дома блог страница 3148

ВИДЕО: Руски доктор покажа најдобра вежба за слабеење – потребно ви е само столче

Докторот Петар Александровиќ Попов е руски физиотерапевт кој усовршил закрепнување на кичма после операција и траума. Поранешен гимнастичар и психотерапевт е исклучително популарен во Русија.

Неговиот начин на лекување се базира на целосно закрепнување на кичмата. Овој пат докторот претставува сосема едноставна вежба која помага брзо да ги согорите мастите и калориите.

Тој осмислил вежба трчање на столче за која тврди дека е делотворна.

После неколку минути трчање на столче ќе почувствувате како да сте претрчале километри.

(Галерија) Војници фотографирани пред, за време и после BОЈHA: Погледнете ја промената !

Лаланг Сноу фотографирал и интервјуирал 14 војници од првиот бараљон од шкотската армија пред да бидат испратени во Авганистан, по три месеци служба и по доаѓањето дома.

Серијата фотографии наречени “Ние не сме мртви”, имаат за цел да покажат како војната го променува човекот, физички и психички. Траумата е буквално насликана на нивните лица.

Вебер до Мицкоски: Со нетрпение очекувам да продолжиме на овој пат заедно со вас, заедно можеме да победиме на европските избори

Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, и кандидат на ЕПП за претседател на Европската комисија на изборите на пролет 2019 година со писмо се заблагодари на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за поддршката што ја добива од него.

-Се надевам дека имавте добар почеток во Новата Година. Ви посакувам се најдобро за предизвиците што ги очекувате во 2019 година. Сакав да ви се заблагодарам за вашето писмо и за вашите желби за мојата кампања што ја испративте по мојата номинација во Хелсинки како главен кандидат на ЕПП. Вашите зборови ме уверија дека го правам вистинскиот пат во мојата кандидатура за претседател на Европската комисија, вели Вебер во писмото и додава:

„Сепак, мојата номинација беше само првиот чекор. ЕПП е конструктивна и сигурна политичка сила. Нашите идеи за следниот законодавен термин се амбициозни. Сега е важно да ги убедиме нашите граѓани да ни веруваат со нивниот глас во мај. Европската идеја е вредна за напор. Впрочем, му должиме толку многу: просперитет, безбедност и што е најважно, мир, се тоа се големи достигнувања.“

-Неделите и месеци пред нас ќе одлучат дали ќе успееме да добиеме силен мандат за вистинско заминување за да ја градиме нашата централно-десна Европа. Затоа би бил исклучително благодарен ако продолжите да ја поддржувате мојата кандидатура за претседател на Комисијата. Групата на ЕПП може да биде силна сила само во Европскиот парламент, ако заедно постигнеме добар изборен резултат. Ви благодарам уште еднаш за вашата поддршка и со нетрпение очекувам да продолжиме на овој пат заедно со вас. Заедно можеме да победиме на европските избори, подвлекува во писмото Манфред Вебер.

(Урнебесно видео) Мигрантите во Македонија: Дечкиве ќе ви го направат денот совршен!

Комично видео од македонскиот исток, поточно како што вели водителот од пругата Кочани-Штип.

Тој наидува на група “мигранти” на пругата кои чекаат воз до Скопје, а потоа и до другите светски метрополи.

Погледнете го нивниот разговор кој ќе ве насмее, а истовремено ја претставува суровата реалност во нашата држава:

(ФОТО) Очи полни со тага: Цеца скршена отиде на комеморацијата на Шабан Шаулиќ

Светлана Ражнатовиќ Цеца, присуствуваше на комеморацијата по повод смртта на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, која што се одржа денеска во Градското собрание на Белград.

За време на комеморацијата Цеца, како и многу други присутни не успеале да ги задржат солзите и да ја сокријата тагата за Шабан.

Доколку сте родени во овој хороскопски знак за вас велат дека сте најдобри луѓе – секој сака да ве има крај себе

Oвните ја одржуваат чистата енергија на животот, страстни се и силни. Кога еднаш ќе ги запознаете повеќе никогаш нема да сакате да се оддалечите од нив. Ова се десет причини зошто во вашиот живот треба да имате барем еден овен.

Овните се авантуристи

Само повикајте овен и тој ќе ви предложи нешто ново, откачено и авантуристичко. Тие се способни од обична семејна прослава да направат луда забава.

Зрачат со позитивна енергија

Овните по природа се позитивни. Таквата енергија им помага со леснотија да поминат низ најтешките животни ситуации, а кога нешто не испаѓа по планот, најчесто се обвинуваат самите себе.

Оптимисти се

Поголемиот број овни знае како да избалансира помеѓу охрабрувачкиот и претераниот оптимизам. Таа нивна способност многу му помага на пријателот кога му е потребна поддршка и трошка надеж во најлошите ситуации.

Верни се

Овните никогаш нема да го изневерат пријателот или да откријат негова тајна. Тие се многу верни па затоа во нивно друшто никогаш не озборувајте пријатели, тоа нема добро да заврши.

Искрени се

Овните никогаш не лажат, од едноставна причина што не знаат како. Единствено не ја говорат вистината во ситуација кога не сакаат да одбијат друга личност, зашто знаат дека можно е да ја повредат.

Независни се

Тие се целосно независни и знаат да се грижат за себе. Никогаш нема да побараат помош од вас, дури и во неопходни ситуации.

Сакаат еднаквост

Овните сакаат нивните љубовници и пријатели кон нив ќе се однесуваат исто како што самите овни се однесуваат кон другите.

Великодушни се

Овните се претпазливи со парите, што ги прави добри штедачи. Подобро се чувствуваат кога подаруваат отколку кога примаат подароци. Овните никогаш не размислуваат на парите кога треба да ги потрошат за нивните сакани, но кога треба нешто да купат за себе, двапати размислуваат.

Амбициозни се

Секогаш тежнеат кон повеќе, па нивниот ентузијазам може да стане заразен. Тие секогаш одат напред и секогаш мораат да се движат.

Овните се комбинација од горенаведените особини

Кога ќе ги измешате овие сите особини ќе сфатите дека овенот е пријател за цел живот. Еднаш кога овенот „ќе ви влезе под кожа“, таму ќе остане засекогаш.

“КУРИР”: Врие од непотизам и партиски вработувања во Гостивар – Граѓаните револтирани, членството на СДСМ со порака до Заев

Гостивар изгледа е заразен со епидемија на непотизам. Како што дознава КУРИР, низа скандалозни вработувања се случени во изминатиов период.

Граѓаните се револтирани што несоодветен кадар добива високи работни позиции, само поради свои роднински врски, а високообразовани личности по струка, немаат каде да се вработат.

КУРИР објави неколку случаи на непотизам.

Не е само непотизмот проблем во Гостивар, туку и вработувањата на лица без потребно образование и стручност за работното место кое го добиваат.

Актуелниот претседател на ОО СДСМ од Гостивар, кој е советник во општината, Зоран Ангелов беше вработен во секторот образование. Од пред десетина дена тој добива висока позиција во ЕЛЕМ Гостивар.

Тој влегува на позиција инженер за машинско одржување и добива договор на неопределено време со висока плата. Работното место го добива во ХЕЦ „Маврово“. Наводно, Ангелов бил најподобен кандидат од сите кои се јавиле на огласот за ова работно место.

ЕЛЕМ изгледа стана омилено работно место на социјалдемократите, меѓу кои и членови на семејството на Ангелов. Прв братучед на претседателот на СДСМ во Гостивар кој е тазе вработен во ЕЛЕМ, е Иван Трпески, еден од директорите на ЕЛЕМ во Скопје.

Трпески на оваа позиција е долго време, но сега во семејството вработени на ЕЛЕМ му дојде и братучедот Ангелов.

Граѓаните кои до КУРИР ги доставија доказите за ова вработување, велат дека Ангелов е далеку од совесен работник кој ја заслужил оваа позиција.

-Ангелов не можете да ги најдете ниту во партиското седиште на СДСМ, каде е претседател. Тој сите состаноци ги закажува во кафеана. Најчесто е таму консумирајќи алкохол. Тој човек е неодговорен ни за партиската функција, а камоли за некоја ваква позиција. Како тој, а не некој од нас, најактивните партиски членови на СДСМ, заслужи такво работно место, не знаеме. Сега тој Зоран е награден од партијата со вработување по негова желба, коментира член и активист на СДСМ од Гостивар во изјавата за КУРИР.

Но, тука не застанува вработувањето на членови од ова семејство. Неговиот брат е вработен во труд и социјална политика во Скопје. Во исто време кога беше распишан огласот за негово вработување, се распиша и оглас за вработување на друг негов прв братучед во Заводот за социјални грижи, но поради административна грешка, ова вработување не беше реализирано. Време за објава на нов оглас немало бидејќи тогаш се распишаа изборите, дознава КУРИР.

Од владеењето на СДСМ се “офајдил“ и Еро Јованоски. Тој е актуелен секретар на ОО СДСМ во Гостивар, како и актуелен советник во општината. Вработен во Централен регистар.

-Сите знаеме какво образование има Еро и колку е подобен за високи функции. Тој заврши факултет во само неколку месеци. Не знам точно на кој, но тоа е еден од сомнителните факултети во градот. За неколку месеци тој зема диплома како да е високо образован. Беше на чело на Агенцијата за времени вработувања, а потоа истата му ја остави во наследство на својот син, како тоа да им е некој семеен бизнис, вели нашиот соговорник.

Лицето Драгољуб Филипоски има завршено факултет за физичка култура, но вработен е на раководна позиција во Заводот за вработување. Филиповски е актуелен член на ИО на ОО СДСМ Гостивар.

Кога Ангелов на изборите во 2013-та година беше кандидат за градоначалник на Гостивар, Филиповски беше седми на листата за советници на СДСМ.

Претседателот на младината на СДСМ во Гостивар има завршено средно медицинско училиште. Но, за партиските активности кои ги извршувал, награден е со вработување во ДБК.

-Имаме надеж дека премиерот ќе го прочита сево ова и конечно ќе превземе нешто. Се надеваме ќе стави крај на дивеењето на локалните шерифи кои го валкаат името на партијата и создаваат лутина кај членството. Лутината за ова се покажа на референдумот, а доколку остане ваква ситуацијата, ќе се почувствува и на претседателските избори. Имаме совет до премиерот: Сменете се од корен. Згрешивте со назначувањата во Гостивар, ама секој има право да згреши и ќе му биде простено само ако ја поправи грешката и истата не ја повтори, се наведува во пораката која членови на СДСМ во Гостивар му ја испраќаат на премиерот Заев.

Извор: kurir.mk

Ја глумеше слатката Росалинда, а денеска е вистинска убавица: Еве како изгледа прекрасната Талија (Фото)

Талија Соди мами воздишки кога и да се појави на црвениот тепих. 47-годишната мексиканска актерка, позната по улогата на „Росалинда“, изгледаше фантастично на забава по повод Греми во Беверли Хилс, Калифорнија.

На свеечноста, убавата телевизиска ѕвезда носеше зелена креација со пердуви од колекција од сопствената модна линија, за која соработува со Macy’s.

Талија беше придружувана од сопругот Томи Мотола.

„Казимир и Каролина“ повторно пред прилепската публиката

Театарот „Војдан Чернодрински“ во сабота вечер 23.02.2019 од 19.30 часот повторно пред публиката ќе ја прикаже претставата „Казимир и Каролина“ во режија на Нела Витошевиќ. Публиката ќе може да ја проследи претставата работена по текст на Еден Фон Хорват.

„Казимир и Каролина“ е претстава за уништените соништа.
Низ кратки слики кои суптилно се претопуваат една во друга претставата ја исцртува изолираноста на поединецот во едно општество што се распаѓа, како и кревкоста на меѓучовечките односи кога човек ќе ја изгуби работата, статусот и слично.

Претставата содржи очигледни алузии на денешната реалност и недвосмислено го отсликува духот на нашето време.

Сценографија – Костантин Трпеноски
Композитор – Огнен Анастасовски

Играат: Казимир – Димитар Ѓорѓиевски, Каролина – Катерина Чакмакоска, Ширцингер – Никола Настоски, Меркл Франц/ Човек со глава на булдог – Зоран Иваноски, Ерна/ Хуанита – Ангела Наумоска, Раух – Игор Трпчески, Шпер – Александар Тодески, Ели – Јасмина Мицовска – Станкоска, Марија /Кепец – Наташа Ачански, Конферансие/Доктор/Келнер – Михајло Миленкоски

Детската амбасада од Прилеп и учениците од основите училишта го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (Фото)

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, по трет пат оваа година, организираше литературно читање во поезија и проза на мајчин јазик на слободна тема. Учество зедоа сите основни училишта од Општина Прилеп, Општина Долнени, Општина Кривогаштани и членови на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот кои го посетуваат Детскиот Едукативниот Центар „4ти Јули“.

Учество зедоа четириесет ученици кои се преставија со своите творби на Македонски, Албански, Турски, Босански и Ромски јазик.

Комисијата која ги оценуваше учесниците ја сочинуваа: Цветанка Стојаноска, наставник во ООУ„Гоце Делчев“ од Прилеп, Благојче Николоски, писател и едукатор по Англиски и Шпански јазик во Едукативниот центар при Детската Амбасада, Ајше Муаремоска Топалоска, дипломиран одделенски наставник и претставник од Општина Долнени и Цвете Божиноска, наставник по македонски јазик во ООУ „Јонче Смугрески“ од с. Обршани.

– Покрај големата конкуренција и тешката одлука, комисијата оцени Лауреатот, кој оваа година прв пат се доделува, да го додели на Марија Велкоска од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, а се доделија и три места во поезија и три места во проза.

Добитникот на Лауреатот покрај добиената диплома ќе биде наградена со вклучивање на Летниот камп, кој го организира Детската Амбасада за Сите Деца во Светот. За останатите места беа доделени дипломи и книги за својот успех, а на останатите учесници им доделивме пофалнци за учество.

Оваа организација е заслуга на децата координатори од основните училишта од Прилеп, кои работат на активности и проекти во Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.