дома блог страница 3147

Хороскопски знак кој победува и кога е најтешко

Тие се луѓе кои лесно можат да се прилагодат на различни услови. Вредни се и секогаш се трудат да го постигнат тоа што ќе го зацртаат.

Станува збор за Јарците.

Тие се личности на кои многумина им се восхитуваат поради нивната посветеност. Тие уште од мали се соочуваат со тешки ситуации и проблеми, па поради тоа како да пораснуваат нагло и сите работи во животот ги сфаќаат мошне сериозно.

Воопшто не им е тешко да ги земат сите работи во свои раце и да се грижат и за себе и за другите. Тие се навикнати да го носат и туѓиот товар покрај својот и тоа го прават во текот на целиот живот, без никаков напор.

Се трудат секогаш да ги решат туѓите проблеми и да им помогнат на оние луѓе кои ги сметаат дека се послаби од нив.

Иако на прв поглед делуваат многу студено, сепак тие се прилично топли и емпатични личности кои сакаат да им помагаат на луѓето. Ќе ги охрабрат да веруваат во себе и своите соништа и да се борат за тоа што го сакаат.

“Во Прилеп расцепени македонските знамиња” (Фото галерија)

Знаменцата кои на главните сообраќајници во Прилеп беа поставени од минатите локални власти се претворени во партали.

Навистина една грда слика која секојдневно ја гледаат минувачите.

Вака изгледа сообраќајницата кај поранешната текстилна фабрика “Солидност”:

Следат многу продолжени викенди – на овие датуми ќе одмориме

Ова се неработните денови за годинава. Има многу споени викенди, но губиме неколку неработни денови кои се паѓаат во викенд, а еден од нив беше Бадник, а го изгубивме Водици во Недела.

Неработни денови во 2019 година се:

За сите граѓани на РМ

1 јануари (вторник), Нова година, 7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 1 мај (среда), Ден на трудот, 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 2 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици), 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (недела), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

НАСТАН НА ГОДИНАТА: Ова се сите добитници на „Златна бубамара на популарноста“!

Најголемото шоу што ги сумира, низ смеа, сатира и музика, врвните достигнувања на минатата – 2018 година, оваа година се одржа во “ВИП” Арената “Борис Трајковски” во Скопје.

Награда за детска престава 2018 – Земја во која не се стигнува (Театар за деца и младинци)

Награда за животно дело 2018 – Григор Копров

Музичко откритие на годината 2018 – Дупер

Најпопуларна детска ТВ серија на годината 2018 – 5+ Фамилија

Балетска претстава на годината 2018 – Ана Каренина (МОБ)

Интернационален успех на годината 2018 – Џијан Емин

Маестро на годината 2018 – Дино Имери

Награда за трајни музички вредности – Мики Јовановски Џафер

Спортски подвиг на годината – Марко Пејчиноски

Најпопуларен фото модел – Вера Мештеровиќ

Спортист легенда – Перо Антиќ

Најпопуларен балкански хит – Петар Грашо – Ако те питају

Концерт на годината 2018 – Влатко Стефановски во Антички театар Охрид

Албум на годината 2018 – Влатко Стефановски – Мајчин јазик

Театарска претстава на годината 2018 – Еден месец на село – МНТ

Актерка на годината 2018 – Ирена Ристиќ

ТВ забавна сатирична емисија 2018 – Фчерашни новости

Најпопуларен плех оркестар 2018 – Џамбо Агушев

Најпопуларен ТВ Проект 2018 – Преспав – ОХО

ТВ Актер на годината 2018 – Горан Стојановски

Млад ТВ актер – Дритон Вејсели

Награда за животно дело – Милован Лане Гутовиќ

Награда за трајни музички вредности – Бора Ѓорѓевиќ

Најпопуларен хор на годината 2018 – Академски Хор “Мирче Ацев”

Продуцент на годината 2018 – Лазар Цветковски

Пеjач на годината 2018 – Влатко Лозаноски

Хит на годината 2018 – Влатко Лозаноски – Јако Јако

Група на годината 2018 – Нокаут

“Непотизам од невидени размери го тресе СДСМ? Уште две пратенички си ги вработиле браќата” (Видео)

-После скандалозните вработувања на синот, сопругот и братот на пратеничката Мира Дизел Стојчевски, после вработувањата на братот, синот и снаата на пратеничката Милева Ѓорѓиева, после вработувањето на мајката на пратеникот Костадин Костадинов, после вработувањето на синот на пратеникот Горан Мисовски, после вработувањето на кумот и внукот на пратеничката Фросина Ременски, после вработувањето на братот на пратеничката Славица Митева Шуманска и уште десетици други случаи на блиски роднини на функционери, денес ќе ви презентираме два нови случаи кои што се заразени со епидемијата на непотизам. Зарази со непотизам бележиме и во два случаи на скандалозно вработување и именување на уште две пратенички од СДСМ, вели Арсовски.

Тој додава дека прво, вработен е братот на пратеничката на СДСМ, Татјана Прентовиќ во Македонската Опера и Балет. Почитувани, многу не интересира кои се критериумите и квалитетите според кои баш братот на Татјана Прентовиќ се вработил во Македонската Операта и Балет?

-Второ, братот на пратеничката на СДСМ од Македонски Брод, Анета Димовска Симеска од стоматолог во приватна ординација е назначен за директор на Здравствениот дом во Македонски Брод. Немало ли доволно доктори да се изберат во домот за директор, па морало приватен стоматолог, патем и да е брат на пратеничка од СДСМ за да се именува на оваа позиција? Еве ова е системот на партизирање и фамилијализирање на јавната администрација кој што го прават Заев и СДСМ од чистачка до министер како што имаше кажано. Сето ова граѓаните го плаќаат преку зголемени даноци или преку енормните задолжувања. Зарем во држава во која има толкав број на невработени, пред се млади луѓе, кои што секојдневно си заминуваат, е нормално токму роднините на функционерите на СДСМ да бидат или единствени пријавени или пак најдобрите и најквалитетните кандидати. Тоа за жал за СДСМ е нормално, па уште и лажно го морализираат. Граѓаните гледаат со какви лицемерни суштества во власта си имаат работа и оваа епидемија на непотизам ќе ја казнат на избори, затоа што тоа е единствениот ефективен лек против оваа зараза, заврши Арсовски.

Метеоалармот се вклучува на портокалово – силен ветер, дожд, снег и смрзнувачка

Невреме ќе предизвика поларниот воздушен бран од Русија кој претстојната ноќ многу брзо ќе се спушти и навлезе во нашата територија, температурите ќе опаднат за 15 степени а сето ова ќе биде проследено со силен, повремено на некои места и олуен ветер од северен и од североисточен правец чија брзина на некои места ќе достигнува до 100 км/час, анализира Славчо Поповски.

Исто така оваа ноќ и утре на повеќе места ќе има врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, нешто повеќе врнежи, односно врнежи со умерен интензитет ќе има во западните, југозападните и во јужните предели од државава каде снежната покривка на повисоките и на планинските места ќе се зголеми додека на пониските ќе се формира потенка снежна покривка.

Минималните температури до утре наутро ќе се спуштат во интервалот од -8 до -1 степен додека на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат и под -10 степени, максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 4 степени.

Особено студено ќе биде во недела и во понеделник во утринските часови кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -3 степени додека понекаде истите има услови да се спуштат и до околу -15 степени, временската состојба пак од недела кај нас ќе се стабилизира а максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на постепен пораст но ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Портпаролот на СДСМ: “Мицкоски да се извини за тепaњeтo на Јанакиески и Ристовски” (Видео)

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов уште еднаш повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно да се извини за тепањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во истражниот затвор „Шутка“.

– Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеа вчера и за провидниот театар пред болницата „8-септември“.–рече Костадинов.

Инаку, за вчерашниот настан одговорност беше побарана и од делегацијата на Европската Унија, како и од најбројната партија во Европскиот Парламент, Европската народна партија.

ФИФА му одреди забрана на овој европски гигант да не може да купува играчи една година

Англискиот премиерлигаш во следните два преодни рока, летниот и зимскиот, нема да може да купува засилувања на трансфер пазарот. Ова е одлука на ФИФА.

Светската фудбалска унија истражувала 100 случаеви на млади фудбалери чии договори со Челси се коселе со правилата на ФИФА. Суспензијата за клубот од Лондон доаѓа поради кршење на регулативите од членот 19 за меѓународни трансфери и регистрација на играчи под 18 години.

Казната ќе трае до летото 2020 година.

-Дисциплинската комисија на ФИФА го санкционира англискиот клуб Челси поради кршење на правилата за фудбалери до 18 години. На Челси му се забранува да регистрира нови играчи како странски така и домашни во следните два преодни рока- стои во соопштението на сајтот на ФИФА. „Сините“ се казнети и со 600.000 швајцарски франци и период од 90 дена да ја регулираат ситуацијата со малолетни фудбалери.

За очекување е клубот да поднесе жалба на оваа суспензија која доаѓа како капак на несогласувањата меѓу навивачите, играчите и тренерот Маурицио Сари. Во клубот нешто не штима откако претседателот Роман Абрамович пред извесно време ја напушти Велика Британија поради проблем со даночните обврзници.

Орбан ја бара вистината за мигрантите! “Ќе ги разоткриеме плановите на бриселската бирократија”

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека луѓето имаат право да знаат “што планира Брисел”, наведувајќи дека прашањето за мигрантите ќе биде главно европските избори кои ќе се одржат во мај оваа година.

Орбан во интервју за унгарското државно радио рече и дека неговата влада неодамна започна со кампањата:”да се разоткријат плановите на бриселската бирократија”.

Тој рече дека актуелното “про-мигрантско” мнозинство во Европскиот парламент, ќе настојува да ја зголеми миграцијата, “што би било еднакво на тоа Европа да биде одземена од европјаните”.

Орбан ја бранеше пропагандата против претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, кој е претставен како делува во име на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос. Тој оцени дека оваа кампања е заснована на факти и дека Јункер е одговорен што Велика Британија ќе ја напушти унијата.

Дневен билтен на МВР за Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе kpивичнa пpиjавa против С.Ф.(38) и 14 годишник, двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле kpивичнo дело „paзбojнишТвo“.

На 09.02.2019 година околу 19.30 часот во Прилеп, на улица „Сремски Фронт“, пpиjaвeнитe одзеле пари и лични документи од А.А.(85) од Прилеп.

Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Прилеп поднесе kpивичнa пpиjaва против А.М.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kpивичнo дело „недозволено изработување, држење и тргување со оpужje или распрскувачки материи“.

На 21.12.2018 година во Прилеп, на градскиот плоштад, полициски службеници извршиле преглед на тезга сопственост на пpиjaвениoт, при што пронашле и одзеле 2921 парче петаPди, додека при претрес во неговиот дом во Прилеп пронашле и одзеле 18545 парчиња петаPди.