дома блог страница 3140

Најмоќната изведба досега! Влатко Стефановски и неговиот син ја изведoја “Учи ме мајко карај ме” на “Златна Буба Мара” (Видео)

За сите кои ја пропуштија овогодишната највозбудлива “Златна Буба Мара”, излезе видео од изведбата на песната “Учи ме мајко карај ме”, од македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски и неговиот син Јан.

Влатко ја доби “Златната Буба Мара” за албумот на годината насловен како “Мајчин јазик”.

Вистинско уживање!

(ВИДЕО) Светот ја доби првата жена-робот водителка на вести: Еве како изгледа кога робот води вести

Кинеската новинска агенција Синхуа ја ангажираше првата во светот жена-робот водителка на вести. Агенцијата соопшти дека нејзиното име е Син Сјаомен, која е развиена во соработка со компанијата Sogou, што се занимава со пребарување и индексирање на информациите во глобална мрежа.

Всушност, токму Sogou е креаторот на овој модел на вештачката интелигенција.

Водителката ќе известува за седниците на кинеското собрание на народните претставници и кинескиот консултативен комитет. Ова всушност се главните политички настани во државата.

Да потсетиме, минатата година во Синхуа се појави првиот маж-робот водител на вести, Џан Чао. До денес, тој има презентирано 3.400 телевизиски вести, со вкупно времетраење од повеќе од 10.000 минути.

Но, сега е веќе познато дека тој ќе биде отпуштен, а на негово место ќе биде назначена Сјаомен, која за разлика од него не е статична, туку може да се движи и да гестикулира.

Во последниве години, Синхуа активно експериментира со новинарството, базирано на алгоритми со елементи на вештачка интелигенција.

Во 2017 година, агенцијата ја вработи Цја Цја, која иако робот, уверливо изгледаше како млада жена облечена во традиционална кинеска облека.

Таа водеше интервју со информатичкиот експерт Кевин Кели, но не се справи со задачата, бидејќи од прашањето до одговорот правеше паузи подолги од 10 секунди. Оттогаш, роботите-водители на Синхуа се значително подобрени.

Три хороскопски знаци кои ги очекува љубов во март- погледнете дали сте вие меѓу нив

Месечниот хороскоп предвидува убави промени на полето на љубовта за три хороскопски знаци.

Овен

Кога станува збор за промените на полето на љубовта, втората половина од месецот ќе ви донесе убава промена. Излеговте од врска и во потрага сте по вистинската личност, но секоја нова љубовна авантура досега ве разочаруваше. Овој месец ќе запознаете личност која ќе ве освои со својата убавина и карактер. На почетокот ќе се однесувате како вашите емоции да не се силни, но како што ќе минува времето, така ќе чувствувате налет на емоции.

Стрелец

Ако сте во врска, ова е одличен период за вас. Ќе уживате во љубовта како на почетокот на врската. Емоциите се и натаму силни, а привлечноста на високо ниво. Со партнерот се сложувате одлично и време е да организирате романтично патување. Уживајте во љубовниот март.

Риби

Ако сте подготвени за љубовна авантура, тогаш и ќе ја добиете. Без оглед на тоа дали тоа ќе биде авантура, или нешто посериозно, втората половина од месецот е совршена за љубов. Опуштете се и воопшто не размислувајте за иднината.

Го покри лицето на урнебесен начин: На овој крадец му се смее цел свет

Еден Индиец реши да ограби продавница, а за да ги избегне камерите да го снимат, зеде еден сад и со него си го покри лицето.

Така некое време се прикрадувал, а мислел дека планот ќе му успее. Меѓутоа кога се приближил до камерите да види каде е, снимен е од глава до пети.

Јункер одново го насмеа светот: Среде говор направи нешто што никој не го очекуваше (Видео)

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ги насмеа сите кога среде говорот на самитот ЕУ и Арапската лига, кој денеска се одржа во Египет, одлучи да се јави на телефон.

Мобилниот му заѕвони три пати, а Јункер се одлучи на кусо да го прекине говорот и да и се јави.

На присутните новинари им кажа дека добил повик од „вообичаениот сторител“, односно неговата сопруга, при што предизвика смеа во публиката.

Потоа продолжи со својот говор.

Грците гневни на репортажата од Би-Би-Си: Им пречи што Македонците велат дека не се ни Бугари, ни Срби, ни Грци

Грчките медиуми денес ја коментираат репортажата на Би-Би-Си наречена „Невидливото малцинство во Грција – македонските словени“, во која се зборува дека со ратификацијата на Преспанскиот договор Грција го признала постоењето на македонски јазик и македонски народ, иако со децении го отфрла постоењето на сопственото македонско малцинство.

Во репортажата на Би-Би-Си е раскажана приказната на еден 92-годишен Македонец од Грција за историјата, асимилацијата и негацијата на Македонците од Егејот, бркањето на Македонците и преименувањето на топонимите, диктатурата на Метаксас и забраната на македонскиот јазик, како и судските прогони, затвори, закани и измачувања на луѓето во тој период доколку го говореле својот мајчин јазик.

Според „Та Неа“, репортажата на Би-Би-Си е „провокативна“ и дека едвај само неколку дена после влегувањето на Преспанскиот договор на сила и почетокот на новата епоха во односите меѓу Атина и Скопје, веќе се појавиле првите сенки околу името на нашата држава. Тие не се однесуваат толку на името, колку до деталите од договорот и до прашањето дали тие ја отвораат вратата за иредентизмот и за македонското малцинство во Грција, коментира „Та Неа“. Весникот ги цитира и реакциите на Неа Демократија и Движењето за промени, како и на грчката влада.

Неа Демократија побара од премиерот Алексис Ципрас недвосмислено и категорично да ја прати пораката до сите страни дека за Грција прашањето за постоење на етничко македонско малцинство не постои. Од таму додаваат дека целата одговорност за последиците од преспанскиот договор е во владата и дека одредени луѓе кои се декларираат како етничко македонско малцинство во Грција веќе ликуваат поради спогодбата.

„Та Неа“ го цитира и одговорот од кабинетот на Ципрас во кој се вели дека партијата и лидерот Киријакос Мицотакис повторно решиле да бидат пропагатори на неприфатливи и неосновани тврдења. Грчката влада подвлекува дека македонската влада го прифатила како непостоечко прашањето за македонското малцинство во Грција со потписот на Преспанскиот договор кој е официјален и меѓународно обврзувачки документ.

Реагираше и Движењето за промена од левиот центар во грчкиот политички спектар. „Беа потребни само неколку дена после ратификацијата на договорот за да започнат иредентистичките провокации и пропагандата на т.н. македонизам“, велат од таму.

„Елефтерос Типос“ пишува дека репортажата на Би-Би-Си ги потврдила стравувањата на најголемата опозициона партија за појавата на т.н. „словенско малцинство во Грција“. Од друга страна, „Ефимерида тон синдактон“ пишува дека реакциите на Неа Демократија се разбирливи имајќи предвид дека партијата се претворила во проширена верзија на (националистичката партија) ЛАОС, но дека загрижуваат круговите од министерството за надворешни работи на Грција кои ги оценија како „неприфатливи тврдењата на Би-Би-Си“.

Извор: infomax

Како реагираат децата во Конго кога прв пат ќе видат белец (Видео)

Ветеранот во ултимејт фајт и мисионер на организацијата “Кингдом билдинг министерс”, Џастин “Вајкинг” Врен, отпатува во Конго како би снимил сторија за децата од пигмејското племе Мбути.

Погледнете како реагираа тие:

Се преврте автобус во околината на Струмица (ФОТО)

На стариот пат Василево- Пиперево, вечерва се превртел автобус, кој пренесува ученици, но избегната е поголема несреќа, бидејќи автобусот бил празен и во него бил само возачот кој нема посериозни повреди, објави „Струмица Денес“.

Повеќе информации се најавуваат во текот на утрешниот ден.

Силјановска-Давкова: Победата на претседателските избори ќе води кон предвремени парламентарни избори

Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ рече дека граѓаните треба да излезат на гласање на претседателските избори.

-Да го бојкотирав референдумот затоа што не можев да легитимитирам нешто што беше донесено во процедура надвор од Уставот и од меѓународното право, истакна Силјановска Давкова.

Таа посочи дека на овие претседателски избори треба граѓаните да излезат да гласаат бидејќи победата на овие избори ќе значи делигитимитирање на сегашната власта и тоа нужно ќе води кон предвремени парламентарни извори.

Гламурот и елеганцијата на “Оскарите”: Eве како изгледаа познатите на синоќешното 91 издание на “Оскарите” (Фото галерија)

Гламур, авангардни и луксузни модни креации, екстравагантни фризури.

Како и секогаш, на свеченоста за доделување на „Оскарите“ не беше единствено важно кој ќе ги добие златнте статуетки, туку и кој највеќе ќе „блесне“ на црвениот тепих.

Погледнето го стајлингот на дел од најголемите ѕвезди што присуствуваа на доделувањето на „Оскарите“.

Шарлиз Терон

Бредли Купер и Ирина Шајк

Алисон Џејни и Ема Стоун

Амандла Штенберг

Девон Френклин и Меган Гуд

Џенифер Лопез

Ејми Адамс

Емилиа Кларк

Глен Клоуз

Кристијан Бејл и Сиби Бејл

Лејди Гага

Реџина Кинг

Труди Стајлер и Џејми Реј Њуман

Виго Мортенсен

Вилем Дефо