дома блог страница 3142

ВМРО-ДПМНЕ: “Го имаме апсолутниот победник во непотизам? Мира и Милева биле ништо во споредба со ова??”

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Епидемијата од непотизам од најтежок вид ја има зафатено фамилијата на пратеничката Тања Ковачев од СДСМ. Мислиме дека на овој случај може дури да позавиди и Мира Дизел Стојчевска, дури и да биде љубоморна. Во интерес на времето да почнам со набројување на сомнежите за непотизам без поголем вовед, со мала напомена дека се работи за работни места со многу високи плати, многу повисоки од просечната плата која што ја добиваат граѓаните во Република Македонија.

Па така, прашуваме, дали сопругот на пратеничката Тања Ковачев, Дејан Ковачев без соодветно образование е вработен во АД Аеродромски услуги- Аеродроми на Македонија?

Дали сестрата на истата пратеничка, Катерина Хаџиевска Јакимовска е вработена во УЈП како инспектор за игри на среќа?

Почитувани,

Дали зетот за сестра, Бобан Јакимовски е вработен во Водовод и канализација Скопје?

Дали Елеонора Фунду, золвата, односно сестрата на сопругот на пратеничката е поставена како претседател на Надзорен одбор на АД Аеродромски услуги Аеродроми на Македонија каде што работи Дејан Ковачев мажот на Тања Ковачев?

Еве почитувани, ако е сево ова точно тогаш во епидемијата на непотизам имаме и прв случај на вработена золва, покрај сите случаи на вработени мајки, синови, ќерки, сестри, браќа, свекрви, сопрузи, баби, дедовци и фризерки на високи функционери на СДСМ итн,меѓутоа да не им се мешаме и да не им навлегуваме во семејните релации и работи. Да нaпоменам дека дел од овие информации кои ги презентиравме ги добиваме од граѓаните па и членови кои што се крајно разочарани од оваа крими-непотистичка власт на деспотот Зоран Заев.

Секој ден добиваме писма и пораки од разочарани граѓани од оваа власт која што ја претвори државата во приватна фирма за вдомување функционерски роднини на грбот и на сметка на граѓаните кои плаќаат даноци.

Зарем во државата нема други невработени кои што треба да се вработат, пред се млади и квалификувани луѓе кои не можеле да се вработат на овие дебело платени работни места кои ги добиваат сепак најблиските роднини на функционерите на СДСМ. Како тоа токму нивните роднини се или единствени кои конкурирале или се најдобрите кандидати очекуваме се уште да кажат функционерите на СДСМ?

Почитувани,

Сето ова е потценување на здравата разум на граѓаните, бидејќи моделот на Дизел вработување не е исклучок, тоа е правило во СДСМ. Залудно е лажното морализирање и пазарење еден ќе се повлече, двајца ќе останат вработени, колку да се замаја јавноста. Оваа епидемија ќе прекине само и само со пораз на оваа крими-непотистичка власт на избори, кога ќе почне и нивната демонтажа.

Џафери: Седницата беше прекината поради Мухамед Зеќири

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека не го спасувал Трајко Велјаноски со тоа што ја прекинал седницата за одземање на неговиот имунитетот.

-Одговорноста на пратеникот не може да се одбегне во соодветна судска постапка. Седницата е прекината оти одмина времето за носење одлука, поради пратениците, особено поради пратеникот од мнозинството Мухамед Зеќири, тоа може да се потврди од снимките, обврска ми е да прекинам седница, рече Џафери.

Тој објаснува дека тоа што не е донесена одлука за симнување на имунитетот на пратеникот Вељаноски, подразбира дека не е донесена одлука и со тоа останува имунитетот.

Извор: “Курир”

13 медали за џудо клубот “Бушидо” од Државното првенство во Скопје

Џудо клубот “Бушидо” успешно ја стартуваше новата сезона со Државното првенство за пионери и сениори во Скопје.

Од клубот учество зедоа 18 такмичари и освоија 13 медали. Ова се освојувачите:

Милена Божиноска 3 место, Сара Јанеска 3 место, Елеонора Илиоска 2 место, Елена Малиноска 3 место, Мартина Јанкоска 2 место, Михаела Димоска 3 место, Стефани Илиеска 3 место, Михајло Ацески 3 место, Кристијан Магероски 1 место, Христијан Здравески 1 место, Ема Димитриоска 2 место, Теодора Ристеска 3 место, Сара Атанасоска 3 место.

Македонски бисер: Рајчица, селото што освен четири цркви го има најубавиот женски манастир во земјава!

Уште еден преубав македонски бисер од дебарскиот крај е селото Рајчица, сместено на самиот брег од езерото, село што има ни помалку ни повеќе туку четири цркви, вклучувајќи и еден од најпознатите манастири во земјата – Свети Ѓоргија Победоносец.

Кој не ја посетил Рајчица, не ја познава Македонија. Ова едногласно ќе ви го кажат сите дебарчани, без разлика дали се православни, муслимани или од некоја друга религија. Селото е сместено на брегот на Дебарско Езеро и е едно од ретките во земјава и пошироко што во својот атар има дури четири цркви, барем така велат мештаните.

SONY DSC

Главната верска икона е женскиот манастир Свети Ѓоргија Победоносец, кој претставува прекрасно здание во кое на човек едноставно ќе му снема здив од убавините со кои располага. Другите цркви се сместени во трите маала на ова преубаво село. Свети Варвара е црква во маалото Рајчки (средниот дел од селото), била подигната во 1507 година, Свети Атанасија е црквата во малото Влаовци (горно маало), а црквата Свети Димитриј се наоѓа во малото Радовци (долно маало).

Сите цркви се подигнати во почетокот на 16 век и опстојуваат до ден денеска.

Селото Рајчица се наоѓа на само два километри од градот Дебар, на надморска висина од околу 700 метри. Манастирот Свети Ѓорѓи Победоносец беше обновен во 1999 година, заедно со црквите Света Варвара, Свети Атанасија и Свети Димитрија.

До 1900 година во селото живееле околу 660 жители, сите Македонци со православна вероисповед. Според последниот попис од 2002 година, во селото Рајчица живеат 131 жител, од кои 72 се Албанци, 42 се Македонци, има еден Турчин и 16 жители се заведени како „други“.

Како познати личности што водат потекло од ова село, на сајтот на Википедија, се споменуваат преродбеникот Алексиј Зографски, потоа револуционерите Никола Аџиев и Силко Цветков, писателот Тришо Стојановски и Марин Докузовски, живата легенда на македонската кошарка.

„Владата има само едно пенкало“: Песната која громогласно беше поздравена од публиката на „Златна бубамара“ (ВИДЕО)

Во Преспа се потпишуваше Договор, со едно пенкало цела делегација, рече Сашко Коцев на овогодинешната Буба Мара.

Тој на оваа тема испеа и песна, по која публиката громогласно аплаудираше и скандираше.

„Од Влада имаат само едно пенкало, сите нарачки тоа ги потпишало.

Референдум, изборни кампањи, тендери, договори.

За да може лесно да се дише, Устав се отвори.“

Песната можете да ја слушнете на видеото во продолжение, од минутажа 26:54.

Земја во која Интернет користат помалку од 2% од населението, а 90% се вработени во државна администрација

Земјата има вкупно 26 аеродроми, што е прилично голема бројка за држава од само 5 милиони жители. Ова се најинтересните работи за Туркменистан.

1.Речиси 80% од површината на Туркменистан е покриена со ненаселената пустина Каракум.

2.Климата во Туркменистан е повеќе од фантастична – во лето температурите одат и до 50 степени, а во зима под нулата со снег.

3.Речиси 90% од населението е вработено во државната управа.

4.Земјата е четврта по залихите со природен гас во светот. И покрај тоа повеќе од 60% од луѓето живеат во сиромаштија.

5.Ако ги рачунаме луѓето над 15 години, писменоста во Туркменистан изнесува 99,7 %.

6.Државата е светски славна по своите теписи, па така во Туркменистан има музеј за теписи во кои се изложени повеќе од 1000 различни теписи, а нивната старост надминува 200 години.

7.Поради пустината, густината на населението е 10 луѓе на квадратен километар.

8.Интернет користат само 1,59% од населението, што е поразително мал број.

9.Претседателот на земјата од 1990 до 2006 година беше Шапамут Нијазов, еден од најексцентричните светски диктатори.

Младиот херој од Охрид кој го преплива Охридското езеро ја доби Златната буба мара за спортски подвиг на годината, а веќе има нов великодушен план

Игор Димовски, човекот кој го преплива Ла Манш, ја деодели Златната Буба Мара за спортски подвиг на годината.

Наградата ја доби младиот маратонец, 12-годишниот Марко Пејчиноски од Охрид кој во 2018 година направи подвиг кој ретко би му успеал и на некој возрасен.

Марко е новиот херој на охридското маратонско пливање, кој минатата година во екстремно неповолни услови, со силен ветер и бранови, го преплива Охридското Езеро, од Свети Наум до градското пристаниште.

Марко најави дека оваа година има нов подвиг за остварување. Младиот охриѓанец рече дека во 2019-та ќе плива за децата со ретки болести.

ФОТО: Овој човек чија жена се бори со ракот им ги скрши срцата на сите на „Златна бубамара“

Извршниот директор на ОХО, Пеце Талески, со својот емотивен настап не остави никој рамнодушен за време на доделувањето на наградите „Златна бубамара“ на популарноста.

Имено, за време на примањето на наградата за хит серијата „Преспав“, Талески рече дека го сменил имиџот и ја скратил косата, затоа што неговата сопруга ја примила втората хемотерапија.

Талески едвај успеа да ги задржи солзите, а дел од женската публика стана и го поздрави со громогласен аплауз. Пеце ги замоли сите жени да прават редовни прегледи за канцер на дојка, бидејќи болеста зема голем замав.

“Во центар”: Како си помина Стојанче Ангелов кај Васко Ефтов – тврдо интервју кое мора да се погледне до самиот крај (Видео)

Во најновата емисија “Во центар” на новинарот Васко Ефтов која се емитува на “Алфа Телевизија”, гостин беше поранешниот генерал Стојанче Ангелов и актуелен претседател на политичката партија Достоинство.

Цели 50 минути тврдо интервју кое едноставно мора да се погледне до самиот крај.

Погледнете што се случувало во Арачиново во 2001-та година, какви ставови имал Ангелов во 2013 година, а какви денеска и зошто е во Владата на Зоран Заев…

ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Со мал гест може да се покаже големината на човекот (Фото)

Кога веќе локалните власти не си ја вршат својата работа и не најдуваат соодветен начин за згрижување на кучињата скитници, направете нешто со што ќе се гордеете и вие и вашите сограѓани на вас.

Фотографиите доаѓаат од скопската населба Ново Лисиче и се класичен пример за тоа колку многу може да се направи со малку труд.

Само едно може да се каже, секоја чест!