, особено заради фактот што грижата што произлегува од барањата на движењето се однесува на децата и младите.
Извор: “Инфомакс”

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан го откри акцискиот план за заштита на семејството во седум точки, кој предвидува поттикнување на младите брачни двојки да имаат деца.
Неговиот план вклучува доживотно даночно олеснување за жените кои ќе родат четири или повеќе деца. Жените помлади од 40 години, при склучување на прв брак можат да добијат заем од околу 32,578 евра. Една третина од заемот ќе биде простен, кога таа ќе роди друго дете, а целиот долг ќе биде отпишан ако роди трето дете.
–Тоа е одговор на унгарскиот народ, а не на миграцијата, рекол Орбан, кој е татко на пет деца, во неговиот говор за состојбата на нацијата, поздравен со голем аплауз и воодушевување. –Со тие пари, јас и мојот партнер конечно можеме да размислуваме за купување стан, рекла 24-годишна Унгарка, наставничка во Будимпешта и мајка на мало девојче. Таа додала дека планираат братче или сестриче, а сега може да имаат две или дури и три деца.

Родителите на поранешниот про-ЕУ премиер на Италија, Матео Ренци, се уапсени поради финансиски малверзации преку кои украле милиони евра – пишува италијанскиот “Koриере”.

Тизиано Ренци и Лаура Боволи се уапсени во нивната куќа оради прогласување на лажен банкрот во три фирми, после што ја испразниле касата и ги зеле парите за себе. Меѓу уапсените е и поранешниот шофер на Матео Ренци, но премиерот е и понатаму на слобода.
Родителите на Ренци моментално се во куќен притвор, а апсењето е спроведено по барање на финансиската полиција после собрани докази за лажен банкрот и фалсификување на фактури.
Илегално стекнатиот износ на пари изнесува високи 7 милиони евра.
За потсетување, левичарската про-европска влада на Матео Ренци доживеа тежок крах на изборите минатата година, а причината за тоа беше лошата економија и масовните миграции кои Ренци ги поддржа.
Поранешниот премиер се нема огласено за апсењето на неговите родители, а надлежните ја немаат коментирано неговата евентуална вмешаност во криминалните дејности на неговите родители.
![]()
Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Прилеп поднесе kpивична пријава против И.А.(30) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наpkоTични дpoги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 28.12.2018 година во Прилеп полициски службеници извршиле претрес во стан изнајмен од пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин и kоkaин.
Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Прилеп поднесе kpивична пријава против Д.Д.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нapkoтични дpoги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 05.09.2018 година во Прилеп полициски службеници извршиле претрес во куќата на пријавениот, при што пронашле и одзеле екстази и маpихуaнa.


Фото/printscreen/infokompas.com.mk
Работниците прогласени за технолошки вишок од прилепски „Еурокомпозит“ денеска од 11 до 13 часот протестираа на булеварот во центарот на Прилеп, повторувајќи ги своите барања за решавање на нивниот проблем – исплата на отпремнините, на заостанатите плати и придонеси.
Според Пеце Велјаноски од иницијативниот одбор на 154-ицата работници прогласени технолошки вишок, протестите продолжувата се до исполнување на нивните барања кои се познатии непроменети – исплата на отпремнините, на заостанатите плати и придонеси. Велјаноски нагласува дека има уште една недела од овој месец, а нема никакви знаци од најавите и ветувањата дека ако нема купувач за фирмата, Владата ќе интервенира со средства да се решат проблемите.
Протестите продолжуваат, а немаме никакви знаци од Владата дека на повидок има решение. Таква беше најавата од премиерот дека до крајот на овој месец или да се продаде „Еурокомпозит“ или Владата да одвои пари да се исплтат нашите побарувања. Остана уште една недела од месецов, но нема назнаки за решавањето на проблемот. Ние остануваме со протестите сѐ до конечно решавање на нашата голгота, изјави Велјаноски.
Од фирмата, посочи, заминавме на двапати, прво 130, а потоа уште 24 работници. Овие 24-ица имаат земено само по 5.000 денари од отпремнините, а првиот дел технолошки вишок по 30.000 денари, а сите во просек имаме отпремнини по околу 100.000 денари.
До крајот на овој месец треба да ни се исплати сѐ. Имаме сознанија дека се повикани 10 до 15 работници прогласени технолошки вишок да работат со договор на дело. Така се ставаат во опасност по контроли на инспекцијата да го загубат надоместокот преку Бирото за вработување, изјави Велјаноски.
Цветан Бунтески, прогласен технолошки вишок, смета дека се чека Владата да интервенира зашто фирмата не е во можност да им ги исплати отпремнините до крајот на месецов.
Без интервенција на Владата раководството на фирмата не може да ни ги исплати отпремнините. Очигледно фирмата се бори за опстанок, бидејќи не може да им обезбеди плата на оние кои работат во моментов, а камоли да исплаќа отпремнини. Се уште не сме загубиле надеж дека премиерот ќе си стои на зборот до крајов на месецот Владата да интервенира со средства доколку не се појави купувач за „Еурокомпозит“, посочи Бунтески.

Eпидемијата на непотизам на власта има уште едно жариште, и тоа денес ќе објавиме за Кочани. Практично со оваа епидемија на непотизам од страна на СДСМ е заразена целата држава, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Лажниот морал и целото лицемерие на власта исплива на површина, после само две години од владеењето на СДСМ. Мира Дизел, методот на вработување во СДСМ е правило на работа, а не случајност. Роднините на функционерите на СДСМ се вработуваат под државна капа, на трошок на граѓаните претворајќи ја државната администрација во партиско семејна фирма од каде што сите цицаат дебели хонорари. Еден од многуте примери за оваа епидемија во Кочани е кој друг ако не повторно пратеник од редовите на СДСМ од Кочани, и тоа Сашко Костов. Според кои критериуми токму сопругата на Костов се вработила во детската градинка „Павлина Велјанова“?. Втор случај е претседателот на Советот на општина Кочани, Томе Солевски, чија сопруга се вработила во Државното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Трет сомнителен случај е поранешниот пратеник на СДСМ од Кочани, Миле Андонов, чиј син се вработил во УЈП во Кочани, запраша Арсовски и додаде:
„Нема ли други граѓани во Кочани кои исполнуваат услови за вработувања во оваа институција со надпросечни примања, па морало синот на бившиот пратеник да биде избран за ова работно место? Има уште огромен број други случаи кај што функционери од власта во Кочани исто така се заразени со епидемијата на непотизам. Дали е точно дека и мајката на советникот во Кочани од редовите на СДСМ, Ѓорѓи Алексов се вработила во детската градинка „Павлина Велјанова“? Дали не е случај на класична злоупотреба вработувањето на советничката во Советот, Гордана Антова во Средното општинско училиште „Ѓошо Викентиев“, училиште кое е директно под ингеренции на општината во чиј совет членува и таа истата? Дали не е лицемерие СДСМ да говори за морал, а советничката на СДСМ во Советот на општина Кочани, Емилија Серафимова да се вработи токму во Центарот за јавно здравје, а уште и нејзината мајка да се вработи во МВР во Кочани?“.
Ова, потенцира тој, е се, само не е морал којшто пробуваат да го шират СДСМ.
-Принципот на СДСМ ако пројде-пројде соочен со критиките на јавноста сега лажно се морализира. Прашањето дали морал секој функционер на СДСМ да си вработи некој близок во државна институција, а не дали имаат лажен морал кој сега на јавноста им го продаваат како некојси висок чин на етичност. Срамота! Секој дополнителен коментар е непотребен. Сега потребно е само да си дадат оставки цело СДСМ, да се тргнат од Владата и да ја остават државата на граѓаните.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември лани изнесувала 25.784 денари и во однос на декември 2017. е зголемена за 8,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сè, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (28 проценти), Уметност, забава и рекреација (24,3 проценти) и Рударство и вадење на камен (20,9 проценти).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември во однос на ноември лани е зголемена во секторите: уметност, забава и рекреација (22,1 процент), информации и комуникации (22,1 процент) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,3 проценти).
Бруто-платата по вработен во декември лани изнесувала 37.704 денари.