дома блог страница 3141

Заев корегираше новинар затоа што го употреби името Република Македонија (ВИДЕО)

Заев корегираше новинар затоа што го употреби името Република Македонија. Додека новинарот го поставуваше прашањето го употреби името Република Македонија, на што Заев веднаш реагираше.

Грст медали за ЏК “Сеишин” од Прилеп: На Државните првенства за пионери и сениори, клубот освои 18 медали

На ден 24.02.2019 во Скопје се одржаа Државните првенства за пионери-ки и сениори-ки во Џудо. На натпреварите Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп настапи со вкупно 22 натпреварувачи, во двете возрасни категории, при што освоени се вкупно 18 медали (4 златни, 7 сребрени и 7 бронзени).

“Џудо клубот Сеишин-Прилеп е задоволен со остварените резултати и во понатамошниот период продолжува со припреми за претстојните Државни Првенства за другите возрасни категории и Меѓународните Турнири кои не очекуваат”, велат од ЏК “Сеишин”.

Во прилог и поединечните резултати:

“Битола на Драгор”, проект кој може да го направи градот на Конзулите најубав во Македонија, само кој да виде и слушне (Видео)

За тој што не знае Драгор е река која настанува од повеќе помали реки кои извираат од Пелистер и која тече низ Битола.

Кој би во Битола знае дека коритото на реката не секогаш изгледа убаво. Често има расфрлан најразличен отпад, а тоа особено е видливо кога има големи врнежи, а Драгор носи во Битола големо количество на пластика, различен отпад, но и остатоци од електрични апарати и мебел.

„Битола на Драгор“ претставува формирање на нова урбана поента во центарот на Битола, во продолжетокот на оската на Широк Сокак, преку редефинирање на односот на градот кон реката Драгор, односно нејзиното вклучување во градскиот живот како елемент од генеричко значење за формирањето на самото јадро и на амбиентот на Битола.

Видеото кое е објавено на “Jутјуб” e oд 2015 година, но одново станува актуелно помеѓу битолчани кои го споделуваат на социјалните мрежи.

Проектот подразбира воведување на сообраќаен режим и дислокација на дел од булеварот „1 мaj”, што овозможува формирање на платформа на поврзување на содржините од двете страни на реката Драгор, а преку постепено спуштање на теренот од паркот кон реката се креира квалитетен простор за релаксација на Битолчани.

Формирањето на крајречен пејсаж подразбира физичко приближување на реката кон граѓаните преку интервенција врз нејзиното корито. Станува збор за воведување на каскадно спуштање кон коритото по принципот на креирање топографија која од различни правци го спушта посетителот до реката.

Преку интерполација на павилјони во теренот, крајречниот простор поприма додатни содржини кои ја акцентираат урбаноста на просторот.

Идејата строгиот градски центар да се претвори во исклучиво пешачка зона – ориентирана и отворена кон реката, го нагласува јавниот карактер на интервенцијата.

Автори на проектот се Дејан Томски и Мила Рориќ.

Погледнете за што се работи:

Шабан до крај мислел на неговата сопруга: Пензија 3.000 евра, 80.000 евра годишно од авторски права, а еве од што најмногу ќе заработува

Гордана Шаулиќ, сопругата на покојниот пејач Шабан Шаулиќ, кој загина во сообраќајна несреќа во Германија, е неутешна по големата семејна загуба.

Како што пренесуваат српските медиуми, Гордана ја наследи и српската и австриската пензија на Шабан, кои вкупно изнесуваат 3.000 евра.

Гордана ќе добива и пари кои пејачот ги добивал од неговите песни, што годишно изнесува околу 80.000 евра, односно 6.000 евра месечно, пренесува Информер.

Имено, Шабан на својата сопруга ги препишал авторските и изведувачките права на неговите песни.

Ангелов во емисијата кај Ефтов: “Kaj виде ти дека е сменето името?” (Видео)

Поранешниот генерал Стојанче Ангелов и актуелен претседател на политичката партија “Достоинство”, синоќа гостуваше во најновата емисија “Во центар” на новинарот Васко Ефтов.

На Твитер се појави видео од 90 секунди од емисијата кое за кратко време стана вирално на целата социјална мрежа.

Погледнете:

Очај: Анѓушев ја нарече државата Република Македонија, Заев го корегираше и се изнасмеа (ВИДЕО)

Вицепремиерот Кочо Анѓушев на прес-конференција за медиумите, раскажувајќи за економскиот развој го употреби името Република Македонија.

На ова реагираше премиерот Зоран Заев кој го корегираше, а потоа се вцрвени од смеа.

Дали сте знаеле дека Прилеп имал жичарница долга десетици километри? (Фото)

Фото/oldprilep.com

Превојот Плетвар се наоѓа на висина од 988 метри во близина на селото Плетвар.

Станува позначаен патен правец во времето на Првата светска војна, кога од Централните сили била изградена и жичара за снабдување на Јужниот фронт. Во април 1916 година било започнато со изградба на жичара со предвидени 442 столба, која го олеснала транспортот преку превојот Плетвар и преку Беловодица (Беликамен-Дуње).

Во јуни истата година била пуштена жичарата од Дреново до Тројаци, во должина од 20 км. со капацитет од 150 тони на ден. Потоа биле изградени уште две жичари до Тројаци (една преку Раец, а друга преку Ракле).

Од Тројаци жичарата се делела на два крака. Едниот крак водел преку Беловодица, а другиот крак преку Плетвар за Прилеп, во должина од 20 км.

Целата фото галерија погледнете ја ТУКА

Извор: “Оldprilep.com”

(Видео) Непотизмот главна тема на годинешната “Златна бубамара”: „Во Владата трошат многу време додека роднините да си се поздрават меѓу себе“!

Вработувањето на блиски роднини на функционери на власта, беше една од темите на овогодинешната „Златна бубамара“.

На скечот посветен на непотизмот, водителот Сашко Коцев говореше дека во Владата трошат многу време додека се поздравуваат роднините меѓу себеси.

Пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, викана Дизел, стана мета на потсмев меѓу публиката.

„Се моли Мира да се јави на главна бензиска. Се молат сите роднините да се јават во Антикорупциска“, рече Коцев.

Овој дел можете да го погледнете во видеото во продолжение на минутажа 06:30-06:53.

Репертоар на народниот театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп

Репертоар на театарот„Војдан Чернодрински“

Во сабота 02.03.2019, со почеток од 19.30 часот, ќе се одигра претставата „Ништо без Трифолио“ во режија Коле Ангеловски.

Добро познатата весела комедија со својата динамика и кохерентна структура носи силен пулс на современоста.

Влезници на билетарницата од театарот четврток во петок и сабота од 10 до 13 часот и два часа пред почетокот на претставата.

Резервации на телефонскиот број: 076 442 378

Груби: Пцуеја и фрлаа пенкала кон Џафери – вината е кај Богоевски

Организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби денеска на прес-конференција во Собранието ја лоцираше одговорноста за неизгласувањето на одлуката за симнување на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, во претседателот на собранската Комисија за деловнички и мандатно – имунитетни прашања Павле Богоески.

– ДУИ целосно го поддржува владеењето на правото без партиски, политички, етнички и какви било други влијанија. На синоќешната седница во определеното време сите пратеници на ДУИ беа присутни на седницата од претседателот Ахмети до болниот пратеник Агим Шаќири за да гласаме за одземање на имунитетот. За жал, на седницата пратениците не можеа да се воздржат од дофрлувања и навреди кон претседателот на Собранието во моментот на гласање. Ништо од тоа што се случи, немаше да се случи, доколку претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ја ставеше одлуката на гласање во 23 часот како што бевме претходно договорени, доколку тој не се договореше со ВМРО-ДПМНЕ, исклучувајќи ја ДУИ и да ја стави во заеднички договор со нив одлуката за гласање во 21 часот, без да не информира и без да не почека, истакна Груби.

Додаде дека ништо од тоа што се случи синоќа, немало да се случи, доколку дел од пратениците не станале и со навредливи зборови, пцовки и фрлање пенкала кон спикерот Џафери не го попречиле актот на гласањето неколку минути пред полноќ.

Тој рече дека по носењето крупни одлуки како промена на името и заокружувањето на Охридскиот договор, владеачката коалиција ќе продолжи да функционира и дека заедно ќе ги направат реформите за да се добие датум за почетокот на пристапните преговори со ЕУ.

-Убеден сум дека овој момент ќе се надмине и дека заеднички ќе ги изгласаме двотретинските закони, рече Груби.

Извор: “Пресс24”