дома блог страница 3149

Oва се петте најплатени работни места во Македонија

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, за просечната нето плата, можеме да дознаеме и кои дејности имаат највисоки плати.

Живееме во време кога технологијата многу брзо се равива, но сепак програмерите не се на првото место.

На првото место се наоѓа воздухопловството со 130,703 денари, потоа следува програмирање 75,546 денари, на третото место се најдоа дејности за изнајмување и давање под закуп, лизинг, 73,800 денари, спортски, забавни и рекреативни дејности се најдоа на четвртото место со 70, 293 денари и на последно место се телекомуникациите со 51,800 денари.

Командант Малишева им честиташе на нaпaѓaчиTe на Јанакиевски и Ристoвски и упати порача: „Нема да престанеме во оваа битка“

Мухамед Красниќи познат под прекарот Командант Малишева на својот Фејсбук профил објави статус во кој ги откри напаѓачите на Мили Јанакиевски и Спиро Ристевски, но и упати нови закани до сите кои ќе дојдат во иднина во затворот.

-Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица…и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиевски беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот, стои во заканата на Красниќи.

Инаку тој е познат како еден од водечките лидери за настаните од Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка беа убиени и 10 припадници на групата за која се смета дека ја предводел токму тој.

Денеска дожд и пад на температурите- еве какво време не очекува за време на викендот

Времето во Македонија променливо облачно, во попладневните и во ноќните часови со локални слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се засили.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до пет, а дневната од три до 14 степени.

Во Скопје, слично време, Македонија променливо облачно, во попладневните и во ноќните часови со слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се засили. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север, во сабота преку денот ќе дува силен североистичен ветер, чија брзина на места ќе достигнува од 90 до 100 км/ч. Дневната температура значиелно ќе се намали, на повеќе места ќе биде за околу 15 степени пониска во однос на денешната.

Во сабота претпладне и околу пладне ќе има локални врнежи.

Во недела времето ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер.

Мухамед Зекири провоцира: Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски глумеле и правеле „кукавичко сценарио“!

Скандалозен статус објави пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, кој вели дека претепувањето на Ристовски и Јанакиески било сценарио кое кукавички самите си го организирале.

-Mицковски проѕирни сте и ваквите сценарија од вашиот ментор кукавицата Груевски преку неговите пулени Миле и Спире не ви поминуваат…- напиша Зекири.

Извор: infomax.mk

(Видео) Верувале или не: Од СДСМ велат дека Мицкоски и Груевски се сценаристи на денешниот инцидент во Шутка

Според портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски, ВМРО-ДПМНЕ во нови насилнички сценарија.

– Медиуми и интернет портали блиски до ВМРО ДПМНЕ денеска синхронизирано пласираа голем број на неточни, лажни вести, шпекулации како дел од ова сценарио, рече Костадинов.
Однесувањето на Мицкоски и неговиот театар во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа, особено имајќи во предвид дека Миле Јанакиевски немал никакви повреди, што е потврдено и со прегледот.

СДСМ најостро осудува било какво насилство и го осудува инцидентот во затворот во Шутка.

– Нема толеранција за било какво насилство, благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски. Очекуваме надлежните институции да го расчистат овој инцидент. – Нема да дозволиме Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии и да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните. Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее. Одговорност за нарачателите, извршителите за крвавиот 27 април мора да има, дециден е Костадинов.

Централниот регистар ги потсетува фирмите: Наближува рокот за завршување на законската обврска

Централниот регистар ги потсетува фирмите и други субјекти дека се наближува рокот за поднесување на завршната годишна сметка и финансискиот извештај за 2018-та година.

Приемот на годишни сметки и финансиски извештаи за 2018 година во хартиена форма ќе биде во деновите 26.02.2019 (вторник), 27.02.2019 (среда) и 28.02.2019 (четврток), додека поднесувањето во електронска форма е на 15.03.2019 (петок) година од 08:00 до 21:00 часот.

Микро и мали субјекти кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2019 година – велат од Централниот регистар.

Правните субјекти во градовите во кои регистарот нема свои канцеларии ќе може да ги поднесат во објектот на Општина Кратово, во објектот на Општина Демир Хисар и во објектот на Уни банка во Крушево.

Заев: Јас сум нормален човек, ова со Мицкоски е забегана работа

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев изјави дека не е целосно запознаен со одлуката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивната пратеничка група дека ќе го замрзнат учеството во носењето на системските закони, за што причина се случувањата со правосудството, но смета дека е важно опозицијата да учествува во реформските процеси.

-Важните работи за државата треба да се случуваат заедно. Премногу важни работи во РСМ се случија без опозицијата. Не треба да дозволи опозицијата и понатаму важните политички процеси за нашата заедничка земја да се случуваат без најголемата опозициска партија без разлика дали се тоа реформите, процесите во Собранието или какви било други процеси, рече Заев на новинарско прашање.

Тој за изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изнесени вчера против него дека се претерани и дека ја разгледува можноста дали да тужи.

-Јас сум од крв и од месо, транспарентен, нормален човек. Само ќе кажам забегана работа затоа што се претера. Јас сум бил во притвори, пред притвори, со одземени пасоши. Сум објавувал политички бомби, но секогаш сум внимавал на зборовите што ги употребувам. Со моите правни советници ќе се консултирам дали треба да тужам, затоа што тој индицира обиди за убиство, зборува за некаква жестокост или сл. Тој тоа што го прави прво зборува за него, но во најмала рака, најблаго кажано е забегано. Времето ќе покаже што е што, останувам посветен на она што е важно за државата и интерес на граѓаните на Република Северна Македонија, рече Заев на новинарско прашање по средбата со лидерот на движењето Беса во рамки на консултации за заеднички претседателски кандидат.

Извор: press24

За управата на затворот во Шутка виновни за инцидентот се Јанакиевски и Ристовски?!

Управата на истражниот затвор во Шуто Оризари потврди дека ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски биле напaднaTи при првиот ден од пpитвopoт.

Надлежните велат дека инцидентот се случил при редовната прошетка на свеж воздух. Според нив, околу 13 часот дошло до вербален инцидент, кој, наводно, бил предизвикан од лицето С.Р.

– Следувала физичka прecмeткa со друг притвореник со иницијали Л.К., која била прекината од службите на затворот.

Околу 13.45 часот, повторно за време на редовна прошетка, дошло до друг вербален инцидент предизвикан од М.Ј. кон Е.К., кој подоцна преминал во физичка пресметка.

Реагирале службите и ја прекинале тепачката. За двата инциденти прибрани се писмени изјави од очевидци и известен е надлежниот суд.

По инцидентите, на С.Р. и М.Ј. им се обезбедени прегледи и соодветна грижа од домскиот лекар. С.Р. не побарал дополнителна медицинска помош, а М.Ј. се пожалил на болки поради што е упатен кон болницата 8 септември. – се вели во соопштението на Управата на истражниот затвор Шутка кое го пренесе “Лидер”.

МИЦКОСКИ: Кpвави ти се рацете Заев и нема вода што ќе ти ги измие

Кpвави ти се рацете Заев и нема вода што ќе ти ги измие. Денес се Миле и Спире, утре може да биде било кој. Ова лудило мора да престане – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ваквата реакција на Мицкоски доаѓа откако денеска во затворот Скопје беа претепани поранешните министри од ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

“Курир”: Драма пред ГОБ „8-ми септември“: Затворската полиција и Алфите бараа засилување- повикани припадници на ЕБР

Затворската полиција и припадници на Алфите во огромен број беа присутни пред ГОБ „8-ми Септември“.

Постојано викаа засилување, а од пред малку на терен со нив се и припадници на Единицата за брзо распоредување – пишува “Курир”.

Затворските полицајци, во мал број, прво беа таму поради примањето на претепаниот Миле Јанакиески.

Потоа во неколку наврати бараа засилување кога и пристигнуваа поголем број на Алфи.

Последното засилување беше со припадници на ЕБР.

Не е познато зошто процениле дека е потребно волку засилено обезбедување.

Извор: “Курир”