дома блог страница 3139

Возрасен маж и малолетник ограбиле старица во Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Ф.(38) и 14-годишник, двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво”.

Имено, на 9 февруари 2019 година околу 19.30 часот во Прилеп, на улица „Сремски Фронт“, пријавените одзеле пари и лични документи од А.А.(85) од Прилеп.

Наскоро! “Фељтон за непотизмот на СДСМ во Прилеп”

Дали непотизмот стана заштитен знак на СДСМ Прилеп?

Повеќе од 2 години не само прилепската јавност, туку и членовите на СДСМ реагираат за огромниот број на случаи на непотизам во јавните претпријатија, локалната самоуправа, меѓу советниците, Градоначалникот, раководството на ОО СДСМ, реакции кои ќе треба да се обелоденат и проверат дали се точни?

Револтот е толку голем, а ќе резултира по се изгледа со бојкот на кандидатот на СДСМ за Претседател на Република Северна Македонија?

Исто така се шпекулира и за огромен број на ветувања за вработување во мај по завршувањето на изборите…како добра стратегија да се задржи барем малку довербата до претстојните избори, а потоа пак “брканица”?

“Нов пратеник заразен од вирусот непотизам?!”

Власта е оперирана од срам и морал. Затоа Епидемијата на непотизам речиси и да нема функционер од власта што не го заразила, истакнува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се пренесува само по роднини и тоа замислете строго кај функционери на СДСМ. Нивните роднини на функционерите од СДСМ се луѓето кои се вработуваат за натпросечни плати како да нема други стотици илјади граѓани во државата кои што се без работа и бараат вработување. Денес ќе ви презентираме нови жртви од Дизел вработувањето на власта. Замислете, Јагода Шахпаска најверојатно советувана од нејзините колешките Мира Дизел, Милева и Тања Ковачев, си ги вработила својот зет и својата золва. Јагода Шахпаска си ја вработила својата золва, односно сестрата на нејзиниот сопруг, Маја Двојаковска во општина Берово. Очигледно на Шахпаска многу и била погодена золвата, па земала и го вработила својот зет, односно сопругот на золвата, Антонио Двојаковски во Македонски шуми по договор на дело. Најверојатно планот и бил да добие решение после изборите. По примерот на Шахпаска во општина Берово и поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски си ја вработил својата прва братучедка Емилија, истакна Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека Пеце Мирчевски, директорот на СОЗР си го вработил својот шура Тимчо Биљарски како инспектор во МВР точно на 31.12.2018 на нова година.

– Нема што повеќе да се каже. Целата јавност го гледа лицемерието на СДСМ. Едно збореа пред изборите, друго сега прават. Жалосно е што за сметка на функционерите на СДСМ и нивните роднини, останатите обични граѓани се принудени да си го бараат своето чаре надвор од државата. Ова лудило мора да прекине, а најдобро ќе прекине само доколку СДСМ ги изгуби изборите. Затоа, СДСМ мора да ги загуби овие изборите и граѓаните да се спасат од оваа зараза на непотизам која што ги фаќа единствено роднините на функционерите на СДСМ, истакна Арсовски.

ДУИ до СДСМ: Вие одите со црни возила и им се заkанувате на судиите, овие ли се реформите во судството кои им ги ветивте на граѓаните?

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, синоќа во емисијата “Click Plus” на ТВ 21 ги обвини СДСМ дека со цел да го покријат нивниот неуспех за функционирање на правниот систем, што впрочем СДСМ ветуваше во предизборната кампања, измислуваат различни сценарија.

-Господине Зеќири ве гледа цела јавност, со ова сценарио не можете да го покриете бегството на Груевски. Не можете да го покриете неуспехот за функционирање на правниот систем. Граѓаните прашуваат кај се парите, вие ветивте во кампањата дека сите финансиски средства ќе ги вратите во буџетот, ви се молам немојте, со вакви сценарија не можете да ги покриете неуспесите, кажа Алими.

Зеќири на ова одговори дека Ејуп нема право да зборува за правниот систем бидејќи тој самиот треба да се појавува на суд секоја недела, на што Ејуп Алими му одговори дека тој се појавува и ќе се појавува и ќе продолжи да се појавува редовно се додека не се расчисти случајот и го обвини Зеќири дека од нивната партија им се закануваат на судиите.

-Да, јас се појавувам на суд и ќе се појавувам редовно се дури не се расчити овој случај, но вие одите со црни возила и им се заканувате на судиите за жал, му порача Алими на Зеќири.

Меѓу другото Ејуп Алими го запраша потпретседателот на СДСМ какви се тие реформи во судството кои ги ветиле, а ги гледаме истите судии од претходната власт.

-Кои се тие реформи во судството кога ги гледаме истите судии за кои вие обвинувавте дека ги назначуваа Груевски и Мијалков, или пак да не случајно групи на интереси и различни лобија од казината ве финансираат па затоа и го попречувате законот за казината, го запраша Алими потпретседалот на СДСМ.

Стотина Срби играа оро во салата на Чикаго Булс пред НБА натпревар: Видео кое за кратко време стана атракција

Чикаго освен што е познат по НБА лигата на „Булс“ познат е и како град каде има мног балкански иселеници.

Синоќа пред дуелот на Чикаго Булс и Милвоки Бакс, едно српско уметничко друштво покажало дека знае од каде се нивните „корени“.

Видето брзо се споделува на социјалните мрежи, а еве како сето тоа изгледало.

Софија Куновска со порака до “Мира Дизел” и останатите “непотисти” од СДСМ: “Збор-два за функционерите и роднините”

(Фејсбук статус на поранешната пратеничка од СДСМ, Софија Куновска)

“Збор-два за функционерите и роднините,

(посветено на сите Мири, Тањи, Кираци, Милевки и слични)

Неколку важни заклучоци произлегуваат од поведението на актуелните функционери, кога станува збор за вработувањата на своите блиски роднини:

1. Вие никогаш не сте биле социјалдемократи. Вие секогаш сте биле и сте останале клиентелисти. Неуки и неспособни, со ништо не сте заслужиле да сте таму каде што сте. Затоа ова е вашата единствена шанса.

2. Вие никогаш не сте верувале во социјалдемократските вредности кои треба да донесат добро за сите граѓани. Вашата мисија е да земете а не да дадете нешто на својата земја. Никогаш не ја разбравте честа да и служиш на својата држава.

3. Вие секогаш ќе ги ставите своите роднини пред способните партиски другари или умни млади луѓе кои вистински чесно и пожртвувано се борат за поинакво општество

4. Вие покажувате дека се пакувате и дека имате уште многу, многу малку време за да ги спастрите своите блиски

5.Пораката од вашето поведение е дека ни самите не верувате во капацитетот на сопствената гарнитура дека е способна да продуцира работни места надвор од владината администрација, што е оценка НЕДОВОЛЕН (1) од вас за вашата влада. Затоа шансата за своите ја гледате исклучиво во редовите на администрацијата.

6.Вие сте помирени со тоа дека еднократно ќе се занимавате со политика, зграбувајќи што можете за себе и затоа не се ни браните за своите постапки во јавноста. Си молчите и си терате.

7.СДСМ е многу повеќе од вашите мали, ефтини, животчиња и интереси.

8.Злоупотребувајќи го СДСМ, вие ги излажавте и ги разочаравте реката студенти и граѓани кои со години чекореа протестирајќи против ваквите како вас, пред вас, ротирајќи ги нивните со вашите. Но, има и тоа многу, и умни и чесни социјалдемократи кои ќе го вратат и угледот и смисолот а и местото кое навистина СДСМ го заслужувa”.

Милошоски: “Селотејп коалиција и нови сценарија”

“Селотејп коалиција!
Актуелната СЕЛОТЕЈП КОАЛИЦИЈА е составена од актери кои имаат големи програмски разлики, но ги држеше заедно проектот за редефинирање на Уставот како обврска која заеднички ја превзеле за да дојдат до власта.

Актуелната власт е фрагментирана коалиција, каде и во една иста партија различни поединци и групи се раскарани заради тоа што си бркаат свои лични бизнис приоритети и кариери, а власта не ја гледаат како можност за реализација на еден заеднички економски, образовен, социјален и реформски проект, бидејќи го немаат, туку власта ја гледаат како натпревар под мотото “сега му е мајката” во кој секој гледа да добие што повеќе позиции, повеќе тендери во пократко време, повеќе повластици од државата, повеќе влијание во обвинителството, повеќе “свои” судии, повеќе вработени роднини, и повеќе ресурси за газдите на медиумите кои им пишуваат “пофалби”.

Без овие СЕЛОТЕЈП ПРИВИЛЕГИИ, пари и интереси тешко би можеле да ги замислите во еден посериозен реформски концепт заедно еден до друг Данска Тевдовски и Кочо Анѓушев, Мира Дизел и Никола Димитров, Самка Ибраимовски и Радмила Шеќеринска, Павле Богоевски и Милкие Халими, Хазби Лика и Мухамед Зеќири, Амди Бајрам и Мила Царовска!
И сега откако го завршија проектот редефинирање на Уставот, а не постои заеднички концепт за реформи и напредок на државата, борбата за превласт во власта почна да го кине селотејпот на владината коалицијата.

Затоа сме сведоци на сегашниот коалициски курцшлус во владата, кој воопшто не е заради принципите за “селективна правда, мир и законитост” против политичарите од опозицијата, туку е резултат на борбата внатре во власта кој подолго ќе опстане на власт, и кој поитро ќе го исфрли “ближниот” свој надвор од привилегиите на власта.

Затоа воопшто не зачудуваат изјавите на претставниците на СДСМ дека размислуваат и за коалициона влада без ДУИ, веројатно според следнава математика:

СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди + 1 Јусуф Турска + 8 Независни = 64 (со можност да се разговара и со Мендух Тачи за 2 пратеници на ДПА).

Ова е можно бидејќи целта е нова распределба на привилегиите од власта, а не нов заеднички концепт за реформи во државата на овие 64 пратеници.

Можеби за почеток ќе побараат и смена на Талат Џафери од првото столче во Собранието? Опозицијата истата со задоволство ќе ја поддржи.

Но, можеби Зоран Заев, Мухамед Зеќири, Павле Богоевски и Артан Груби само прават театар за народот за да си ја покријат неспособноста на владеењето?!”, напиша на Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски.

Би-Би-Си ја отфрли грчката протестна нота за македонското малцинство: Наводите на Грција ги оцени како неприфатливи и разочарувачки!

Протестното писмо на Би-Би-Си за неодамнешниот извештај за „Македонското малцинство“ што беше испратено од грчката амбасада во Лондон со кое наводите на сервисот се отфрлаат како неприфатливи е отфрлено од информативната мрежа како „разочарувачко“.

Во својот одговор до грчкиот амбасадор Димитрис Карамицос-Цирас британската информативна мрежа изрази изненадување и разочарување од грчката влада во врска со објавениот прилог дека истиот содржи историските неточности и дека во Грција нема „македонско малцинство“.

Преспанскиот договор, според грчкиот дипломат, не претставува премолчено признавање на „македонско малцинство“, ниту пак доведува до признавање на такво малцинство. Амбасадорот Карамицос – Цирас бара од Би-Би-Си да го објави писмото целосно со позициите на Атина.

Грчките дипломатски извори подвлекуваат дека Преспанскиот договор ја елиминира секоја можност за подигнување на малцинското прашање

Во продолжение е барањето до грчкиот амбасадор до новинарот-репортер на сервисот.

Нк “Мајмуни” ја преземаат ФК Победа ?

“Нк “Мајмуни” на состанок одржан на 13.02.2019 год. донесе одлука за започнување на активности за превземање на ФК ПОБЕДА од страна на навивачите се со цел изнаоѓање на сериозен спонзор кој би го вратил клубот онаму кај што му е местото, т.е. стабилен респектабилен клуб со амбиции за поголеми успеси во натпреваруваат во евро куповите. За таа цел предвидено е да се разговара со сопствениците на акциите на АД ПОБЕДА и одстапување на истите на нк “Мајмуни” како би можеле да ги понудат во управувачки пакет од 100% сопственост на домашни или странски (постојат начелни интересенти) инвеститори кои ќе обезбедат најдобри услови соодветни за брендот ФК ПОБЕДА.
Поради ненарушување, односно дополнително оптеретување и тензирање на и така лошата атмосфера во исчекување на ветените плати (кои сеуште не се исплатени) за играчите, во пресрет на двата натпревари со директните конкуренти во борбата за опстанок, го одложивме афирмирањето на одлуката и вклучување на јавноста.

УПАТУВАМЕ ПОВИК до сите наши сегашни и поранешни членови, да дадат свој придонес во борбата за спас на ФК ПОБЕДА, како и активно приклучување на целата фудбалска јавност во истата и помогне кој сака и може”, пишува на Фејсбук страната на навивачката група.

Спремајте по 60 евра секој, за да станете Северномакедонци?

Издавањето на нови лични документи со новото име се очекува да почне до крајот на годинава, а замената граѓаните ќе ја плаќаат сами. Замените ќе одат постепено.

-Основните документи: лична карта, пасош и возачка дозвола, ако останат истите цени, секој граѓанин ќе го чинат околу 2.400 денари. Ако на ова се додадат и промените на регистарските таблици, тогаш трошоците ќе се зголемат за околу 1.200 денари. Вкупно трошоците ќе изнесуваат околу 3.600 денари или околу 60 евра, пишува Плусинфо.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.