дома блог страница 3146

Сопругата на Котевски вработена во УЈП – тој не давал коментари во сабота

На социјалните мрежи доцна синоќа се појави информација дека сопругата на директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски, Катерина Котевска, од минатата недела е вработена во УЈП.

„Република“ стапи во контакт со директорот во оставка Котевски, кој не сакаше во сабота да ја коментира информацијата.

– Сабота е, собрани сме седум луѓе, работиме, морам да го завршам она што го ветив. Јавете се во таа институција, има таму директор, рече Котевски мислејќи на УЈП и додавајќи дека е во оставка па тоа не е непотизам.

Росоклија со порака до Заев: Ова доколку Заев и тие околу него се прашуваат кој нив ќе ги тепа…

Горазд Росоклија во својот Твитер статус го цитира Венко Марковски, mакедонски поет кој лежел по бугарските и југословенските затвopи за македонската кауза и воедно го потсети Зоран Заев дека власта се менува и дека еден ден некој нив ќе ги тепа.

„Власта се менува, тие што ме тепаат во затвop се истите“, Венко Марковски – поет кој за македонската кауза лежел во бугарски, српски, југословенски затвopи и логopи. Ова доколку Заев и тие околу него се прашуваат кој нив ќе ги тепа. Толку направено зло мора да има наплатна цена, пишува Росоклија.

Денеска е „Светиот свештеномаченик Харалампиј“ чувар од сите болести, а во Прилеп најмногу го слават лимарите

Денеска е „Светиот свештеномаченик Харалампиј“ – За многу години!

Светец кој ја држи чумата во синџири
Во Прилеп како што сведочи М. Цепенков Свети Харалампиј за свој патрон го имале казанџискиот, тенекеџискиот (бакарџискиот) еснаф, а во некои места за свој покровител го имале и ѕидарите.

(Именден празнуваат: Харалампие, Ламбе, Хари…)

Светиот свештеномаченик Харалампиј, епископ од Магнезија (Тесалија) настрадал за време на царот Септимие Север кога бил вршен страшен прогон на христијаните. И покрај жестоките репресалии тој јавно ја проповедал Христовата вера, станал популарен кога воскреснал еден мртовец.

Под негово влијание царската ќерка Галина станала христијанка и ги искршила киповите на римските богови. Поради тоа бил страшно мачен. Според едно предание му биле пресечени рацете, а потоа бил исечен со меч.

Според друго предание, пак, дури му била одрана кожата, а кога и тоа го примил како доближување до Бога, се помолил на својот Бог и испуштил душа, пред да се спушти мечот на џелатот врз него. Тогаш имал 113 години, а тоа се случило на 23/10 февруари 198 година. Потоа царската ќерка Галина пристојно го погребала, а неговата глава и денес се чува во манастирот Свети архиѓакон Стефан во Тесалија.

Празникот на Св. свештеномаченик Харалампиј народот го вика и Чуминден, зашто овој светец од христијанскиот календар е поврзан со болестите и се смета за чувар од нив, а се врзува и со чумата, зашто таа се сметала за најопасна болест. И на фреските во нашите цркви св. Харалампиј е претставен како ја држи чумата во синџири, како ја тепа и мачи. Народот верувал дека св. Харалампиј е заштитник од чумата која ја соборил и победил, а тоа, всушност бил ѓаволот олицетворен во чума, како што се верувало во Охрид.

Во верувањата на македонскиот човек чумата како негативен демон зазема многу значајно место. Ова митолошко суштество го среќаваме и во верувањата и во преданијата, а особено во народните песни. Познати се песните во кои чумата го испустува Скопје, а тоа има и реална основа зашто познато е и од историјата дека овој град повеќепати страдал од оваа опасна болест. Во претставите на нашиот човек таа останала како стара баба, некаде со расплетени коси, некаде со тефтер или список, најчесто со сабја или коса со кои сее смрт.

Марко Цепенков забележал повеќе верувања во врска со чумата. Според едно чумата е родена од лош татко и мртва мајка поради што им се одмаздува на луѓето. Имено во некоја земја преку девет мориња имало некој лош цар кој правел триста лошотии, а најголемото зло било што која жена ќе ја видел се ќе ја обесчестел. Кога не можел да силува едно сиромашко девојче го убил и пак го силувал за „на неговото да биди“ и го затворил така умрено во некој подрум.

Кога се вратил од војна го побарал и видел дека девојчето цело си лежело како да спие, само во срцето било подуено и нешто како живо мрднувало. Кога удрил силно со нога по срцето, се родила чумата од умрената девојка, застанала пред него и му рекла: „Од поган татко сум се зачнала и од умрена мајка сум родена, затоа кого ќе го видам ќе го испоганам на скришните места и ќе го умрам.“

Цепенков натаму забележал во ова верување дека кога ќе се појавела чумата и кога ќе виделе луѓето оти ќе ги сотрит, ќе трештеле да бегаат по планини, по долини за да се кријат од неа, арно ама чумата и таму ги наоѓала лошите и ги избивала.

Цепенков уште забележал дека зародишот на чумата бил од реката Нил. Кога ќе се излеела оваа река и кога пак ќе се вратела во коритото по земјата останувале многу риби кои се смрдувале и од нив се раѓала чумата.

Ова треба да претставува и еден вид сведоштво дека чумите како болести доаѓале од исток и дека причина за нивното појавување треба да се бара и во нечистотијата. Блиску до ова е и верувањето дека чумата ноќе влегувала во домовите и ако најдела немиени чинии и лажици гребела од нив и после се заразувале луѓето.

Поради тоа, ако се појавела чумата веднаш куќите се чистеле, чиниите и лажиците се миеле. Се верува дека чумата лесно може да ја менува својата форма, да се преправа во куче мачка, јаре, биолица и во предмети како партал и сл. М. Цепенков забележал дека и татко му Коста видел чума кога бил болен. Според неговиот опис тој гледал еден караван со многу коњи и „дури на последниот коњ имало една жена вкачена на седелје, со лицето страшно, косата растурена преку плеќи, рацете долзи едно чудо, во десната рака држела една коса скршена’. Тоа била чумата.

Во еден запис од Серско се вели дека во селото Горно Броди некогаш беснеела чумата и зела многу жртви. Луѓето забегале по горите и одбегнувале да се среќаваат еден со друг за да не ја предаде заразениот од неа на друг. Дури и купувачите не ги давале парите со рака, туку ги пуштале во сад со киселина, а заразените пари шумеле што значи чумата горела.

Во Велес, како што запишал Г. Бојаџиев се верувало дека чумата е жена со долга коса, со големи нокти и со страшно лице. Некогаш многу одамна луѓето биле многу лоши та затоа Господ ја создал чумата. Таа тогаш била многу силна, каде што ќе погледнела се изгорувала.

Дури и самиот Господ се исплашил од неа та еднаш кога минувала покрај него ја удрил со ровји и грмежи та и се укочил вратот. Оттогаш таа не се врти лево и десно или назад, а удирала само што ќе видела пред неа. Во Струга ја викале панукла и ја сметале за стара жена. За да ја придобијат, во куќата и оставале сапун, вода и др. и велеле: „Златнишче, Милице! Да си доиш, да си се измиеш и да не правиш ништо лошо”.

Поради стравот од чумата човекот изведувал и други заштитни магиски дејствија, како што е заорувањето или ткаењето на чуминото платно. Имено се верувало дека едно село за да се заштити од чумата треба да се заора. Се орало со плуг влечен од два вола – близнаци, терани од двајца браќа, исто така близнаци.

Дрвениот дел од плугот требало да биде од дрво – близнак, а ралникот од железо тајно собирано од девет синори. И ковачите што го правеле, исто така требало да бидат близнаци. Ноќе се орале околу селото три бразди. Во тоа време сите жители на селото требало да бидат во своите домови. Така заораното село станувало недостапно за чумата.

Според еден запис од Дебарско, кога ќе се појавела чумата во некое село, за заштита се ткаело чумино платно и со него три пати се обиколувало селото. Платното го ткаеле во некоја куќа на крајот од селото. Таму носеле коноп и предмети за негова обработка: мелица, гребни, чешалки, урка, вретена, кросно, разбој итн.

Конопот го пределе и ткаеле, а потоа исткаеното го навивале на кросно и го давале на една девојка сирак која го јавнувала како коњ и придружувана од другите девојки три пати го обиколувале селото.

По третото обиколување оделе низ селото и во секоја куќа оставале парче од платното и биле дарувани со разни прехрамбени артикли: месо, брашно, масло итн. Потоа со молчење оделе во туѓ синор, каде што ги закопувале разбојот, кросното. брдото, ништите, урката и другите предмети и се враќале со пеење на песната.

Мара мајка ја маживме, в Кидан село големо
за оџата кидански, каде имат дечица,
каде имат невести, каде имат девојки.

Овие обредно-магиски дејствија требало да се завршат пред зори, односно додека петлите не пропеале трет пат. Потоа девојките учеснички во овие активности оделе во куќата каде што го ткаеле платното, од собраните дарови правеле заедничка гозба по што сите си оделе на спиење. При заорувањето и при обиколувањето со чуминото платно строго се внимавало на молчењето зашто некој погрешно изговорен збор можел да ја разлути чумата и таа да им пакости на луѓето.

Култот на светиот маченик Харалампиј бил широко распространет и во пиринскиот крај. Овде, на овој ден се месел обреден леб, го месела „чиста жена“, го носеле надвор од селото и го оставале за чумата. Во Гевгелиско овој ден се сметал за лесен празник кога можело да се работи. Но сепак жените го држеле (празнувале) затоа што се сметал за глава на болестите. Мажите ги обиколувале нивите и бавчите, за да видат колку им нашкодил мразот во текот на зимата.

Во Радовиш „Аралампија“ се сметал за тежок празник и особено го држеле жените со мали деца, зашто уште бил наречен и „чумински празник.“ Тој ден во црквите кревале панаги. Во Охрид „Свети Араламбос“ се сметал за „пануклин празник.“ Араламбос се верувало, ја држел пануклата.

Спространов со ова верување го забележал и следново предание: ‘Едно време ко одела по земјава да бијат, је остаале казан со вода, корито, сапун, за да се к’пит. Еднуш шетала по земјава пануклата и бијала љуѓе. Еден стар чоек не сакал да побегнит, се скрил дома и се затворил отсек’де. „Н’к дојт сега да ја видам, си рекол, отк’де ќе влезит!“ Та му влегла низ оџак и се расчекорила над мангалот да се грејт. Како се грејала задремала. По некое верме отворила дефтерите да и гледат. Стариоф чоек по кротко и и грабнал и в огон. Та се наљутила, удри, чинела со тупајнци и му велела: „Ами сега како ќе д’м јас џуап, а?“ Удри, удри и се к’де удирала, само џумки се чинеле. Така г’ изопрала”.

Пануклата одела само на право и никако не се вртела на лево и на десно. Ако бегале луѓето не ги удирала. Затоа таа велела: „Бежаноа мајка бело носила, небеганоа мајка црно носила”. (Во врска со ова е и пословицата: „Беганоа мајка бело носила, Стојаноа мајка црно носила“”, што значи тој што бега ќе се спаси, тој што стои ќе настрада.)

Пануклата се преправала на мачка, кокошка, куче, се. „Еднуш Богдановци ја донесле од Влашко. Некој Елшанци ошле со леп у ними и је зеле в село. Та се престорила на кокошка, застанала на којнот и тргн’л’. Тије не знаеле оту је панукл’т’. Та тамо бидејќи немала меќи постели викала: „Врана коска да не донесит во ова село! Шо ме донесофте во ов’ чкрк’? Тије ја слушале ко вик’л’. От Богдановци им изопрала најмладите момчина – се јунаци“.

Тропар

Свети свештеномаченик Харалампиј

Господи, Твојот маченик Харалампиј во своето страдание примил негнилежен венец од Тебе, нашиот Бог; имајќи ја Твојата сила, ги победи мачителите, а ја скрши и немоќната смелост на демоните. По молитвите негови, спаси Ги нашите души.

Захариева пресреќна: За прв пат по 80 години историчарите од ,,С” Македонија признаваат дека имало Средновековна бугарска држава

За прв пат по 80 години историчарите од ,,С” Македонија признаваат дека имало Средновековна бугарска држава, рече министерката за внатрешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

Таа додава дека не постои земја кои има сомневања дали треба или не треба да се ратификува протоколот за присоединување на државата во НАТО и дека би требало сите држави да го сторат тоа до крајот на годината.

Захариева додава дека изминатава недела се одржаа нови средби на комисиите од Бугарија и Македонија.

-И мислам дека имаше суштествен напредок. За прв пат по 80 години историчарите од Северна Македонија признаа дека има Средновековна бугарска држава. Но најважно е како ќе пишува во учебниците и на што ќе ги учиме нашите деца, тоа е основната цел на комисијата – рече бугарската министерка.

Тешка сообраќајна несреќа на булеварот “Александар Македонски” во Прилеп

Во 12.30 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот Р.А. од Прилеп и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот К.Р. од село Беровци, прилепско.

Со тешки телесни пoвPeди се здобил возачот Р.А. додека К.Р. и М.Н.(66) Прилеп, сопатничка во возилото „Голф“, се здобиле со телесни повреди.

Со возила на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во болницата во Прилеп каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

“Да ја предизвикаме еднаквоста” e нова акција на драмската секција од ООУ “Климент Охридски” – Прилеп: Образовен пример за секоја пофалба!

„Да ја предизвикаме еднаквоста“ е акција на драмската секција од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, со која се бориме за родова еднаквост. Драмската секција е група од ученици од основно училиште на возраст од шесто до деветто одделение кои заедно со наставничката Јулијана Талеска и сите добронамерници кои сакаат да се вклучат, подготвуваат театарски едночинки и претстави со кои се претставуваат на училишните приредби.

Драмската секција е група од ученици од основно училиште на возраст од шесто до деветто одделение кои заедно со мене и сите добронамерници кои сакаат да се вклучат, подготвуваме театарски едночинки и претстави со кои се претставуваме на училишните приредби.

Во годишната програма на секцијата, меѓу другото, се реализираат два настани кои многу ни се значајни:

Новогодишна претстава за дечињата од градинките
Акција која поттикнува и освестува

“Бидејќи сме свесни за силните остатоци на патријархалниот модел и за тоа дека образовниот систем само го поттикнува и одржува, секоја година подготвуваме активност во која се обидуваме да укажеме и освестиме.

Во таа насока оваа година дадовме име на секцијата. Се викаме „Од глата си патиме“ – во чест на Чернодрински, но и во симболичка насока – дека сЕ ни иди од нашите глави. Таму треба да настане преумувањето.

Минатата година направивме едночинка со која се претставивме во наставничката канцеларија и на приредбата посветена за 8 ми Март. Во претставата ги критикувавме погрешните разбирања на жените за празнувањето на празникот. Укажавме дека тој пред сè е празник за кој многу жени во светот дале жртви за рамноправност и дека така треба да се празнува – со борба, со акција за правата!

Оваа година идејата е да се направат фотографии во кои ќе се прикаже непотребната поделеност по бои, обврски, хоби, спортови… да се покаже дека секој може да биде што сака, да работи што сака и што треба и да се носи во онаа боја во која се чувствува пријатно. Полот не треба да биде препрека за тоа што го сакаме!”, вели наставничката Јулијана Талеска.

“Бидејќи сме сведоци уште од најмала возраст, во рамките на наставниот процес дека се прават машко-женски поделби:

Девојчињата играат одбојка, а момчињата фудбал…
Девојчињата носат црвени униформи, а момчињата темно сини…
Девојчињата чистат, а момчињата преместуваат столчиња…

Тоа, така неусетно, го поддржуваме и дечињата го усвојуваат како нешто што е природно и нормално – токму против таа стереотипизација и полова поделба се бориме со оваа акција!!!”, додава Талеска.

После Гоце Делчев, градоначалникот на Прилеп го заборави и Кире Гаврилоски – Јане

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на Кире Гаврилоски-Јане на алејата на народните херои и пред спомен плочата на неговата родна куќа, вчера делегации од Општина Прилеп, претставници и ученици од основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане“, одбележаа 101 година од раѓањето на народниот херој.

На настанот повторно не беше присутен градоначалникот на општината, Илија Јованоски.

Ако претходно заборави на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, сега Јованоски го заборави и Кире Гаврилоски – Јане.

ФОТО: “www.prilep.gov.mk”

Неловски лице в лице му порача на Костадинов: “Морална одговорност е кога си поднесува оставка функционерот, а не вработениот роднина” (Видео)

Во гостување нa емисија на Алсат телевизија, членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски, истакна дека морална одговорност на функционерите е да си поднесат оставка од функцијата поради непотизам, а не нивните роднини да даваат отказ.

Притоа тој посочи неколу примери како тоа функционира во Европа, кога функционери на видни позиции си дале оставка поради непотизам и вмешаност на нивни блиски членови од фамилијата во скандали.

– Јас лично сметам дека морална одговорност и обврска нема вашата мајка, морална и политичка одговорност имате Вие, вашите роднини не се јавни личности, за нив не гласале граѓаните на Република Македонија, гласале за Вас. Токму затоа јас кога излеговте пред некој ден на прес очекував да бидете европски политичар и да кажете дека Вие давате неотповиклива оставка како пратеник и дека ќе функционирате само како портпарол на СДСМ, му посочи Нелоски на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

(Видео)ПРИКАЗНАТА НА МАЛИТЕ ХЕРОИ: „Понекогаш немаме храна но јас готвам било што, само тој да јаде“ – приказна од која ќе ви растрепери душата!

Азур и Омер Хусејновиќ, момчиња кои ги оставила мајка им, ја раскажуваат својата тaгa и ја отвориле својата детска душа.

Мајка им со сестра им отишла во Германија, а тие останале да живеат со татко им, раскажуваат во емисијата „Исполни ми ја желбата“.

Престојуваат во колективниот центар Караула, во Живинице ( град во североисточна Босна и Херцеговина, јужно од Тузла) , а покрај тоа што условите за живот се тешки, децата се и неизмерно тажни, осамени и повредени бидејќи нивната мајка заминала и не мисли да се врати.

-Кога тато оди да работи, тогаш брат ми нешто ќе направи да јадеме-вели десетгодишниот Азур.

-Понекогаш немаме храна но јас готвам било што , само тој да јаде-раскажува дванаесетгодишниот Омер.

На овие момчиња Азур и Омер најголема желба им е семејството повторно да биде заедно, а мајка им со нивната сестра да се врати, да ги гушне и бакне.

Видео кое за кратко време го погледнаа три милиони луѓе: На тоа што го направија навивачите на Зенит им завидува цела Европа (ВИДЕО)

Познато е дека Русите се вистински фудбалски фанатици, дека нивните клубови имаат голема поддршка, но тоа што синоќа се случи во Санкт Петербург не може да се опише со зборови.

Фудбалерите на Зенит во Истанбул пред една недела доживеаја пораз од 1-0 од Фенербахче, па на играчите синоќа им требаше „ветар в грб“ за да ја анулираат предноста и да влезат меѓу 16 најдобри екипи во Лига Европа.

Додека автобусот со играчите на домашниот клуб се движеше кон стадионот „Крестовски“ од едната и другата страна на улицата навивачи со факели направија неверојатна кореографија повеќе од стотина метри.

Видеото од спектакуларниот перформанс за 12 часа го погледнале повеќе од 2 милиони луѓе во светот.

Зенит со 3-1 го победи Фенербахче и ја оствари целта, влез во осминафинале.